Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Масонерија - Слободно Ѕидарство

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Theodora, 20 ноември 2011.

  1. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.504
    Допаѓања:
    5.576
    ^ Софтквин - ми текна на грешката која ја посочуваш ама ми беше доцна да редактирам, инаку во право си :) .

    Лилит ма, што си била ти не дружељубива не сакаш да испиеш едно кафе со масон, пффф јас па пиво би испила со еден следбеник на Сатаната или Вика или Телемит, па имам доста прашања за нив, требаше да студирам новинарство :?: ама тоа е веќе друга тема...

    Инаку еве линк за пештерната црква Св. Стефан во Охрид каде го има Окото кое гледа се‘ во затворена пирамида и напоменувам не е единствена црква на македонско или грчко тло која го има симболов.

    http://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%A6%D1% ... 0%B8%D1%80

    Инаку да ви објаснам зошто не верувам во Илуминатите тргнувајќи од најпроста логика -
    -if it walks like a duck, quacks like a duck = it is a duck
    ако нема ни еден веродостоен фактографски доказ за нивно постоење веројатно и не постојат, ама некој имал потреба да ги измисли како што во ,,Ракописот Q,,(секако фикција) Манихејците се тие кои сакаат да загосподарат со светот инаку сектава е гностичка и мртва со векови ама аналогијата е таа дека не е нова идејата за светска доминација по вакво сценарио нити па споменатите примери се единствени.

    Или Илуминатите се маска зад која се кријат Масоните или сосема десетта организација ако веќе има таква зад светски заговор бидејќи луѓето сакаат вакви трилери иако го тврдат спротивното, дури и ги возбудуваат донекаде ако веќе поминал ефектот на шокот, им даваат чувство дека ќе се дел од нешто големо макар во истото играле и статисти, хм или да речам робови?!

    И бидејќи искрено јас сум скептична околу целава идеја за заговори на светско ниво, останува една супер придобивка од нивното постоење макар било и шпекулативно бидејќи Илуминатите се новиот Цацко - дежурен кривец па ќе ги обвиниме за глобалната економска криза, глобалното затоплување, порастот на цената на нафтата, фетишите на deer, неноминираните форумџики за форумџика на годината за 2011 на Фемина и така во недоглед :D ... И понекогаш кога ти треба дежурен кривец ако си светска велесила едноставно си го создаваш ама нАли иако истиот е дух никој ни го видел ни го допрел, се‘ што ти треба е само добар маркетинг и долго повторуваната лага добива статус на вистина.
     
  2. enca.69

    enca.69 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    1.709
    Допаѓања:
    3.452
    Еве еден од оние кои отворено си кажуваат дека се дел од масонската ложа во Мк, отворено зборува, имам гледано неколку интервјуа со него, и се доста интересни. Ако не се лажам човеков беше присутен и на свадбата на ќерката на Џорџ Буш, претпоставувам по таа линија на поврзаност.
    http://www.youtube.com/watch?v=pOfbXFTSoco
     
    На LaChiquita му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Artemission

    Artemission Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    2.031
    Допаѓања:
    15.672
    Теодора ме воодушевуваш со твоите познавања од оваа тема и воопшто сваќањата околу истата. Имам читано многу на нет, но не секогаш се наоѓаат квалитетни и добро поддржани мислења и текстови.

    Он топик, не знам дали сте го гледале, пред одреден период во емисијата на Васко Ефтов гостуваше член од Македонската масонска ложа. За оние кои не го гледале, во спојлер се сите 4 дела.


    Исто така и Франција има неколку големи ложи и само една е регуларна и меѓународно призната, иако не е најбројна во Франција. Најбројна е Grand Orient de France - која е нерегуларна заради тоа што кон крајот на 19-ти век почнуваат да примаат атеисти. Сите останати ложи го повлекуваат признанието во тој момент.

    Тие функционираат само во рамки на сопствените ложи, отвораат и ложи во странство, но се малубројни. Се нарекуваат себе си масони, но реално - не се, затоа што имаат нарушено едно од нивните основните правила.

    Исто така има и една нерегуларна масонска структура, која се нарекува Le Droit Humain (LDH) - Човечко Право - која е ко-масонска, односно, има и жени и мажи. Таа организација не е призната од страна на регуларните ложи и нема контакт на официјално ниво меѓу двете организации. Имаат релативно големо членство - некаде околу 150-160.000 во повеќе земји во светот.
     
  4. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.504
    Допаѓања:
    5.576
    Артемишн, да од хоби проучувам по нешто од светските религии и организации инаку за да извлечам одреден заклучок некогаш користам поприличен број извори иако пак ќе речам тематиката е и обемна и често доста спротивставеност има во толкувањата по одредени прашања. Инаку не ја отворив темава затоа што сакам да ,,навивам,, за Масонеријата или бидејќи сум ,,контра,, Илуминатите повеќе ме интересираше мнението на луѓето и колку се запознаени и што став генерално владее кај нас и генерално се уверив, :) .

    Инаку да LDH се ко-масонски организации со мешано членство и ги има во нашето соседство - Србија и Бугарија.
     
  5. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.190
    Пол:
    Женски
    За ова што го говориш, глобалната економска криза итн.,знам дека и те како го има светскиот заговор, владеење на тие во сенка, можеби делува нереално, јас претпоставувам дека е вистина, затоа што не само што сум прочитала, туку имам и слушнато од луѓе кои знаат за овие работи.А далеку од тоа дека нешто читам за овие работи, иако сега ме заинтересира, а нити сум за масони и илуминати, а немам никаков контакт со масон.Како и тоа дека ме интересира политика, чисто информација плус :) Мислам дека се што се случува во светов не е ништо туку така, случајно, туку напротив.Пример, тоа може да постои, а од нас зависи дали ќе веруваме во тоа или не.Иако секогаш кога некој владееел или владее, секогаш имало/има некој во негова позадина, кој управува со се, а со што укажува на постоењето на илуминати, масони, создавање на светски заговор.И сметам дека сето ова е толку вплеткано меѓусебно до толку да мора да има нешто кое истото ќе го негира или одобрува.А секако дека било која организација во светов ќе ги негира своите негативни страни, никогаш нема да се декларира себе си на тој начин, туку напротив, а зошто? Затоа што тоа е во човековата природа, да не ги прифаќа своите негативни страни, многу едноставно и јасно, а во однос на ова не верувам во добротворство на масони, илуминати или било какви организации.
     
  6. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.504
    Допаѓања:
    5.576
    Гордана, секој сепак си има свој став и тоа го почитувам ама повикување на луѓе кои наводно знаат мене лично не ми значи многу бидејќи сигурно тие не добиваат информации од прва рака од Кабинетот на Обама да речеме. И убедена сум дека и нивните ставови се базираат на претпоставки.

    Сепак цела оваа мешаница сигурно ќе се согласиш дека е и добра фасада зад која би се скриле многу импотентни владеења на денешната политичка сцена, инаку ако веќе говориме за сомнеж мене повеќе ми е насочен кон Бохемиан Гроув од сите организации. Ама пак ќе речам и ова е една од низата претпоставки, сепак цврсти докази немаме туку се‘ се базира на уверувања. Плус светов превира од разно разни организации од различен тип и плус секој влече кон сопствениот интерес и не верувам дека според таа теорија на заговор за владеење над народот големците ќе најдат консензус меѓу себе како и што не верувам дека ќе се врати робовладетелството кое се пропагира како систем.
     
  7. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.190
    Пол:
    Женски
    Разбирам дека секој има свој став, сепак неможе да се негира некој кој истражува за тие работи или има докази за тоа, а секако дека тоа што ние дебатираме е на претпоставки што сме прочитале итн., па од тоа произнесуваме свои ставови.Пример, неможам да речам дека не постојат било кои од овие организации, а за нив се пишува итн., веќе пола свет дозна за нив.Знам дека илуминати постојат, тој светски заговор постои, нивната цел, како што кажав претходно е уништување на разни начини, не ми е до тоа јас некого да убедувам дека постојат или не, знам дека неможам, едноставно дебатирам, ништо друго.Самото постоење на некакви организации е желба да се доминира, владее, различни интереси, но да се пропагира непостоење на истите е многу нормално заради останување во тајност.Незнам многу за нив, освен за Билдерберг, мислам дека се поврзани со масоните,како и тоа доста познати политичари се во оваа организација.
     
  8. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.504
    Допаѓања:
    5.576
    Oк, имаме различен поглед и нема веројатно никогаш да се разубедиме во спротивното.

    Само да напоменам голем дел податоци кои кружат виртуелно се апсолутно неточни има и такви каде што апсолутно е јасно дека податоците и изворите се премногу бледи ( како на пр. ова на секое второ видео од ЈуТјуб во врска со Илуминатите излегува едно чиче кое говори за повикување духови и‘ искрено не го ни слушав веќе и го наведуваат разни постирачи како ,,важен,, сведок, рептилизмот и НЛО објектите и вонземјаните се исто круцијални ,,докази,, и терористичкиот напад на Кулите близначки зазема добра третина ако не и половина од ,,материјалот,, пишаните докази се во слична насока и се наведуваат неколку лица кои исчезнале и се тврди дека Илуминатите ги елиминирале ...). И секако морам да го споменам Ден Браун кој има голема улога во свеста на милиони луѓе како повикувачки авторитет инаку и сам признава дека делата му се фикција и секој посериозен проучувач на темава не го ни зема во предвид, ама како што во извесен период постоела фасцинација со антиката, па со египтологијата, сега е време кога луѓето се фасцинираат од теории за светски заговори...
     
    На Artemission му/ѝ се допаѓа ова.
  9. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.408
    Пол:
    Женски
    Јас вчера одјеќи накај дома на пешачки премин го заблелжав знакот на масоните нацртан, искрено ми отворивте интерес и ќе почнам да читам подлабоко..
    http://www.youtube.com/watch?v=er6XQml9SFk
     
  10. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.190
    Пол:
    Женски
    За ова во видеово, каде се споменува подземни простории, го знам од порано, е сега незнам од кого се изградени и каде,мислам дека беше за да се заштитат од нешто/некого, незнам, не сум сигурна :?: незнам како би можел некој да живее под земја :?: :^)
     
  11. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.408
    Пол:
    Женски
    Се запрепастив кога видов кои славни луѓе се масонери.. не знам јас икрено читам што стигнам моментално ама листава овде леле..

    http://www.xnetbg.com/new/forum/index.p ... /wap2.html
     
  12. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.190
    Пол:
    Женски
    Јас од книга имав прочитано за нив, целата се однесуваше за масони,илуминати, многу познати личности се вмешани, а според ова,колку што разбрав, исто се спомнуваат Евреите и во книгата, Америка им е само диригент на цел свет, како и тоа дека фамилијарно се земале, пример брат со сестра, итн., за да не им го зеле други богатството, власта итн.Ова за илуминати ако добро се сеќавам, се однесуваше, а за масоните не ми текнува баш многу за нив, од одамна беше кога ја читав книгата, ама не ја дочитав, не ме интересираше тогаш.Па едно време имаше и емисии на телевизија, па и оттаму знам.
     
    На ljubam му/ѝ се допаѓа ова.
  13. antilla

    antilla Популарен член

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    264
    Допаѓања:
    381
    Луѓе, не потпирајте се на се што ќе слушнете за оваа работа. Еве пример во таа листата спомнуваат историски личности како Гарибалди, Шекспир, Моцарт, а тие врска си немаат со овие ...
    Околу видеото, не верувам дека доколку би било вистина, би дозволиле вакви информации туку така да протекуваат и цел свет да зборува за ова. Еве размислете малку, да речеме дека се работи за остварување на библиско пророштво, па до толку ли се будали тие да го прават сево ова ако знаат дека на крај ќе пропаднат :^) ? Нема врска ова ни со Библија ни со антихрист... Друго е во игра.
    А дел од сликите, верувам се монтажа. Буш јесте да си имаше свои моменти, ама со жена му и ќерка му во јавност фамилијарно да "рокаат" :D ... А за папата пак, да не правиме муабет :)
     
  14. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.190
    Пол:
    Женски
    Антила делумно се согласувам со тебе,посебно за во почетниот дел од твојот пост.Јас не верувам дека Гарибалди,Шекспир,Моцарт, а најмалку пак Леонардо дека бил масон :!: јас би рекла дека не бил знаејки ја неговата биографија, а за папи и тоа не би рекла, па неможам, дека поголем дел од папите во историјата биле масони :tmi: Е сега, проблемот е околу новово време, сегашниот начин на владеење, кој не велам дека нема корени од минатото, но, повеќе се базира ова на денешни, значи современи погледи на нештата.А дали би правеле така, ако знаат што пишува во библијата, веројатно дека не ги интересира, а што значи си терат по свое, еве и да постојат и да не постојат, не размислувам затоа што сметам дека ги има.Исто и јас не верувам дека би дозволиле да се откриваат вакви работи,ама од каде би знаеле со сигурност дека овие работи не се лага?Не може еден ако каже нешто да е во право, а стотина души да тврдат сосем трето и истите да се негираат, кога веќе нешто масовно се зборува, тогаш не би било лага.Ах а далеку е од тие амрикански филмови каде се прикажува дека само Америка одлучува за своите постапки што ги прави.Еве пример, Америка е највлијателна, бидејки и се може, ама зошто таа пак да биде само? Значи, покрај нештата кои го овозможуваат да биде тоа што е.Не велам дека нема други кои не се толку доминантни во владеење сега, ама Америка секаде се меша, па отиде и до таму што и на месечината стигна, добро, тоа им е енормна лага, врв на лагите, така да кажам некако.Ништо не е случајно, туку така.
     
    На Donatella му/ѝ се допаѓа ова.
  15. antilla

    antilla Популарен член

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    264
    Допаѓања:
    381
    Затоа и напишав дека друго е во прашање. Ционизам и слично. Масонеријата е само инструмент, исто како и Америка :) И ќе повторам нешто што ми се чини дека го напишав претходно, масонеријата не е веќе она што била некогаш, но и денес тешко е да се разграничат работите околу масони, илуминати... и тие се доста поделени во сопственото ткиво, масонски ложи постојат многу.
    А како што тргнал светов, тешко дека нешто ќе се промени, ќе си го остварат она што го намериле. Само не верувам ни дека во целост ќе се случи тоа ниту пак одеднаш, никој досега не презел потполна контрола врз светот и врз човештвото, зошто би можело пак во иднина?
    А ова со чиповите, извинете, ама мене ми е научна фантастика. Како може еден чип да те контролира и да те програмира, па не сме ние роботи :D
    He може едно железо да влијае врз разумот на човек од крв и од месо :)
     
    На Gordana10 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.504
    Допаѓања:
    5.576
    Љубам, најпрво околу поздравот на видеото Антила е во право - фејк е, обичен Фотошоп, има премногу вакви лажирани знаци по нетов. Масоните имаат тајни начини на поздравување и препознавање меѓусебно и не ги споделуваат со луѓе надвор од нивното братство. Друго, да ја земеме САД или Велика Британија како пример - сеуште се доста конзервативно и религиозно ориентирани и тоа се бара и од нивните лидери, така да шансите нивните претседатели и монарси да излегуваат во јавност со вакви знаци - се еднакви на 0.

    Гордана, околу таа теорија за зачувување на чистотата на потомството меѓу највлијателните семејства во светот, меѓу кои се - Рокфелер, Де Медичи, Хановер, Хабзбург, Сент Клер, Романов, Ротшилд и др. 14 или 15 ми се чини беше вкупниот број - не склучувале бракови со инцест, туку меѓу членови од овие семејства само.

    САД станува влијателна и доминантна на светската сцена дури после Втората светска војна, дотогаш нема толкава моќ ни на политичко, ни на економско, ни на воено, ни на научно поле на светската сцена. Дури и целата нејзина подоцнежна доминација во вселенските и др. испитувања, се базира во голем дел на нацистички научници (ракетни инженери, нуклеарни физичари итн.) доведени во САД со операцијата Paperclip. Исто и ,,увоз на мозоци,, од сите страни на светот. Како и да е и јас не верувам ,како и Антила, во доминација над целото човештво од страна на една држава или неколку семејства или повеќе држави, едно, човештвото на ова ниво на развој не би дозволило лесно да биде контролирано и друго, кога има повеќе потенцијални владетели меѓу нив ќе дојде до судир најпрво поради конфликт на интереси. Во секој случај - неизводливо.
     
    На ljubam му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Pixyy

    Pixyy Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2012
    Пораки:
    59
    Допаѓања:
    28
    Што се масони ?

    Често сонував луѓе(или воопшто незнам дали беа луѓе) покриени со црна наметка а лицето не им се гледаше.Стојат во круг и во средината на кругот ко камен ставено или незнам што беше.Веќе почнав да се плашам бидејќи често ги сонувам.И кажав на мајка ми и и го кажав сонот.Таа ми рече дека тоа биле масони.Јас појма немав што се тоа.Ја прашав за да ми каже што се тоа а таа само ми рече ќе дознаеш има време за тоаа.Баш би сакала да знам што се тоа и дали постојат воопшто. :?:
    Незнам дали се луѓе или пак нешто како луѓе со натприродни моќо :doh:
     
  18. CharlizeTheron

    CharlizeTheron Активен член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2012
    Пораки:
    33
    Допаѓања:
    11
    Што се масони ?

    http://mk.wikipedia.org/wiki/Масони
     
  19. WildCherry

    WildCherry Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2011
    Пораки:
    1.193
    Допаѓања:
    1.172
    Искрено, за оваа тема може да се дебатира и дебатира, вистината само они ја знаат. Но факт е дека целта не им е веќе тоа некогаш што им била, од тоа шо имам читано знам дека целта им била нели да го спаселе христијанството, но се некао тактиката им се менувала , и искрено мислам дека целта им е само да направат некоја внатрешна промена во самата црква.

    според мене се тоа луѓе кои инаку и сакаат да владеат со светот. За учество во добротворни цели, мислам дека е само една обична маска, зашто инаку таму влегуваат луѓе кои нели си имаат доволно пари, не може секој да влезе таму, па ако се за учество во добротворни цели, тогаш реално да збориме материјално се доволно моќни да го издигнат на друго ниво Третиот свет нели ?

    А за околу симболите , и јавното покажување на истото искрено не верувам зашто коа истражував за сатанизмот, истите фотошоп финти ги имаше и во нивни видеа, демек Џорџ Буш исто бил сатанист и слични ми ти такви работи, што искрено и не верувам дека вистиснките симболи ко што кажа Теодора би ги покажувале во јавност .
     
  20. E...V...I...L

    E...V...I...L Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2012
    Пораки:
    782
    Допаѓања:
    468
    Како се станува масон?