Мислам дека прво треба да си верник, па да имаш работа сигурна ... И натаму незнам мислам има сигурно на нивна страна ваљда околу самото влегување у Масонеријата ...
Нешто ново на темава... Денес слушнав на радио, а прочитав и на нет дека излезена е книгата на Живко Груевски (првиот Македонец кој јавно се декларирал како масон) во која открива детали за масонеријата, но и за македонската ложа. Да не се повторувам со веќе напишаното, овде може да прочитате повеќе.
Да и јас прочитав за него по нетов, а исто и за друг масон од странство, не ми текнува точно од каде, исто имал цел да не бидат толку мистериозни, туку да бидат како подруштвени, попристапни за било каква соработка.
Масоните не се бават со политика и религија на своите состаноци, тоа е забрането. Но Масонот поединечно вон ложата може да се бави политика и религија колку што сака. НАводно целта им е да изѕидаат подобар и послободен свет. Но како ќе го изѕидаат подобриот свет ако самите немаат дефинирано што е лошо што е добро? На пр. дали е во ред генетскиот инжинеринг? Дали е се во ред воените интервенции? Според мене не, според нив тоа не се прашања околу кои се дискутира. Според мене тоа е исто како да се клима со главата и да се прифати дека светот треба да остане таков каков што е - претно неубав(мислам на општествата и нивната интеракција со другите општества, не на природните убавини на планетата Земја).
Тоа е проблемот, имаат тенденција да ги прават работите кон подобро, но некако како да тапкаат работите во место.Веројатно дека можат, само сосем друг е резултатот од тоа.Можеби и тоа што решиле постепено се откриваат, иако тоа е индивидуално, сепак е поинаква цел, незнам.Кога знаат дека можат да бидат влијателни, барем нека го искористат тоа за покорисни и подобри нешта, не само да знаат, а ништо да не одлучуваат.Тие прашања се важни, само кој да ги реши.
Тие влијаат со светот Гордана, се што се случува е нивно масло. Денес тие не се тоа што требало да бидат кога се формирале. Прочитај ја книгата Загубениот симбол и се ке ти стане јасно од страна на симболите, внатрешноста на State Capitol во Вашингтон, градбата на Пентагон итн итн...
Да, знам.Загубениот симбол чинам беше на Ден Браун, од тој автор, само Кодот на Да Винчи го имам читано, мислам книгата не му ја ни дочитав откако видов што се не измислени работи има во неа, сакав/м да ја прочитам неговата книга Ангели и Демони, но поради тоа што станува збор за него, а и со оглед на тоа каква беше неговата книга Кодот на Да Винчи, некако немам желба да прочитам било што од него.За симболите, имав прочитано од друга книга Светски заговор, од кој автор беше, не ми текнува, оти од одамна знам за симболиве кои ги пишува во неа исто, инаку да, освен тие што ги наведе, мислам е и знакот/скулптура во Брисел, имаше и други, не ми текнува во моментов, но според тоа што кажа, очигледно тоа дело на Ден Браун и со другава книга, истото го зборат, меѓутоа во поинаква конотација.Едно време имаше и емисии во врска со ова на тв.Тоа е тоа, да е еден извор, па да се рече дека не е веродостоен, ама и други извори, исто говорат, тогаш не е нешто како демек ги нема или нема врска.Не е до верувањето, туку до тоа колку нешта го потврдуваат нивното постоење.
Масоните разбираат и се сеќаваат на работи кои што светот повеќе од очигледно ги заборавил. Она кое старите писанија го содржат. Порака која гласи: Зар не знаете дека сте богови? Буда вели: Ти си самиот Бог; Исус учел: Царството Божјо е во тебе; и дури ни ветил: Делата кои ги правам јас, можеш да ги направиш и ти...и повеќе од тоа. Дури и првиот антипапа Хиполит од Рим, ја цитирал истаа порака, којашто за прв пат била кажана од гностичкиот учител Моноим: Отфрли ја потрагата по Господ...наместо тоа, започни од себеси. Масоните имаат соба за размислување која е секогаш студена, едноставна просторија во која еден масон може да размислува за сопствената смртност. Вакви соби наводно има насекаде низ светот и се користени лично и само од масоните. Со медитирање за неизбежната смрт, масонот добива скапоцена слика за одминливата природа на животот. Во вакви соби секогаш можат да се сретнат едни исти симболи. Череп и вкрстени коски, коса, песочен часовник, сулфур, сол, празен лист хартија, свеќа итн.. Черепот ја претставува крајната трансформација на човекот преку процесот на скапување, потсетник дека сите ние еден ден ќе се претвориме во прав. Сулфурот и солта се алхемиски катализатори кои ја помагаат трансформацијата. Песочниот часовник ја претставува трансформативната моќ на времето. Свеќата го претставува исконскиот оган и будењето на човекот од неговиот сон на незнаење – трансформација на просветлување. Косата претставува симбол на трансформативната исхрана на природата – жнеењето на даровите од природата. Зошто масоните го одбрале триесет и третиот степен како највисок степен во масонската ложа ? Во времето на Питагора, шест векови пред Хростос, традицијата за нумерологија го сметала бројот 33 за највисок од сите Главни Броеви. Тој бил најсвета фигура и ја симболизирал Божествената Вистина. Традицијата продолжила да живее во редовите на масоните...и на сите други места. Христијаните сметаат дека Исус бил распнат на крст на триесет и три години и покрај тоа што не постојат вистински историски докази за такво нешто. Јосиф имал триесет и три години кога се оженил со Дева Марија. Исус направил триесет и три чуда. Името Господово се спомнува триесет и три пати во Битието. Во Исламот, сите жители на рајот имаат постојано по триесет и три години. Триесет и три е свет број во многу мистични традиции. Еден млад алхемичар, розенкројцер и мистик како што бил Исак Њутн, исто така го сметал бројот триесет и три за посебен. Се се открива на триесет и третиот степен вели масонскиот прстен, меѓутоа не мора да значи дека секогаш се мисли на масонскиот степен во ложата, на пример може да се мисли на триесет и третиот математички степен или пак температура на вриење. Триесет и третиот степен според Целзиус е блиску до точката на смрзнување, меѓутоа рецептот напишан од големиот алхемичар и розенкројцерски мистик кој си ги потпишуав текстовите со Jeova Sanctus Unus се води според скала создадена од самиот тој. Температурата како основен алхемиски катализатор не се мерела отсекогаш во варенхајтови и целзиусови степени.Постојат други далеку постари скали, меѓу кои постои и една измислена од Исак Њутн. Исак Њутн измислил цел систем од мерна температура целосно базирана врз природни феномени. Температурата на топењето на мразот била почетна точка на Њутн и ја нарекол нулти степен. Степенот на температурата на зовриена вода-кралицата на сите алхемиски процеси е триесет и три.
Sephora, претпоставувам дека ја имаш читано Загубениот симбол на Ден Браун. Овие информации за триесет и третиот степен, се баш убаво објаснети таму. Исто како и Античките мистерии, Апокалипсата и судниот ден, како и вистинското значење на Апокалипса....
Загубениот симбол е прекрасна книга, кој се интерисира за Масоните, во оваа книга ке најде многу информации за нив кои се веродостојни. Јас летово ја читав книгава и ја прочитав за 3 дена а е бајаги голема. Предобро нешто.
Јас баш скоро ја прочитав Вториот Месија , од Кристофер Најт и Роберт Ломас , ме збуни многу за масоните дава друга перспектива за нивниот ред историски факти за ложите за нивното формирање , за степените , кој го интересира темава книгава е интересна но и доста контраверзна во поглед на христијанството па затоа предупредувам А конкретно за масоните различни теории многу корисни информации се постирани тука , конкретно за кај нас имам слушнато дека и Ристо Гуштеров е масон , црквата која тој ја има градено , ако сте ја посетиле има многу симболи , почнувајки со шаховските во дворот , па внатре со окото кое гледа се , кој да знае
многу од светските лидери се масони. Порано масони стануваа само мажи но денес има и женска масонска ложа во која е на пример Бијонсе. Spoiler и Џеј Зи е масон Ме интересира каде во Битола се наоѓа масонската ложа?