Сакав да пишам во СДК, ама решив нова тема да отворам по ова прашање и да слушнам мислења. Мастурбацијата е нормална појава и нема некој што не мастурбира/л. Не ми е јасно зошто жениве од ова прават драми кога ќе го фатат сопругот како мастурбира? Читав и тука, читав и по други форуми - жените се понашаат како сопругот да ги изневерил. Зошто толку се дига прашина околу оваа работа во брачниот живот?
Не правам драми и го немам фатено. Ама ако некад го фатам ќе се згазам од смеење и ќе го зезам цел месец дека мења кожа ко тинејџер
Една постара колешка поодамна ми кажуваше дека го има фатено мажот и во актот Беше разочарана, според мене до негде и оправдано. Типот ја одбивал со денови, ја одбил и истиот ноќ за да самиот си заврши работа. Сигурно не е убаво чувството да знаеш дека партнерот ти, повеќе си ја преферира раката отколку тебе, штознам
Мастурбацијата во брак сама по себе не ја гледам како проблем, меѓутоа сметам дека е проблем кога партнерите одбегнуваат секс, измислуваат причини за да го немаат, а мастурбираат. Значи има некој проблем во бракот Еднаш го фатив маж ми, прво бев увреџена, сега ми е пресмешно
Според мене е најнормално, како во врска, така и во брак. Само освен кога, како што кажаа некои, еден од партнерите долго време да избегнува секс, а настрана мастурбира.
!!!Ќе ве молам да се држите до темата на дискусија без лични навреди и препукувања. Сите мислења надвор од темава се избришани, продолжете со нормална диксусија.
Да се надоврзам на темата. За мене број еден убиец на сексот во бракот е порнографија покрај секојдневните стресови. Знам многу мажи што гледаат порнографија и тотално се изолираат од жени или имаат проблем со потенција која во иднина води кон апстиненција од секс. За сите машки што сакаат да си го подигнат сексуалното либидо би ги советувал да се откачат од порнографија.
Потполно се слагам. Многу десензетизација прави порнографијата и мастурбирањето и вон брак. Има корелација. Би рекол да е во нормални мерки во ред е. Најголем проблем би рекол е што индустријата таргетира млади машки. Знаат кај се парите. Не би рекол дека нема по реални филмови за возрасни, ама повеќето не се такви.
Нека повелат, нека дискутираат жени/мажи кои што се во брак и тоа повеќе од 10 години. Паушални Ви се исказите. Треба да си во брак долго време, па да ,,консумираш,, порнографија, па да кажеш искуство (како тоа влијаело на твојот сексуален живот) и тоа ПАК за себе да си кажеш а не да генерализираш.
Точно е дека е проблем ако се одбегнува секс повеќе време, ама ако јас одбијам секс еден ден во неделата за да поминам време самиот со себе не гледам тука никаков проблем. Не сум во брак, ама и кога би бил би продолжил со мастурбација. И со гледање порно филмови. Ако ме фати тогаш ако сака нека се придружи.
И заедно може да се мастурбира и/или да се гледа порнографија и одделно. И двата немаме проблем со тоа. Не ни е ни трагично ни смешно. Сосема нормално...
Мастурбирањето во брак е сеуште табу тема. Дури приметувам дека е срамно да се збори за тоа иако многу други теми кои се рамни на мастурбирањето се активни. Добро.. сфаќам дека е пре-интимно да се вади на видело такво нешто ама можеме општо да си дискутираме на темава. Јас не го сметам за лош тек на сексуалните односи,напротив можеби ако се прави заедно во присуство на партнерот, би го збогатило дожувувањето. А и немора да значи. Некаде може и да го расипе,зависи какви сфаќања имаат партнерите.Има случаи каде што едниот од партнерите истото го смета за неверство.
А можеш и да му се придружиш Постојаното избегнување на секс зборува за други посериозни проблеми од самозадоволување Не само што не гледам ништо трагично или необично во “појавава“, туку до денес не бев ни свесна дека на некој му сметало бе Да си бидеме прави, не оти ние сме Алексис Тексас, ниту па маживе ни се Џејмс Дин... освен ако се лажеме нели, дека имаме јахта, куќа на остров итн. и можеме да се сексаме на плажа додека пиеме коктелчиња и живо пиле нема и сме еластични и способни да висиме на лустер и да се сексаме. Порното и мастурбацијата се фантазија, бег од реалноста, одмор, и ништо нема лошо, освен секако, ако не влијае на нормалниот сексуален однос и општо на животот. Сѐ што е умерено е нормално.
Хаххаха лично не би го правела тоа ниту во врска а не па во брак. Зошто да мастурбирам кога имам момче?