1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Матичен млеч

Дискусија во 'Алтернативна медицина' започната од TeaB, 9 јули 2011.

  1. TeaB

    TeaB Популарен член

    Се зачлени на:
    11 август 2010
    Пораки:
    1.868
    Допаѓања:
    543
    Не видов дека има ваква група...ако има слободно во канта :)
    Ме интересира дали некој од вас користел матичен млеч и дали сте задоволни?
     
  2. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333
    100% природен матичен млеч нема, тоа ќе ви го каже секој пчелар затоа што е невозможно да се извади и обработи. Има по аптеките вештачки матичен млеч. Го подигнува имунитетот и добар е за белодробни и респираторни заболувања.
     
    На MissDior му/ѝ се допаѓа ова.
  3. sonjar

    sonjar Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 август 2011
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
  4. st-el

    st-el Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2010
    Пораки:
    494
    Допаѓања:
    3.956
    Пол:
    Женски
    Tатко ми е пчелар, тој за мат.млеч вели дека многу помага во подобрување на имунитет,штити од канцер, ја подобрува крвната слика... Негова препорака е да се консумира природен мат. млеч, секое сабајле на гладно по една лажица - дрвена или пластична, никако метална.
     
  5. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333
    А прави матичен млеч???
     
  6. goddess.Of.chaos

    goddess.Of.chaos Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    1.059
    Допаѓања:
    1.029
    Јас пијам, од лекар ми е препишано за имунитет. На нокти и коса и кожа се гледаат прво резултатите, ама да не се лажеме, треба со месеци да се пие за такво нешто. 3-4 минимум.
     
  7. LadyEj

    LadyEj Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2011
    Пораки:
    76
    Допаѓања:
    128
    Не е можно. Татко ми поседува пчели, сведок сум дека вадиме матичен млеч кој може да се конзумира измешан со мед, или чист, под јазикот. 100% природен!
     
  8. IvanaMkd

    IvanaMkd Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2012
    Пораки:
    4.184
    Допаѓања:
    3.051
    Можам да се согласам со сите, сум користела помешан со мед. И многу е добар за имунитетот.
     
  9. frose32

    frose32 Активен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2012
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    матичен млеч може да се извади природен но неговата структура е термолабилна и на собна температура се губат состојките мора да се чува во фрижидер а кај пчеларите на пазар не сум забележала дека имаат а фабричкиот е лиофилизиран и тој и на собна температура е стабилен и хранлив
     
  10. Mygirl

    Mygirl Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2010
    Пораки:
    577
    Допаѓања:
    849
    Ние користиме, не е точно дека нема 100% природен, ние го земаме од пчелар кој воедно е и претседател на организацијата на пчеларите. Се чува замрзнат.
    Ивана, не го мешај со мед, така му се губат повеќето од корисните состојки што ги содржи, земај мала количина без ништо и гледај колку можеш повеќе да го држиш под јазик, така најдобро се апсорбираат неговите состојки во телото.
     
  11. TeaB

    TeaB Популарен член

    Се зачлени на:
    11 август 2010
    Пораки:
    1.868
    Допаѓања:
    543
    Mygirl може да ми дадеш повеќе информации за тој човек кај да го најдам, сакам и јас :)
     
  12. corto.maltese

    corto.maltese Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2013
    Пораки:
    475
    Допаѓања:
    1.029
    Пол:
    Машки
    Матичен млеч неможе воопшто да се произведе надвор од пчелна кошница. "Фабрички" или "вештачки" млеч како што некои пишуваат, ако го има, воопшто не е млеч, нема лековито дејство и не е здрав. "Вештачкиот" млеч е материја-фалсификат во која има се само не состојките на вистински матичен млеч. Млечот е специфичен секрет излачен од млечните жлезди на пчелите и ништо неможе да го замени. Се што се продава по аптеките или големите маркети во некои убаво аранжирани шишенца и пакувања со името матичен млеч е само чиста комерцијала на големите корпорации. Заработката им е во прв план, а здравјето на човекот не е ни на последно место. Треба да бидеме среќни што кај нас уште сеуште може да се конзумира и купи свеж и вистински матичен млеч кој е скоро секогаш помешан со мед како би се зачувале неговите особини со спречување на оксидација. Најдобро е да се нарача кај некој пчелар од доверба, никако од пазар.
     
    На joy1, DiaCor и Abeja им се допаѓа ова.
  13. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    За среќа имаме повеќе пријатели пчелари, и од кај нив си набавувам матичен млеч (го прават по рецепт, измешан со мед, полен, т.е прават некој сооднос).
    Се јаде по една лажица наутро, не смее да е метална лажица.

    Го зголемува имунитетот, се чувствувам убаво, а знам дека го продаваат на болни од разни болести, за бронхитис, крвен притисок, млади кои не можат да забременат, итн.
     
  14. Cvekjence

    Cvekjence Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 септември 2010
    Пораки:
    175
    Допаѓања:
    201
    Сакам да прашам, дали пчеларите продаваат и на други или само на вас поблиските? Баш би сакала да купам, ако може кажи ми каде да ги најдам, бидејќи не познавам ниеден пчелар :wasntme:
     
  15. corto.maltese

    corto.maltese Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2013
    Пораки:
    475
    Допаѓања:
    1.029
    Пол:
    Машки
    Продаваат секому, само сега уште не е сезона за производство на матичен млеч. За четириесетина дена можеш да најдеш свеж и квалитетен млеч.

    За тоа од каде да најдеш, ти испратив лп.
     
  16. Avokado

    Avokado Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2014
    Пораки:
    273
    Допаѓања:
    363
    Aj ako sakas i mene pisi mi kaj da najdam maticen mlec
     
  17. corto.maltese

    corto.maltese Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2013
    Пораки:
    475
    Допаѓања:
    1.029
    Пол:
    Машки
    Ај, ама прво смени ги подесувањата во профилот. Не можам да ти пратам порака.
     
  18. whitepearl

    whitepearl Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 декември 2011
    Пораки:
    128
    Допаѓања:
    38
    Би сакала и јас да дознаам каде можам да нјдам
    Благодарам

     
  19. Macmac89

    Macmac89 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2013
    Пораки:
    103
    Допаѓања:
    164
    Дечки, дали може во бременост да се конзумира мед со матичен млеч?
     
  20. Medical girl

    Medical girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 декември 2016
    Пораки:
    166
    Допаѓања:
    83
    Пол:
    Женски
    Девојки јас купувам матичен млеч помешан со мед полен и прополис од Пчелни произоди хепи во кисела вода имаат продавница.
    Пишува 100 посто природен но незнам дали е подобро да купам чист млеч или вака помешан да го јадам?