Дали е подобро чист матичен млеч или помешан со мед? И може ли да се порача онлајн бидејќи негде читав дека морало во фрижидер да стои затоа неможело онлајн. На друго место прашав ми рекоа може немора фрижидер само да е обложен со алуминиумска хартија. Совети?
Матичниот млеч се продава во мешавина со мед. Ставаат по 2, 5 и 10 грама од матичниот млеч во медот и цената е различна. Без мед не знам дали некој продава, но и да продава, цената е во воздух. Не мора да го држиш во фрижидер, може и на собна температура, обвиткан со алуминиумска фолија, која му држи ладно. Се јаде по една кафена лажичка. Можеш да го најдеш и онлајн, да си го порачаш од човек.
Матичниот млеч е всушност храната која ја јаде матицата, и токму затоа таа живее до 5 години, за разлика од пчелите работнички кои се хранат со нектар и живеат само неколку месеци. Млечот кога ќе се извади од кошницата се става со стаклени шишенца од кои воздухот се извлекува со шприц за да не се расипе и се запечатува со восок. Млечот не поднесува високи температури ниту светлина, па затоа е важно да се чува во фрижидер завиткан во алуминиумска фолија. Се јаде со дрвена или пластична лажица, и многу е важно, кога ќе земете од млечот (вообичаено помешан со кристализиран мед), да не ја враќате истата лажица назад во теглата, за да не се внесат бактерии. Јас лично го јадам секое утро на гладно по една лажица мед со млеч и ми дава многу енергија за целиот ден. Го подобрува и имунитетот, и сум забележала дека кога редовно го користам, поретко се разболувам. Моите родители се искусни пчелари повеќе од 20 години и млечот никако не го испраќаат по карго, бидејќи мора да стои на ладно. Доставата се организира по договор со купувачите, или пак тие го подигаат лично од кај нас. Луѓето најчесто го купуваат за срцеви и белодробни состојби, хпв, рак, анксиозност, за поддршка на плодноста кај млади, за спортисти, но и превентивно за зајакнување на имунитетот. Доколку имате уште прашања слободно пишете ми.
Јас имам дома, ама првите два дена не го чував во фрижидер и неколку пати со иста лажица бркав внатре, за жал татко ми го зема и не прашал директно како да се користи, а човекот мислел дека знае, па утнавме работа, потоа ми кажаа како да го чувам ама сега дали штетата е веќе направена? Не сакам да фрлам цела тегла не е ефтино.
Ако бил само 1–2 дена надвор и нема промена во мирис/боја, веројатно е во ред, но чувајте го задолжително во фрижидер и користете чиста лажичка. Ако има чуден мирис или вкус подобро да не се користи.
Не има ист вкус како кога го зедов, нема променето. Фала ти, од сега ќе го користам вака. Секако одма го ставив во фрижидер кога прочитав дека треба, само за лажицата не знаев.