Матрикс теорија

Дискусија во 'Психологија' започната од black-angel, 14 јули 2017.

  1. black-angel

    black-angel Praefectus Vigilum Член на тимот

    Се зачлени на:
    14 декември 2009
    Пораки:
    2.675
    Допаѓања:
    4.644
    Пол:
    Женски
    Мислам дека нема човек кој не слушнал или не ја изгледал трилогијата на филмови или на било кој начин е запознаен со теоријата на Матрикс.Накратко кажано што ако ништо од ова не е реално и живееме во симулација ? За некои личности ова е теорија на заговор , за некои е вистина која го поттикнува да размислува на таа тема. Мене конкретно статијава ( во споилер ) ме наведе да видам мислења околу темата. Покренува доволно прашања за реални ситуации кои ние ги викаме дежа ву , за кои во матрицата се наведени како грешки во системот.
    Кои се вашите мислења околу оваа тема ?
    Сведоци сме за подемот на виртуелната реалност , што мислите колку далеку може да отиде со својот развиток ?
    Дали сме експериментални глувчиња на некого ?

    п.с. Како автор на темата можам да се изјаснам дека делумно верувам во некои теории на заговор , за конкретнава сеуште читам и истражувам.

     
    На Briar Rose и teteks им се допаѓа ова.