1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Машко циција?

Дискусија во 'Врски' започната од Tanjamm, 28 август 2012.

  1. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.085
    Допаѓања:
    11.234
    Девојки што мислите за машко скржавец?Мене ми се смешни. Ај кога нема пари да го сфатам да биде стиснат, ама кога има зошто да се скржави до толку. Со еден тип така се запознавме, и сега ајде на кафе излеговме. Дечково кажува ова, она , а има добра работа во администрација има плата 400 евра и сега доаѓа сметката, он си вади пари за него,јас за мене. И кусурот мој го собра. И после ми ѕвони демек сфатил дека моите пари кај него ситница 20 ден, и ми вика пак да се видиме да ми врати кога ќе идеме на кафе. Ми стана одбивен, не сум за пари, ама ете чисто од култура барем да се понуди да части нели машко е. И после испадна работава се фатив со него. И ме обврзуваше да одам во друг град да излегуваме. Значи од провинција сме и двајцата, тука блиску до ск, ама таму да искачаме дека друштвото му е таму. И ми пукна филм, што па јас ке трчам по него?Плус без работа бев и парите полека ги тенчам. И он купи кола и на крај кога му раскинав ми вика - јас заради тебе купив кола, колку сум будала, земав кредит, позајмици, абе не да го мразам, леле не сакам да го смислам. Има сега друга девојка, ќе се ускреќи со него. Му собрав се на куп, не може он со кола да ме уценува, си купил бидејќи имал пари. Што мислите вие?
     
  2. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    3.494
    Допаѓања:
    8.305
    Пол:
    Женски
    машко циција?

    Ги има секакви машки,па и циции.Имав и јас еден циција,но далеку пострашно од частење кафе,за глупости и ситници цела плата ја дава,а за нешто важно ,ма јок бре :^) .
    Не се нервирај,таквите се луѓе без душа,или мамини синови.
    Велиш од култура -да,но и ние женските треба да си имаме гордост,јас не би се навредила ако не сака кафе да ме чести-не е должен.Но за посериозни работи ако скржави,а во врска сте,и утре што се вика да ја дотерате подалеку-до брак,би ти кажала да го оставиш :!: .
    Може да посака пари и од тебе,ги има и многу такви :hai:
     
  3. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.085
    Допаѓања:
    11.234
    машко циција?

    Јас кога ги озборував машките што се скржави и што ни облека не си купуваат, овој викаше - па и јас сум таков. Му викам како си таков знам дека троши за шетање, убаво да се најаде , да се напие. Ми вика - епа тоа е за мене. Аха значи он да е најаден и напиен па другиот до него нека трпи. А има пари ен дека нема. Не сум јас од тие што сакаат частење. Ако частел, сум вртаила на следен состанок. Ама прво искачање бре, барем да се понудеше да части, инаку не ми е до едно кафе негово. Ви кажувам чисто за да осатви впечаток добар. Мислам дека е срамота за него.
     
    На avita му/ѝ се допаѓа ова.
  4. kolovoz

    kolovoz Популарен член

    Се зачлени на:
    9 мај 2011
    Пораки:
    1.648
    Допаѓања:
    6.152
    машко циција?

    не е циција туку е цинција ... дасе смени насловот на темата-т.е. прашањето
    Цинцар
    ОБЈАСНУВАЊЕ
    1 : 1. Влав, Ароманец; 2. цинцар фиг. а) трговец на мало; 6) скржав човек.
    ...ке речам едниот во врска е пожелно да е по штедлив од другиот , барем за денешно време, независно дали е машкото или женското
     
    На Anon му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.085
    Допаѓања:
    11.234
    машко циција?

    Не беше фер со тоа префрлање демек се задолжил за да купи кола заради мене. Тоа врска нема, сакаше да му изврпи притисок да не му раскинам. Многу се навредив, јас нити сум спонзоруша, нити материјалист. Значи имал задни намери штом така се однесува. Кој речник еј од интелектуалец. Абе знаат и бетер од некои неиизживеани да бидат. И што сега роб да му бидам ако купил кола?
     
  6. Nati.P

    Nati.P Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2011
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    855
    машко циција?

    Aма не претерано :D :D
     
  7. Calypso

    Calypso Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 март 2012
    Пораки:
    69
    Допаѓања:
    75
    машко циција?

    Има разлика меѓу штедливост и скржавост, а особено кога парите ги тенчи на ситиници или во најлош случај на битни работи.
    Лошо е кога се работи за врска, подолга врска и еднаш ако е партнерот засегнат со пари, а на другиот уво не му чуе тогаш е проблем, голем проблем.

    Има луѓе кои штедат на ситници, но кога се работи за крупни нешта даваат се. Но има и обратни, плаќаат кафе или ситни дренгулии а при првата сериозна ситуација, парталите и да ги нема.
     
    На RedWine, Espadrila и Anon им се допаѓа ова.
  8. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.085
    Допаѓања:
    11.234
    машко циција?

    Ама во ред ли е да каже “колата ја купив заради тебе“?Обрнете внимание на колата во приказната. ЈАс гледам како се однесува кон мене, а не дали има или нема кола.
     
  9. kolovoz

    kolovoz Популарен член

    Се зачлени на:
    9 мај 2011
    Пораки:
    1.648
    Допаѓања:
    6.152
    машко циција?

    реков поштедлив намерно затоа што како што разбрав од претходниот пост -дека дечкото си купил кола ...па драги мои за да подигнеш кредит во банка за автомобил треба 20%твое учество...
    не гледам ништо лошо во тоа дечко ми да ми рече ...Види од денес ке излегуваме во помалите градови , така ми е поефтино, сакам да заштедам за автомобил. И онака нели е најбитно да сме заедно а не е битно каде сме и дали ке пиеме домашна ракија или шток :D
     
    На Johndeer му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.085
    Допаѓања:
    11.234
    машко циција?

    Епа дечкото сакаше се очигледно, ама тоа е лага најверојатно, за да ме задржи. Ако не бил во можност не би купил. Сакаше дс ме навреди во смисла види колку вложив за нашата врска, а ти ме оставаш?Па кога се однесува лошо што вреди?
     
  11. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.050
    машко циција?

    Не дека ми е нешто многу пријатно кога ме частат, одсекогаш сум го мразела тоа, од причина што после сум се осеќала должна. Но :!: , минатата година сфатив дека женското не треба секаде да се плетка, баш треба да е женствена и нормално една пијачка ако те почасти машко, не е нипто страшно и комплицирано.
    Обично излегувавме машко -женско друштво и мажите си ја делеа цела сметка меѓу нив, нас женските не ни даваа да помислиме на плаќање. Сепак бевме блиски и имавме многу коректен однос меѓу нас.
    ДАлеку од тоа некогаш да сум барала или да сум имала потреба од спонзори, боже мој :x но дефинитивно ги личи машките кога се во женско друштво да се покажат некогаш, а и они мислам дека по фино се осеќаат.
    ДА не должам, поентата ми е дека еднаш се случи јас и другарка ми да ја платиме сметката иако бевме со двајца дечки излезени. Не ни беше проблем, воопшто да не ме сфатите погрешно, но многу грдо изгледа кога машкото нема ни да се понуди, туку онака баш како девојчиња, типични спонзоруши си преќутеа како ништо да не се дешава. Се се мислам што ќе се десеше ако и ние се правевме будали или пак ако си го платевме само нашиот дел. :x
    Ова според мене воопшто не е во ред и не личи, но секој со својот капацитет.
     
    На bubuce и tessie им се допаѓа ова.
  12. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.096
    машко циција?

    Јас околу ова немам конкретен став. Неприродно се чувствував во сите ситуации, бар во почеток на врска... Малку долност ми беше тој да ме части, уште помалку ми личи јас да плаќам за него (лејди ли сум, што ли сум), а нај безвезе ситуација кога делевме сметка пола-пола...Така да, најглупав дел од вечерта ми беше плаќањето на крај :D После веќе се си е ствар на договор, ама почетоците... :|
     
    На Espadrila и De-lovely им се допаѓа ова.
  13. gingerchild

    gingerchild Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    1.495
    Допаѓања:
    4.992
    Пол:
    Женски
    Кога доаѓа во ситуација кој да плати после јадење/пиење, плаќа тој што има пари, иако нормално се молиме, ама на крај едниот од празните новчаници ќе вресне и тоа е.. :rofl: :rofl: обично мојот вреска :rofl:

    А под овие частенки кој ќе плати, мислам дека не се подразбира дали е некој скржло или не е.
    Тоа си опфаќа безброј работи, смешно ни е на нас вака сеири да пукаме, тешко на тие што си фатиле работа со скржловци. :rofl:
     
  14. creshicka

    creshicka Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    2.152
    Допаѓања:
    5.709
    Пол:
    Женски
    Зошто вака генерализирате? Ако не плати бил циција. А ако нема пари навистина? Ти веднаш и есапот му го направи? Во администрација работел 400 евра плата. :^) Можеби е коцкар, можеби отплаќа кредит, помага на домашните финансиски, од каде знаеш зошто не плаќа тој?
    Јас конкретно многу ретко плаќам, да не речам ич. Не работам, студент сум, од дома ми е срам да измолам пари бидејки и моите немаат до толку, ама мојот знае на што е со мене дека кога ке имам јас со цел ќеф би платила. Најчесто ке ми се најдат пари и таман ке си речам ај со овие со дечко ми на пица или на кафе, и оп, ке ми излезе непредвиден трошок, ке ми потребат за влошки или на факултет некоја уплатница.
    Доколку би била вработена, и тој нели вработен, или би делела сметка, или еднаш тој, еднаш јас би платила. Иако уште 100 години да живеам не би можела да се исчистам со него, не се брои колку пати има тој платено и за мене некаде... Дали ми паѓа незгодно? -Да, пред 2-3 месеци пишав овде еден таков пост дека после излегување дојде ред да ми купи за јадење во град бидејки ми се јадеше а дома немав леб, а не ни носев пари за да купам јас, па кога си дојдов дома почнам да плачам и да се трескам од земја бидејки многу глупо се почувствував како да сум на милост негова оставена. И сеуште глупо се чувствувам кога ке ми купат од дома нешто, чизми, или било што а нему не сум му купила ништо на пример... Ама ако, нема да биде вака ваљда цел живот, ке му се одолжам некој ден. :)

    Малку избегав од темата... :)
     
    На piksooki, rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr, Springy и 2 други им се допаѓа ова.
  15. Anet4e

    Anet4e Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2010
    Пораки:
    85
    Допаѓања:
    26
    Хахаха Тањичка ма ме изнасмеа,вика:он да е најаден,а тој до него нека трпи :lol: И јас не можам да ги поднесам таквите луѓе воопшто,а посебно машки.Што викаш од култура бре да го плати кафето,како џентлмен :rofl: Твојов екс (арно што си го откачила) бил далеку од тоа :)
     
  16. sadangel

    sadangel Популарен член

    Се зачлени на:
    7 март 2010
    Пораки:
    983
    Допаѓања:
    781
    Јас лично не би си дозволила некој да ми ги плаќа сметките. Според мене секој треба да си го плаќа својот дел. Кога би плаќал само тој јас би се чувствувала должно и зависно од него. Значи ако немам доволно пари не ни излегувам.
    Според мене глупаво е на прв состанок дечкото да не се понуди да плати. И покрај тоа што како што кажав несакам никој да ми ги плаќа сметките и нема да прифатам частење очекувам чисто од култура да се понуди да плати.
    И да, неможам да поднесам луѓе кои имаат повеќе од доволно да се однесуваат како да немаат за основни работи, па дури и да почнат да се жалат за тоа колку немаат... :fubar:
     
  17. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.085
    Допаѓања:
    11.234
    Па така е, ме сфаќаш што ми е поентата. Кога дојде келнерот очекувам барем да се понуди за плаќање, а не да ќути. Башка и кусурот ми го собра мојот, ама после се јави се сетил дека ги зема и моите пари. Не сакам да ме части, нема да ме угои со едно кафе, ама ете чисто од култура. Не дека нема од 400 евра плата, затоа што јаде по ресторани се шета, се вози со такси за да не оди пешки, си готви скапи специјалитети, а ваму се скржави за едно кафе. Па какв иднина би имала со таков човек. Не дај боже до брак да би дошло. Ми вика пред другарите дај да одиме друг пат во некој ресторан нов, а тие сите во државно земаат добри плати, а јас бев тогаш без работа. Епа како тогаш ме вика да одиме, јас можеби немам пари. Значи не работи текнувалото.
     
    На EleMental и sadangel им се допаѓа ова.
  18. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    17.654
    Допаѓања:
    95.753
    Пол:
    Женски
    Јас имам дечко скржавец и не гледам на тоа како на причина за раскинување, па не сум јас крива што потеклото му е тетовско, или требаше да му раскинам кога дознав дека по мајка е од Тетово.
    Шала на страна, многу ми смета неговата скржавост, се имам расправано за тоа, имаме дебатирано, имам плачено, се имам трескано од земја и пак на исто. Еве последнава ситуација, обично јас плата немам по првите 5 дена од зимање на плата, зимам два пати во месецот, 1ви и 15ти, од таа на први плаќам кирија и многу нормално дека ми остануваат многу малку пари, а од таа на 15ти плаќам сметки и полнам фрижидер и нормално пак не ми остануваат пари. Е сега многу често се дешава да купиме нешто од Групер па он да го плати бидејќи има акаунт, театар или јадење, сеедно, да купиме за роденден нешто, кога јас немам пари он плаќа, да излеземе па да плати пијачка ако немам, ама на крајот враќам, до денар, сепак фала му што се понудил да ми плати кога сум немала, и верувајте до еден денар се враќам, а има толку многу родендени, слави и дешавки, ниеден не заборавам, ниеден не сум изоставила, ептен ми е драга неговата фамилија, па така речиси секој месец јас имам понекоја случка да потрошам некој денар. Исто се деси и изминатиов месец, роденден на мајка му, на дечкото на сестра му, па во театар три пати, возење натака навака за гориво, и се собра илјадарка, му ја вратив и останав со само една илјадарка до 15ти. Арно ама една карта за театар коа купи му реков дека ќе купам нешто што му требаше пошто беше иста цена да не му давам пари, е одма после тоа се деси па да платам пијачка во кафич и као се раздуживме, ама малиов заборавил и вчера ми направи таков инцидент за тие 125 денари што ме расплака квалитетно, јас му викам се раздуживме тој запна не па не, ама мене ко за беља не ми текнува во моментот како сум се раздужила и му купив тоа што требаше со последната илјадарка, ја раситнив ред него. И си тргнавме накај дома и јас се сетив, пред да се разделиме јас за накај дома тој да ја земе колата од паркинг и накај дома ми текна, се сетив и му кажав како сме се раздужиле. Сфати дека згрешил и знам дека му беше криво, ама мене уште повеќе ми беше криво, за никакви 125 денари да се расправаме, да се докажувам јас, а он често знае да заборави и кога ќе му докажам ќе каже ау да бе ми врати, ама овој пат што му беше не знам, запна не па не. Верувале или не, на пат накај дома се мислев дали сево ова вреди, дали нашата 6 годишна врска вреди кога дошло до никакви 125 денари да се расправаме. Знам дека него финансиите цел живот му мателе вода, имало периоди кога немале, и кај мене било така, сега кога заработува убави пари сака да вложи себе и во својата иднина, ама толкава себичност не бев видела одамна, само неколку минути откако купи 5 кошули да ми прави сцена за никакви 125 денари, епа не вреди навистина. Никогаш во животот не би направила нешто такво, да сум јас во неговата ситуација, да зимам плата која ја трошам исклучиво на своите потреби, да не плаќам кирии и сметки, па нема да дозволам да се разочара волку во мене. Не велам не, имало и моменти кога знаел да ме почасти карта во театар, како што беше Хамлет минатата недела, да ме почасти ручек иако сум знаела и тоа самата да го изнудам, да купи нешто за кај мене кога јадеме или слично, мада секогаш гледам да знае дека она што го има за мене го има и за него, знае да ме изненади, не викам не, за ниеден повод не ме изоставил, роденден, Нова Година, годишница, дипломирав, за се, ама јас не сакам скапи поклони и пари кои сувопарно ќе ги стави во еден плик кој иако го изрежал во срце не ми значат ништо, влегоа во мојот новчаник и со нив платив сметки, кога земав плата купив кондури, не е тоа тоа, јас се трудам многу за неговите подароци, измислувам и креирам со сето срце. И на крајот од краиштата јас пак ќе поминам преку тоа, го сакам и знам дека неговата штедливост му донесе волку успеси и се што стекнал во животот, ако ги расфрлаше парите по пијачки и ресторани, по мои каприци немаше да има кола, немаше да упише постдипломски, немаше да биде среќен со таков начин на живот, но сакам некогаш без да морам да изнудам да добијам барем едно чоколадо, иако тоа ќе ме здебели, да го плати едниот и единствен пијалок кој цела вечер ќе го цуцам бидејќи немам за два, ама тоа е, да сакав дечко кој ќе плаќаше за се по мене, требаше да барам спонзор, епа не сакам, го сакам него.
    *Знам дека ќе го прочита ова, затоа и се занесов волку. Целта ми е, ако некого сакате, треба да ги прифатите сите негови мани и доблести, јас сум ги прифатила и ете ме среќна, помалку или повеќе од времето, и тоа речиси 6 години.
    Те сакам Буце :* :inlove: :angel:
     
  19. Li0ness

    Li0ness Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2010
    Пораки:
    1.057
    Допаѓања:
    1.818
    Јас мислам дека вакво однесување како што опишува AngelOfArh многу би ми пречело во долга врска. Добро, јас веќе сум во брак итн, ама зборувам принципиелно. За 125 ден да се направи скандал за мене е надвор од умот, понижувачки и навредливо. И утре ако си во брак со тој човек истото ќе ти го прави, верувај. Имам пријателка со таков маж, имаше прилично поголема плата од неа, ама не и кажуваше ни колку му е платата (а во брак се!), делеа „јас ова ќе платам, ти тоа, ако ти остане нешто купи си, мене ми останува од плата, јас ќе си купам, што да ти правам...“ -и викаше. Искрено, за мене тоа е too much и никогаш со никого не би живеела под тие услови. Ни кога јас би била таа што имам повеќе. Разбирам да се 12 500, па пак, да се каже без да се нападне другиот како за грабеж, да се потсети, ама за 125 ден?! А честа и образот немаат цена... или неговиот чини 125 ден? Не сте 6 дена заедно, па да се сомнева во тебе. Ама па за 125 ден и 6 дена да знам некого нема да се замарам, најискрено. Не можам да го разберам и не би се ни мачела, ама ни тебе Angel не те разбирам, сериозно. Што бараш со таков човек? Можно е да те прави среќна врската со некој за кој се поважни бедни 125 ден од твојата гордост, или од твоите солзи?
     
    На baby-star, eloves, Mala Hembra и 28 други им се допаѓа ова.
  20. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    17.654
    Допаѓања:
    95.753
    Пол:
    Женски
    Лајонес, како што реков, не секогаш се дешава, но се дешава. Да бидам искрена, ми смета многу, да плаќам гориво да ме донесе до дома, па добро и горивото се купува нели, за љубов не даваат во Макпетрол ни капка гориво а камоли цел резервоар, па ќе си речам ајде, да плаќам се по пола, да не се почувствувам важна со тоа што ќе ми плати една пијачка, да ме изведе на еден ручек, ете кога цели викенди поминуваме во мојот стан па еден ден да не мора да засукам ракавите и да ме изнесе на една пица, ама па и тоа не иде. Што да речам, таков е, сум го засакала таков, ко што викаш ти, не се 6 дена, веројатно ќе водам цечна битка со неговата скржавост, но да бидам јасна, во брак таков нема шанси да дозволам да биде, или едноставно не се мажам за него. Како ќе рече матичарот, во добро и во зло, во болест и во сиромаштија, итн итн... Секако дека нема да дозволам нашата врска да се официјализира на темели на нечива скржавост, си велам сега не ми е толку битно бидејќи и самата не сакам да плаќа по мене, ко што реков не барав спонзор, барав дечко кој ќе ме сака, но пред да превземеме озбилни чекори се ќе разјаснам, ќе си го седнам на еден фин муабет и ако се согласи со тоа во ред, ако не, ќе се разделиме со убаво, да не се мачиме повеќе. Иако мислам дека нема да чекам никаков прстен и поголеми планови, после оваа сцена од вчера, нема да чекам да дојдеме толку далеку, мислам дека многу наскоро ќе се запрашам и јас а богами и него што сака и накаде сака да оди нашата врска. Јас него го сакам бескрајно, до толку што се трудам да ги сменам неговите скржави навики и да му покажам дека не е се во парите, се надевам дека мојата љубов ќе биде доволна и дека нивното височество парите нема да бидат пресудни за се да заврши.