Meryem откачи го..НЕ заради тоа што е таков, туку заради тоа што ти ништо не чуствуваш према него.. И јас имав циција но во ниту еден момент не сум викала дека се срамам од него, дека е како вол, дека е ваков дека е таков. само имам кажано дека е скржав и дека не знае да се однесува џентелменски.. Значи не знам зошто воопшто се измачуваш кога се гледа дека не ти е стало до него, откачи го и најди си некој со кого нема да се срамиш да одиш секаде и нема да те срами он тебе..
Па имам пробано да разговарам, му викам најди некоја работа а он на тоа ми вика па што ќе ми е работа не сакам јас кај секој да работам само кај некој мој познат или роднина и ете имаше прилика да работи кај роднина и пак не отиде све изговори дури и негов другар го тераше му имаше најдено работа али овој одбиваше според мене е тоа мрзеливост а додека да му спомнам за кај него дома он одма ќе се заќути со главата надоле и ќе ми даде еден убиствен поглед што дури некад се плашам искрено и по некое време мења тема одма па стварно не знам што да кажам
Искрено да ти кажам со тек на време почнав да се ладам од неговите постапки , во секоја прилика се чуствувам толку понижено со него па сеуште не сум баш сигурна во своите чуства али според мое мислење најдобро е да не губам уште време со некој што не вреди па недај боже у брак се прашувам како ке се однесува со мене а да забораив да пишам дека некад се однесува многу налудничаво и еднаш за малку ке ме удреше
Ја би му се шлапнала еден ден на гости без најава и онака се иде накај пропаст, па бар да одгатнам што е работата (добар ден, еве јас поминував од овде па викам ај да свратам ) сега што збориме овде па страшно ме заинтересира, а не 2 години да се чудам. Остај што се зезам, јас сум некогаш малку и премногу дирекна со луѓето, па одам до крајни граници. Ништо, види што ќе правиш ако не ја бива работата, не ја бива, тоа е. Некогаш мораш да пресечеш, главата горе и само напред.
хахаха срцка и ја на истото имам помислено али бар да знаев точно кај живее , пример коа сме искочени кај него у населба или коа ке треба да го остаам до дома , не го оставам пред куќа туку на голема далечина за да не дознаам кај живее , според мене јас мислам дека не ме носи дома зашто нешто крие и се плаши да не го издадат неговите или брат му не знам стварно што да кажам долго време ме јадат црвчиња
Скоро секоја феминка имала искуство со некој скржав. Ги има многу машки спонзоруши и гребатори. ЈАс со таков бев неколку месеци ама не е убаво не дај боже да дојде до брак. Со таков ако не работиш јас мислам ни влошки ни гаќи нема да ти купи или ако работиш ќе ти ја собира плата за куќни трошоци без да те праша дали нешто ти треба.
Мерием, абе ова е циција ипол, дечко ми не бил ништо значи Шала на страна, не знам колку години имаш, ама ако се 23 ко што си пишала ич не ти треба ваков, млада си сеуште, ете имаш другарки, што го трпиш не те знам. Ова е најлош случај дефинитивно Мислам после 2 години се однесува вака, не ми е јасно За сите кои се прашувате што се случи со мојот циција, можам само да кажам дека повторно се заљубив во дечко ми и дека никогаш во животот не ни било поубаво. И јас и тој едвај чекаме да почнеме да живееме заедно, ми го купи прстенот кој ми се допаѓаше најмногу, значи не ме остави со празна кутија ко што некоја фемина претпостави но немавме класично запросување бидејќи мојот монолог кој го одржав дефинитивно после сите совети овде, а и после моето расчистување со самата себе, заедно констатиравме до кај сме и што сакаме
Мила моја, ако подобро ме прочиташ ќе сфатиш дека јас со мојот циција расчистив и тоа на сто пати подобро Не мора да значи дека се треба да заврши со раскинување, некогаш здравиот и квалитетен разговор може многу работи да смени Едноставно јас сум таков тип кој ѓаволски се обидува да спаси нешто пред и конечно да се откаже. Да, повеќето ме советувавте да му раскинам, немало никогаш да се смени и слично, но не, се смени и тоа многу, за еден месец отприлика колку што трае состојбава тоа го имам забележано и повеќе од добро, а јас го познавам навистина многу за да знам дали глуми или не. И нему му беше јасно до каде е работата стигната па финолепо направивме мал тајм аут, ги увидовме работите со силно отворени очи и без розеви очила и сфативме до кај сме и кај сакаме да одиме Мислам дека некој кој поминал низ ова може да даде најмногу совет нели? Јас расчистив драга моја и тоа многу добро
AngelOfArh сакам да ти честитам на твојата упорност и храброст што сето тоа го издржи машки иако повеќе девојки беа да раскинеш и вклучувајќи ме и мене,но ти сепак тоа го реши на разумен начин,и морам да ти кажам ти си една од ретките што трпат,камо ли и јас да најдам некоја како тебе,мислам карактерно,а убавината не ми е толку битна,пошто е пролазна,обично убавите се за авантура,ти посакувам да не се менуваш поздрав и све најубаво.
Пред сегашниот дечко имав еден скржав, кој знаеше дури да седне да јаде пред мене и да не ми понуди еден пијалок (ако финансиите му дозволуваа и ручек да ме почести)...не сум спонзорушка, туку понекогаш сакам да се чувствувам лејди, и кога ќе ме покани на вечера да нема потреба да го гледам ценовникот, туку храната.Па така со цицијата (кога тој ме канеше да ме почасти се научив наместо храна цена да порачам, или во нормални случаеве да ја делам сметката и тоа 10 денари да ги делиме . Со сегашниот дечко јас така по навика се нудам да платам или да се подели сметка, овој ме гледа со поглед зачуден, како да му прашува па јас те канам јас ќе платам и така за 7 години колку сме во врска ме разгали и сега веќе ниту на мене не ми текнува дека треба да платам Дури често јас го носам неговиот навчаник и плаќам со негови пари, па тој десет пати има поголеми приходи од мене.... И девојки мој совет, на првата средба или во друштво никогаш немојте да се понудите да платите, ако треба да ви ја плаќа сметката тогаш повеќе ќе ве цени...добро само да знаете да му дадете на знаење дека не сте спонзорушка, туку единствено сакате да бидете дама...
Луѓе се изнамејав слатко по прочитаното, иако не е за смеење Имав еден дечко, абе јас едвај 3 месеци издржав со него, циција циција немате поима! Пиевме кафе, земаме сметка и јас имав попуст некој, па кафето испадна 65 денари и неговото и моето, луѓе извади точно 65 денари, по денарчиња бркаше по џебовите за точно да биде. Јас викам уживај, јас ќе платам мислев нема пари, он не не како така не, еве за моето 65 денари. Викам ај нема врска, ама прв пат гледам така да се однесува некој па ми беше чудно. Цели два месеци така. Еднаш излегуваме со друштво негово, нарачуваат флаша виски, јас пиев вотка, стига сметка, сите машки вадат по пр. 1000 денари, он 300 ден, вика ја само две дози испив. Јас почнав да се смејам, дури и незгодно ми падна, а другарите си го знаат. Јас извадив пари си платив колку вотки имав испиено и никому ништо. Си одиме од диско, он во кола јас во такси, да ме донесе до дома аууу скраја да е пу пу хахахах. Се чекаме во центар еден ден, преку ден беше се сеќавам, да пиеме кафе, убаво беше времето доцна есен. Он вика еј јас гладен сум ај да јадеме, викам јас јадев пред да излезам, ке те дружам ти да јадеш јас кафе ќе пијам. Седнуваме во ресторан, он нарачува што се не, ми вика гладна си, викам не фала ти, ми вика ај бе за три месеци па ќе те почастам еднаш еве пекарски компир порција може? Па за 75 денари ми вика, што се тие пари. Леле ми идеше да го треснам со менито по глава. Му реков фала ти што ме понуди, ама јас кафе сакам. На крај и кафето сама си го платив. Овој ден беше клучен, бев на факс, завршувам со обврски и му се јавувам да одиме на кафе. Пиевме кафе, викам сметка и му викам остави јас ќе платам сум ги положила сите колоквиуми, сакам да те почастам те молам, ми вика ааа неможе така, сега ти ќе ме почастиш, после ќе чекаш јас да те почастам тебе, не не чиста сметка долга љубов. Да се осеќам ко лејди хаха заборави на тоа. Глупаво ми беше, толку многу се замараше со пари, што во маркет или продавница да влезевме да купам цигари и да земам некое чоколатце и за мене и за него, одма вадеше, абе крем банана да беше 6 денари ќе ми даде одма. Замарање до немај каде и неможев веќе, глупаво се осеќав кога ќе седневме со друштво негово на вечера пр. дечковците плаќаа за девојките, јас за мене секогаш си вадев пари. Гестот е битен, не дека чекав од него. Не ми требаат други, татко ми и мајка ми ми се спонзори цел живот, благодарна сум им до бескрај! Да појаснам имаше типот премногу пари! До сега, фала му на Бога, сум имала секогаш пари кога ќе излезам, ако немам седам дома а не да искочам и да чекам друг да ми плати, нарачувам колку што можам да си приуштам. Секогаш вадам пари да платам, ако се запнеме со дечкото да плати он, тогаш се повлекувам, па утредента јас ќе го почастам. Јас неможам така да функционирам со циција искрено. Во секоја врска моја било јас имам денес ти имаш утре. Не сум обрнувала внимание кој колку платил, кога сум имала пари повеќе, секогаш сум частела, цела сметка јас ја плаќам несакам да слушнам. Со дечко ми сегашен, кога излегуваме, седнуваме негде за кафе е планот пр. и вика еј ми се јаде,знам дека нема пари доволно и викам што сакаш нарачувај, имам пари јас не се секирај, и обратно, а кога немаме немаме и тоа е тоа. Требаше да излеземе со негови другари со девојките и во тој момент дечко ми немаше пари, викам јас имам, јави им се и одиме. Му беше непријатно како на мој трошок само да искочиме, толку пари да потрошам, ама го убедив, отидовме, пред да влеземе му дадов пари да има он да плати, да не му е непријатно. Во друга ситуација јас сум немала па он плаќал и никогаш не сум помислила колку платил он, да не ми е должен, никогаш. Секогаш заедно трошиме колку имаме и сме на исто. Цигари да купам за мене, за него да не купам не се десило, исто и од негова страна. Кантари не сакам многу многу.
Во право е девојката што пиша, абе на прв состанок ако не се понуди да почасти, туку си вади пари само за негова пијачка. Уфф јасно е колку е саат. Друг пат ако му се повтори, другарите да плаќаат за девојките, а тој да вика абе да јадеме ова она, да пиеме ова она и на крај си вади пари само за себе, брука. Тоа не е машко. Гестот е битен, дека му значам да се понуди да части кафе, а не дека до тоа кафе ми дошло.
Тој гарант има и некоја друга женска. Можда некоја со која оди подолго, па неговите ја имаат запознаено.
Темава ме погоди .Излегувам со еден дечко чат-пат веќе подолго време, значи се уште не сме ништо секое излегување ни е онака ама дечково изгледа е невиден циција.Еве ке ви раскажам неколку случки.На пример кога идеме на кафе си плаќа секој посебно обавезно ја гледа сметката и си вади само за него, или многу често се случува да се договориме во 11-12 навечер да излеземе на пример ке ми се јави и ми вика ајде ке одиме да јадеме нешто и ке стигнеме до сендвичара пак ке праша што ке јадам и си вади само за него пари и само за него си нарачува..Исто се случило неколку пати да одиме кај него и ќе ме праша сакаш нешо за грицкање и ќе кажам да ке застане пред продавница и вика оди купи што сакаш а пари не вади значи пак јас си купувам а одам кај него на гости.Не можам да го разберам не дека нема пари баш напротив има, ама навистина не ми е јасен не очекувам секое излегување да ми плаќа он ама барем еднаш да се покаже да се постави кавалерски нели??Дури многу пати се случило јас да го частам и уопште не се буни.Значи пак ќе кажам не сакам секогаш да ме части не ги гледам дечковците за пари кој колку има само ми смета тоа, обично јас кога го викам некој на кафе било другар-другарка дечко јас плаќам кај него нема тоа циција невидена е.Ми се свиѓа добар е ама ако почасти едно кафе изгледа срце ќе го стегне
Јас изгледа сум магнет за вакви типови Значи јас не знам како е да имаш ептен дарежлив дечко, првиот дечко што го фатив многу одамна беше пред 8 години можеби ми збореше за еден негов школски дека сум му се свиѓала зошто сум имала пари и он по пари одел само.. уште тогаш ми беше јасно колку е саат дека уствари он самиот е таков спонзоруша а не школскиот... Пред две години одев со еден дечко фин, културен, учен, убав абе да посакаш за маж да го земеш... ај првото кафе он го плати.. ама само првото и ниедно после тоа,значи се жалев на другарките и дури и шала правеа на моја сметка, и ми викаат не е нормално тоа, одевме 5 месеци и само еднаш ме почасти вечера кога зема студентски кредит, и тоа ја коментираше после сметката пола саат, и се се надевав дека ке се смени ама ништо работа. Една требавме да одиме во кино и да купиме карти и одиме 15 мин пред да почне филмот и он вади карти од џеб и ме изненади купил карти и јас стварно се израдував викам ке завее надвор, и му викам после онака од култура (зошто таква сум смотана и морам да се понудам, културно ми делува) да ти дадам пари за карта и он ми вика абе уживај дај ми само 100 ден не мора повише (а картата е 150 ), ептен се претргнал 50 ден ме частел и се разочарав крајно. И се тоа не ми даваше да се заљубам во него и раскинав...После него излегов со еден дечко и он ми вика ај да се шетаме, а надвор мрзне и ја му викам дај на кафе ке седнеме ладно е и он со тешко срце ајде, и седнавме и се жалеше тука уште на првиот состанок колку бил скап животот во Скопје и на крај сам своето кафе си го плато... ама памет од претходниот тоа ми беше прв и последен состанок. Е сега денешниот дечко, и покрај други глупави проблеми што имам со него, па уште и овој се јавува некогаш. Он плати прво кафе пред година дена, ама на вториот состаник ми потенцира (демек на шала) дека не планира он да плаќа секогаш, не бил таков Никој не ни очекуваше да биде таков, туку еднаш ти, другпат јас, ама не не му одговараше и си даваше за него само се си делевме, а ако јас частам ок е. Е сега бидејќи сме доста време во врска, можам и да подвикнам и да му кажам нешто што порано не сум можела, ама џабе што и да му речам он или мене ке ме обвини или ке се налути и ке се прави жртва и ке почне да спомнува некои работи како он частел тогаш и тогаш, како он ми купил ова, и како само неговото да се гледа моето не постои. Зошто имам многу примери и не можам сите да ги раскажувам еве еден тазе од вчера: Завчера он немаше пари и јас купив се за јадење и пиење и јадевме и ок нема врска, и он ми вика јас утре частам ручек да ми се одолжи и ја викам ок, и сега одиме на ручек и части он и после ручекот ми вика као фала не сум му кажала, он части а јас не сум знаела фала да кажам WTF и ја му викам а ти вчера ми кажа фала? и он па јас денеска те частам треба да кажеш, ете така е кога си незахвална за се, другпат не те ни частам... значи не го можев цел ден заради тоа, демек ме частел, а нема врска само вратил на тоа што јас го частев претходниот ден, и уште претходниот ден се налути што јас не сум сакала да пијам кока кола и купив цела само за него плус. И вчера после ручекот одиме ние така накај него и ја му викам ај да купиме кафе да пиеме од автомат да не пиеме дома сакам на клупа на сонце и он ми вика па како луѓе во кафиќ ке пиеме, и ја викам е не може секој ден во кафиќ стварно немам пари за глупости (зошто само на кафиња пари трошиме и на глупости, а не сум си купила нешто ново кој знае од кога не можам да си соберам, се ги трошам на безвезе работи) и он ми вика епа тогаш ајде части ти од автомат, и ја викам уживај ке частам и нормално частев јас, тоа нема врска мене ми е мило да частам, ама не сум глупава и ги знам финтите негови више и мразам некој при памет будала да ме прави и да ме искористува. Оној пат ми купил маичка без некој повод и многу ме изненади пријатно зошто прв пат се деси такво нешто, ама за други работи многу се нервирам. Пред една недела во џеб имал само 200 ден и ми вика немам пари ај ти земи за јадење ке земам ја друг пат и ја ок, и после ми вика ке одам во кладилница и јас викам нели немаш паре за јадење за кладилница имаш и он еее што се 200 ден, како бе што се ? Уф не можам да пишувам више се нервирам кога ми текнува на такви работи
Леле девојки просто се чудам за некои работи погоре не сум размислувала на оваа тема многу ниту сум имала таков дечко се сеќавам еднаш еден многу ме молеше да излеземе на кафе и ајде излеговме и пиевме кафенце и тој си извади 100 че си плати и си чурна, јас си извадив си платив не ми е за 100 денари ама мислам како за прво гледање требаше да плати, ма ајде ми е гајле лош впечаток ми остави со таа постапка а и ништо немавме . јас не велам машкото треба се да плаќа треба златна средина ама после толку молење и плус тој ме викна на кафе и плус прв пат се видовме како машко требаше прв да пристапи , не се важни тие 100 колку впечатокот прв
Џин Тоник, мила крсти додека не се прекрстило, или седни го на муабет и раскрсти со него или нема друго чаре, ти кажувам од искуство. Јас бев будала ама не сум веќе, ако прочиташ погоре ќе видиш која мака сум ја имала, денес се спремам за свадба со дотичниот мој циција и се е поинаку, можам да ти гарантирам дека ќе има фајде од тоа. Со тоа што кај мене имаше нијанса порозе ситуација, мојот циција не пререкуваше, он плаќа или купува и заборава, ама ако му кажеш ќе купам, ќе платам, ќе почастам, си памтеше и знаеше да се зеза на таа сметка, пример до ден денес ме зеза дека чекам да изелзе 4то полувреме филм за да купам карти, дека ветив дека за 3то полувреме ќе купам јас а ништо од тоа не излезе. Ќе се среди веруј, кога јас можев да го средам мојот после 6 години можеш и ти, а памет за друг пат да покажеш малку став, очигледно ти ги учиш да се опуштаат толку во твое друштво, сите до еден ти се поставиле така, `ржни малку мила, не е на одмет
Ве сфаќам за муабетот дека машкото ве викнало првпат да излезете, и културно е да плати (или барем да се понуди, макар и да го одбиете). Мене тоа не ми значи ништо. Со сегашниот дечко првпат кога излегов си платив сама. Се понуди, не дека не, уште да се скаравме зашто сакам да си платам сама. Ама само што стигна сметката му напоменав дека и 50 денари да се, имам кој да ми ги даде, и кога ги имам ќе си платам сама. Подолг период јас бев секогаш со малце пари во мене, ама доволно да си го платам моето, и ако се качиме во такси да платам барем пола. Ме одбивал секогаш, он бил вработен јас студент, ама со сила сум му ги ставала парите во џебот. Таков карактер сум, сакам да сум на чисто, и би сфатила ако и машко во таа ситуација се однесува исто така. Во последните 2-3 години, имам попуштено со размислувањата, веќе и се однесуваме како се да е заедничко. Кога излегуваме или ако цел ден не сме прибрани па седнеме на ручек плаќа секогаш он, а за сокче, кафе или грицки јас купувам кога онака се шетаме или по дома седиме. Кога имам повеќе пари, одиме и на вечера (после нова година цел месец имав доста пари и секогаш плаќав јас, му реков додека имам ќе ги дадам зошто ретко ќе се случува). Минатото лето отидовме на одмор, јас сите пари му ги дадов него и му реков ќе трошиме на купче. На крај неговиот новчаник беше секогаш кај мене во ташна и јас плаќав со него. Дури смешно ми беше кога ќе речеше: Ај молимте купи ми сладолед Разбирам дека секогаш едниот ќе биде поштедлив, ама битно е да имате разбирање. Можеби во врска имате два новчаника, но парите се тие. Еден ден едниот ќе има повеќе, друг ден другиот. Ако тој ред не можете да го воспоставите кога се работи за едно кафе или една вечера, никогаш нема да можете да се разберете кога една плата цела ќе ви оди за сметки.