A што е поинаку сега Ангел? Баш ме интересира како `ржна, кога сите видовме убаво каков е вашиот однос и колку се трудеше да го оправдуваш, немаше ни р од `ржење во твоите постови, туку само оправдувања и фалби за неговото семејство. Впрочем заради семејството ти и премина преку сите негови маани, премногу ти се допаѓаше таа домашна атмосфера за да ставиш крај на ваквата измачувачка врска. Мое мислење е дека твојот циција не е променет, туку сега неговите прават баланс, па неговата скржавост не доаѓа толку до израз.
Сесилија, после 10 години самостоен живот мислиш дека ќе се омажам за семејството негово? Ма те молам Никаква домашна атмосфера, никаква добра свекрва и убави мигови во домот нема да ме натераат да се омажам за некого кој ме прави несреќна со постапките. Те молам немој да судиш без да знаеш и да ме тераш да се објаснувам, не планирам да се објаснувам, нема потреба мислам. Н крајот на краиштата јас не се омажив за неговата фамилија и домашна атмосфера, за него се омажив и со него планирам да го живеам животот. Јас си знам и колку и да ви објаснувам џабе е, ако ти си мислиш дека не е така за тебе никогаш нема да биде поинаку. Мило ми е што сега од оваа перспектива можам да посоветувам некого со истата мака што ја имав јас претходно, знам што значи да се чувствуваш лошо поради нечиви постапки, а уште повеќе ако тие постапки се од некого кого сакаш, едноставно те прави несреќна.
А дали после толку детални постови каде што опиша се`, мислиш дека сега можеш да ги прикажеш работите во друго светло? И не само со старите постови, и со новите само си ја комплетирам сликата, и не судам, само ти кажав што мислам, и во право си, нема потреба да објаснуваш, се` е доволно е јасно од твоите постови. Поздрав и мило ми е што сега неговите постапки те прават среќна.
Во две различни теми имам чувство како да сте со иста намера кон Ангел, да изнудите сосила -Признај дека уште е циција и не ти е убаво со него!!! Признај дека ја мразиш золвата, признаааај! Само зошто, не ми е јасно. Ќе се запамтуваме ли по проблемите кои некогаш сме ги пишале и сме побарале совет, и секојпат кога ќе се пофалиме за нешто ќе ни биде лепено во фаца? Можеби тој е сменет а можеби и не, можеби таа го сменила начинот на кој гледа на работите, небитно. Штом сега не се жали веројатно е ок ситуацијата, а и да не е, не е наше да се мешаме кога искрено не знаеме како е, а ниту таа од нас побарала совет...
Не побарала, ама дава, и тука е иронијата, а во другата тема, се согласувам со Лионес, нејзиното “мене не ми пречи, ама за свекрвата ми е“ повторено толку пати, јасно покажува дека и пречи. Посебно ми падна во очи како ја опиша золвата, како да е со лесна ретардација, толку и фаќала црпката и се некако демек со добра намера, а се гледа дека врие во себе. Но тоа не е за во оваа тема.
Од себе гледам, никој друг не може да ти го реши проблемот од ваков тип освен ти самиот, а ако го "решиш" ти тогаш треба да раскинеш со таквиот дечко. Реално ваков карактер кај никого не можеш да смениш, можеш да разговараш, он да се потруди да се поправи или да прекрие на некој начин тоа што на тебе ти смета, ама верувам дека кога би наишле заедно во брак и на мал финансиски проблем ке се покаже на виделина тоа дека тој не е сменет. Се познава од мал човекот што кога ке порасне ке биде дарежлив, несебичен со својата девојка, некои викаат дека и од домашното воспитување е, ама јас не верувам во тоа. Ние проблемите од ваков тип реално кога ке ги напишеме тука не веруваме дека ке можат другите феминки да ни помогнат да ни ги решат, туку со самото пишување и со самото читање кога ке видиме и други девојки како нас го имаат истиот проблем они ни делуваат дупло полесни. Лесно е да се каже остави го, бегај подалеку од него, но тука има и други добри особини на дечкото, љубовта помеѓу двајцата, не е за џабе кажано "боље спречити него лечити", ваквиот тип на човек треба да се препознае уште во почетокот да се селектира и елиминира Така да Ангел ја те разбирам што ти сакаш да веруваш во тоа дека он е променет, веројатно и ја да сум на твое место би верувала, јас со многу мали работи се залажувам, но сепак гледам дека мојот не може да се промени, и да би имала со него безусловно разбирање како што имаме љубов можеби го прифатила со таа мана, зошто нели секој човек има мани, но кај мене ситуацијата е поинаква ние си имаме и други расправии, еден ден се тепаме, друг се сакаме. Од мене совет ти е, сега си мажена жена и никако не му попуштај на таа тема, утре ке дојдат деца, ке треба да се школуваат, да им се купува облека, да се пазари за дома, сигурно нема се по пола да делите, се треба да е заедничко, се надевам ке успееш и ке бидете среќни
Убаво напиша Џин Тоник и јас се согласувам Тешко дека разговор може да промени цел еден карактер наеднаш барем јас лично не верувам во тоа. Или е моментално или само ставаме очила па гледаме тоа што ни одговара. Веројатно битното е, бидејќи стварно верувам дека е тешко било каква вкоренета карактеристика да се измени кај некого, е да го прифатиш штом толку мн. го сакаш и да се надеваш дека ќе се ублажи таа форма, ако не се искорени целосно. Ставаш на кантар работите и премеруваш дека другите работи ти се побитни од таа негова/нејзина скржавост и решаваш да преминеш преку тоа
Па као дел од некоја си моја дефиниција, љубовта е несебично давање и при тоа да не се очекува/претпоставува/бара возвраќање со иста мерка. Дава секој колку што има и кога има. Тоа давање преаѓа во споделување и е нормално во процесот кога од "ЈАС", стануваме "НИЕ". Е како со циција да станеш НИЕ. Кој е критериумот тогаш? Кога ќе собереш 20 фискални сметки ли? Баталете циции ако и самите не сте тоа. Циција сигурно ќе ве злоупотреби и ограби во случај врската да прекине.
Јас одам по логиката Прави на другите што сакаш да ти прават тебе. Ако он е закоравен циција, вистина е дека ништо нема да го смени, ама ако ние (девојките) покажеме иницијатива, во смисол имам нешто повеќе кеш во моментот, ќе те почастам кафе, вечера, ќе ти купам ситен подарок без причина, мислам дека доколку дечкото стварно има чувства према девојката ќе возврати со иста мера. Можеби и тој не е нешто финансиски моќен, ама јас тоа го гледам како знак на љубов. Како што кажа tinan, да се споделува тоа што се има и да функционираме како Ние, како целина. Кога ќе има, да даде. Па макар и едно чоколадо да е А реалноста е дека тој што има поише, поише и ќе даде. Јас сто кафиња да го почастам, само бензин колку дава да ме вози низ градов не можам да се раздолжам. Ама и тоа што го давам, он го цени. Истото би требало да биде и со машките. Може е студент, може во моментот е невработен, девојки бидете разбрани. Само дадете му до знаење дека секој гест ќе му се важи. Пролет е, нека скине цвеќе од нечиј двор барем Пак ќе кажам, ако е закоравен циција, ништо од муабетот. Ама со сува пара тоа не се мери. Може ме однел на вечера пет пати во еден месец. Ама повеќе се порадував кога ми купил Милка пралини откако сум постирала слика со Милка на фб. Ми вика: еве, видов ти се јаде чоколадо. Уопште не е роматичен значи Ама за мене тоа е љубов
Најмногу мразам циции... За разлика од мене, дечкоми нема толку пари, но кога има ме части или си ги делиме сметките, но не до 1 денар точно. Фала Богу не сме имале такви проблеми иако ми пречело. На почетокот кога сеуште ми беше срам да му кажам некои работи тој мн често ми викаше дојди кај мене јас ке ти го платам таксито, и на крајот ништо, и тоа често беше. И еден ден се му изнакажав и јас не знам од каде толкава храброст.. и од тогаш се смени (демек заборавал за таксито хаха)... Но навистина не заработуваше мн и кога имаше само за него си плаќаше велеше дека сака да има за пак да излеземе, а кога ке нема е потешко да дојде на моја сметка, а така пола-пола е ок. Но да ја тенчи за пати, не би издржала..
Фала богу не сум имала досега работа со вакво машко... сама можам да си платам и кафе и сок и такси, ако се понуди тој да плати немам ништо против, ама некако незгодно би ми било машко да се стега пред мене за парите или да ми речи плати ми ти ... ако не ти се даваат парите едноставно кажи нема да одиме на кафе, ќе се шетаме или нешто сл. Најтрагичен случај ми е пак кога некој има, а се стега лееле зошто бе зошто
Подалеку од циции, од прва кога ќе го приметите бегајте од него. Читам и јас што Ејнџел пишува, ама не ми се верува дека се сменил. Не се сменил, таа себе се залажува. Сум била во ситуации да немам многу, да работам за мали пари, ама па 1 кафе да почастам некого не ми било проблем. Не ве крпат 100 денари, само цициите така мислат дека ќе се потрошат или ќе заштедат. Колку е лошо кога некој има, а се скржави. Како јас со бившиот, тој вработен со добра плата, а јас со мал хонорар и одиме во еден кафиќ, пиеме кафе си плаќаме секој за себе. Идеме во втор, си пиеме си плаќаме секој за себе пак. Не мора да ме части, ама нека има осет дека јас можеби сум во тесно со пари и не мора цел ден да дремам по кафиќи. И што да очекуваш од таков?Утре улошки ќе ти купи и ќе ти вика 100 пати. Таквите мажи не се вистински мажи и не знаат да го живеат животот.
Имав искуство со машко циција,ако може така да се нарече. Со дечкото бевме заедно неколку месеци,но врска на далечина.Кога доаѓаше во мојот град,при излегување секој за себе си плаќаше.Имаше моменти кога ја плаќав вечера,поради некој повод-роденден(ни подарок не ми купи,а јас паничив што да земам за неговиот),и нешто такво.Ама тој,никогаш не плати ни едно кафе,барем да се понудеше е доволно. Со сегашниот дечко немаме таков проблем.Плаќаме наизменично,денеска тој,утре јас.Мн ретко,еднаш двапати се има случено секој за себе да плате-тоа беше на почетокот на врската
Многу ме нервираат машки циции!!! Првиот пат кога излеговме за да се запознаеме, излеговме со едни пријатели кои ни се заеднички, и тие отидоа до некое место, али не си го платија пијалокот. И овој ме остави да платам и за нив, а и за нас. На мене не ми е проблем плаќањето, али со тоа уште на почетокот се покажа дека не е џентламен. И после тоа кога излегувавме речиси секогаш јас плаќав. И на него ако му бидне глупо што се јас плаќам, ќе извади пари тој да плати, но ќе извадам и јас, и тој неговите пари ќе ги даде на келнерот за да плати, а после од моите ќе земе половина, вели ајде ќе ги поделиме ( иако пијалокот не ми коштал ни пола од тие пари што ми ги зема). Се случувало и кога ќе извадам пари да платам само за мене, а да немам ситно, кусурот тој си го зема. Лош впечаток оставаат таквите кај една девојка. Не велам дека само машките треба да плаќаат, но на почетокот да. После тоа може најизменично, еднаш тој, еднаш ти, но да се одржува некоја размнотежа.
Мене некој да ми чека да му платам ќе го акнам со патика по глава... Срамота. Не мора ни тој да ми плати, ама јас да платам немам, а и да имам не е културно. Барем секој за себе. А дечкото мој, ми плаќа многу често. Почесто од колку што треба... Јас немам многу пари општо и тој знај, ама ко ќе излезам секако дека имам чим сум излегла имам доволно... И многу често се имаме карано за то пусто плаќање. Тој работи стварно и има повеќе пари од мене, ама не ми е пријатно постојано да ми плаќа... Па ајде после јас ќе купам колачи или чоколада за дома за да се оддолжиме...
Уф, имав еден таков бивши. Бевме заедно скоро 3 години. Оди познајго дека бил најголемата циција на цел свет. Ај некој прај проблеми за 100 денари , 200, ами овој ме избрука пред цел кафич за едни 10 денари Божее какви се не постојат на светов сега смешно ми е кога ќе ми текни, ама тогаш ваква бев
Обично оние што имаат повеќе пари се многу поскржави отколку оние кои немаат толку. Барем јас сум сретнувала еден куп такви луѓе и страшно ме нервираат. Според мене парите се за трошење, за уживање, за да си направиш кејф, а не за да бидам стисната. Ја мразам оваа особина кај луѓето и секогаш одбегнувам да си имам работа со таков дечко. Далеку од тоа дека сакам секој пат да ми плаќа кафиња, вечери, кино или слично, ама стварно би ме усреќило ако понекогаш се сети на пример да ме изненади со карти за кино или театар, да ми купи чоколадо или некоја малечка ситница.
Сум имала еден таков идиот во мојт живот и за среќа веќе го немам, син на мајка единец, а најгадно суштетсво што сум го сретнала некогаш. Не дека немаше пари, но ете такво створење налик човек...... Од мене едно големо НЕ за вакви створови, ненормални луѓе Да нема човек работа со вакви лигуши
Хахаха бившиот мој и во кафанада седневме до 5 денари да се до толку му плаќав се што имав нарачано и ако си порачаме помфрит заеднички и за тој пола морав да го платам. По одмори и по разни патувања низ другите градови до бензинот на колата по пола го делефме не па нешто друго. Ајдеќе си речам бевме студенти во друг град седевме ама он беше 2 год постар од мене и 1 година пред да дипломирам јас он се вработи платата му стаса накрајот и 40 000ден и пак истото аааааа си викам нека фаќа патот јас уште студенка тој ги калапи и во блузи од пред 5 години искачаше нова да се купи никако трошок ме брука пред цел град како некој клошар!!! Среќа што моите имаа и никогаш не ми направија проблем за пари. Само кога му раскинав после си слушнав муабет дека сум била како бунар без дно сите пари сум му ги потрошила ненаситна сум била сегде сум сакала да отидам со неговите пари. Глупак еден, клошар незнам како да го наречам...