Мојов дечко фала богу за кафе досега немам платено нишо еднаш и се каравме за тоа јас да платам ми викаше немат шанца..Ноо за роденден и тие работи..Луѓее ништо не ми купи јас 5 месеци пари берев за роденденот негов тој ништоо ни викаше шо да ти купам и што можев да му кажам НИШО му викавв ме молеше да му кажамм пошо не знаел тој Ама како можев да му кажам и дојде нишо не ми имаше купено а за Св.Валентин не ми ни рече нешоо скарани бевмеее и инат тераше ни ми пишуваше
Не сум имала искуство со ваков тип дечко. Според мене,разумно е и двајцата партнери да плаќаат.Но,тоа не значи дека сметките треба да се прецизираат и да се мери на кантар кој повеќе потрошил.Некогаш работите се одвиваат и непредвидено во однос на трошењето.А во сето тоа најважно е да бидеме исполнети и среќни.Со меѓусебно разбирање и културно однесување се може да се надмине.
На почетокот на врската си плаќавме секој сам за себе. Може некогаш и сум изгледала како циција, ама што да правам - студент, мора да се притегаш за да истераш до крај на месец, се случувало и последните пари да си ги дадам само затоа што не сакам да ми плаќа. Не знам еве, јас не би можела да живеам со циција. Не сакам да ми купува он на мене работи скапи, да ме носи по ресторани или слично, сакам мали гестови. Чоколатце едно малецко, сладолед, одвреме навреме. Уште ми е мака кога за роденден не успеав да му купам подобар поклон од тој што му го купив. Не можев ни да отидам кај него тогаш, а толку сакаше. О, да знаеше дека имав уште 100 денари до крај на месец немаше ни збор да спомне. Кога ќе дојдеше кај мене гледав благо да имам или нешто друго за грицкање, и тоа од бонската пошто пари малце послабо. Секогаш кога доаѓа кај мене на гости гледам да обезбедам храна - најбитното, и за мене и за него, ќе зготвам нешто и слично. Гледам дека и нему му е незгодно кога купувам храна, ама нема смисла тој плаќа карта за да дојде, па и да го оставам гладно кога веќе на гости ми е. Кога доаѓаше во мојот град гледав барем едно кафе да го почестам кога веќе не можам повеќе и се договаравме наредниот пат тој да плати. Се гледа дека има осет, разбира оти сум студент и не можам да си дозволам многу луксузи. Секогаш сакам да му купувам чоколатца, сакам да му купам нешто, чисто така оти ми е ќеф, оти ме радува. Еве собирам пари за годишнинава нешто да му купам ама не знам колку ќе успеам да соберам. Не можам да ги разберам таквите што не сакаат дечкото/девојката едно кафе да си ги почестат. Кога се сака, се сака со душа и парите се небитни. Исто е и со сестра и со другарка и било кој. Па кога гледам дека некој ме цени, дека се грижи за мене, и душава би си ја дала. Имав и другарка во стан што седеше и сакаше цело време да јаде кај мене во студентски, а нејзините имаат плати од по 30 000. Частив еднаш, двапати, трипати, луѓе јаде од јадењето и го вреѓа студентскиот и оние што седеле во него. Какви нелуѓе имало. Еднаш мајка и и рече, ај плати и ги боновите за тоа што си јадела, само се насмеа и ништо не сакаше ни да понуди пари. Сега пак сака така, ама нема.
претпоставувам дека поголемиот дел од вас нема да се сложат со моето мислење, но морам да кажам дека откако ги прочитав сите постови од оваа тема и самата јас го сменав до некаде мислењето кое патем беше скоро идентично со вашето. Знам дека секоја од нас сака да се осети како дама барем во одредени моменти и се сложувам со тоа, мегутоа искрено не ми е јасно зошто би го нарекле својот партнер циција ако ја делите сметката? И јс не ги оправдувам оние кои ги бројат парите до денар или прават расправија затоа што сте му должеле, но ако е океј некогаш да плака тој, а некогаш вие, нели истите пари секако ги дава? сакам да кажам има мажи кои не му придаваат многу важност на тие работи, можи неможат да не разберат, а можи и не претставува за нив ништотоа што денес тие ке платат а утре вие. Затоа сметам дека можеби не би требало во ваков случај ова да го свакаме како голем проблем во врската. А, секако цициите можат да с препознаат и по многу други ситуации, кои немаат оправдување, едноставно мислам дека оваа која јас ја наведов не претставува проблем..
Кај ги наоѓате таквите? Јас не само што не сум имала таков, туку и никој во моево опкружување ги нема тие карактеристики.
Фала богу до сега само еднаш се "имам судрено" со таков.Не е финтата за 60ден што ќе платам туку каде изчезна културата ? Со години се нема случено маж да прифати да платам сметка (иако сум инсистирала). Пред 4години си фанав дечко .Луѓе верувале или не додека одевме (4год) он ми немаше дозволено сметка да платам :о Се расправавме за тоа ,ама џабе немаше резултат.Не прифаќаше пари од мене !
Првиот пат кога излеговме си плативме по пола со друштво бевме, а и тој не беше многу добро финасиски. Потоа нонстоп тој плаќаше или кога ќе ми притребаа пари му барав и потоа му ги враќав, никогаш не барав од дома, а и да побарав не ми даваа. Или ќе бендисав нешто и немаше да можам да си го купам во моментот, ќе ми го купеше тој. И секогаш се каравме за парите зошто многу ми беше страм тој да плаќа дури и кога имав не сакаше да платам јас. Ко пораснав почнав да си земам пари од стипендии и почнав да му враќам, не на ти пари туку од типот јас сакам да частам или пред да се видиме ќе изнакупам за грицкање, често се случва да му се бендиса нешто и јас да му го купам со ќеф. И веќе не дозволубам тој да плаќа секогаш.
Да нема.. разбирам.. Ама кога има а денар не троши... Не барам на мене да ги троши...еден сладолед да почасти од мерак, па ќе се реванширам
Не знам дали беше циција бифши ми ( кратка авантура) , али неколку пати ми дојде на кафе со 1000 денари , 50 еврекии , и нормално јас плакав , бидејки келнерките немаа ситно и го откачив
Јас имав еден ваков. Ајде на почетокот на врската не беше вработен и да речеме дека немаше нешто многу пари. Но сепак ме иритираше фактот дека кога ќе седневме некогаш некаде се случуваше јас да се напијам една пијачка од причина што ми била сосема доволна а тој да нарача три па на крај кога ќе стигнеше сметката јас ја плаќав мојата а тој неговите. Мислам кај три плаќа па уште една ли беше проблем? На моменти го жалев си велев ај не работи може нема ама па ако беше така не би нарачувал повеќе пијачки, сепак тие се трошок за некој кој нема доволно. Не е до парите, до самиот гест е. Не дека ми е целта дечкото да троши на мене но сепак тоа и не е некој трошок и така си е редот. По некое време се вработи, повторно си остана ист. Се случуваше да седнеме во кафана со парови, кога ќе поминеше девојка што продава рози, сите им земаа на девојките а овој си ќути си се прави дека не гледа. А ќе нарача најдобра храна. Демек трошок му беа уште 100 ден. плус? Неколку пати ме стави во некоја таква непријатна ситуација. А да напоменам дека и за други работи забушаваше, што и да требаше да се купи заедничко ме местеше јас да го земам а потоа ниту се нудеше да даде пари ниту пак јас му барав. Било поминало, заради други работи го баталив но сепак ќе кажам дека е непријатно да имаш машко циција крај себе.
Nemam vakov problem, uopsto ne e cicija, jas sum poveke od nego, i cesto znai da kaze za mene parite ne znacat nisto ako sum sreken.
Вие имате дечко а не спонзор не се правите спонзоруши кои ги купуваат за пари. Каква циција ако нема пари или ако заработува и се дава на самохраната мајка зошто да се правам толку злобна да го зборам дека е циција и клошар
Јас имам двајца другари едниот беше циција па као се оправи а другиот мислам женска не си фаќа само да не ја почасти пијачка
Хахахахахха.Имам дечко и често знам да речам ај да не трошиме многу,а он само ќе ми рече работам те сакам и сакам да трошам за убаво со тебе.
А бе глеј,со девојка ми излагавме да не претерам секој трет ден ама од коа накачија цениве по рестораниве и кафулињава,почнавме многу ретко само на кафе а ако ни се јаде нешто си спремаме дома,дали пици,шпагети... Ќебапиве 20 денара ги направија
Zdravo ekipo, Decko mi celo vreme zbori kako i kolku pari vadel i deka zasluzuval odmor kakov so saka, jas sum student i ne sakam da baram celo vreme od doma a toj gleda za nova godina hotel od 2.000eur i mi kazuva kako ke sme si delele pari, se vo red ke delam ne sakam da mi plati da ne me razberete pogresno, samo sho kako da ne e svesen deka mu imam kazeno ke si zavrsam fax, ke rabotam i ke e poinaku.. znae i pred izleguvanje da me prasa imas pari i kolku, imam jas ama znaes za sekoj slucaj i tamu na masa primer ke mi kaze dodadi uste 500den.
Кажи му дека за разлика од него ти не заработуваш. Не е исто да имаш и да немаш плата. Ниту пак е во ред да отидеш и од твоите да побараш толку пари за Нова Година. Треба да се прилагоди и на твоите можности а ако има посебни барања тогаш нека ја подмири сметката на двајцата. Ме нервираат многу себични ликови кои на прво место си го ставаат исклучиво сопствениот ќеф. Така еден идиот што го знам си отиде сам на одмор а девојката негова бидејќи не работеше остана затоа што не можеше тоа да си го дозволи. Наместо да отидат и двајцата на нешто подостапно тој за себе потроши сума колку за цело семејство. Себично максимално. Сега се у брак, нишо чудно и во иднина сам да отиде ако она остане без работа.
Ќе си кажиш отворено дека ти во овој момент не можиш да си дозволиш да плаќаш 1000 евра за Нова Година затоа што не работиш, и не сакаш да ги трошиш твоите, сепак е преголема сумата. Биди си отворена, предложи му за негде поефтино на 2 дена ете Охрид пример... Извини вака ама многу себично ми делува по твоево кажување, сепак ти си студент и немаш свои финансии за да се луксузираш како него.