Општо не сакам луѓе кои се цициции и ги игнорирам целосно од мојот живот Секогаш сакам да поклонам да платам сметка со девојка и слично Уживам да трошам пари на понежниот пол Заслужуваат
Сфаќам луѓе да си го ценат динарот-криза е, ама до толку да има змии во џебот. Кога ќе си при пари ти ќе платиш следниот пат. Јас не гледам така на работите . Во врска се функционира имам јас, има и тој.
Па кога има такви особи уште во врска се познаваат какви се. Јас имав еден бивши до толку не беше за плаќање, ама често разговараше за тоа како дома функционираат, и како ние еден ден ќе функциинираме со финансии. Е да гладувам а да имам, не фала! Само за да стискам пари, дс речам дека имам, а ненајадени скраја да е. Не велам да се троши на сила, ама не па и да се гладува орле зорле. Да ме имаше за жена преку весник ќе се отажеше од мене. Ќе има абе каква безглутенска храна, скапо е, оди меси леб и напрај јадење од него до недела ќе тераме
Па мислам дека токму заради скржавоста се прекинуваат врски. Не може машко секогаш да чека женското да плаќа. А тој неговите (ко што милуваат ваквите да речат) да си ги штеди*. Ако се фрли еден блиц поглед на иднината, тогаш ваков лик ќе чека и прстен за запросување сама да си купиш, фустан сама да си купиш, свадба сама да финансираш. Плус да ти останат од твоите пари ама за заедничко штедење. Ним така им одговара, тоа што е твое е заедничко. Тоа што не е твое е само нивно. Лекот е бегање. *на што ги штедат, никогаш не сфатив.
До сега кога сум одел на средби со девојки, секогаш сум плаќал прв. А не сум го правел тоа за да докажам дека еве имам милион пари, туку сум сакал да покажам почит кон личноста. Не дека ме немаат частено и мене женски, но не вака на само, туку во друштво. И јас самиот мразам циција луѓе, што не вади ни пет денари за да почасти нешто. Сум имал личности во мојот пријателски круг што кога седиме во кафана и кога требало да си ја поделиме сметката, не се ни фаќал за џеб за да даде пари. Со таквите луѓе раскрстив. Дали ќе сум отидел на гости некаде или на некој повод, секогаш носам поклончиња. А ако има деца таму, и зљ нив носам. Не сум воопшто скржав, но итре сакам и мене исто така да ме ценат. Не е до парите, тие се најнебитни во овие работи. До принципот и почитта е. Кога ќе ми текне со какви личности сум се опкружувал порано... Оди на дејт со женска, наместо тој да плати, таа му плаќа. Следниот пат пак исто. И третиот пат...т.е немаше трет пат. Му даде контејнер.
Па кај си ти досега? Таков маж барам Не сакам циции, односно скржави луѓе. И не се дружам со такви. Сакаат некој друг да им плаќа. Еднаш не викаат Јас ќе частам. И секогаш немаат пари Знам и за случаи каде купуваат најевтини подароци. Колку да се рече дека однеле нешто
По однос на подароците , гестот е многу поголем . А по однос на шкрти луѓе , во право сте. Да нема, ќе го разберам. Ама ситуирани со солидни примања да се тресе на денар , тоа не оправдувам.
Jaс сум дал и скапи подароци со вкупна вредност некаде околу 20к па пак не ми дава 5 минути внимание на месинџер...( На личност што сакав да ја запознаам подобро)
Ти можеш и 5000евра да потрошиш ако сакаш никој не ти брани, но личноста не е обврзана да ти даде никакво внимание ако не сака и не е воопшто заинтересирана за тебе. По постов се гледа дека си некој нарцис и мислиш дека можеш со пари да натераш некоја да сака нешто со тебе, али извини дечко сеуште има девојки што не се палат на скапи подароци(ако 20к е воопшто скапо).
Добро не се нервирај не реков дека треба да ми даде внимание, само реков дека не сите се скржави некои женски не ни гледаат на тоа... А тоа 20 к дали е малку или многу е само почетното ама немаше заинтересираност за жал кај неа
Има епидемија на циции во Македонија. Ситни души се тоа. Веќе не ми се ни слушаат приказни од девојки и жени што биле „соголени“ од мажите. Тој што чека се од жена, тој е неспособен. Одмор да му плати жена му, сметки да му плати жена му, фрижидер да наполни жена му, детето да го издржува жена му, тој не може да се снајде, не му оди. Стап само за ваквите.
Не велам да го цеди ко лимон , ама да чека од неа секое излегување таа да му плати е веќе според мене непочитување .
Свесно и намерно искористување. Неосамостоени. Мрзливи, неамбициозни, па и некултурни. Некултурно е дечко да измислува некои ретардирани изговори со цел девојката да му плати едно кафе од 100 денари. Смешно е. Скоро и да нема мажи на место во Македонија, па ни жени, само што жените се пак за нијанса подобри. Се е интерес, манипулација.
Ваквите најчесто ги нарекуваат девојките спонзоруши. Ако му префрлиш зошто не се покажал џентлмен да ја плати сметката за кафе, ќе те нарече спонзоруша... Мислиш кола си му побарала, а не да се покаже џентлмен за кафе од ќелави 100 денари.
Треба да знае жената со кого излегува ако сака да не налета на ситна душа.... А не само првото прашање на жените да е што работиш, јас не работам ништо а сум способен да и ја платам целата кафитерија ама женските кога че и дадам одговор дека не работам толку е.. Демек немам пари
Општо циции и ситни души го ситни го гледа не можам да сварам органски. Знаеме сите дека е криза и на никој не ни извираат пари, но треба да се знае каде може да се попушти каде треба да се крене кочница. Имам такви и другари и колеги од работа. Колку пати купувам кафе ќе земам и за уште две колешки па др ден они и се вртиме така. Не велам дека треба одма да враќаат, едната од нив немаме проблем и да частиме не ни броиме кој има во моментот ќе плати, но другава како да има змија во џеб. Бев со неа на пат во соседството во друга држава и викам ајде да излеземе вечерта нема во хотел да седиме и така имаме дневница ако толку нема пари (а не дека нема добро стоечка е финансиски) едвај да ја намоли човек додека излезе и го мери го гледа.... страшно дури да ти се одмили таков човек.
Секако дека ќе го прашам и тоа ама колку да знам дали работата му е чесна или не, а не за да ми биде пресудно дали е богат. И не се плаќа сметка за да се покажеш, туку тоа треба од срцето да ти доаѓа.