1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Машко циција?

Дискусија во 'Врски' започната од Tanjamm, 28 август 2012.

  1. maja8

    maja8 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2010
    Пораки:
    2.847
    Допаѓања:
    2.158
    Многу лошо бе, како тоа се скржави за 125 денари не ми се верува.

    Мило ми што немам таков проблем. Всушност и мојата и неговата филозофија се дека работиме „за да излеземе заедно, да се почастиме, да патуваме заедно“.

    Ако денес немам пари ќе плати тој, утре па јас. Парите потрошени на него ги гледам како пари потрошени на себе, а за себе никогаш не се скржавам. Исто и тој. Така треба и секој.
     
    На rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr, girl1985, DzingrlakaDzikica и 17 други им се допаѓа ова.
  2. green.eyes

    green.eyes Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    2.871
    Допаѓања:
    31.228
    Пол:
    Женски
    Angel, налет нека се и пари и заработка и се', кога не знае да ужива во нив :( Не велам дека треба луксузни одмори да уплаќа или не знам што......ама до толку да стигне бе, за 125 денари. Не е фер. :| Ако не сака со тебе да ги користи парите и да уживате заедно, со кого бе? :(

    И јас сакам да имам колку-толку чисти сметки со дечко ми, иако знам дека тешко е изводливо да бидеме еднакви во плаќањето..... :( гледам колку што е можно повеќе да учествувам во одмори, викенди, излегувања.....Е сега, дечко ми е тип на човек кој можеби повеќе си штеди (не се расфрла со пари за облека и разни глупости), но кога станува збор за нашето задоволство е далеку од циција. Финансиски е многу подобар од мене :( , многу често знае да ме изненади со некој поклон, за родендени исл не станува збор воопшто. Кога излегуваме навечер, многу ретко ми дозволува да се фатам за новчаникот. Му било ќеиф да плаќа за мене, и тоа е. До ден денес, после цели 6 и пол години знаеме да се расправаме на сред кафиќ за плаќањето :D Иако, почнав да се навикнувам и поретко се расправам сега за разлика од порано. Знам дека секогаш би можела да сметам на него ако нешто ми затреба од финансиска гледна точка, но не сакам да играм така. Се случило да ме извади од лоши ситуации, и бескрајно сум му благодарна за тоа. Никогаш не ми го спомнал тоа.

    Мислам дека е во ред да се внимава на финансиите, да не се расфрлаат пари за џабе, ама до толку да се инсистира на тоа.....Не е во ред, навистина. :shake: Или едноставно, ако толку сакал да ги добие тие пари, можел на шала да ти побара нешто да му купиш во таа вредност, не знам, што и да е.....

    Кога добро ќе размислам, не сум имала дечко циција :?: Искрено, не знам како би се снашла во таква ситуација. Лесно ни е нас вака од страна да кажеме „е како така, како можеш со него да си, заслужуваш подобро“ итн итн.....Ти си знаеш најдобро како ти е. :worried: Се надевам ќе сфати дечко ти каде му е грешката и дека ќе се поправи, и дека се' ќе биде во ред :hug:
     
    На SexiLy, ilipili, EleMental и 4 други им се допаѓа ова.
  3. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    17.648
    Допаѓања:
    95.717
    Пол:
    Женски
    Ах женски, ви благодарам на советите, и да знаете дека ќе прочита бидејќи знае дека сум на форумов и знам со сигурност дека ме чита, па ќе ве прочита и вас, но мене тоа не ми помага воопшто, тој едноставно е уверен дека еднаквоста е најважна и само по тоа се раководи. Ви реков, имаме и поинакви моменти, но претежно тој внимава на своите пари, и не јас не зборувам за одмори плаќање и слично, па јас си го плаќам горивото до дома што ме носи, јас зборам едноставно за повремени задоволства, едно чоколадо, едно цветче, една платена пијачка во кафич, баш како што ме изненади со картите за Хамлет, макар купени и преку Групер тоа за мене беа најскапите карти на свет, ко да беа ВИП карти. Ах, па сонувам и јас за прстен и просење уз романтична вечера, ама веројатно од прстенот нема да добијам ни П, знам дека ќе чекаме да се деси слатка грешка, ко што еднаш рече Среќичка, па да дојде дома кај мене да ме вери, и помирена сум со тоа, едноставно секогаш не можеш да имаш се. А за себе не е воопшто циција, ко што си купи 5 кошули и пар патики за фудбал викендов, ко што си приуштува секогаш се што му сака душата. Јас најискрено се надевам дека ќе издејствувам бар минимална промена кај него, ипак тој е оној со кој сакам да го поминам остатокот од животот.
     
  4. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.069
    Допаѓања:
    11.215
    Лошо во секој случај. Врска ајде ќе го потрпиш кратко, ама долга врска или не дај боже брак со таков човек, ќе се уништиш. Што ако жената остане без работа, мажот скржавец треба да ја остави да гладува?
     
  5. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333
    ^ ^_^ Драги дечко на AngelOfArh
    Ја сакаш оваа девојка без резерва?!?! :smirk:
    Бидејќи си постојано кај неа во стан од 1-ви предлагам да почнеш да и плаќаш кирија и дел од сметки 8) . Како таа може да ти плаќа за гориво кога ја возиш дома и имате ,,чиста сметка, долгааа љубов,, тогаш ќе плаќаш и ти за кирија т.е престојот кај неа.

    Ангел, јас можам да ти кажам само дека ти таков човек тешко дека ќе смениш. Тој е веќе изградена личност со таков карактер и така функционира. Ова од искуство на други.

    Па тогаш, зошто сте заедно да ви поминува времето?!? Ако за 6год. не видовте дали карактерно, психички, физички... :) си одговарате и не кроите некој план т.е имате ЦЕЛ, тогаш зошто се малтретирате без потреба.
    Како тоа си помирена? помирена со судбина :^) :?: па кај ти е бре девојче самодовербата - веројатно некој ја подгазил.
    Како и да е, сепак расчисти си ги некои работи на време за да утре не биде доцна.
    И дечко бре, не биди циција :wasntme: за 125ден. :wasntme:
     
    На LaraSolare, SexiLy, DjinTonik и 41 други им се допаѓа ова.
  6. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.594
    :^) Непријатно сум изненадена AngelofArh, искрено, и јас имам тетовско потекло кое гордо си го носам, ама верувај ми - далеку сме и јас и оригиналната тетовка од твојов случај.

    Веројатно сте прочитале, јас и дечко ми ја поделивме сметката на првиот состанок, и мене, ќе бидам искрена, ми падна малку чудно и невообичаено, ама си викаш - почекај, види што е работата.
    Можеби немал во моментот токму тој ден, можеби е тест, моментална состојба, итн.
    И од тој ден па наваму, веќе 3 и нешто години, дали 1-3 пати инцидентно се случило да поделиме сметка, со претходен договор, зашто се извинил дека нема доволно, ама тоа се брои на прсти од една рака.
    Некогаш плаќа он, некогаш честам јас, за бензинот да не правиме муабет, и кога ме зема и ме враќа и другарките мои ги враќал, никогаш не земал пари, НИКОГАШ, и кога одиме подалеку од Скопје, ќе се истепам патарината барем да ја платам, од што ми паѓа незгодно и жал, што плаќа се` на свој трошок.
    А за подароци, пијачки, вечери, претстави, концерти или купувам и плаќам јас, или он, зависи од моменталната финансиска состојба на двајцата.

    Јас сум многу среќна, затоа што општо животот не можам да го замислам покрај циции, да не зборуваме за дечко или иден потенцијален животен сопатник.
    Не е дека премногу имам, ама таква сум карактерно, мене ме заморува пребројување, или враќање на кусур до денарче, имам една другарка која со пресметките ме доведува до лудило, упорно ми тутка 2 ден. кои наводно ми ги должела, и сум ѝ рекла дека ќе ѝ се скарам, ако продолжи со такво налудничаво однесување. :^)

    Ајде сега сте во врска, иако прилично долга, како ќе ги распределувате финансиите во бракот, по истиот ли принцип?
    Тоа е напорно и исцрпува, и искрено - ниту една љубов не вреди за такво однесување.
    Не, не е ова материјалистичко размислување - туку е човечно.

    Не знам каква е таа љубов, кога дечкото си купува 5 кошули за себе и пар скапи патики, а ваму се кара за 2 евра со девојката со која е 6 години во врска.
    Јас сум си ускратила од секакви мали задоволства, и ми се случило месец дена да не излезам од дома, за да заштедам и да му купам убав, достоен поклон на дечко ми, каков што заслужува, и не очекувам помалку за возврат (не зборувам за подароци, туку во самиот начин на однесување).
    Немој да ме сфатиш погрешно, или да се навредиш... но не е во ред. :tmi:

    Еве вчера, случајно поминавме низ Карфур за првпат, јас имав само 200 ден. во новчаник, а он забележа дека сакам да земам неколку ситници, и ми рече - земи се` што сакаш, ќе ти додадам. Дојдовме на касата и - ми ја плати целата сметка, не сакаше да слушне да дадам пари. Не дека беше преголема, зашто јас имам усул, ама гестот е тука важен, однесувањето, а не броење на секое денарче и секој здив воздух што сме го земале...
    Алал да ти е како истрпуваш, сериозно, тој треба да е пресреќен и да се моли да не го напуштиш, а не да чекате слатка грешка да те побара... :^)
     
    На SexiLy, rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr, Ognenija и 36 други им се допаѓа ова.
  7. artemis

    artemis Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јуни 2010
    Пораки:
    358
    Допаѓања:
    324
    Пол:
    Женски
    Овој нема шанси да се смени никогаш. А ти ако си сама под кирија, а тој кисне кај тебе (сигурна сум дека кисне за да не трошите по кафани), под итно нека почне да плаќа сметки. Не можам да сфатам дека и гориво плаќаш. Секој е за еднаквост, ама мислам дека овој само на себе мисли. Ова 150 денари не ми е сфатливо. Јас сум помагала на некој кога бил во криза, фрижидерот му го полнев, после тој кога јас бев во криза ми помагаше. Врската меѓу луѓе не е само за лигавење ноќе, те сакам, ме сакаш, туку треба во лошо и проблеми да се види колку е некој човек. Човекот и кола си купил ако, супер. Ама ти утре како негова жена верувај пак ќе ставаш бензин, ако имаш помала плата нема да бидеш дотерана ко него, се ќе ти прегледува. Имам вакви пријатели, на однмор заедно акко пар, до денар се си мереа, посебно девојката. Сега се во брак, се уште секој ден за пари се расправаат и им се гледа крајот, пред развод се. Ова мене ми е претерано. Дечкото е пресметлив. А да најде друга девојка, која нема да и текне бензин да стави, која нема никогаш да се фати за новчаник, која нема да носи подароци на неговите, може ќе сфати каква си била ти. Да не сфати некој погрешно, не оправдувам спонзоруши. Ама ова на ништо не личи. Под итно барај му да плати кирија за секој ден кај тебе, па да види како е кога секоја капка бензик ти ја пресметува. Инаку, и јас сум со тетовско потекло (тие се штедливи луѓе, гледам по мајка ми), ама не се сите исти. Јас, на пример, сум многу широка кон сите околу мене кога имам. Ме насмеа ова за тетовците циции. Поздрав и со среќа.
     
    На Deemy му/ѝ се допаѓа ова.
  8. NoellePage

    NoellePage Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    910
    Допаѓања:
    1.767
    Ејнџел драга можеби ќе издејствуваш да ја ублажиш скржавштината, ама па потем на секоја една ситоација ќе следуа мрштење и душовадење. А за сметки и стан дечко плаќај си ами како. Вечера , ручек, поручек па тоа шпорет се користи, фрижидер за сосотојките, работна рака, користење на мебел и сл. Ако веќе е таква работата.Тебе секоја чест што си издржала толку долго.Кога треба години да ајде да кажам истренираш еден маж да не ги остава чорапите расфрлени по подот, ами да ги земи и стави во корпата за перење, за ова 2 животи нема да се доста да се издрјствува промена. Те молиме дечко да си запалш свеќа и да заблагодариш што има некој кој те прифатил колку толку и ако не сакаш да ја изгубиш под итно да си се преиспиташ сменип оти маф ти е работата.
    А за слатката грешка, се обложувам ќе му запишува од бебе колку е потрошено на него, па кога ќе порасна и се вработи детето ќе си ја бара назад вложената инвестиција. Ах Ејнџел, убаво размисли. Ако те прави среќна и покрај се, ако можеш да замичиш, ок, твој избор, а ако не, секоја љубов ма најјака да е ќе крахира послем време со кавги за тиа проклети пари. Убаво размисли и секое добро
     
  9. Deemy

    Deemy Популарен член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2012
    Пораки:
    689
    Допаѓања:
    7.295
    Пол:
    Женски
    Jас имав исто ваков како Aнгел,ама фала богу се спасив на време и освен што беше финансиски скржав,беше и емотивно и ништо не ценеше.

    Aбе Aнгел кога те читам се нервирам,значи никогаш несум била тип на девојка која што очекува дечкото се да и плаќа и вечери и пијачки и одмори,да и купува поклони итн. но нормално ми е кога веќе добро стои финансиски да те почасти некогаш пијачка кога ќе одите на кафе,или да ти плати барем една пијачка на излагање за викенд или сам да му текне да те однесе на пица некаде па да те почасти,немора во луксузен ресторан и ако е фер нормално ќе го ценам тоа па и јас ќе го частам пијачка некогаш и јас ќе го однесам на јадење,знам да ценам не злоупотребувам па некој нонстоп се да ми плаќа,а јас да уживам ама не бре себичен си е себичен,не знае да цени

    A јас со овој не ни излегувавме редовно за викенд многу ретко и тогаш кога излегувавме не му текнуваше една пијачка да ме почасти,не очекувам јас ако испијам повеќе пијачки или јадам нешто цела сметка тој да ја плати,ама барем една пијачка,ама не бре дури и за такси сметката ја делевме,а инаку најчесто излегувањето ни се состоеше од идење на кафе еднаш неделно и на гости кај него повеќе беше ова второто ама нема врска и каде не излегувавме ич за викенд па уште и едно кафе во кафич да несака да те почасти па дури и некогаш да се деси тоа ќе ми го извади на нос од зборење па подобро ич да не ми платил,исто кога идев кај него на гости абе еден сок не му текнуваше да купи да ме понуди па камо ли нешто друго,a не возеше така да на секое гледање и излегување си доаѓав и си се враќав сама освен кога не одев кај него на преспивање ама и тогаш таксито си го делевме, исто за нова год. бевме во една дискотека и нормално картата јас си ја платив и сега ни носат пијачка а мене парите ми беа оставени во јакна во гардероба ги заборавив и он ми ја плати мојата сметка и после луѓе ми бараше тие 120 денари да му ги вратам за пијачката и тоа за нова год. бе.

    A беше финансиски добро ситуиран и воопшто не беше штедлив за себе,сакаше да си купува скапа облека,скапа козметика,убава храна итн. ама тоа само за него,ај да се работи за некој скржав ама да е скржав и за себе е тогаш тоа можам да го разберам и да го прифатам таков,ама вака има пари и за него троши како луд,а за со девојката не му се даваат ни 100 за кафе туку се сака да се дели,епа каква е таа љубов па ако не трошиш со девојката која ја сакаш тогаш со кого.
    A има некои посиромашни па ако треба ќе штедат од себе па кога ќе излезе со девојката на кафе да може кафето да и го плати,а вакви имаат ама само за себе,а на девојката ќе штеди и не се мењаат такви ќе бидат и во брак.

    3атоа Aнгел добро размисли што ќе правиш понатаму,зошто до толку да штеди на тебе да се расправате за 150 денари и секогаш да сака се на пола да се дели мене тоа ми е мачно и понижувачко
     
    На EleMental му/ѝ се допаѓа ова.
  10. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.628
    AngelOfArh нема шанси да го промениш еднаш циција засекогаш циција,или помирисе дека имаш таков човек поред себе или замини си од него,од тебе зависи,а тоа дали били 135ден или 5ден тој секогаш исто ке реагира.поздрав ;)
     
  11. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.096
    Од една страна као демек бараме еднаквост во врска и сакаме да сме самостојни од друга кукаме зошто ни бара пари за гориво, па горивото е скапо бе луѓе :D Смешно ми е расправање за ситни пари и цепидлачење за секој денар но ситница по ситница се збираат...сакаме да ни го плати кафето не е ништо нели, но не седнуваме на кафе еднаш месечно...па да не изненадува постојано со чоколадо, вечера, некое поклонче, да не развозува како горивото без пари да е, значи уствари сакаме да не разгалат и да се чувствуваме како дами, така ни делува повеќе како 'маж' што е ок одвреме навреме, ама ако постојано чекаме од него да се грижи за тие "ситници" тогаш е претерано, и ако заработува скромно, или пак има планови за иднина па затоа сега не се расфрла треба да сфатиме...
    И разбирам да си без работа па да немаш, но кога и двајцата заработуваат тогаш зошто едниот да се чувствува како искористен...Брак е друго, но додека сте во врска и двајцата заработувате секој нека си го гледа есапот, јас сама би понудила да ставам гориво не да чекам тој да ми рече...
    Не дека го оправдувам дечкото на Ангел, очигледно претерува и смислата за романтика изгледа му се изгубила некаде по пат, и ако постојано е таков тогаш стварно е проблем, но ако многу ретко има вакви испади како овој за 100-те денари, а не сакаш да расипуваш врска за тоа, тогаш треба само промена на пристап...
     
    На Anon му/ѝ се допаѓа ова.
  12. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.807
    Допаѓања:
    52.964
    Кој маж значи сум била во врските 8) :D Јас не сакам да ме частат, не се чувствувам пријатно. Па уште и на прв состанок :tmi: сиротиот може не знае дали ќе ме види пак, ама ај да ми плати што ќе пијам :^) . Трошок е тоа бе луѓе :D Што знам, таква сум, мислам, парите или ги заработил или од дома му ги дале, крајно глупаво ми е на мене да ги потроши. Нормално сега, понекогаш човек има мерак да те почасти, ама постојано да се случува :^) Во една врска дури јас дечкото повеќе го частев отколку тој мене. Си немаше, нема да му барам да ми се прави фраер со и тие малце што си ги стискаше за да остане тука подолго со мене. Никогаш не сум го ставила тој гест на мерило до сега. Изглеа нешто ми фали :D Обично сме се воделе на тоа, еднаш едниот плаќа, следниот пат другиот.
    А во вака ептен сериозните врски што се знае дека ќе завршат со брак, мислам дека нема потреба до толку да се води сметка кој колку плаќа. Затоа што во иднина и така ќе треба да се делат сметките.
    ох...и да, немам сретнато ми се чини некој голем циција :^)
     
    На Anon и L-enna им се допаѓа ова.
  13. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.676
    Еххх Скорпионке, ти не би била Ти ако нешто спротивно не измрчиш :P :d:

    Ама ај не заебавај, во денот кога купува 5 кошули и патики за фудбал, тој ја „малтретира“ девојка му од 6 години за заборавени 125 денари?! Какви ситници какви бакрачи, чоеков е ситна душа!
    Разбирам и јас да не се „искористува“ другиот, еднаш еден плаќа, после друг, плаќа тој што е финансиски помоќен во моментот, ама да запишувам колку сум дала за него, за после да ми врати, било во пари или предмет до таа вредност??? Нема логика, без разлика колку сакаме да ја најдеме смислата на спротивната страна.

    Тој човек е самобендисан, себичен и егоист. Работел многу, па што? Сите работиме, кој повеќе кој помалце. И Ангел работи, и за себе и за него во викендите, ама тоа не се важи нормално. И каде е тука поддршката, почитта, љубовта, чекањето, разбирањето? Убаво му е да има некоја која тука е за него СЕКОГАШ по дифолт, после тежок ден на работа, за болест, во тешки мигови, ама може треба, по неговата логика, Ангел да му ги наплаќа како Нематеријални трошоци??

    Не знам, не сум ти во кожа, и искрено не би издржала со таков нечовек ни 1 ден, камоли 6 години, ама читајќи те тука и по другите теми, не можам да не се запрашам Што е тоа што те држи до него?
     
    На SexiLy, LaraSolare, Neytiri и 18 други им се допаѓа ова.
  14. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.096
    ^
    Па девојката кажа дека сака со него да го помине животот, затоа барам поблага страна на проблемот и ај да речеме дека имал лош ден па затоа така изреагирал...Сама треба да си разграничи дали позади ова не се крие поголем проблем, а ако е само скржавост а се друго е ок тогаш може да се среди...
     
    На zhap4e му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.676
    Кој човек троши толкави пари на глупости (значи не 1, не 2, ами 5 кошули) + си ги бара ситните заборавени пари, а знае дека долгогодишната му девојка е во незавидна положба секој месец со пари, сама со себе во туѓ град?? Тој си го наоѓа засолништето кај неа секогаш кога ќе посака, а таа мора да го „плати“ секое време поминато со него.
    Таа љубов дури не е ни еднаква, иако тој сака како таква да ја прикаже.

    Мене ми изгледа ко тој да се изгубил во „бизнис светот“, си мисли дека оди некаде многу високо и само тој е важен и никој друг, ама изгледа се` уште нема осетено какво тркало е животот..
     
    На baby-star, chocolate.chick, JoxyTheFreak и 12 други им се допаѓа ова.
  16. Deemy

    Deemy Популарен член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2012
    Пораки:
    689
    Допаѓања:
    7.295
    Пол:
    Женски
    Eпа во право си шкорпионка погрешно го разбрала проблемов,значи во случајот на Aнгел и мојот случај мислам се работи за ептен себични особи.3начи започнува врската и трае долго време и уште од почеток ти како фина девојка,а не спонзоруша на излегување си вадиш пари да си го платиш твојот дел од сметката нормално и тоа трае и трае и секој пат е така и на дечкото никогаш не му текнува да рече чекaј овој пат јас частам пијачка ама значи никогаш,а дури и некогаш да се случи тоа он да плати после тоа ти бара да му ги вратиш или во пари или пак ако ти го платил кафето,да ти бара ти јадењето да го платиш и фактички пак никој никого не части или ќе ти плати нешто и после тоа ќе ти го извади на нос тоа со зборење колку се потрошил па подобро ич да не те почастел,а притоа дечкото е добро ситуиран и за него се расфрла со пари за разни скапи работи,ама тоа само за него

    A мене ми е нормално во глобала секој да си плаќа за себе најчесто,но понекогаш да пушти машкото срце па да те почасти он ама тоа од срце да биде а не одма должна да се чувствуваш,па некогаш ти него ќе го почастиш и така релаксирано,ама секогаш секоја работа да се дели на пола и да се ситничари за 100 денари и ако те почасти да треба одма да му вратиш е тоа е себичност и претерување,само кој бил во таква ситуација тоа најдобро го знае многу е глупаво и понижувачки
     
  17. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.096
    Маани сите си имаме, некој е скржав, некој си го открива ликот на форум зборува отворено за проблемите во врската знаејќи дека секој може да прочита вклучувајќи го и својот дечко од кој бара запросување :D Секакви не има, па во име на љубовта се трпат некои работи :D
     
    На SexiLy, LaraSolare, zhap4e и 11 други им се допаѓа ова.
  18. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.628
    Кој како ке начека,има и машки и женски што се скржави и ништо не е чудно тоа,можеби за девојката не преставува голем проблем и си го сака таков каков што е,значи домакин е дечково.
     
  19. Deemy

    Deemy Популарен член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2012
    Пораки:
    689
    Допаѓања:
    7.295
    Пол:
    Женски
    Cекакви не има,секој си има некоја мaна што другиот треба да ја прифати,некој е скржав ама онака скржав и штедлив за се и за себе е тоа се прифаќа како таков и решен проблем.

    Aма да има и за себе да се расфрла со секакви скапи глупости,а за со девојката да ситничари за 100 денари ма може да иде у пм само,ја таквиот едвај го истрпев година и пол,а не па 6 години да го толерирам па уште и да чекам да ме земе,ама мојот освен финансиски беше и емотивно скржав,а можеби примероков на Aнгел во тој поглед е добар па затоа го трпи :)
     
  20. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.899
    Пол:
    Женски
    ^^Домаќин и циција не е исто.
    Тој што се цицијаши за 125 ден. и бара да му се вратат на тој начин што дури и си ја расплакува љубовта, а во исто време купува 5 скапи кошули за себе не е домаќин, тој е себично го*но и јас со ваков ендемски вид ни минута не би издржала. :!:

    И протестирам...како бе така- тетоец и оп одма циција. :D
     
    На eliesaab, baby-star, SexiLy и 21 други им се допаѓа ова.