1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Машко циција?

Дискусија во 'Врски' започната од Tanjamm, 28 август 2012.

  1. Deemy

    Deemy Популарен член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2012
    Пораки:
    689
    Допаѓања:
    7.295
    Пол:
    Женски
    Tоа истото и јас го викам друго е да е домаќин и скржав на некој начин и штедлив,да несака да се расфрла многу со пари за било што,ама исто и за себе,па нормално дека и со девојката или жената ќе биде таков и тоа си се прифаќа,барем јас би излегла на крај со некој таков.

    Hо како што реков да има и за себе да не штеди да се расфрла со пари за секакви скапи работи,а со девојката да сака се да делат и уште да ситничари за 100 денари е тоа не се прифаќа и не се трпи
     
  2. baby-star

    baby-star Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2012
    Пораки:
    2.470
    Допаѓања:
    10.900
    Angel Of Arh душо,бегај од ваков човек дури е посовреме.
    Немој ни под точка разно да си се тешиш дека "МОЖЕБИ" некогаш ќе се смени.
    6 години во врска,а тој абер нема што сака со тебе?
    Се надеваш на слатка грешка,па да те вери?
    Ти ги имам читано твоите мислења во повеќе теми и ми делуваш како културна особа,со свој став,но и со многу наивно делување.Не сакам да ме разбереш погрешно,јас сум само искрена,а покрај ваков човек,како што го опишуваш твојот долгогодишен партнер,во иднина МОЖЕН брачен партнер не знам како би се одвивал твојот живот.
    Да ТВОЈОТ ЖИВОТ оти очигледно неговиот добро тера,не дека ти немаш добар живот,али со ваков човек,да ти биде маж ќе имаш многу кавги,расправии,делби на пари,враќање на трошоци.. :x :x
    Не,не ако сакаш да се спасиш посовреме,бегај од овој,не можам да го сместам во ниедна категорија на мажи..Во штедлив не,бидејќи ако е штедлив,нема да ти бара неколку денари,па и уште гориво да му плаќаш?Ако е штедлив нема да си приушти за себе да си купува облека..
    Такси ќе си платам и нема да му полнам цел резервоар.
    Ниту во циција не можам да го сместам,оти очигледно за себе не е таков.
    Без да се навредиш,можеби мојот пост е малку остар,но верувај душо со сигурност дека покрај ваков човек ќе имаш само проблеми и ништо подобро нема да биде од досегашното и моменталното однесување спрема тебе. :!:
     
    На crazylady, EleMental и bubuce им се допаѓа ова.
  3. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.379
    Допаѓања:
    17.575
    Пол:
    Женски
    Со машко циција се постапува на следниот сликовит начин, не ми се трошат зборови, тоа од една страна е непочит и понижување, ма да е европски јбг, таму маж и жена си плаќаат посебно ручек, секој со своја кредитна картичка. Но мислам дека се е до карактерот, со премногу однесување европски, губиме многу животни вредности. Делењето на сметката не е израз на љубов и на заеднички живот.

    [​IMG]
     
    На antonina му/ѝ се допаѓа ова.
  4. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    18.945
    Допаѓања:
    101.065
    Пол:
    Женски
    Ви благодарам на сите за коментарите, морам едноставно да одговорам, дел од вас ме тресна од земја, убаво ме раздрмаа, дел ме натераа да се запрашам до кај сум...
    Не дечко ми е е емотивно скржав Деми, напротив, на поле љубов отсекогаш бил спремен да даде максимум. Ќе згрешам ако речам нешто лошо, многу пати кога сум била во тесно знаел да отиде да купи за јадење, кое се разбира нема да го изедеме и толку, ќе остане и за потоа да јадам јас додека да дојдам до пари, е сеа не секогаш тие пари ги бара на возврат, ама пак, поретки се моментите кога самоволно без да речам дека немам за јадење ќе иде и ќе донесе да се наполн фрижидерот кој пак заедно ќе го испразниме. Јас многу сакам да се дружам, нажалост моите пријатели се разотидоа секој по свој пат и неговите пријатели станаа и мои, често пати доаѓаат кај мене на ручек, ете и тогаш знае да се понуди да подели по пола трошокот за готвењето, кога немам има еден другар кој пак е тотална спротивност на него и знае да донесе сва и свашта и да не праша за пари. Не јас не сакам така, не сакам да ми носи некој за да касне кај мене, не ми треба да ми го полни фрижидерот за да имаме и двајцата да јадеме, кога нема, нема и тоа е, нема да чекам ко некое сираче да ми донесе да јадам, мое е да се снајдам кога сум одлучила да се осамостојам, очекувам тој да осети потреба да го направи тоа, од љубов а не од сожалување. Сакам да размислува на тоа што сакам и што ме прави среќна, како што рзмислуваше и за една Нова Година ми подари карта за Балашевиќ, бев пресреќна.
    МСкорпионка, и јас сум за еднаквост, па на првиот состанок јас частев кафе, тогаш се погоди зимањето стипендија со излегувањето и частев, ништо страшно според мене. Не можам да частам кога ни јас самата немам за излегување, не излегувам со месеци бидејќи не сум во можност, немам пари и готово, не ќе се бламирам сега. Е сега, не очекувам да ме части на секое излегување, и тој работи за својата плата како и јас, тоа што јас не можам да сврзам крај со крај не е негова грешка, моја е. И не, јас не барам овде запоросување од дечко ми бидејќи знам дека ќе ме прочита, јас сум расчистила со тоа, знам дека нема да добијам запросување како од филмовите и знам дека и на тоа најверојатно ќе се чека на подобри времиња, на подобра финансиска состојба, на подобро утре. Ко што кажав, да сакав пари и спонзорство, ќе побарав спонзор со многу пари, ама па ќе патев за внимание за кое и сега понекогаш си патам поради неговата преоптовареност со работа, ама и со тоа се помирив, тој својата работа ја сфаќа така и готово. И не гледам ништо лошо во тоа ако еднаш во три месеци ми донесе едно чоколадо купено специјално за мене, еден цвет. А за горивото, ко што веќе реков, јас сум свесна колку чини и затоа го плаќам, секаде каде и да одиме, дали во градов или надвор од него, јас го делам и горивото и патрините, и храната која ја купуваме за таму каде одиме, ете на пример одиме кај неговите баба и дедо во село, во другото село, на гости некаде, за се учествувам и купувам, но јас купувам и овошје, цедам сокови, ужинки за по пат, тие не ги ставам во никој рачун.
    Не, не ми е сеедно што сите од кои сум побарала совет ми кажале дека нема да се смени, дека ќе си остане истиот, мое е да се обидам во име на љубовта која ја чувствувам и за која се обидувам да ја задржам со сите сили. Јас немам проблем со тоа он да си купи и 10 кошули и 15 пара патики, може да си купи и нека си купи, да можам да си дозволам можеби и јас би купувала, иако не верувам, и јас сум штедлива. Да, да, јас сум штедлива, ама јас сум штедлива а не скржава, ова е веќе скржавост неговото, мене јасно ми е тоа. Па така јас со истите кошули, пантолони, фармерки и патики идам додека не се искинат, не купува нови бидејќи се на попуст, не купувам нови бидејќи се убави и ефтини, едноставно не сум во можност.
    Нема да стигне до тоа да го решаваме проблемот во заедница, всушност јас сакав да живееме заедно пред да се одлучиме на брак, но и тоа нема да го добијам на што искрено и не знам како сум се сетила на времето бидејќи сега сфаќам дека не е он за таква работа сеуште. Тоа е што е, со глава во зид не се иде, ако го решам и овој проблем се ќе биде во ред, но ако планира да биде ваков и во брак подобро ич да не дојде до тоа.
    Абеја, од Европа сме далеку, инаку мене токму тоа ме уморува, пресметување, сметање и памтење на сметките, колку ти должев, колку ми должеше, а за ова ти вратив ли, ми врати ли. Навистина уморува, обиди се еден месец и ќе видиш за што зборам, ма не се обидувај, ич не се обидувај бидејќи е многу тешко.
    Ви благодарам од се срце за искрениот пристап!
     
  5. Bozica1980

    Bozica1980 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    7.020
    Допаѓања:
    257.301
    Пол:
    Женски
    Јас се сложувам со Шкорпионка, мислам дека не е фер да знаеш дека партнерот те чита на форумот да му сервираш ваква осуда до 10-20 жени. Твојот лик го имаш откриено значи ќе стане јасно за кого се зборува и кого осудуваме. Да не бидам оф-топик и јас мислам дека тешко ќе излезеш на крај со ваков човек, а лично познавав брачен пар кој и во брак си ги плаќаа одвоено пијачките во кафич и се поткусуруваа за десет денари. Бракот не им успеа.
    Јас ваков циција не сум имала за партнер, со мм и додека бевме дечко и девојка гледавме да имаме нормален однос по однос на финансиите. Првите години јас бев студент а мм работеше па се случуваше почесто да плати он но никогаш екстремни суми ниту скапи подароци. Мене и сега ми е чудно кога ќе прочитам примери дека на девојката добила парфем од 100евра за роденден а при тоа не работи ни тој ни таа. Умеренста е најдобра.
     
    На AIT, Moira и Artemission им се допаѓа ова.
  6. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    18.945
    Допаѓања:
    101.065
    Пол:
    Женски
    Е да Божица ама умереност е да делиме сметки? Умереност е да цепидлачиме денар по денар. Е ајде ако не за да му покажам и докажам дека не е во право ќе му раскинам без да знае дека не е во ред таквиот однос, ќе си знам јас битно дека тој не е во право, тој ќе си мисли дека е во право. Дека ќе се открие која сум јас, па дечко ми, па стринки тетки, мислам те молам. Јас сакам да му покажам и докажам дека тоа не е начин на живот со некого, не само за мене, за неговата иднина пред се, и покрај 6те години врска не знаеме што ни носи утрето нажалост. Ко што рече сама, а богами и многу други на темава, најчесто ваквите бракови не завршуваат успешно, јас искрено нема да чекам да дојде до тоа, знам дека ќе успеам да го сменам тоа, можеби нема да го натерам да ми плаќа се бидејќи не сакам, да ме облекува и дотерува бидејќи не е во ред тоа, да ми купува скапи парфеми кои не ни ги користам, но ќе го натерам да сфати дека колку се вложувам јас во врската треба да се вложи и тој, поготово заради нашата иднина. Инаку негова беше идеата да напишам на форумот и да видам какви ќе бидат реакциите, тој можеби не мислеше така, но мене ми беше битно нечие друго мислење, токму затоа ја произнесов целата ситуација.
     
  7. Artemission

    Artemission Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    2.031
    Допаѓања:
    15.672
    AngelOfArh не сакав да навлегувам во дискусијава но, "негова беше идеата да напишам на форумот и да видам какви ќе бидат реакциите"? Зарем му е потребно туѓо мислење за себичноста покрај твоето?
    Проблемите во врската се решаваат со дијалог, а не групна дискусија и на овој начин нема да го натераш да се промени ниту пак да сфати колку ти вложуваш во врската.
     
    На JuLleE, drugarka, Doozy и 8 други им се допаѓа ова.
  8. Bozica1980

    Bozica1980 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    7.020
    Допаѓања:
    257.301
    Пол:
    Женски
    Штом била негова идејата јас се извинувам.
    Тоа беше мојата најголема забелешка, не ми изгледаше фер место да го решите тоа меѓу вас да го изнесуваш вака јавно муабетот но со негова согласност е ок.
    Тогаш се надевам ќе прочита и ќе сфати дека претерува.
    Поздрав
     
    На slavica999 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    18.945
    Допаѓања:
    101.065
    Пол:
    Женски
    Нажалост Артмишн, нажалост му треба доказ, он смета дека е во право. И да не прочита, мене не ми е битно тоа. Јас нема сега да раскинувам или да правам драми туткајки му ги под нос вашите мислења, не сум таков човек, вашите мислења ги ценам и ми дадоа само поттик да сфатам дека навистина има нешто гнило во нашава држава Данска(врска). Сфативте веќе дека побитно ми е да ја спасам врската отколку да ја уништам и прекинам, тоа е најлесно, но јас сум уметник, јас создавам, не уништувам.
     
  10. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.339
    Дечко на Ангел, молим те прочитај не сите а и НЕА и купи и прстен ^_^
    ...ваљда си уверен во нејзината љубов :^)
     
    На rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr, SexiLy, DeMelo и 7 други им се допаѓа ова.
  11. Calypso

    Calypso Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 март 2012
    Пораки:
    69
    Допаѓања:
    75
    Можеби една форумџика ќе ја препознае ситуацијава на која и двете бевме сведок. :lol:
    На дечко ми другар кој е нормален, фин и има добра смисла за хумор, не очекував дека ќе испадне цинцар со широки размери.
    Овој погоре е за 125 денари, дечково е потрагичен. Купувавме вино, т.е вино кое го плативме јас и дечко ми. Другарка ми сакав да ја почастам. Го пиевме четворица и кога дојде ред да се преброиме, дечково истапува и вика ааа ја една чаша пиев. :rofl:
    Вино од 120 денари, нејќеше да го дели на 40 денари. Т.е 80 за двете. Тоа е цинцар!
     
  12. Deemy

    Deemy Популарен член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2012
    Пораки:
    689
    Допаѓања:
    7.295
    Пол:
    Женски
    и престани да ситничариш за се и да ја нервираш,парите не се поважни од љубовта цени ја Aнгел и биди среќен што ја имаш,некоја друга можеби не би го толерирала тоа ситничарење толку :)
     
    На slavica999 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    18.945
    Допаѓања:
    101.065
    Пол:
    Женски
    Славица, он е уверен во мојата љубов, токму затоа и ме фаќа здраво за готово и не се труди повеќе. Инаку, да разјасниме, овде не правиме муабет за прстен и венчавање, правиме муабет за еден проблем кој е многу пред тоа и ако не се измени и цела златрница можа да донесе пред мене нема да биде важно. Значи не ми треба мене он утре да дојде и да ме запроси додека рандом пазарам у суперматкет у стилот на Спајдермен, да одглуми нешто или да ми напише поема. Нека ја среди својат скржавост, а кога ќе дојде ред ете јас ќе си го купам прстенот, нека не му дојде многу наеднаш :D Мала шала на моја сметка :D
     
  14. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.050
    Допаѓања:
    155.009
    Ангел ти може не си финансиски зависна од типов,ама емотивно си ... и тоа е лошо. Не бараше совети,ама ги доби,па ќе си дозволам да ти кажам некој збор.
    Комплексите набиени од некоја си сиромаштија или страв од истата немаат врска со потеклото. Онда јас цицнарски сум најскржава у свет заради некој стереотип.
    Ти не си зависна само емотивно,туку и секако,ти си ги изгубила некаде пријателите по пат велејќи дека сте се разишле,не знам како не си се запрашала дека можеби е до тебе,а потоа до него. Неговите пријатели станале твои и во превод,ако раскинеш со него,ти ќе останеш навистина сама. Тоа е една силна причина која те плаши можеби несвесно.
    Не,еднаквоста не е делење на сметки до танчини.
    Да те прашам,ако ви дојде циганче на семафори да ви чисти шофершајбна, дали ќе ми дадете пари и ако му ги дадете кој ќе ги даде?! Или ако ви дојде дете кое продава влажни марамчиња... Мислам дека ќе ми ја сфатиш тука поентата.
    Во овој човек кој ти толку убаво го опиша,јас не гледам духовно вредна личност, ниту добра. Партнерот не треба да те разочарува со ситници... Ти не сакаш да признаеш дека не те прави среќна, туку си убедена дека сакаш да го поминеш животот со него само зошто МИСЛИШ дека немаш избор и дека тоа е тоа.
    Ваков дечко кај мене ми потфрлил уште во првите две гледања. Ми предизвика гадење со неговата малодушност... Не барам спонзор,барам човек со убава личност. Всушност имав прилика да запознаам еден таков, секогаш ги делевме сметките, во ред,ок и со претходниот дечко така правевме ама сега јас, утре ти,ама почесто ќе инсистираше да плати и мене ми беше онака,незгодно. И сега другиов тип... и кај делиме,па уште и 10-20 денари ќе си ушпара од кусурот,а и приметив како зборува за жените дека сите до една се спонзоруши и дека тој не би дозволил да биде искористен,потоа да не раскажувам негова ситуација,ама како некоја другарка му должела пари и како ја понижил пред цело друштво,демек и покажал кај и е местото... и тука некаде заврши мојата почит кон него. Он ветуваше не знам,цели светови,сакаше да ми биде раме за плачење,сакаше да ми биде витез, сакаше да ме направи зависна од него, време уназад те години ми беше подалечен пријател со од време на време кафе гледања, зошто одамна се знаевме и кога решив да му дадам шанса во две излегувања,сфатив дека он може све да понуди,ама е сиромашен духовно, нема да знае да се носи со истото зошто на втората средба направи потег кој успеа да ме повреди и се свртев на страна зошто ми се насолзија очите,како да уживаше во моментот. Не се ни потруди да ја исправи грешката, тврдоглаво верувајќи дека тоа е ок што го кажа. Мислам ова твоево кога те гледал како плачеш за тоа што го прави,а тој не прави ништо за да го исправи истото, ме потсети на мојот момент и ме потсети колку горчина и гнев почувствував тогаш. Како што кажав,ја свртев главата,ми се насолзија очите и очекуваше дека ќе се растурам од плачење, само си се забришав со палома пред да потечат си викам ти ма ненормална си,овој мрсулко добива шанса и ја коцка,па гледаш за инает сака да го прави за да те потчини. И му реков,мило ми беше, јас и ти тука завршуваме пријателче,со најогромната насмевка во свет. И еве месеци потоа,тој мене се уште знае да ме побара и ме сонувал како му пеам, како го стискам за рака, ме убедува дека може да ми понуди се,ама знам дека тоа не е вистина. Не ми треба мене се, не ми треба зависност од никого,мене ми треба некој кој може паралелно да оди со мене, не да ме носи во раце... и чат пат знае да ми рече, ти си кариеристка и амбициозна, претеруваш. У превод ти треба да седиш дома и да чуваш деца и да бидеш секако зависна од мене еден ден.
    Овој твојов и овој дибек, не се поразлични. Исто, испотроши и пари за свои ќејфови и тоа крупни, работи и заработува,а него му беше нешто друго поентата и проблем му беше едно кафе. После си го враќав филмот наназад секој пат кога сме седнувале на кафе ко другари колку пати јас сум плаќала и не сум го забележувала,а тој никогаш не беше рекол дај јас да го платам,евентуално да било пола-пола...
    Извини,ама за таква жена со став како што те читам тука,типов те средил квалитетно... чукни си ја главата... сега те боли,понатака уште повеќе.

    Така што размисли си убаво дали сакаш да завршиш со човек кој можеби еден ден ќе ти префрла дека заработуваш помалку од него и дека не можете рамноправно да ги делите сметките. Замисли како делит кутија сладолед,за тебе една третина,а за него две... Или замисли колку би бил себичен кога ќе имате деца... Се ежам...
    Не се труди да го оправдаш и не се труди да се убедуваш себе си дека ти е ок и дека го сакаш,зошто не ти е... цело време си на штрек да не му светне некоја глупост и претпоставувам секој момент каде има трошок за тебе е стрес... е замисли го цел живот таков.
    Едно е да си рационален, домаќин,а друго е ова,ова е циција,ова е малодушност, себичност...
    Би пишувала уште,ама мислам дека јасна сум малку од малку...

    П.С. На крајот,тој нека биде добра личност и џентлмен,па нека остави на твојата совест и свест дали ќе прифаќаш секој пат да ти плаќа или ќе инсистираш да делите или ти да платиш,па нека процени самиот дали вредиш или не,а не да наметнува некои глупости кои вклучуваат 125 денари човече. Литро зејтин и мало чоколатце...дали толку ви вреди врската и она кое го добива од истата?
    Леле...сериозно,мене ме изнервира типов,само што читам,не па да ми се случува... и некој шамар би летнал. |(
     
    На baby-star, LaraSolare, PeaceLoveBasketball и 38 други им се допаѓа ова.
  15. Deemy

    Deemy Популарен член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2012
    Пораки:
    689
    Допаѓања:
    7.295
    Пол:
    Женски
    Jас како што имав случај со ваков тип тој беше и финансиски и емотивно скржав и мене тие две работи ми идат во пакет и некако ме зачуди Aнгел што го фали како е емотивно ок и како ги велича некои постапки негови кога некогаш и се понудил нешто да и купи за дома итн.

    Hекој што е емотивно,духовно богата личност не гледа се низ призмата на парите,не ми е логично да ситничари за 100 ден. поготово со сопствената девојка

    Tаквите како мојот на пример се крајно егоистични и себични,на него само моќта му беше да успее да има пари,скапи работи итн тоа го сметаше за најголема вредност,како комплекс некој,а незнаеше за духовност и емоции значи емотивен инвалид,но затоа па многу сакаше него некој да го опсипува со внимание и љубов,а моментот кога он ќе покажеше малку љубов тоа требаше да се цени и велича и мака ми стана што е таков и знам дека никогаш нема да се промени,мака ми беше да се расправам за пари да просам за една пијачка да делувам како спонзоруша,а пак најлошо нешто да просам за љубов,а на таков никогаш неможеш да му докажеш дека не е во право за материјалното секогаш ќе те направи спонзоруша,а за емотивното како да треба да го цениш што некогаш по грешка ти искаже емоции и се однесува како што треба како ќе нема да најдеш некој добар како него што те сака како со него имаш се итн. и несакав да дојде до брак и деца зошто ситуацијата ќе беше многу полоша недај боже да не работам или да имам помала плата од него се ќе ми вади на нос затоа за мене тие две особини ми одат у комбинација ама незнам секој за себе си гледа на работите
     
    На Nati.P му/ѝ се допаѓа ова.
  16. calliope

    calliope Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    15.992
    Пол:
    Женски
    Штом типов сам барал Ангел да пише на темава, гарант досега има прочитано.
    Епа...оператор 15, една порака до Скрже...од Каљопа: Скрже, немој да се циганчиш. Фала.

    Имаш 25 години и не е малку 6 од истите да ги истрошиш на една личност. Ти со него си стекнала многу навики на кои сега гледаш како секојдневие, па му прогледуваш низ прсти.
    Се гледа дека ти пречи, нормално, но ти се чита и стравот, она “леле, што ќе помисли? да не ме остави? да ублажам ситуација...“ се гледа дека пробуваш да го одбраниш истовремено, тешејќи се дека тоа е така и готово. Јас перфектно те сфаќам. До пред многу кратко време и јас бев во ситуација каде бев емоционално приврзана, па си наоѓав секакви оправдувања, па си префрлав секакви кривици на себе, па може ова, па може она...абе изговори. Ама, вистината е едноставна: ако ти значи некој, двајцата ќе работите на тоа да ги поправите оние нешта што ви пречат. Повторувам - двајца, ниту едниот сам да си ја чука главата, ниту пак да се вмешуваат 300 други личности. Ако на твојов му треба некаква си потврда, поттик или што и да е, од анонимни девојки на форум, тогаш прости, ама тој не го цени твоето мислење.
    Да не навлегувам во детали за себе, овие поактивните знаат што мустра бев пред некој период, а сега ми иде да си пукам во колено од таквото мое размислување...туку поентата ми е да не се плашиш дека би останала сама или не знам што, и да не бараш оправдувања зошто првенствено постапките му се банални. Ако се клештиш бре за 2 евра во 6 годишна врска, што понатака жити ја?
    Не сакам ни да замислам како би делеле пари за пелени или чек мама ќе купи молив, тато гума, ама ако гумата е 4 денари поскапа од моливот, мама ќе му врати на тато 2, за да биде еднакво.

    Јас самата мразам друг да ми плаќа, па најчесто делам или јас плаќам, ама тоа го правам од срце, оти го ценам човекот, а не она што ме почестил, та да правам математики дали сум во ќар или загуба кога нареден пат тој/таа ќе плати за мене, ама типов е претеризам без усул.
    Така да си изнакупува 5 кошули и патики, а мене да ми пререче за смешни 125 денари, има цел град да го обрнам да најдам 250 парички од по 50 дени, па ќе му ги расфрлам сред улица, ќе го отерам у три лепе и ќе си го гледам сеирот дури трча да си ги собира.
    Размисли си убаво. Ако повеќе му значи да се расправа за 125 денари отколку да те насмее и види среќна, I have bad news for you.
     
    На baby-star, SexiLy, rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr и 23 други им се допаѓа ова.
  17. MarcheloGirl

    MarcheloGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јули 2011
    Пораки:
    75
    Допаѓања:
    13
    ај и ја да кажам за бившиот.ја и он секогаш сме плаќале секој свој дел, ја така сакам. и стварно така ми е најубаво. што се случува... шетаме ние една вечер и му викам ’’ај до продавница да купам чоколадо’’.. отидовме, он купи уште некои работи и плати све.. изглеговме надвор му дадов 30 ден и не можев да најдам уште 10 у ташната (имав, ама носев мала ташна, не ми го собираше паричникот и парите ми беа расфрлани)... и он као ’’ај не треба’’. седнуваме на кеј, праиме нешо муабет и он ми вика ’’ја ти ја платив чоколадата’’ и ја :o ’’па ти дадов пари’’ и он на тоа ’’да, ама ми дужиш уште 10 денари’’. ја вадам све од ташна, наоѓам пари, му давам и он ’’е сега е све ок’’. искрено, ми идеше да му ја :puke: чоколадата. кај вика нема проблем, па после си ги бара парите. за 10 денари...
     
  18. EleMental

    EleMental Популарен член

    Се зачлени на:
    16 мај 2011
    Пораки:
    753
    Допаѓања:
    4.243
    AngelofArh

    Колку ли само енергија си истрошила правдајќи го и пред себе, и пред друштво,а сега и пред форум..

    Ти мислиш дека само ни ја објаснуваш вашата врска, ама секое зборче го насочуваш кон оправдување на неговото однесување. Го правдаш, чупе...И тоа баш бидејќи си свесна колку не е во ред.

    Треба да се биде штедлив, да се планира за иднината, да се калкулираат парите бидејќи во спротивно се живее од денес за утре.

    Но тоа што тој го прави не е домаќинско однесување. Тоа е не ми е гајле за тебе однесување. Тоа е кој те ебе тебе и твоите чувства однесување. Тоа е тука сме 6 години но не те чувствувам како моја однесување.

    Барем не го правдај, кажи си ДА, МОЈОТ Е СЕБИЧНО ГОМЦЕ ама ете со него сум сепак. Форумот ја согледа ситуацијата.

    ААјтт

    Едит: а кога неговите пријатели идат на ручек кај тебе, тој се понудува да сподели сметка? Ееее џентлмен на мајка :bow: :bow: < - ова ми беше најдобар дел од твојот пост
     
    На baby-star, rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr, LaraSolare и 28 други им се допаѓа ова.
  19. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.778
    Допаѓања:
    12.307
    АУУУУУУ аккви примери кажавте сите, па овој мојов најмалку скржав ќе да бил. Леле, не е убаво така, јас си штедам, гледам да не се расфрлам, ама знам да частам и не жаал, ќе платам пијачка, сладолед на друг. Еднаш имаше ситуација дечко седи со нас 2 девојки, пие кафе, јас првпат го гледам , а другаркава го знае и му се јавуваат по телефон да побрза за некаде, вади 1000 ден да плати, а немаат ситно да му вратат, му викам не е проблем, вадам пари плаќам за сите тројца. Си отиде дечкото скиснат посрамен зошто јас платив, не се осиромашуваме за 100 ден, за тројца платив 180 ден.
     
  20. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.339

    Те сватив, туку поентата ми беше дека друга девојка како тебе, која ќе ги трпи неговите постапки тешко дека ќе најде. Суштината ти ја образложи Лилит, само собери 2+2 ;)