Ај пак јас на темава, ама ме изиритира кога на друга тема прочитав ова Добро бе, Ангел, уште што треба да направи човеков? Ајде малку прибери се, те молам, и свести се. ОВА за тебе е човек со кој сакаш да го поминеш животот?! Ова за тебе е ЧОВЕК?! Извини за искреноста, ама кога пишуваш вака јавно, си земам за право и да си го кажам мислењето... ОВА не е можно да го сакаш! Мене ми личи како од Х причини да си среќна што имаш некој, веројатно заради сите неубави работи со кои си се соочила и се соочуваш во животот, ама дека може да сакаш нешто вакво... ти недостасува самопочит, дете (извини, ти велам дете зашто прилично сум постара од тебе и зашто ти кажувам како мајка) и мора да поработиш на тоа. Тој бил, е и ќе биде циција која не те почитува, ти прашај се зошто сето тоа го трпиш и се убедуваш себеси дека е ОК? Не е, верувај... И посилна си од што мислиш, не се плаши од иднината, а најмалку од иднина без него
Ангел, не, не си се помирила ти со ситуацијата зашто многу го сакаш, туку зашто се плашиш да го оставиш. Тебе целиот свет ти е во него и неговите пријатели, веројатно нема веќе ни кој да ти каже дали ова што се случува е ок или не е, а ти од страв што би било кад би било, ги буткаш проблемите под тепих. 6 години...веројатно 5 од тие 6 ви поминале во финансиски анализи, со тоа што он е многу повеќе во плус од тебе а ти си минус и финансиски и емотивно, а богами и нервно. Дечково не би сакала ни да ми е познаник, а не другар, дечко или маж. Ме интересира само, домашните негови знаат за ова цепидлачење, ова од некој го научил или е самоук на темава. Викаш од таквата штедливост купил кола и не знам што...па со сите тие пари што си му ги дала и ти за овие 6 години може и 2 коли ќе можеше да купиш. Како што гледам, дечково е добро ситуиран, а и те читав некаде по темите дека е спремен да ја жртвува секоја слободна секунда за да работи и да има повеќе, значи несомнено збориме за материјалист. И не можам да разберам, како може да делиш пари за бензин со него дури и за возење низ град? Броите барем колку км биле поминати со тебе, а колку он сам, па сразмерно на тоа и да поделите?? Да ме враќа дома(и притоа да не ми глуми таксист), да плати пијачка, вечера итн. не е спонзорирање, тоа е знак дека е великодушен, џентлмен и дека утре ќе се постави заштитнички спрема мене. И не навлегувам во тоа дали има, нема, дали може или не може. зашто твојов дечко дефинитивно може. Следен пат кога ќе ти побара за бензин за дома да те врати, понуди се да компензираш со тоа што ќе му ги испереш и испеглаш петте кошули-тука е вклучен детергент, струја и вода Само пази да не ти побара пари и за амортизација на колата.
Па ако ме прашуваш мене,тој е многу свесен во тоа,затоа ја држи уствари на стенд бај. Прво не сакал типот да живеат заедно и куп такви ситници,не е само скржавоста во прашање. Ама во прва прилика ако сретне некоја која ќе го подбере квалитетно и ќе и ќути како попче,повеќе ќе ја почитува и сака и ќе и исполнува желби,отколку Ангел која му угодува,плаче и кубе коси и се нервира. Она е скроз повинета на него што е многу тажно. Он ја држи ко сигурна добивка во случај да не може да најде друга... Во ова не може да ме разубеди никој дека не е така... Прва прилика типов ќе ја здува,а она ќе се осеќа поништожно него ли секое негово понижување со париве и други нешта... и тука ќе дојде моментот на вистината и што понатака...понатака чорба. А што се однесува до тоа гледање други жени...јас сум гледала повеќе по туѓи женски гзови него ли дечкото... а и никад не ме гаѓало тоа ако се согласи дека има таа и таа добар гз... пошто и мојот не е за фрлање мислам... Љубоморни испади не се на цена каков сака нека е типот,во тој случај тоа е слабост на Ангел,не на типот... А и најмирното маже загледува,суптилно,може само не коментира... Јас познавам и нескржави мажи кои си купиле и кола и стан и ринтаат,работат и имаат време за се и одат на одмор,чак што више и на девојките им плаќаат (нешто кое не го разбирам и јас не би го прифатила) и упишале и мастер и се...така што...И не дилаат дрога и не шверцуваат цигари де... Ангел тој коа ќе побара топлна у кревет барај му за амортизација на душекот... Каков тип... нека спие гушнат со парите под перница!
До дотичниот: Не биди педер, менувај пред 2,500 вртежи во минута кога возиш градска, колата троши помалце така. И фаќај кратенки низ град, не како таксистите релација Козле - Центар ќе се обиде да помине покрај Зоолошка . Си ја обработил убаво, отишле пријателите и самодовербата и е под колена, ама сепак не биди педер, вози по економично, во 6 годишна врска си таксист, и од нејзин џеб излегува ова, мачо. П.с. Леле сакам да му го видам суратот кога ќе ги чита коментариве. Еј да, имаш поздрав од мене kafe-muabeti/specijalen-pozdrav-do-t472/27070.html#p1398360
Ајдеееее, јас предлагам една хуманитарна акција по 5 денари да донираме за да му ги вратиме тие 125 денари на дечково на AngelOfArh! Добро бе, како не му е срам?!? 6 години заедно, јас не знам како си издржала ако вака прави за секоја ситница, катастрофа! Па одозгора и коментира за други женски пред тебе. Алооооо!!! Јас не го оправдувам тоа, ма колку сака нека е згодна типката или како и да е, до мене е, со мене е, мене ќе ме гледа и мојот гз ќе го фали колку е добар! Ако не, тогаш нека си бара друг. Мене ми се таквите коментари понижување. Така да, колку и да го сакаш дечково, јас мислам оти треба да му дадеш еден шут и нека си тера како сака. Ми изгледа оти повеќе си го сакаш него, отколку себе, што е многу лошо! Немаш никаква самодоверба, се газиш самата себеси.
Mалку грубо нападнавме сите со коментариве,ама реални се тоа е вистината си се отвори Aнгел на форумот и добро е што доби толку искрени и реални одговори,макар и да звучат грубо и да ја погодуваат,ама се надевам ќе и влијаат и ќе донесе паметна одлука. 3ошто и самата сосема реално си опишува колку е свесна и колку и смета и и е мачно што дечкото и е таков,како не е среќна со тоа,но потоа се обидува да го оправда на некој начин како да треба да е среќна што е воопшто со неа. Oтишле годините,поминало доста време,со пријателите се одалечила,самосвесноста и таа и избледела и не е среќна ама ич што дечкото и е таков,ама од страв да не после толку години остане сама,па дали ќе најде воопшто некој друг,дали ќе има со кој да излегува се труди да го истрпи и да го оправдува,но и дошло преку глава Aнгел подобро сама него со таков човек,колку и ти и сите ние да му бараме оправдување нема стварно нема никакво оправдување и не се теши дека можеби ќе сфати и ќе се смени зошто нема знам од искуство и да вети некоја промена нема долго да трае. Bрати си ја самосвесноста,паметна си,образована,самостојна не дозволувај времето да ти поминува вака,па ти си го плаќаш секој момент секое излегување со него,да си била сама барем ќе си излегувала опуштено кога имаш и повеќе пари би заштедила и би запознала нови луѓе,а вака ем времето ти поминува,ем парите си ги трошиш и нервите исто така ама ти си знаеш најдобро и можеби премногу се внесувам во темава,ама имам искуство со ваков примерок и се нарвирам затоа и како што читам доста девојки имале искуство со некој ваков,а јас мислев дека ваквите се редок вид
Горе доле нешто што читнав и претпоставувам што е проблемот ... Ангелче, твојот си набил комплекси и тоа големи. Душо ти вака со него не можеш уште долго. Себичноста негова е негова карактрена црта. Уште додека сте вака во врска добро размисли дали можеш да продолжиш со таков човек кој те зел здраво за готово и не цени баш толку се што правиш за него, а верувам правиш и повеќе од доволно. Комплексите негови нека си ги лечи на друга.
Ангел ти си свесна дека те зел здраво за готово. Очигледно тој не ни покажува дека е поинаку. Јас не сфаќам што бараш со него, делуваш на далеку од среќно заљубена девојка. Убава си, паметна, добра, во што е тој подобар од тебе, што тој прави за тебе за да бидеш со него? 6 години врска не се никаква пречка за прекин, а реално и љубовта по некое време ќе избледе кога ќе најдеш некој кој ќе се однесува спрема тебе ко што треба.
Angel со таков циција не може да се живееш и да си среќна, колку и да се убедуваш во спротивното.Волкот го менува крзното, но не и карактерот.Зборувам за брак како ќе живееш со него?И да те убедува ќе се смени дека тогаш за сигурно сте заедно или такви слични глупости не е точно.А ако се разведете како ќе се подели имотот?Оваа идеа ми дојде од еден пример каде што жената била штрекната и ги чувала сите фискални сметки заедно со сметкопотврди во куфер за секоја купена нејзина работа за во случај да се разведат да си земе се што си го купила.Ако си со него да не те чуди и до ова дереџе да дојдеш
Грубијански и глупаво, не смеам да судам, но... АнгелОфАрх, свесна ли си дека во суштина вашата врска е „ти го сакаш него со целата душа, а тој те сака тебе онолку колку шо сака да потроши за тебе“?! Едноставно, целосно се пронајдов во односот Трендафилка и Хуго нејзин. И според мене, тука не станува збор за ненормален, туку напротив, најнормален однос на она што сите го нарекуваме врска. Јас повеќе си ја сакам мојата еднаквост во неговите зборови „се што е мое е и твое“( и обратно секако) отколку половата рамноправност и ситничарење за не денар туку милијарди денари И, искрено, оној кој скржави на пари и половници, скржави и на чуства, или едноставно не му се битни. Велам јас оти и луѓето и парите ќе гнијат во еден кревет
Angel...Колку само искреност и пред се , храброст треба својата приказна да ја споделиш на еден форум и плус да си свесна дека твојот сакан те чита тука...Браво за тебе! Мислам дека тоа е добар знак дека полека се освестуваш со кого си имаш работа! Излегувај, дружи се , сврти се околу себе! Животот може да биде убав ако ние самите го направиме таков. А, имаме само еден живот! Можеби некаде во твоја близина се крие некој со полно срце љубов и внимание за тебе. Некој ДОСТОЕН за тебе. Премногу си млада, така лесно да се предадеш на некој за кој си самата свесна дека не те заслужува. А до дечко ти....Брат, со жена така не бива.Порано или покасно, ќе ти избега... Ако не ни веруваш на нас , жени - прочитај го погоре мислењето на Elemental , почитуван МАШКИ член на овој форум.
Првиот момент од кој јас се запрепастив во целава ситуација е желбата на дечкото да биде поставен проблемот на форум и јавно дискутиран, кога знае дека девојката му е со отворен идентитет. Дали целта е да се потврди дека да, Ејнџел го сака премногу и да, нема да му се скара иако ја расплакал како мало дете за 100 денари, да си го потврди статусот на мачо во врската и јавно да ја допонижи уште толку, не знам. Не знам и зошто толкава потреба да се оправи нешто кое очигледно оди на криво, а сосила се тера право... На човек можеш да му земеш, а не да му дадеш на сила. Дали стравот е присутен кои многу девојки го имаат дека нема да има некој подобар, дали љубовта е слепа и голема, не знам. Дали можеби што годините од кои сте ја почнале врската, како многу мали, (за кои уште свесно и одговорно тврдам дека не се за озбилна врска ) па уште си имате некои нерешени прашања, не знам, стварно. Дали ти многу толерираш па некој се мајтапи, и тоа не знам. Исто не ми е јасно, зошто во сите овие 6 години, парите ви се толку важен момент на дискусија. Мислиш имате потпишано договор за соработка од 1500 страни, во која двата клиента се обврзуваат на 50-50. Никогаш досега не сум се однесувала вака, а живеам веќе втора година со цимери, па видете сега... делиме ферски, да, ама некогаш јас пуштам, некогаш другата страна, мислам, нема поента зошто некој би се замарал за некои ситни пари. Губење време и енергија, неповратни средства. Ме интересира дали би отишол толку далеку дури и да потпишете предбрачен договор? Сите мои дечковци, мувачи, како сакате речете ги, дечки со кои сум минела време, биле крајно фер спрема мене за ова прашање, не се ни дискутирало околу ова. Некогаш ми плаќале, некогаш сум платила, некогаш сме делеле, мене тоа воопшто не ми е чудно , посебно во последните две години, кога живеам со цимери, мора да се функционира без губење време и енергија. Сигурно не осиромашив оти сум купувала леб за сите да јадеме или ако од дома ми прателе нешто плус за јадење или ако купам кафе, мислам, тоа се ситни работи кои се ценат. Ама до човекот е, некои немаат осет дека само зимаат а ништо не даваат, во случајот, со момакот. Јас да работам и да зимам солидна плата, никој околу мене нема гладен и жеден да седи, посебно не некој со кој би планирала заеднички живот... Овака со минимални пари и купувам секогаш нешто на сестра ми, некое сјајче, лакче, карминче или ланченце, и МЕРАК ми е кога ја гледам среќна! А да имам пари да си купам кошули и патики и да се развозувам со коли, и да се карам за 100 денари... Испод ниво ми е. Овде не зборуваме само за поставеноста како дечко, зборуваме за тоа како човек каков е, можам да замислам колку е истрауматизиран ако некогаш купи фазла ѓеврек за некој колега. Човек дека ќе се смени нема. Јас сфаќам штедење, еве и јас штедам, морам, што да правам, условите ми се такви. Ама штедам на непотребни работи, штедам со тоа што си купувам кафе од кафемат, штедам со тоа што го пуштам бојлерот на евтина струја и штедам со тоа што си готвам, а не штедам со тоа што не јадам и не пијам ништо и не се бањам и не уживам во буквално ништо. Тоа веќе не е штедење, тоа е скржавост. Оти не работиш ти Ејнџел за сметки да платиш, и ти сакаш да заштедиш и да имаш некој денар настрана. Сега сигурно има и некоја друга страна на приказната, не викам не, можеби навистина не си добра во раководење со пари, можеби купуваш многу непотребни работи... Не знам стварно, имам уште многу да кажам, ама премногу сум зачудена до каде може алчноста да оди и што ти прави растењето во Македонија. Стискај сине, за тебе нека има, другите, кој ги ферма... Можеш ти многу подобро Ангелче!
Ангел јас мислам дека дечково и покрај тоа што сте 6години во врска не те сака доволно и не те чувствува за доволно блиска,па оттука и секојдневното израмнување на сметките.Ти можеш да чекаш прстен и понуда за брак,но од овој дечко тешко дека ќе ја добиеш.На почеток на врските сите делиме или сме делеле сметки ,но со тек на време и како врската созрева ,така парот почнува да функционира на база СЕ е заедничко.Кога тоа ќе се постигне парот е спремен за брак,затоа што тоа покрај љубовта е и суштината на бракот,да нема твое-мое,а уште помалку делење на пари за тоа кој колку изел/испил.Вие ако утре имате деца и нив ќе ги делите 50-50? Или парите за нивните потреби? Вие сте стигнале многу далеку,но од старт ви избегала суштината !
Јас најискрено морам да ви се извинам, сум грешела многу. Ја поставив темата на дневен ред додека се чекаше да чукне саат за театар, ги извадив на маса сите проблеми и непроблеми, си ја кажав маката. Констатиравме, во право си, да, го разгледавме прашањето за иднина, нема да има вакво непромислено понашање и слично. Тогаш му кажав, сакаше Фемина, ете ти фемина, повели, 7 страни се дискутира за твојата скржавост. Најпрво како што е ред му го прочитав моето мислење, е овде запнавме. Се сложивме со се, од почеток до пред крај некаде, СЦЕНА, не било сцена тоа што тој ми го направил на мене упорно тврдејќи дека не сум му ги вратила парите, сцена било тоа што јас сум тврдела дека сум му ги вратила парите. Да се разбереме, погрешно значи сум го поставила проблемот, иако е истиот во суштина. За мене сцена беше тоа што јас си ја тупам главата да се сетам и го убедувам дека сум му ги вратила парите а тој ладнокрвно тврдеше дека не сум му ги вратила парите. 125 денари, налет нека се. И така фино лепо, театарот помина, дојдовме дома и дискусијата продолжи на мое барање, и пак истото. Сума сумарум, јас сум била финансиски во плус во нашата врска, тоа го добив како одговор, и мил мој ако читаш, сите пари на светот нема да ги исперат тие зборови од синоќа, ќе ги памтам за навек. Покрај тоа уште неколку фино формулирани зборови, неколку пати до дома без да платам за гориво, па плаќање за гориво ама не со алал, парите кои ги позајмил а не сум се однесувала благодарно за тоа, или со негови зборови, кај човек ви позајмува па и да се нервира. Миличок, ова е тоа, дното, кога не разбираш дека не се парите туку е душата. И така, помина пола ноќ во плачење, останатата половина во кошмари, утро без два реда муабет. Не велам девојки и момци дека јас сум идеална, некогаш и јас сум знаела да заборавам и да направам некоја непромислена работа, да кажам нешто што не треба, ама во изминативе 6 години, јас се предавам, се изморив од делење, цепење и доделување, од достигнување на неговите барања, да бидам поубава, да бидам послаба, да бидам подобра девојка, да не грицкам нокти, да не... Во право сте можеби, но јас длабоко во мене пак ќе најдам начин да го оправдам пред секоја од вас, некоја мала светлинка, и пак ќе погрешам, знам и сигурна сум, ќе погрешам. И да бидеме на чисто, не сте вие виновни за исходот од оваа работа, едноставно млекото прекипе.
^^ Далеку од тоа дека било кој од овде посакува една врска да заврши и некој да се нервира, но верувам дека сите сакаат правдата, одн. вистината да излезе на ваша виделина и да најдеш решение. Бидејќи, залудно и мачно е да очекуваш веридба, прстен, брак, кога тебе уште одамна те мачат навидум ситни, но во душата крупни проблеми. И подобро биди среќна што не дошол моментот -прстен, пред да расчистиш со некои работи. На дечко ти можеби ќе му текне, но верувам дека доцна ќе се сети каде греши, а можеби и нема да го признае тоа никогаш (што е најлоша варијанта за него), бидејќи во тој случај никогаш нема да најде жена која ќе го трпи тоа. Тој не сака да разбере дека не станува збор за финансирање, одн.спонзорирање на девојката, туку заедничко располагање со парите, како твоите, така и неговите. И на крај само ќе додадам, како си можела толку долго да му простуваш и да живееш емоционално повредена? Јас такво емоционално измачување би прекинала во старт. Немаштијата може да се преброди, но ваква непочит се врежува длабоко во чувствата.
Јасно ти е дека на секој начин пробува да те натера да го оставиш, нели? Сега единствено можеш да бидеш благодарна кон себе, а и кон него, за сите поминати години и за целото искуство што си го дадовте, и да си го продолжиш животот како што доликува - човечки, а не да чекаш трошки од човекот кој треба да те држи во раце. Не е поентата само ти да сакаш.
ангел добро е што си решила да разговараш на темата со твојот дечко и конечно да се ослободиш од тој товар што те мачел цело ова време. да не се повторувам со останатите феминки сакам само да ти кажам една работа бидејќи те ценам на форумот и си ми драга особа:" немој да ја правиш истата грешка како поголемиот дел од жените што мислат дека мажите ќе се сменат во брак. тоа е негова особина негов карактер и неможеш да го смениш тоа. што кога утре ќе бидеш мајка и без работа за да го гледаш детето? нема да ти купува јадење бидејќи не заработуваш? извини но ваквата љубов мене ми е нејасна кога е некој толку време заедно и ако вистински те сака секој денар ќе го делите заедно и ќе сонувате за подобри времиња.... на почетокот на врската јас кога немав ни денар срце ме болеше и запишував се што ми плаќал за да можам еден ден да му врата а тој беше со мала плата но ги трошеше на нас, ме однесе на одмор во охрид сместени во една собичка беше толку скромно но најбитно беше да бидеме заедно никогаш нема да му го заборавам тоа, тоа за мене е пожртвуваност и посветеност на љубовта и врската ти посакувам се најдобро и со ум во глава
Ејџел, џабе се драга ако сама не сакаш да си среќна. Се’ од слабеењето, разубавувањето до негрицкањето нокти се само прости примери дека за себе треба сето тоа да го правиш, а послем за некој друг. А извини, јас добив од прва впечаток како што кажа Моира оти дечково со сила те тера да го оставиш, као сама да ти текне. Зошто бе драга сакаш да се мачиш?Покрај се’ што си поминала не заслужуваш малку љубов, внимание и среќа и со насмевка да минуваш понатаму низ животот? Сами се си правиме. Ако не се почитуваме сами, па како тоа од други да го очекуваме? Оди среди се, намирисај се, стави ги твоите омилени штикли, наполни се со самодоверба и прошетај, зрачи среќа.Можеш без него, немој да дозволиш да си врзана емоционално, финансиски како што тој прикажува , ма било како. Биди онаа што ТИ сакаш да бидеш.Одлуката за сопствената среќа е твоја. Твое е да и добредојдиш на среќата или да и ја затвориш вратата.
Oстај за 125 денари, ако треба JAC ќе му ги пратам по пошта, само нек не плаче, и нека не те нервира. Mене ова ми забоде очи Mногу ме интересира, тој што лепотан е, и колку е надарен, мајке ми . ..