Секако дека за мене ги правам сите тие работи, и рзубавувањето, и негрицкањето нокти, и слабеењето, јас се трудев да ослабам и пред да го запознаам него, јас се трудев да престанам да грицкам нокти и пред да го запознаам, јас се разубавував и претходно, но на поинаков начин, тогаш имав друг стил кој беше и друг начин на живот. Не велам не, сега се осеќам поубаво, едноставно тогаш сум била дете, ама мајко му стара, јас сменив толку многу работи а тој една скржавост не може да ја промени. А што се однесува до тоа дека сака да му раскинам, не знам што да кажам, не велам дека понекогаш и јас не се осеќам така, ќе ве излажам ако тврдам поинаку, ама секогаш поминувало се. Овој пат бев решена да истерам се на виделина, очигледно е дека не сака да се решаваат проблемите туку да се пикаат под џергиче, епа јас не сакам да темелам живот врз база на скриени проблеми. Јас го сакам и сакам да имаме подобра иднина, која со сите сили ќе се обидам да ја создадам, а ако тој не сака, не е мое да се трудам понатака. Знам дека ќе добиеме уште една шанса, и знам дека оваа шанса ќе биде последна, велам ќе добиеме бидејќи сакам сега и јас да пристапам поинаку. Многу ми помогнаа вашите мислења, навистина, ја согледам реалноста преку други очи, да бидам искрена.
Морам да бидам искрена, ќе ти кажам дека навистина твојот пост ме наполни со негативна енергија, т.е навистина се згрозив какви се мажи, да не кажам НЕмажи постојат. Јас не знам како можеш да опстојуваш покрај таква персона, не знам како можеш духовно и емоционално да се храниш од некој себичњак како него, и не само за парите, потрагичното, себичен е на емоции. Тој наместо како своја девојка, да направи да се осеќаш НАЈУБАВА, од него само спртивен ефект добиваш, очигледно те наполнил со премногу комплекси, несигурност, и не доверба во самата себеси. Да зборува за газови и цицки пред тебе, онака на нападен начин, за други девојки, каде е неговата почит, каде е неговата љубов кон тебе! Ти си фина девојка, а воедно и паметна,сум имала можност да направам муабет со тебе, се надевам дека на време ќе размислиш, подобро 6 пропаднати години, отколку празен живот со ваков човек. Jас за мене кажано, воздухот не би го делела со ваков, а не па креветот и животот.
Ангел, веќе ги прочита сите мислења, прилично ти е јасно каква е ситуацијата. Да не тупам и јас со истите муабети, си виде, и верувај, сите коментари до еден се во право. Боли, знам, но тоа е. Сега нешто друго да ти кажам. Нешто од мое искуство, од моја завршена 6 годишна врска. Верувај ми, знам многу добро како минела цела ваша врска, етапа по етапа. И јас сум од „провинција“, и јас плаќам кирија и сметки, и јас се борам со секоја плата од 1ви до 1ви, и јас имам 25 години, и јас сум била со некој 6 години (од 1, и јас сум ги имала истите проблеми и истите мисли. Кога ми стана јасно дека не оди, дека нешто е гнило во државата Данска (како што ти велиш), седнав и си размислив. И знаеш што? И јас се соочив со истиот ѕид како тебе. Ама јас сум сама, јас го имам само него ???? Па како тоа? Еве вака. Ја имав сестра ми, знам дека и ти ја имап сестра ти ама како што читав таа си има сопствена фамилија. Ги имам моите - моите не се Скопје. Имам 3-4 вистински другари/ки, но и тие веќе се со озбилни врски, вработени, живеат со партнерите, свои животи. Јас, јас го има дечко ми. Дополнително, веќе живеевме заедно (нели сите што беа блиски до мене или завршија факс и се вратија по дома или почнаа да живеат со партнерите). И сега ако јас раскинам, прво и основно, со кој ќе живеам? Второ, со кој ќе се дружам? секако, ги имам/в тие неколку другари/ки, но да сме реални, нив ќе ги гледам еднаш во две недели, секој со своите обврски нели. Што ќе правам јас кога ќе се вратам од работа? Што ќе правам за викенд? Со кој ќе славам празници делници, нови години, мај-еви и сл? И знаш што? Бев преплашена. И згрешив. Многу згрешив. Решив дека и покрај гнилото, нема што да правам, што сум дробела, тоа ќе си сркам, ќе си останам со дечко ми. И останав уште нецели 2 год Сега искрено си се гадам самата себе си кога ќе помислам на тоа. И знаеш што се случи тие 2 години? Си ги тренирав нервите, се измачував, и тоа не само себе си, туку и дечко ми. На крај станавме како брат и сестра. Евентуално му ги простив сите претходни гревови, ама му ги простив поради тоа што престанав да се замарам, т.е. тој престана да ми биде важен на тој начин. Престана сексот, престанаа емоциите, престана се`. Овие мои чувства некако се одразија и на него и тој се претвори во моја потполна копија. Најлошото беше што не ги изгубив емоциите само во однос на него, туку ги изгубив емоциите во целина. Останав празна. Шуплива. Дупка. Ма како сакаш наречи го тоа. И ден денес (година од кога раскинавме ќе правиме сега во демекври), јас се` уште сум празна. Мене ништо не ме прави среќна, ништо не ми буди трепет, ништо не сакам. Волја нула. Се`едно ми е. Детето во мене умре. Ај јас настрана, ти си уметник. Тебе емоциите ти се с`е. Ти го вадиш својот леб од тие емоции. Што кога ќе пресушат? Зарем некој на кој си потрошила 6 години е вреден за тоа? Батали прстен, батали заедничко живеење, ма не ни помислувај на тоа. Уште повеќе ќе потонеш. Беседеше низ форумов дека тој е посветен на работата, нема време за тебе. Што ќе биде доколку живеете заедно? Ти ќе си дома, ќе готвиш за него, ќе се трудиш да го усреќуваш, а тој? Тој ќе минува низ станот како низ кафич. Буквално само за јадење и спиење. Друго нешто, јас работам, ама мене работата не ми е сигурна. Работам 3 години веќе во иста фирма, се вработив веднаш после дипломирање, платата е солидна, ама знаеш што? Јас не сум осигурана. И никогаш нема ни да бидам во оваа фирма. Може буквално одма да летам од работа. Не знам тебе колку ти е сигурна работата, нејќам да мислиш дека нешто лошо ти мислам, ама што ако по некоја случајност останеш без работа? Што правиме тогаш? Од што ќе му плаќаш на дечко ти? Или па ако се земете, ти си трудна, при крај не одиш на работа нели, па и после пораѓај. Од што ќе зависиш ти? Од дечко ти ќе бараш пари за автобус? За кафе? За цигари? За влошки? Нема тогаш да ти прави пресметки, да ти префрла? Незнам. Ај веќе кажав и повеќе од доволно. Поентата ми беше, еве ме после 6 годишна врска, кога сфатив дека јас сум на прво место и дека никој не ги заслужува моите нерви (нерви, а не солзи), коцките сами се наредија. Џабе сум се плашела. Требало многу порано да си ги расчистам сметките. Колку и да сум празна, колку и ништо не ме радува, мирна ми е душата. Веќе не одам на 500 кафиња од што нејќам да си одам дома, веќе не се тресам на секое звонење на телефонот очекувајќи лоши вести, веќе не мора да лажам никого дека не можам да излезам со вас бидејќи не ми е добро (а вистината е дека срам ми е да дојдам бидејќи љубоморниот ми дечко ќе ми врти цела вечер и наместо уживајќи јас ќе ја поминам вечерта висејќи на телефон со него), веќе не мора се` што купувам да купувам во два примерока... Доволно е да го прашаш само што направил тој за тебе? Ама за тебе, не за двајцата. Прашај го зошто се фатил со тебе ако сака манекенка? Како си го привлекла дур си грицкала нокти ако тоа му е одбивно? Како те загледал тебе без штикли, нели се врти по 12ка? Прашај го што мајка бара со тебе и од тебе кога ти си целосна спротивност од она што тој физички бара кај една девојка? Го знам и одговорот, го привлекла твојата душа и твојот карактер, бидејќи ти тоа го имаш и за двајцата очигледно. Бегај Ејнџел, те молам бегај подалеку, доста би претрпела, зошто и понатаму да трпиш? Не давај да те исцицаат, тоа е најлошо....
Себични луѓе понастрана од нив,само нервоза и депресија носат нема ништо од такви луѓе,без разлика дали е машко или женско,девојко мјас мислам дека ти се плашиш да ставиш крај,и не си сигурна во себе,моето мото е подобро сам цел животот отколку да бидам со некоја која нема да бидам среќен во животот.поздрав
Дечково не само што е крајно себичен, егоист, туку и не одржува добро врска со реалноста. Како прво, штом почнуваат вакви пресметки во долга врска, тука не знам каде е веќе грижата за другиот, љубовта, како што треба во една врска и во семејство утре да биде -се што е мое е и твое и обратно. Јас да имам ваков дечко пред да го шутнам искрено би му дала и јас на него сметка за тоа што сметам дека во светот денес се наплаќа, а он сакал кај мене да го добие без пари. Бидејки, искрено, за љубов овде не станува збор. Дечково се сака премногу себеси , и таа што ќе биде покрај него секогаш ќе пати. Освен ако си најде некоја со подебело конто од неговото, што не би ме чудело и тоа да му поминува негде во мислите. Второ, за " финансискиот плус" од оваа врска што он си го има во главата, нека разгледа малку околу себе, така пошироко, да примети што е финансиски плус во врска. Ти, Angel очигледно дека не си таква, зашто да беше девојка која бара финансиски плус од врската, немаше да си ја тупиш главата со овој Ситна душа , да не го наречам како што ми иде, туку ќе пукаше високо, и во моментов ќе беше на некое крстарење, или шопинг негде, уживајки, не броејки пари, зашто покрај себе ќе имаше некој кој не само што ќе ти пружеше се што ќе ти донесе насмевка на лицето, ќе мислеше секој ден што да направи за да те израдува, ќе се окупираше со тоа што тебе ти се допаднало за да те изненади, и никогаш не би ти рекол дека ти си во ќар повеќе од него со таа врска ... Е тоа е финансиски плус, а не ова твоето. Ти не само што финансиски пропаѓаш покрај него, зашто се трудиш да бидеш во чекор со него, да не му бидеш должна, а ситуацијата е таква каква што е, Ти и духовно пропаѓаш... Дечково според мене повеќе нервози би ти донел , отколку радост во животот... Не ти е никаква поддршка во животот.... Јас би бегала од ваков на километри, а не да се трудам да го убедувам... Батали го, не се заебувај уште дете да имаш со ваков себичњак, после уште потешко ќе ти биде за нов почеток, а со овој крајот некако се гледа... Не се труди да го оправдаш тука, нема оправдување за него. Тој дури и сега не ја гледа вината во себе и вика како ти си го претставила проблемот итн. Со кои зборови и да го претставиш , суштината е таа... Тој никогаш нема да се промени... Не те сака доволно, премногу ги сака парите... Ќе се промени према тебе само ако ти падне на лото , што шансите се мн мали, и во тој случај сигурно ќе го смени односот, зашто е зинат за пари, ама таква љубов не знам што ќе ти е....
Aнгел незнам како уште имаш надеж и се тешиш дека се ќе се реши кога и самата гледаш како се испонашал вчера и како ти одговорил што уште толку те повредил,тоа покажува колку само нема да се смени колку само си мисли дека он е во право,па уште ти си била повеќе во ќар од него леле се нервирам,и викаш како проблемите сака да ги става под тепих па нормално е така зошто он нема проблем он убаво си ја наредил ти Aнгел ти имаш проблем со него. Jас добро знам по себе,а и сега кога те прочитав како одговорил кога отворено си му кажала за проблемот уште толку се уверив за каков тип станува збор и јас сум била во таква врска и јас сум се трудела да кажувам отворено и да сфати,ама таквите не сфаќаат нема да најдеш разбирање кај него и каење само ќе ти каже дека се е во ред он не гледа никаков проблем,дека треба да бидеш задоволна од него што ете некогаш се понаша добро,што еднаш ми платил нешто и како ако сум сакала некој да ми плаќа се друг да сум нашла,божем тоа бараш од него се да ти плаќа значи одма го вртат проблемот во своја корист одма тебе те наоѓаат крива и некоја што многу бара,а тој се вложува најминимално и финансиски и емотивно,а ти мораш секогаш да бидеш ок и да го опсипуваш со внимание пошто нели ти си женско,а за машкото не личело толку да биде таков,па он имал теории да не покажува толку љубов да не сум го сфатила здраво за готово божем сме на почеток на врска па уште не се знаеме,а мене тоа не ми се може,значи никогаш нема да ги сфатам и да ги применувам тие теории као те сакам ама ќе се понашам ладно,или сега малку ќе те сакам,па после уште малку и така, било да се работи за финансиски или емотивно значи каде влегува математиката во врската таму љубовта си оди,абе јас кога сакам сакам и отворена сум и тоа ми е најголема грешка што неможам да применувам такви глупости,јас сум поминала низ сите тие нервози и несфатеност и сум давала милион шанси и сум чекала промени ама ништо,тие не гледаат проблем нив им е ок и затоа нема да се сменат. A исто кога прочитав како си се трудела да бидеш поубава,послаба,поубаво да се облекуваш и низ тоа имам поминато со истиот,значи се ќе ти најде некоја најмала замерка како уште малку треба да ослабеш,како нешто што носиш па и не му се свиѓа баш и се чудиш како знаеш дека си ок и сама и за сите други си ок а он само ти наоѓа некој мани,сака да ти набие комплекси и колку да си самоуверена па ќе ти биде криво како баш за сопствениот дечко не си баш како што треба и не ти е сеедно абе ваков со вакви особини јас ич не би трпела веќе моето траеше година и пол па и за тоа се каам не пак повеќе време да потрошев. A со тоа што уште велиш дека го сакаш многу и дека ќе се трудиш и се надеваш дека ќе успееш,а гледаш него к.. не му чуе незнам како очекуваш да те разбере и да се смени,ми се чини твојата љубов е слепа удираш со глава во ѕид,не си веќе тинејџерка,треба малку посвесно да размислиш,не се трча само по слепа љубов,треба убаво да се запрашаш кого сакаш и зошто сакаш и дали вреди,и што сакаш ти од една врска и што даваш,а што добиваш,свесноста треба да проработи,паметна девојка си не дозволувај ни една секунда повеќе да поминеш со некој што не вреди и да се залажуваш.
Мразам! Ама не можам да ги поднесам таквите! Штедливост почитувам, и тоа многу затоа што јас сум голем штедајлија, ама кога треба да се покаже доблест и човечност, прва би го извадила новчаникот. Најголемите скржавци/дечковци, според искуства со другарки, колешки и тн најчесто се оние кои најмалку се “стегаат“ затоа што немаат. Најмногу примери, од моја непосредна околина се парови во кои машкото како финансиски постабилно пати од комплекс на супериорност над девојката и мислат дека девојката е таа што „ги начекала“ и си играме „ај баш да видам колку ќе извлече од мене, a колку ја од неа“. И после истите се жалат кога ќе почнат да им се лепат спонзоруши. Па тие ја ставаат мамката! Тие се рекламираат како луѓе кај кои единственото нешто што вреди е она што го купиле со пари. Ги гледаш намирисани со Армани, со кошула на себе од 50 евра и се брукаат у кафич и се издераваат пред цело друштво „Ај да седнеме коа си запнала, ама ти да частиш. Ја частев у средата. *вади дигитрон*“ (пример) И шо да му напраиш на ваков? Тој мисли дека те компромитира пред цело друштво и ти демек ќе се посрамиш и од страв и срам нема да му дозволиш да го извади новчаникот, а тој всушност самиот си се компромитира и се бламира пред сите. Да се поправам, не ги мразам, туку кога ќе подразмислам малку, сфаќам дека ги сожалувам... Сум за рамноправност, но не на база на наплаќање со фискална како да си инкасатор мајку му, туку и двајцата да имаат исти сфаќања по тоа прашање и пример ако некогаш некој некого почастил, другиов да врати, ама на посуптилен начин. Како што правевме ние двајца кога бевме во врска затоа што многу е грдо кога едниот буквално има статус на „крава молзница“ без разлика дали е машко или женско. Оддолжување, да, но на суптилен начин, колку што нѝ се можностите, а не во зависност од сметката од минатиот ручек кој го платил партнерот. Хахаха, на еден другар му го имам направено муабетот... му викам „Што ако еден ден таа почне да зема поголема плата од ти шо сега ја земаш, а тебе те отпушат од икс причини? Дали ќе се чувствуваш убаво таа да ти го прави тоа што ти ѝ го правиш сега? Или тогаш ќе избегаш кукавички од таа врска затоа што не се држиш добро до онаа не го прави она што не сакаш тебе да ти го прават.“ Се согласувам и со Лилит...сега прочитав дека Ангел и другарите се разишле по свои патишта. Доколку се тие виновни за тоа, во ред, но доколку таа е таа која ги “откачила“ несвесно за да може дечкото да кисне кај неа, тогаш таа е виновна. Сакајте го дечкото, ама не до тој степен да заборавите на себеси, на навиките кои некогаш ве правеле среќни и тн.
Уште еднаш ќе се надополнам за муабетот на дечкото дека Angel била во финансиски плус од оваа врска... Овие зборови мислам дека премногу јасно кажуваат за каква личност тука станува збор.. Дечково заборавил дека плусот и ќарот треба да го гледа во работата која ја води, а не да си прави рачуници колку ќарува од врската со саканата... Жал ми е , ама штом се осудува вакви пресметки да прави, тоа укажува дека ако не му се посреќи како што он тајно си посакува, ќе те малтретира со овие прашања цел живот... Не знам што повеќе чекаш, и не го откачуваш... Немал он повеќе ќар, па ти префрла... Дечково е неостварена машка спонзоруша....
А ти сакаш да бидеш прогласена за светица па ќе делиш шанси? Мислам стварно не те разбирам,што ќе постигнеш со тоа,ќе го смениш или мислиш дека ако ти го смениш односот ќе биде поинаку Нема шанси да биде подобро,а полошо ќе биде сигурно. Повторно ќе ги згрешите темелите ,зошто врска не се почнува со пресметки,туку со чисто срце,а чистото срце значи ЉУБОВ !!! Кај вас темелите се утнати ,па оттука и цела куќа ви е климава.Јас не го окривувам само дечкото, зошто можеби токму заради лошо поставените односи тој се однесува вака.Можеби со некоја друга тој би бил сосема поинаков.Разбирам дека ти го сакаш (во што и не сум баш најубедена,повеќе мислам дека се работи за страв од осаменост),но очигледно тој тебе не те сака или не онолку колку што треба,затоа што заљубен човек не се однесува вака.Читајќи те низ форумов сватив дека си многу упорна и тврдоглава ,но размисли дали во случајов тоа се исплати
Ангелче, цени си ги живците и здравјето, тоа со никакви пари не се купува! Комотно можеш и на господинот да му го кажаш тоа! Налет и пари и се, стварно, убаво кажаа девојките, за 125 денари, ма и 1000ка да е, некој тебе да те растревожува, да те прави да се чувствуваш невредна, жалосно и недозволиво. Имам другарка од друг град што студира тука, веќе 4та година, и ја гледам дека понекогаш се мачи да собере крај со крај, ако од дома и праќаат доволно пари, некогаш не стига, некогаш стварно човек ќе заглави, на крај на месец. И не е ич лесно, ама воопшто, да живееш далеку од дома. И он наместо да ти олесни ти отежнува. Колку пати јадела кај мене дома или кај некоја друга другарка, значи сме инсистирале да јаде кај нас за да не троши по кафани безпотребно пари, зашто има разлика од топол оброк дома или некој во кафана или кафич. Колку пати он го направил тоа за тебе, ти предложил ли некогаш кај него дома да јадеш, ме интересира стварно, ако можеш кажи ми. Тој потег што го кажа ти, мене не ми е штедливост, туку малодушност. Само ситни души би го напраиле тоа. И убаво ти рекоа, денес ако е ваков утре тешко дека ќе се смени. Собери му ги тие 125 денари по еден денар во една кеса и фрли му ја нека ги брои, и нека си ја јаде душата што дозоволил прекрасна особа ода изгуби за пари. Незанам колку години има, ама мене ми изгледа како несозреан, алчен човек. Не штеди викаш на душата и на емоциите ама и твоите живци не ги штети, и твоите емоции а тоа па ич не го оправдувам. Види секој човек си има мани, никој не совршен и далеку од тоа, ама искрено понижувачки е некој да ти каже дека те финансира, и тоа упорно да го тврди дека е така, а нема врска дека е. Сто посто сум сигурна дека не го заслужуваш тоа!
Инаку се вознемирив во врска со твојот проблем, зашто јас слично на тоа доживеав во бракот.. Значи додека идев со бившиот, јас студирав, не работев, не располагав со мн пари, за разлика од него, а таа тема на разговор никогаш не ни беше.. Се што имаше за него, имаше и за мене. Уште повеќе што кога почнавме да живееме заедно, тој мене ми ги даваше парите, јас да се грижам за трошоците, и така , јас плаќав.. Потоа откако ни се појавија мн несогласувања, него го насскаа дека сум го користела , а веќе му бев жена со две деца што му родила, и јас него сум го користела!!! Знаеш каков стана? Ќе требаше нешто за децата, он оставаше на трошок на моите, и не 50 -50 туку 90 посто , на моите родители, за да се увери дека не го користам... И потоа почна додека моите ме издржуваа мене и нашите деца, он да си ги троши парите на што ќе му текне, зашто тие биле негови пари....Мајка ми да мисли дали треба да купи нови кондурчиња за детето или друго, а он да си иде да си троши, да не му се мешам во џебот?! За неколку месеци ни се распадна бракот... Не беше тоа единствена причина, но сакам да кажам Во брак никој не станал подобар, или ќе си биде истиот или бетер, за жал...
Аngel мислам дека е време да ставиш крај на твоите маки,да свртиш нов лист во животот,без разлика колку ке ти биде тешко,но таков е животот или ке бидеш играч или ке те играат,оваа во фудбалски жаргон е сега ти одбери што ке бидеш.поздрав и ти посакувам све најубаво
Девојчето само ќе си одлучи дали ќе остане со таков човек или не, може се надева дека ќе се промени кога ќе бидат во брак, може и навистина човекот ќе се смени доколку седнат и да разговараат нормално, можеби го сака и неможе толку лесно да се откаже од него, убаво ни е на нас да делиме совети што како да се прави, ама да почустуваме на своја кожа поинаку можеби ќе мислиме. AngelOfArh слушај се себеси и реши што ќе правиш понатаму, дали ќе се измачуваш или ќе имаш убав живот со тој човек размисли добро. Поздрав и се најдобро
Не знам дали ме следиш ама јас со него воошто вака имам многу убав однос, повеќе можам да му кажам нему него ли на родителите, една пријателска врска која за мене е многу побитна од сексуалната, нажалост се додека не дојде тема на муабет неговата скржавост кој тој ја оправдува со муабетот јас моите пари ги заработувам тешко, со работа по 12-16 саати на ден, саботи и недели, празници и делници, па одтаму и потребата да дели и цепи се. Исто така многу убав однос да имам и со неговите, епетн фини луѓе, имаат некој убав однос меѓусебе и секогаш е пријатно кај нив дома. Кога и да отидам мајка му ме смета за нивно дете, што ручаат они има и за мене, ако останам цел ден знае да направи и убав ручек, со мевце, салата, супа, компирчиња, десерт, со неа имам прекрасен муабет, и со сестра му секако, ги обожавам и двете. Нејзе и е исто така многу тешко што тој е таков, што е скржав и што е пресметлив во се, иако таа е таа која е со тетовско потекло жената дава се што има за мене, секогаш ме бара да ме праша, не ме изоставила за ништо, како свое дете. Значи муабетот дали ме кани на топол оброк кај него, нема место за муабет, секако, јас готвам па честопати не е потребно воопшто. Имаше еден момент додека бев на факултет немав ама баш ништо за јадење, ниту леб, а немав ни пари, кога ќе се сетам ми навираат солзи, тогаш дојде со огромна торба полна со храна која мајка му ми ја спремила, зимница, сирење, тестенини, зејтин, а отиде и ми купи тогаш лебче и уште нешто, тоа ми помогна цела недела да издржам бидејќи моите немаше шанси да ми пратат пари. И не останало само на тоа, знаел самиот да оди да купи, без да има потреба, ќе донесе, веќе реков, не е секогаш ваков, ама доволно е што ете ова се деси за да се изгуби се. Мене храната не ме храни, тоа е само задоволена потреба, да се нахраниш, да заврши тоа, а што потоа, зарем само со парите во џеб и полни стомаци ќе живееме, каде се задоволствата, каде е што вели Лилит џентлменството, па кога ќе ми купел нешто сите дознавале, со задоволство сум кажувала, ете Буце ми го купи ова, за картите за Балашевич, немаше кој не дозна, на мојата среќа и немаше крај. Но во моментот кога тој ми бара пари кои веќе сум му ги дала и не ми верува, па и одозгора ме тера да се докажувам, па потоа со последните пари да купувам нешто што не е воопшто битно во моментот, а кога ќе докажеш и покажеш да ти рече па што ќе те кошташе да ми купиш, тогаш нажалост се заборава се, и позамените пари и носењето до дома во моменти кога си го плаќаш превозот и купените подароци и се. Како што му кажав и нему, животот не е само во парите, постои гордост која кога ќе ја повредиш не се залекува со ништо на светот. Јас сум најискрено благодарна за моментите кога ми помогнал, за позајмените пари, за купените подароци за родендени и Нови Години, но му благодарам и за отворените очи, дека парите за него се поважни од моите чувства, ништо повеќе нема да биде исто. Инаку веќе еднаш кажав дека оваа негова скржавија се однесува исклучива на пари, не е дека го бранам па сега се оправдувам себе си, само јас си знам како ми е на душава сега, да зарежеш и да баталиш 6 години, не е тешко, воопшто, ќе му кажам толку е Буце, до овде било, ќе фрлам низ прозор се што сме имале. Не, иако на сите ви изгледа така, јас не сум преплашена од тоа да останам сама, па јас сум едно комуникативно створење што секогаш ќе најде пријатели, јас не ги отфрлив пријателите поради него, едноставно тие се уморија од тоа да ме викаат секогаш на излегување а јас да не одам и малку по малку престанаа да ме викаат, а не сум одела поради тоа што не сум имала пари, до ден денес кога ќе земам плата идам на кафе, излегувам со нив, организирам седенки и пијанки за другарите од средно. Немате ли вие другари кои ги викате постојано на кафе а тие секогаш немаат пари, не ли ви прекиснало да ги викате и да ве одбиваат постојано, и да ме почастат, ко што веќе кажав, еднаш два пати е во ред, но постојано, не, не е во ред. Тоа е што е, новите приоритети во животот се надевам дека ќе ми го средат не само емотивниот стрес туку и новчаникот, нема повеќе непотребни купувања и влегувања во долгови кај него, колку има толку, тоа е.
Јас искрено многу повеќе би го почитувала ако едноставно не даде ништо, отколку да даде и цел живот да ми го префрла. Штом е со дигитрончето во рака, се` што направил паѓа во вода. И што и ако направил? Луѓе земаат деца од улица, oставени од биолошки родители, ги посвојуваат па им го пружаат најмалку истото иако не само што не може да го чекаат истото за возврат, туку треба и да живеат со фактот дека еден ден можеби тоа дете ќе ги напушти и ќе посака да оди кај неговите биолошки мајка и татко. Ти си му девојка веќе 6 години! Не те нашол на сокак... Е тоа е тоа за кое јас зборувам. Оддолжувањето не „не секогаш“, туку „НИКОГАШ“ не треба другиот да го најави па првиот од немајкаде да се согласи на тоа. Треба да ти дојде однатре, во форма на некој гест со кој знаеш дека би го усреќил оној кој ти значи. За тоа нема потсетување, или го носиш во себе, или не...трето нема...
Tоа дека парите ги заработува тешко и затоа ситничари до денар со сопствената девојка му е никаков изговор и оправдување,па зошто он работи и се мачи не само за себе,туку и да може да си ужива со тие пари со својата љубов,да ја изненади некогаш со нешто,да има за да може некојпат да ја почасти нешто,да и помогне кога е во криза абе парите се за трошење,ама како кога треба да си купи нешто за себе тогаш не се запрашува чекај ја заработувам тешко и се мачам зар вреди парите да ги потрошам на пет кошули одеднаш или тоа е само за него па не се рачуна,он не те смата за своја затоа така се понаша,а малку треба да пушти срце па да биде како што треба не му бараш ти нонстоп се да ти плаќа па да го ставаш на такви големи трошоци,ти бараш да бидете скоро еднакви во плаќањето,но некојпат сам да му текне да те почасти нешто,да те изненади со нешто,да ти купи нешто без притоа да бара да му вратиш до денар,туку тоа да биде релаксирано,а не само да правите пресметки до денар,парите не се поважни од љубовта
Ангелче, само онака прашав, незнаев,те молам немој да се навредуваш, дневно читам по 100тици мислења, неможе се да ми остане во глава. Убаво е што имате таков однос, барем тоа што се понудил некогаш да ти викне дома. Незнам дали тоа тебе ти значи, не мојата другарка и значи, не за храната, за гестот, зашто тоа е пред се гест на некого да сакаш да ја споделиш трпезата. За мене тоа не значи само храна, значи топлина и хармонија. Зашто по некои муабети не ми изгледаше дека е така. Нема врска, јас дадов само еден прост пример. Сепак ти најдобро си знаеш како треба да постапиш и дали сметаш дека можеш да живееш со некој таков. Овде ние и до утре да се расприкажеме,џабе е, ти сама ќе си ја одлучиш. Али чувај си ги нервите, ниеден човек на светот не вреди ти да поминуваш плачејќи и нервирајќи се, за толку банални и студни работи како пари, налет нека е се, ама не е фер, ќе се разболиш.
Токму така Деми, баш како што напиша, јас не сакам да ми биде спонзор, сакам да го уклучи малку срцето, меморијата да ја подобри за да не е дешаваат вакви работи и некогаш да се сети дека среќата е во малите моменти. Веројатно тоа нема да доживеам никогаш да го видам и слушнам од негова страна, едноставно влегол во некој лавиринт во кој единствено работата и парите трчаат спринт со него во исто темпо, а јас, јас не живеам за тие задоволства. Секако дека ми значи Хипстер, многу ми значи. Но ми значи повеќе хармонијата во неговиот дом за време на ручек, не ми значи тоа што јас денес не сум дала пари за храна, за мене тоа е многу поголема душевна храна. Проклето нека е, јас сум емотивец, уметник, мене ми е битно тоа.
Ангел,ти си заљубена во неговото семејство,а не во него. Треба да знаеш дека ти имаш свое семејство... И не знам колку си свесна дека не се работи само за неговата скржавост, туку за брдо на проблеми меѓу вас и во тебе самата. Ти си во конфликт со самата себе,а додатно е тоа што тој го наметнува. Комплексен и замашен ти е проблемов и треба да почнеш да решаваш од себе и твојата способност да се себевреднуваш правилно. Во него не знам што гледаш,ама тоа што од страна можам да го видам од пишаното... Јас се согласувам дека пријателството во една врска е многу важно,ама не можеш по пат на благодарност и принцип на вина ти него да му се сервираш и да мислиш дека е во ред. Ти си на врв срце да се помириш и повторно да биде се по старо... ама ајде...ти си знаеш. Ако си среќна така,во ред,ама проблемот е што не си. И тука се трудиш да го правдаш сепак... Да не должам,посериозен ти е проблемот,а твое е дали ќе негираш, ќе наоѓаш изговори и ќе одложуваш до бескрајот,се дур не се најдеш еден ден во очај кога ќе биде предоцна,а ти ќе имаш помалку храброст и што е најлошо,нема да бидеш толку млада за да можеш да почнеш од почеток. Да си емотивец значи да си слабак, зошто емоциите се површен импулс кој почесто прави штета, отколку што создава нешто длабоко. Да си чувствителна личност има врска со нешто многу подруго и подуховно и длабоко. Тоа се две многу различни нешта. А уметник...не секогаш значи драма и потрага по патња... тоа се само глупи сетереотипи кои произлегле од лабилни личности кои се прокламирале како уметници со многу бизарности и егоцентризам. Треба да се носиш со секој цврст став кој порано си го пишала тука, а баш остави впечаток на одлучна и храбра личност... Знам дека те зафрливме во хаос,ама... бааѓи си се залежала во лажна удобност. Еве од овие приказни една од омилените книги ми е Неподнослива леснотија на постоењето...
Eпа и самата си свесна дека веројатно нема да го доживееш тоа,значи он едноставно не е таков,он не гледа така на работите и нема никогаш да се смени и да ги прави тие работи што ти ги сакаш сам,без ти да му трубиш или да изнудуваш такви ситуации како да го тераш нешто со сила не е тоа тоа и треба да сфатиш дека едноставно е таков и он тоа го смeта за ок и нема да го смени твоето убедување дека не треба така,значи он не размислува како тебе и треба или да го прифатиш тоа и да си продолжиш со него да трпиш нешто што и не ти одговара или да го оставиш ете тоа,значи треба да сфатиш дека неможеш да го смениш неможеш да го натераш да размислува како тебе