Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Машко циција?

Дискусија во 'Врски' започната од Tanjamm, 28 август 2012.

  1. calliope

    calliope Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    15.993
    Пол:
    Женски
    Пак го правдаш.
    Јас баш сакам типот да се регистрира, па сам да си се искаже, а не вака ти да чувствуваш притисок да го правдаш поради стравот да не се налути или нешто. Ма, ни буце, ни муце, ако штеди на мене, утре и на децата ќе штеди, или и од нив ќе бара да му враќаат?
    Баш ме интересира што херојчина е штом не сака лично да се појави, туку те тера тебе да пишуваш, за после да има алиби да се лути. Мех, познати ми се тие финти.
    Ако едно нешто научив последниов период, тоа е дека што повеќе се обидуваш да го оправдаш, толку поголем замав ќе си зазема да те обвинува тебе. Затоа и не ме чуди што мисли дека е во право, и џабе овде го изнесуваш проблемот, кога истовремено го правдаш. Ништо нема да постигнеш, верувај, од искуство ти кажувам. Тој гледа дека не му се заканува опасност дека ќе остане без тебе, па не чувствува потреба да прифати и да се смени зошто знае дека на крај пак ќе го браниш и ќе останеш со него залажувајќи се себе дека тоа е “последна“ шанса, кога и самата знаеш дека не е.
    Знам, зошто и јас бев во ситуација каде секој муабет се завршуваше со „Ама ти вака, ти онака...“ и се замарав што ќе пишам/кажам, да биде поблаго, ко демек ај ќе смекне, ќе се дојде до компромис или барем смирен муабет кој нема да заврши со обвинувања, ама не, секогаш се завршуваше со моја кривица оти редоследот на зборови не бил ко он што замислил дека требало да биде, та звучело навредливо, па имало скриена порака итн итн...после едноставно ми зовре и пукна.
    Од старт како си ја наредиш, така ќе ти е.
    Ти треба да живееш за да бидеш нечија духовна половина, а финансии и останато се променливи. Утре може ти три пати повеќе да заработуваш од него, а тој да остане без работа, кармата е кучка, па тогаш да го видиме. И најбитно, запрашај се себе дали ти нему би му правела така да си на негово место, мислам дека тоа најдобро ќе ти помогне да видиш колку навистина те сака и цени.

    Сите ние работиме за себе и своите потреби, па сега кој како си ја наредил. Ама џабе јас ако земам некоја поголема пара, нема утре неа да ја гушкам и да ми прави муабет. Па парите ги заработуваме за трошење, да се израдуваме себе и најблиските со некоја ситница, не за да ги пребројуваме.
    Убаво си е да штедиш, ама да штедиш со цел да си приуштиш нешто што посакуваш или едноставно за поцрни денова да имаш некоја резерва, ама неговово е ситничарење само.
    Гледаш дека тој за себе не е скржав, туку за тебе. А нај што ме запрепасти е што во една врска кај што треба да постои “ние“ и “наше“, кај него постои “партнер во финансиски плус“ и “партнер во финансиски минус“ каде тој е загрозениот(?!) Не бе...не ми штима.
    Велиш најбитно е да сте пријатели...па јас имам пријатели за кои чинам дека повеќе пара фрлиле на мене отколку дечково на тебе. Периодот дури бев разочарана, истите тие пријатели ми беа оставиле огромен букет пред врата за да ме расположат, можам да се кладам дека вредел накај илјадарка како ништо, а твојов “пријател“ ти прави проблеми за две евра?
    Не, не, мора првин себе да си поставиш граница. Да се цениш себе повеќе од 125 денари и емоционалната поврзаност за него и неговите, па потоа размисли што понатака. Дотогаш ќе имаш вакви навраќања во круг и ќе биде само потешко, ама те читам тебе, паметна си и упорна, знаеш што заслужуваш, само ти треба храброст да го направиш најтешкиот чекор. :)
     
    На LaraSolare, DeMelo, Micheleljubov и 14 други им се допаѓа ова.
  2. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.420
    Пол:
    Женски
    Абре се е тоа океј,се гледа дека си емотивна и премногу поврзана за него, јасно е идете 6 години,ама ме чуди искрено, тоа не е мал перод и мене тоа ми е некоја сериозна врска со иднина.
    Инаку што мајка барам да идам со некој 6 години ако не мислам серизоно.
    И не е воошто спонзорирање побогу, утре кога ќе бидете во брак нема да имате заеднички фонд?
    Незнам далеку сум до брак и немам намера да размилувам за брак барем во брзо време никако, ама еве прашувам тие што се у брак како прават со мажите, си има секој свој буџет и си прави со парите што сака или заеднични си собираат дали на сметка дали под перница, незнам секој си има свој начин?
    Е тоа никогаш не сум можела да го сватам, и никогаш нема да го сватам.
    И да се разбереме тоа не е најмалку домаќинско работење туку егоистички манири, јас си имам мои пари ти твои, праи што сакаш не ти се мешам, ама и ти мене не!
    И едно сум забораила да кажам, убаво пиша Елементал, ама срамота е тоа што ти барал пари за бензин, се се ама тоа неможам да го сватам, и нема никогаш да го сватам, извини ама под никој случај неможам да го окарактеризирам како џентлмен.
    Ситна душа е, ипокажал у милион наварати, и самата си викаш дека те нерива многу тоа.
    И не е мал проблемов напротив,ми изгледа дека сакаш да бидеш со него засекогаш, ако е така, ова мора да расчистиш пред да е прекасно,најискрено и добронамерно ти кажувам.
    Инаку ќе кубеш коси, на 40години кога нема да ти дава од пари зашто се негови и цел живот ќе ти префрла дека се негови пари а не твои. Јас со тоа не би можела да живеам,нај најскрено на свет.
    Ова ми е последно мислење на темава, зашто имам впечаток дека погрешно ме сваќаш, а ни најмалку не ми беше намераата да судам, да го пикам носот кај што не треба, а најмногу мрзам кога така ќе бидам сватена, затоа и избегнувам совети во секој можен случај..
    Секое добро.
     
    На ilipili, lolyta777, calliope и 3 други им се допаѓа ова.
  3. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.280
    Прво читав, па сакав да пишам, па оставив само да видам како ќе се развива темата и ставав ми се допаѓа на мислењата со кои се согласувам, ама после се` што се изнапиша на темата, не можам а да не се запрашам- добро како можете после толку време заедно целиот прљав веш да го извадите пред очите на цел форум и да чекате од нас мислење?

    Каква е таа врска во која нема разбирање, почит, доблест?
    Па ти уште се убедуваш самата, демек ова, она, па добар бил, пријателството било најбитно пред се друго... Па ако ти треба само пријател, а не партнер, љубовник, што не си живееш со цимери?

    Ем ќе си ги делиш сметките, ем се кладам дека ќе бидат 100 пати пофер од оваа гнида што не може да те задоволи во никаква смисла.

    А тој, што не земе да си ја мавне така еднаш главата во ѕид, може малку ќе му се наредат коцките во главата.

    Ваква будала како тебе нема да најде, затоа што секој сака да биде почитуван, секоја жена сака да биде третирана како дама- ако тоа не се дешава и се убедуваме дека сепак е се добро, на крај работите завршуваат многу лошо, затоа што еден ден се пука, само тоа да знаете, ако не пукне врската ќе пукнеш ти.
    Зарем тоа го сакаш, да доживееш нервен слом некоја вечер од тоа болно суштество?

    Пресечи веќе, и продолжи си напред со крената глава, подобро сега, отколку во иднина тој да те остави, а дека ќе завршите среќно само можеш да се залажуваш.

    Се надевам дека барем ќе имаш сила и ќе кажеш КРАЈ. Ќе ставиш стоп, оти после сето ова што го напиша овде, мислам дека ако продолжиш со него ќе бидеш нула во очите на сите нас и сите што те знаат, ама остави не нас, сепак не сме толку битни нели ние сме другите, битно е што и ти самата ќе знаеш дека тоа е лага, и нема да можеш да се погледнеш во огледало.

    Среќно.
     
    На LaraSolare, DeMelo, chocolate.chick и 8 други им се допаѓа ова.
  4. drugarka

    drugarka Популарен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2011
    Пораки:
    1.434
    Допаѓања:
    4.992
    Џабе е и уште десет страници со совети на темава, со кои патем кажано потполно се согласувам. :|

    Во ред е да побараш мислење од другите, но ако не си цврсто убедена дека другите ти мислат добро, чуму оправдување за неговите постапки. :?:
    Додека тебе не ти претече млекото, што и да прочиташ нема да реагираш туку само ќе климаш со главата и ќе се позамислуваш, не превземајќи ништо да го промениш тоа.

    А со овој став кон вас и вашата врска, кон него, кон самата себе, тогаш млекото си врие на тивко и ти правиш вклучи-исклучи.

    Со среќа понатаму и само знај дека ти си таа што може да ги промени работите во врска со тебе, не тој.
    Твое е дали ќе ги примениш сите овие совети. :)
     
    На DeMelo, Moira, lunicka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. Deemy

    Deemy Популарен член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2012
    Пораки:
    689
    Допаѓања:
    7.295
    Пол:
    Женски
    Aј леле уште кога прочитав едно твое мислење како ти смета што гледа многу по други девојки и коментира,па уште ти вратил дека мора да гледа по други зошто ти си била буце ај ми иде јас да го истепам место тебе :@

    Oвој воопшто не те цени и не те почитува,себичен е и ти си го плаќаш секој момент поминат со него,а ништо не добиваш за тоа што ти го правиш за него абе овој си игра со тебе како му одговара,а ти уште му наоѓаш оправдувања врати си ја самосвесноста,нека не ти лепи веќе комплекси овој што е за жалење остави го да си спие и ужива со парите освести се малку размисли со кого си имаш работа и дали вреди
     
  6. NoellePage

    NoellePage Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    910
    Допаѓања:
    1.767
    Еве темава испирирала и статија на Феминка наша. Точка 4 си кажа се.
    http://www.femina.mk/семејство/брак/13-мали-лекции-од-среќните-брачни-парови
    Парите треба да бидат „наши“, а не „мои“ или „твои“. Во секој брак доаѓаат моменти кога финансиските проблеми предизвикуваат главоболки и стрес, но не им дозволувајте да ве свртат еден против друг. Кога влегувате во брак, вие прифаќате да сте со партнерот во добро и во зло, во богатство и во сиромаштија. Не ги делете парите и проблемите на „твои“ и „мои“, тие се „заеднички“. Не мерете со колку придонел секој од вас во семејниот буџет, бидејќи кога-тогаш тоа ќе ви се удри од глава.
     
    На lunicka, drugarka и Hipster им се допаѓа ова.
  7. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.282
    Допаѓања:
    284.797
    Не знаев дали да пишам бидејќи темата е преосетлива а ти целосно се отвори на сличен начин како што тоа веќе еднаш го стори во еден пост за твоето детство и твојата фамилија.
    Некогаш туѓите ставови можат да делуваат не само предиректни туку и сурови, но претпоставувам дека во моментот кога го постави проблемот тука беше спремна на секакви мислења па ќе ги сватиш само како добронамерни.

    Од сопствено искуство можам да кажам дека личностите кои доаѓаат од дисфункционални семејства се идеални жртви баш поради фактот што се склони кон идеализирање и занемарување на голем број негативни карактерни особини.
    Тешкото детство челичи на жалост, и со тоа и прагот на толеранција е многу покачен.

    Се што не е на исто ниво со физичко малтретиње, алхохолизам или друг вид на зависност не се смета како проблем доволно голем за да биде причина за крај.
    Се замижува на најразличен вид на психичка тортура поради константните споредби со сопствениот родител, а од него тешко дека ќе се најде полош.
    Оние мали моменти на човечност во партнерот се идеализираат и се ставаат на пиедестал во некој обид да се занемарат сите останати негативни особини.
    Очајната потреба да се биде самостален, силен и настрана од сопствениот дом го храни стравот од неуспех на таа врска.
    Растењето во нездрава средина ја храни желбата да најдеме совршен партнер со кого ќе го имаме сето она што нашите родители не успеале да го изградат.
    Како мал чести се ветувањата да се некој со кого ќе се има прекрасна врска, исполнета со хармонија и љубов. Партнер ќе се најде, но не секој ја има среќата да биде со вистинскиот и да биде третиран на вистински начин.
    Љубов но и заслепеност, осаменост, зависност, навика.....а годините минат и станува се потешко да се одржи таа илузија за совршен партнер и успешна врска.
    Се што на почеток е преќутено, замижано со текот на време станува се потешко да се поднесе.
    Батериите се празнат и по некоја година истите работи предизвикуваат солзи и расправии.
    На жалост едниот партнер толку долго се понашал на тој начин а другиот сето тоа го трпел, што овој првиов дури смета дека е ок и нормално.
    Доколку не се презеде ништо мене трета фаза ми е само депресија.
    Без разлика поради очајниот обид и понатаму да се сочува идилата за нешто непостоечко или конечно отварање на очите и крај.
    Толку болка, солзи, тортура ... еден човек не може уште долго да истрпи.

    И јас почуствував како да се обидуваш да го одбраниш, дека не е толку лошо. Дека типот е сами скржав но има многу други позитивни особини.
    Секој твој обид он беше се помизерен и помизерен во моите очи.
    Постапките говорат за многу поголем проблем од неговата скржавост. Говорат за начинот на кој он тебе те третира, за тоа колку му значиш и за тоа какви планови он има кон тебе.

    Гревота е да отценувам дали и колку некој некого сака.
    Можам само да споделам мое или туѓо искуство за тоа како мојот партнер мене ме третира и да направам компарација со вашата врска.

    ЈАс кога го запознав мојот, беше на одмор и никогаш ме немаше почастено во текот на таа една недела. Немав никаков проблем со тоа, и он беше студент иако веќе со сопствени примања но не е должен он мене да ми плаќа пијачки или слично.
    Еднаш требаше да се возиме со автобус и ми фалеа десет центи, или ќе требаше да раситнам голема пара. Му побарав десет центи, извади полно портмоне и ми ги даде десетте центи, без да се понуди да покрие цел билет.
    Не ни сакав од некој со кого сум само една недела заедно и може никад више да не се видиме.

    Но потоа кога веќе решивме да имаме врска на далечина, се се смени.
    Претпоставувам дека ја имаше сменето перцепцијата, веќе не му бев девојка за еднонеделна забава на одмор, сега гледаше иднина со мене.
    Тоа ми беше муабетот кога веќе вложуваш емоции во една врска и се обидуваш да градиш иднина со некого работите се менуваат.
    Не дека мојов е идеален па тоа ливчето што го потпишавме во матично е гаранција за вечна љубов, среќа или брак.
    Но веќе имам пишано што се има тој сторено за мене, што се еден маж прави кога е вљубен.

    Тоа дека некој работи 5,6,7 дена неделно по 12 саати не е изговор.
    Во МАкедонија можеби е невообичаено но во многу европски земји тоа е нормален ритам, па милион врски и бракови си функционираат и така.
    Бидејќи знае оди работи, но парите ќе ги троши да се опушти, релаксира, прошета со својот партнер.

    Морам да кажам дека не си единствена што се соочува со сериозен проблем во врска или брак. Идеалното не постои, псоебно не после толку многу години или кога е потребно да се премине од една во друга фаза од животот.
    Јас не би поставила вака јавно нешто толку интимно поради евентуалните негативни последици кои можам да ги почуствувам после недела, месец... Доколку имам потреба да говорам со некого или да се советувам ќе го сторам тоа со најблизок, онака колку да ми олесни.
    А доколку сакам да ја спасам врската, бракот, ќе се упатам кон советувалиште(терапија).
     
    На eliesaab, LaraSolare, DeMelo и 26 други им се допаѓа ова.
  8. najubava2010

    najubava2010 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    1.619
    Допаѓања:
    4.653
    Прочитав сѐ, искрено Ангел треба да почнеш на некои работи поинаку да пристапуваш. Не е работата во новата шанса, ако сакаш да останеш доблесна до крај пружи му ја, но не си ветувај себе многу, да не останеш разочарана и повеќе отколку сега.
    Јас разбирам човек да си го цени трудот, времето па така и да ги сака и цени парите кои ги заработил, но сепак постојат битни нешта кои секогаш треба да ни се пред парите. Меѓутоа џабе, 1.000.000 луѓе, 1.000.000 различни карактери, различен морал, различна манифестација на емоции, различни материјални апетити и тако даље.
    :
    Незнам дали дотичниот прочитал, како и да е, сеедно. Нему и повторно парите ќе му бидат важни, според него тој се мачел за тие пари, и сега нејќе да се расфрла со нив. Ете ситничар е, за мене и за вас 125 денари се ништо ноза него тоа се 5 леба-таман за цела недела.

    Во ред ми е пожртвуваноста на Ангел, па кој од овде не правел лудости во име на љубов? Кој не се изгорел ниту еднаш давајќи нова шанса?
    Мене ми изгледа дека и кога Ангел би останала со него, тој ќе продолжи по свое, трудејќи се да го оправда својот ''домаќинлук'' притоа наметнувајќи и го истиот.

    Не сфаќајте погрешно, јас не го оправдувам дечкото, напротив не ми воопшто во ред таквото цепидлачење за така ситни пари, но кажав сите сме различни, и без разлика кој колку грешел никој нема право да каменува и осудува. Така е тоа, сите правиме лудости некои, сите имаме луди гачки во главите, свои системи и јебига сите сме различни.

    Ангел пружи шанса, ама не се залажувај превише, зошто волкот го мења крзното ама не и карактерот. И најбитно ако се впушташ во ''војна'' биди спремна Данска да ја опустошат и збришат од карта, зошто понекогаш е подобро е да влезеш со доза резерва отколку чисто срце.

    И секоја чест на храброста сето ова да го напишеш на форум каде го имаш откриено идентитетот, и веројатно сега знаеш дека и двајцата ќе имате ''етикети'', тој скржавец а ти слаба.
     
  9. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.173
    Допаѓања:
    102.186
    Пол:
    Женски
    Нажалост, ќе речам нажалост не мислејќи на мислењето твое мила, нажалост во право си за сите нас деца од нефункционални семејства кои се обидуваат да створат подобра личност од себе и подобар живот од оној на родителите. Јас сум одамна излезена од дома, мене единствена водилка ми беше тоа, да бидам подобар човек од татко ми, и оној кој е покрај мене се разбира.
    Да, го поравдувам, си давам себе си пред себе оправдување за него, да не пропадне целосно мојата слика за изминативе 6 години. Ништо повеќе не е исто, свесни сме сега и двајцата, дали ова ќе продолжи или не зависи само од него, иако тој мисли дека зависи и од мене. Велам ќе му дадам шанса, аха, ама само под еден услов, да не чекаме 6 години за вака силно да ја спукаме работата и да дојде до тоа да не знаеме на кај да фатиме, искрено и со отворени прашања. Нажалост уште еднаш, иако мислев дека имаме отворена врска во која може да разговараме за се, сум се лажела. Тоа дека нема повеќе да се случат овие 125 денари ми е повеќе од јасно, на полесниот или потешкиот начин.
    Девојки и момци, многу ми значат вашите мислења, некогаш треба со други очи да погледнеме на се за да ја сфатиме реалноста, но моите очи никогаш не се заменија за да погледнат, нажалост. Немојте да мислите дека некој залудно нешто напишал. Дали ќе прочита или не тој сега, воопшто не ми е битно, битно ми е дека знам дека не сум јас таа која погрешила. Не за горивото, не за тоа што не ми платил пијачка, не за спонзорството, за мојата гордост која нема да се исплати ни со едни 125 денари.
    Ви благодарам од се срце :*
     
    На artemidis, ilipili, green.eyes и 4 други им се допаѓа ова.
  10. thinkerbell

    thinkerbell Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    1.973
    Допаѓања:
    11.595
    Пол:
    Женски
    Ангел, ти разбра, разбираш, цело време си знаела каков е тој всушност, ама, ќе се повторам како другите, страв ти било да си признаеш.
    Само работата е што тој треба да разбере.
    Мене си ми многу конфузна. Од една страна, велиш тој е совршен пријател, ти помага, те слуша. Од друга страна се ситничари за 100ина денари.
    Ако тој е како што го опишуваш, ако те сака искрено и немерно, тогаш треба да те прави среќна.
    Со кое право, ама со кое право жити се, оправдување му е дека си „буце“ за да гледа по таму трети девојки.
    Ако не му одговараш, чао пријатно батка. Ни ти, ни тој да не се измачувате.
    И другите кажуваат, и ти самата кажа, тој те зема здраво за готово. Толку удобно се наместил во твојот скут, на твоите гради, сеедно, толку си му сигурна, што очигледно не се замара што прави и дали неговите постапки повредуваат. Сигурна во смисла на тоа дека не би го оставила.
     
    На Moira и Doozy им се допаѓа ова.
  11. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.783
    Допаѓања:
    100.177
    Пол:
    Женски
    AngelOfArh,искрено јас сум шокирана од вакво однесување,и не,не постои ниту една причина да го оправдам него.А сигурна си ти дека можеш да живееш под тој притисок кој ,каде,колку платил???Искрено многу ми е жал што веќе не постојат вистински мажи.Под тоа не подразбирам homo balcanicus ,кој не се капе и мисли дека е семоќен ако заработува.Мислам на оние вистински мажи кои се сигурни во себе, и знаат кои се и што се.Не знам колку време си со него ,ама на што личи во овој период кога немате обврски (семејство)да кука и плаче за 125 денари.Утре бе и по сексот ќе ти извади дигитрон да пресмета колку чинел твојот оргазам.
    Можеби ќе згрешам,ама ако некој ја има во себе таа нишка на цицијаштво таа секаде се огледува.И емотивно и материјално.Можеби сега не си свесна или не можеш да видиш ,ама во текот на животот ќе ти стане јасно,секако ако останеш со него.
     
    На Little-one, bubuce, stetoskop и 3 други им се допаѓа ова.
  12. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.629
    Ти си девојко жртва на твојот дечко,и искрено ако некој начека таква и таков како тебе што стално ке ги оправдувава неговите или нејзините грешки има дебело да биде непочитуван,ке го сметаат за обична крпа,немој да се лутиш само ти кажувам мој став,ако некому еднаш му дозволиш да те гази,знај дека стално ке бидеш газена,кога ке влезеш во брак има да биде тешко тебе,поздрав.
     
    На eliesaab и london-girl им се допаѓа ова.
  13. ilipili

    ilipili Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    1.310
    Допаѓања:
    4.992
    Ангел те читам и тебе а и советите кои што ти се дадени од страна на членовите на Фемина.
    Многу ти кажаа дека го оправдуваш,дека не те заслужува,дека не те цени.Ти самата треба да знаеш каква е целата ситуација и каков е тој човек со кој си поминала цели 6 години.
    ЈАс од страна вака гледам на нештата.Ти си станала зависна од него,желна си за љубов и внимание,сакаш да те сака таква каква што си што е и исправно и нормално тоа.Тебе ти е страв да си без него и го сакаш не велам не,сепак ти најдобро си знаеш,но дали си помислила дека можеби тој ти е само навика и потреба да имаш некој крај себе?ЈАс те разбирам целосно,направил убави нешта за тебе,но тие не се доволно барем мене не ми биле за да преминам преку тоа што ми го рачуна секој денар што го потроши на мене.Тој на некој начин те тера да го купиш времето поминато со него.Вистинскиот маж не дозволува девојката да го плаќа горивото,вистинскиот маж и вљубен човек не дозволува саканата да плаче ,да има непориспиени ноќи и да се нервира за едни мизерни 125 денари,ејјј :fubar: не,јас никако не можам да го оправдам него а уште помалку да го разберам.Ти си заслепена од делата кои што ги направил претходно и не знаеше за жал да процениш без мислење на нас како стојат нештата.Ако тој те сака и цени вистински тогаш немаше да ти вели дека гледа други девојки поради тоа што имаат убаво тело туку ќе ти велеше тебе дека без разлика на изгледот ти си најубава за него.
    Јас сум била во ситуација кога дечкото значи ме колнел за да не му дадам пари за сметката која што сме ја направиле заедно,сум имала пари само за такси,а тој бил тоа што ми платил се иако ми било претешко тогаш идниопт пат сум берела за да ја платам јас сметката без тој да ми кажи или пак пола,пола см си плаќале.За мене така функционира една врска која што не е едно неделна туку е 6 годишна, во иднина кога ќе стапите во брак што ќе биди? Па уште чекаш да направите бебе за да те побара за жена.Мила тоа мене не ми изгледа како љубов од негова страна туку потреба од тоа да има некој крај себе што ќе му ги исполнува сите желби и ќе му оди по газот.Тој ако те сакаше вистински немаше да чека да направите бебенце,па ни ти за да те запроси на романтичен начин,верувај ти тоа го заслужуваш.Никогаш не дозволувај никој да те гази,кој и да е биди си секогаш своја и не ја губи самодовербата.Ти си прекрасна личност,имаш многу дададеш,но не на некој кој што не заслужува.
    ЈАс не ти кажувам што да правиш понатаму,сепак тоа е твоја иднина и само ти имаш право да одлучиш за себе,но секогаш на прво место ставај се себе бидејќи си највредна на свет,верувај во себе.
     
    На danielka0507, NoellePage, london-girl и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.173
    Допаѓања:
    102.186
    Пол:
    Женски
    Нажалост тој не сака да ги прочита овие работи, тврди дека грешам и дека преувеличувам. Свесна сум за се, и дури и за тоа дека го оправдувам, свесна сум дека иднината со таков човек не ја замислувам. Мене ми е потребно многу малку за да дадам се, сфативте тоа, ама ако некој престане да го дава и тоа малкуто, и јас ќе станам како него. Под тоа не подразбирам пари, да се разбереме, можеби бевте во право, мојава криза е и финансиска и емоционална. Добро е што вели една Среќича дека сум свесна за тоа, дека го прифаќам мојот сопствен пораз и се исправам многу бргу на нозе за да го решам тоа. Ќе се повторам, сите ваши совети и подадени раце за подршка најискрено ги прифаќам и ги ценам, се надевам дека нема да има потреба некому вака јас да му затребам, да се советуваме само за убави работи. :*
     
  15. london-girl

    london-girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2012
    Пораки:
    144
    Допаѓања:
    56
    Ангел јас лично мислам дека не само што ти е страв да не останеш сама,не дека само што го сакаш,ами си веќе целосно подпадната под негови нозе.
    И не немој да го оправдуваш во никој случај,нема место за тоа спред овие твои неколку поста.
    Јас сум сигурна дека воопшто не те сака,ами само те користи понекогаш кога му е досадно да преспие кај тебе и во секој момент покрај него да има некоја безрезервна будала.
    Ќе ми простиш на изразот што го употребувам,но сакам да го доловам неговото однесување спрема тебе,кое ми личи на ептен идиотско и јас тука никаде,ама баш никаде не гледам страст,нежност,почитување или љубов спрема тебе.
    Ако грешам поправиме,ама сум сигурна дека воопшто не грешам.
    И да ќе бидам 1000 посто отворена,па ти сакаш лути се,сакаш согледај ја вистината или и понатаму живеј си во твојот живот на илузии покрај ваков лузер,губитнок,ситничар или како год да го наречам,само во мојот вокабулар нема збор ЧОВЕК за вакво гнасно и неизживеано створење.
    Од друга страна ти се дивам на лудоста,односно упорноста пак и пак и следни илјада пати што го оправдуваш овој лузер кого го нарекуваш дечко.
    Некако ми се чини дека патиш од комплес и само заради тоа,а и прикривање на некои други неизјаснети потиснувања си со овој дечко.
    Тој тебе ти наоѓа упорно мани а истовремено упорно се врти по други па уште и ги коментира во твое присуство.
    Е како бе го трпиш сето тоа ај те молам фино лепо објасними.
    Еве пример вие седите во кафич и оп поминува некоја штиклосана цура и тој тебе в лице ти вели wow што би и правел,а ти на сето тоа како одговараш,како се однесуваш,како не ти иди да му ја врзиш една и во истиот момент да го оставиш?
    Во една друга тема те прочитав дека ти САМА со пиво и солзи гледаш скопски фестивал додека овој ЛУЗЕРОТ е во кафана со друштво?
    Па девојко каков поголем доказ бараш од тоа дека тој воопшто НЕ ТЕ САКА,а уште помалку те почитува.???
    Тој и воопшто да не те сака,ради ебана почит со извинение не би требало пред тебе да коментира други пи*ки!!!
    Брак?Каков брак?Зарем навистина мислиш дека тој сака со тебе да го помини животот?
    Мене лично не ми се верува дека е така бидејќи сама велиш дека ќе чекаш да забремениш па ти да го запросиш..
    Hello мислам твоите родители,браќа сестри што велат на оваа врска?
    Ти даваат ли некакви совети,правци или слично?
    Можеби ќе се навредиш сега од ова што ти го пишав,но не можев да останам имуна на неговото понашање,а уште помалку на твојата ладнокрвност.
    Ти или си лудо заљубена или ти е прв дечко.Па и да ти е прв дечко дај малку согледај ја вистината со очи,.
    И не знам ја каква врска во цел овој муабет има тоа што мајка му е од Тетотво?Демек сите што сме по потекло од Тетово-еве и јас сум по автоматизам сите сме како дечко ти?
    Не мила тоа не тие за оправдвање,а што е најлошо во целата оваа ситуација ти сето тоа добто го знаеш,знаеш дека не те почитува,знаеш дека те понижува,знаеш дека не те есапи ни за два посто,па затоа како пијан за стап се фатил за 120 денари.
    Тука нема никаква допирна точка неговото понашање со твојата рамноправност меѓу мажите и жените,тоа ти е само луд изговор во кој че се оправдаш самата себе.
    Ти тоа сето добро го знаеш,само не знам што толку те држи до него и фактот што те компромитира е повеќе од јасен.
    Се радуваш како мало дете што еднаш во текот на цели 6 години ти купил КАРТИ ЗА ТЕАТАР????
    Сакам да те разберам али стварно не можам.
    А тој ако е толкав маж што мајка бара да ти вели дај кажи го проблемот на фемина?
    Можеби заедно со неговите другари ти се исмејуваат кога ти ги читаат постовите како си лудо заљубена во некоја душичка за кого уво не го боли. :x :x :x :x :x
     
    На eliesaab, LaraSolare, Mermaid90 и 9 други им се допаѓа ова.
  16. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.601
    Веќе кажано и прекажано е се` на темава, единствено имам да додадам - дека дечкото нема да се промени и ќе смета дека е во право до крајот на животот, а Ангел нема да го остави никогаш прва.
    Драга, секој си знае најубаво за себе.
    Знаеш што онака најмногу ме здоболи, покрај сите очигледни факти?
    Што се задоволуваш со толку малку, во смисла - неговото наводно внимание, љубов, таа карта подарок за Балашевиќ или топлиот оброк и десерт со неговото семејство... како да ти кажам, ова се трошки.
    Секоја жена треба да е кралица и да и` се даде максимумот во секоја можна смисла - пред се` емотивно, сексуално па и материјално.
    Јас многу почитувам и ценам скромни луѓе, дури и се сметам за една од тие... ама ова, ти кажувам - е ПРЕскромно.
    Трошки. Знам дека напомена - нема совршенство и некој го нема ниту ова, но мене ваков однос не би ми одговарал ниту импонирал НИКОГАШ.
     
    На eliesaab, SexiLy, LaraSolare и 19 други им се допаѓа ова.
  17. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.173
    Допаѓања:
    102.186
    Пол:
    Женски
    Лондон-грл, ја разбирам твојата суровост, но јас не сум 19 годишно девојче кое вчера прогледало, да прочиташе ќе сфатеше дека имам 25 години од кои 10 години живеам сама, не ми е ова прва озбилна врска и фактот Тетовско потекло не го наведов во негативна конотација за да ги навредам сите останати, го наведов за да се пошегувам во оваа моја ужасна ситуација. Не се лутам, ко што кажав сите совети се дадени најдобронамерно, се разбира, но немој така да претпоставиш пред да прочиташ убаво. И не, дечко ми нема 19 години да се собере со друштвото и да ги чита на Фемина моите кукања, да ме омаловажува, ко што гледаш овде Феминкиве би го растргнале да се појави, сите го нападнаа, заслужено морам да кажам. Не се лути, сите беа искрени, некои дури и повеќе од тебе, но ти малкуцка ја претера.
     
  18. NoellePage

    NoellePage Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    910
    Допаѓања:
    1.767
    Колку што видов, ем ја натера да пише тука, па не сакал да чита пти бил во право, хм па тоа кажува смао едно-’Да, сите дотични феминки се во право за мене да и пак да, таков сум, не се менувам, раскини ми, оти на сета скржавштина скржав сум да кажам еден збор ГОТОВО оти многу си емотивна и приврзана за мене, а јас иако гад ти давам избор да ме шутнеш ти , не оти јас не можам, ама сакам ти за колку толку да си за задржиш и онаа самодоверба која одмана ја изгуби. Тука и таму интересно е, ама не е.’
    И кутриот од што е скржав не сака ни девојката да ја пупти среќата вистинска да си ја најде галиба.
    Драга, па дај те молам седни си сама со себе уз кафица и размисли, вреди ли? Џабе да је тупиме веќе кога кажано прекажано е. Дали среќна, ама онака навистина?И едно, не мисли ако дојде бебе оти ќе смени нешто. Кога и тоа ќе си донесе потешкотии кое секое родителство ги носи, најмногу тука се покажува бракот каков е-дали е стабилен или лесно крахира под притисок. Сите имаме успони и падови, а ти ми се чини само по удолници трчаш.Ја знаеш сказната за Сизиф-е баш такви се и маките твои да ги наречам.Дај си простор, откриј нов универзум во кој ти си главна среќа на некому, кој би те гледал како последна капка вода на дланка, па ќе си возвратите безусловно љубов, почит пред се. Нека дечињата што би ги имала се плод на љубов, зацврстување на еднодушието и едногласна одлука, а не ништожен обид за оковување на некој кој 5 пари не дава за тебе. Греотка е, нели?
    Не мудрувам повеќе, само убаво прочитај ме и размисли.Не слугувај на комплекси и стравови, си заслужила повеќе.
     
    На imelda, AIT, Doozy и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. london-girl

    london-girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2012
    Пораки:
    144
    Допаѓања:
    56
    А ти од вистината се најде навредена?
    Сакаш да ти дадам подршка и да ти речам дека те сака,спрема тебе се однесува како спрема жена која вистински ја љуби?
    Епа драга моја јас не можам да бидам дволична од твоите постови јас дојдов до ваков заклучок како што пишав во претходниот пост.
    И тебе те тангира мојот пост кој патем е вистинит,а однесувањето на дотичниот ти е ок?
    Тогаш зошто на јавен форум изнесуваш интимен проблем кога не си подготвена на негативни критики?:
    Друго, каде јас спомнав дека ти имаш 19 години?
    Впрочем ти самата и си кажа дека на 19 години си ја започнала врската со дотичниот,нели?
    Очигледно многу те погодија моите зборови бидејќи се вистинити и ти не треба да ми се лутиш мене,туку на оној кој го предизвикал тој бес во тебе.
    Поздрав!!!
     
    На LaraSolare и sesilija им се допаѓа ова.
  20. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.099
    Ја претеравте веќе, доста е...
    И Ангел ти зошто трпиш секакви зборови упатени кон тебе и твојот дечко повторувајќи цело време-Да, во право сте ??
     
    На kitty.lover, Trnche и kravce им се допаѓа ова.