Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Машко циција?

Дискусија во 'Врски' започната од Tanjamm, 28 август 2012.

  1. LilBaby

    LilBaby Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    3.458
    Допаѓања:
    7.886
    Изнапрочитав 392019283 мислења на темава од кои 99% се истите воглавно, стиснете лајк ако мислите исто, а не over and over again да го повторувате истото што е кажано . . .
    Па не е Ангел глупа да од 5, 10, 15, 20, 30 мислења да не ги подотвори очите. Крај краева, нејзино е да одлучи, се надевам ќе ја донесе вистинската одлука во која ќе биде најсреќна.

    Дај олабавете стварно. Кажано е се на темава.
     
    На CIA, Doozy, kravce и 2 други им се допаѓа ова.
  2. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.173
    Допаѓања:
    102.185
    Пол:
    Женски
    Како што веќе ти кажав, имаше и поискрени и пострашни постови од твоите, феминки кои многу посурово ми пристапија, но твојот пост за жал не беше на тоа ниво. Но твое право, ти така размислуваш. И не, јас не сакам некој да ме тапша по рамо и да ме теши, ако сакав немаше да напишам овде, или барем не вака. Јас имам реален проблем, барав реален пристап кој го добив. Тапкаме во место и се убедуваме, да јасно ми е на мене, јасна ми е целата ситуација, овие неколку дена, постовите ваши, ме натераа да се замислам и помислам. Ко што реков, навредена не сум, вистината никогаш не вреѓа.
    Се обидувам да одговорам реално, она што вие го нарекувате бранење, епа само се обидував да ја произнесам целата ситуација. Никому мислам дека не му реков да во право си, дечко ми е сељак, туку сите мислења ги прочитав и одговорив онде каде што мислев дека вреди да се одговори, да се произнесам, онаму каде што бев прашана.
    Пак повторувам, мене не ми требаше само да ми кажете, слушај бе девојче дечко ти е сељак, скржаица, кретен... Она што очекував да го добијам како одговор го добив, секое мислење имаше различен аспект, иако навидум сите исти.
     
  3. creshicka

    creshicka Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    2.152
    Допаѓања:
    5.710
    Пол:
    Женски
    А некој модератор да ги избришеше сите офтопици? Темата е за машко циција не за дечкото на Ејнџел конкретно. Штом ова премина во проблем во врската на Ејнџел тогаш барем нека се преместени мислењата во соодветна тема за проблеми во врската. :)
     
    На Gordana10 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.408
    Пол:
    Женски
    Црешичка, нема врска дека сите сме се фатиле за дечкото на Ангел, и тоа е тема на која треба да се говори зошто е чист пример на самата тематика.

    Ангел имаш многу искрени постови дадени од другите, не ти ја знам приватно ситуацијата и колку сте блиски, ама мислам дека не се цениш самата доволно. Стани си вредна на самата себе те молам, и гледај ги реално работите, јас искрено не би можела да бидам со некој со кој сум заедно 6 години, и ќе ме натера да платам за секое дело, тоа тие ко да те носи да те части некаде, а после ќе ти рече, се сеќаваш дека те частев, ај сега ти мене. Мислам дека ти си емотивно врзана, додека тој не е.. И некои случки што ги опиша дека дава коментари безлични како оние уу женска каков задник, е значи да си со некој што навистина те сака, не би го направил тој потег, зошто би внимавал дали тебе би те здоболило. Тој самиот е свесен дека те држи во дланка, а ти гледаш со наклонетост копн него и го оправдуваш зошто многу работел, е кажи ми кој не работи многу во МКД? Едноставно си добива тој од тебе што сака, ама дали и ти од него? Те гледав на слики мила девојка си, го сакаш животот, шириш позитива, ама запрашј се те молам дали е тој личноста со кој се гледаш во иднина, сега е себичен, ќе биде и понатаму себичен, не знам само доколку би те изгубил дали воопшто би се потрудил да те врати? Скини го синџирчето на време..
     
    На kate21, calliope, london-girl и 4 други им се допаѓа ова.
  5. Tomcia

    Tomcia Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 август 2010
    Пораки:
    172
    Допаѓања:
    126
    Ангелче, не треба да и се лутиш на лондон-грл, таа убаво ти кажа, те раздрма, сега помисли малку.
    Тоа што некогаш е добар со тебе, ти помагал, ОК е се
    Но тоа било-поминало.
    И мене очите ми ги отворија на форумов.... човек кога е во долга врска, губи осет за реалноста, неможе убаво да ги согледа работите. Чувствата се променлива ствар. Од денес за утре се.
    На прво место си ти и само ти. Само такви добри, наивни души страдаат.
    Најголемата грешка ти е (и мене ми беше, и никогаш нема да си простам) што некој друг си дозволила да ти биде поважен од сопственото семејство.
    И јас сум од дисфункционално семејство. Разбирам се.
    Но ти си најважна. Послушај некој што бил во таква ситуација
    Без секој се може.
    Кармата е кучка. Јас се уверив во тоа :*
     
    На kate21, Doozy, ljubam и 2 други им се допаѓа ова.
  6. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    18.348
    Допаѓања:
    249.492
    Ангел ти ги прочтав сите мислења на темата, се сеќавам и на други твои мислење во кои зборуваш за него и ќе ти кажам само едно: Дечко ти не е циција, дечко ти не те сака!
    Колку и да те боли, тоа е. Циција човек не си купува 5 пара кошули наеднаш.
    Со тебе е додека да најде друга, и така и ќе биде, ако во меѓувреме не ја направите слатката грешка. Самата си дозволила да бидеш со врска каде што љубовта не е обострана. Го сакаш, па затоа се фаќаш и за трошките, се убедуваш дека прави за тебе, а всушност тој не прави ништо. Знае дека има до себе заљубена девојка која ќе го трпи секаков.
    Мила си, наивна, девојка која е жедна за љубов, за семејство. Тој го знае тоа и го искористува. Твое е да седнеш и да размислиш со кого ја делиш постелата, и со кого планираш да создаваш дом. Сега сте само вие двајца, но утре тука ќе бидат и децата.
     
    На tessie, LaraSolare, senza.parole и 7 други им се допаѓа ова.
  7. midnight.flower

    midnight.flower Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    541
    Допаѓања:
    1.051
    Два дена ја читам темава и сакав да пишам, но не сакав да се логирам од работа. Од вчера до денес го сменив мислењето.

    Вчера сакав да пишам: можеби навистина AngelOfArh претерала малку во првиот пост, можеби не било баш така, можеби вистината има повеќе страни...можеби го преувеличала проблемот и не се работи за 125 ден, можеби позади тие 125 денари се крие некој друг проблем: кој е во право, кој секогаш победува во дискусиите...

    Но денес не мислам така. Особено кога прочитав дека ти рекол дека од целата врска ти си била во плус?!? Кој води евиденција за такви работи кога една врска трае 6 години? Но никако не би можела да ти кажам да ставиш крај на вашата врска, од причина што ниту јас ниту било која членка на форумот не ја знае целата ваша приказна. Просто не можам да верувам дека тој е ваков цели 6 години, секој ден!?! Ти најдобро си знаеш.

    Можеби еве и јас сум скржава, или само штедлива, не знам (уклучувам бојлер и перална на ефтина струја, не се расфрлам со пари за скапа облека и сл), но кога ќе си купам нешто (облека, обувки, опрема...било што) секогаш честам, бар едно кафе домашно, а понекогаш и повеќе. Еднаш за купени 2 фустани и пар пантолони (секој од по 2 000ден) бев во ситуација да почестам скара од над 2000 ден. Е за ова навистина ми беше мака (ама немаше каде, бев ставена во тесно) и сеуште ми е мака, бидејќи за 2 500ден можев да си купам сако што ќе ми одговараше со пантолоните (ама ми беше скапо, и многу целата сума - па не го купив), но наместо тоа јас ги честев скара знајни и незнајни што се најдоа на лице место! Зборот ми е: штом купил 5 кошули и пар патики, тој ден можел да ти каже: „ајде те честам кафе (во кафуле, а не дома)“, а не да ти бара 125 ден, па нека се и 200!

    Слушај си го разумот, срцето не знае да решава проблеми!
     
    На AngelOfArh му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.974
    Ангел, јас мислам дека направи неколку клучни грешки, настрана од дечкото и од темата. Ова најдобронамерно, те молам не ме сфаќај погрешно. :)

    Прво, си го откри идентитетот, односно лицето. Не знам дали си воопшто свесна колку луѓе го читаат форумот, јас секој ден се повеќе и повеќе се запрепастувам кога го слушам како и КАДЕ го споменуваат... Во супермаркет, во градски автобус, во кафич, сајтов е најпопуларен во Македонија, реално да гледаме. Настрана логираните, има уште двапати толку нелогирани! Луѓето се злобни, плус си од помало место, доволно е да те препознае некоја колешка за тоа да се рашири низ сите колеги, или внука на некоја комшика, па и твоите дома да те разберат и да им биде непријатно затоа што се тема на муабет и тие овде, и да им биде жал за тебе. Да бидеме јасни, не викам да ти е повеќе гајле за другите неголи за тебе, ама имаш пишувано осетливи работи по осетливи теми, башка оваа тема.

    Јас зажалив што ставив слика од мене во Морална поддршка, ГАРАНТ барем двајца ме имаат препознаено и сретнатно некаде низ град, во автобус, а да не зборувам колку им ја олеснив работата на тие што копаат по фејсбук во потрага по ,,популарни,, феминки или пак на тие што се сомневале која сум јас, или дали ме знаат од вистинскиот :D свет... се на тацна им дадов. |(

    Друга работа моме, НИКОГАШ, ама НИКОГАШ, значи ова за сите момиња, не им кажувајте на дечковците дека пишувате на форум и како ви е никот. Имајте мала приватност. Не викам да бидете лоши, да лажете, да криете, ама бидете паметни! Џабе ви е тоа, нема што да кријам, нека ме чита без грижа. Пфф. :emo: Секој има своја приватност. Не знаете утре што може да се случи, може да се скарате, може да имате нов дечко, зошто со сила белјата си ја барате. Еве ме изнервира дибекот денеска, сакам да дојдам и да го опцујам, и утре мирно да си продолжам да му се смешкам додека ме гледа со очињата, :rofl: ама не сакам еден ден во кавгата и Фемина да биде вмешана... Зошто, па како, па што.... Сус ќерата.

    Мислам дека на Фемина имаш две опции, или ќе си го откриеш ликот и ќе пишуваш за времето надвор и за комшиите, или нема да го откриеш и ќе пцуеш се живо и диво, и ќе се празниш и ќе се издувуваш. Изборот, се разбира, е личен.

    Ангел си е таква, се гледа дека е зборлива личност, некогаш избрзува и сакајќи да каже нешто корисно, кажува и други непотребни работи плус, ама не мислам дека е лоша личност. И да е лоша, никој не заслужува таков третман каков што добива од дечко и.

    Ма или ќе ме гледа како царица, (не мислам на финансиско гледање) или ќе ми го види газот отпозади, а тоа нема да биде во доги стајл, верувајте! :D
     
    На LaraSolare, DeMelo, chocolate.chick и 39 други им се допаѓа ова.
  9. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    18.348
    Допаѓања:
    249.492
    Може ќе сум офф, ама у сколп на муабетот на Дузи.
    Не сте ни свесни дека овде секој секого го познава. Џабе што криеме лице и идентитет кога помеѓу форумџиките се знае кој како се вика и како изгледа.
    Разликата е кога ќе откриеш лице што нема да те знаат помалку активниите, барем засега.
    Ангел на тацна сервираше апсолутно се од нејзината врска, па и живот. Остај роднините и другарки, ами колегите од работа. Зар треба и тие да знаат? Не.
    Те разбирам ти било тешко, си сакала да се олеснеш, ама не требаше да го откриваш лицето, кога изнесуваш делови од интимата.
     
    На Doozy му/ѝ се допаѓа ова.
  10. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.408
    Пол:
    Женски
    Сега ја наведуваме темата кон друга насока ама нема везе, јас искрено од самиот момент не го криев идентитетот оти ми беше гајле дал некој мој близок чита, зошто се што кажав е вистина, не сум јас таа што треба да се кријам од некој, туку тој некој од мене ако ја изврти приказната.
     
    На kitty.lover, AngelOfArh, ludoto19 и 8 други им се допаѓа ова.
  11. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    Според мене небитно е дали си се покажала која си или не, си ја отвори душата максимално и искрено.
    Јас тие што ги поддржувам во мислењата им стиснав лајк, не сакам да се повторувам. Чисто сакам да ти кажам дека се надевам дека ќе донесеш одлука која ќе те прави искрено и целосно среќна, затоа што заслужуваш да бидеш среќна и тоа многу. И секако ако одлучиш да останеш со него немој да бидеш стисната и да престанеш да пишуваш затоа што мислиш дека ќе наидеш на осудување. Секој од нас си стои зад своите одлуки, само се надевам дека твојата ќе влијае добро на тебе. Се што ти пишаа тука го пишаа затоа што ти мислат добро а не за нешто друго... ама знаеш и сама.
     
    На ilipili, JuLleE, lolyta777 и 2 други им се допаѓа ова.
  12. Ani.cka

    Ani.cka Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 септември 2012
    Пораки:
    135
    Допаѓања:
    26
    Ангелче тешко тебе со дечково, како што те читам, за тоа како се однесувал ми иде ... :@ :@ За жал има и такви некултурни, невоспитани, себични... како си трпела само, да ми се испонаша така за тие 125ден ке му ги искинам и ке му ги фрлам во фаца, па и уште сама да си ја плаќаш едната единствена пијачка во кафич, па и уште за гориво да му плаќаш што те носи до дома... ццц :x :x и тоа после 6 години. Муабетот е друг на 6 месеци, во ред е да не дозволиш да ти плаќа секогаш, меѓутоа сега :x СРАМОТА за него
    Гледам неколку пати споменуваш -"спонзори", не станува збор за такво нешто тука, за да се чувствуваш како спонзоруша треба да те носи секој викенд негде, да ти плаќа летовање, зимување, скапи подароци... итн, а тој сирот не те почестил некогаш ВОЗЕЊЕ ДО ДОМА ;(
     
  13. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.173
    Допаѓања:
    102.185
    Пол:
    Женски
    Што би рекла Љубам, ептен ја однесовме работава во мајчината. Возрасна и одговорна личност на која навистина и е пукнат филмот од љубовта моја, ја сфаќам. Значи, освен мојот ник кој не открива ама баш ништо во врска со моето име и презиме, можеби малку името што исто не е битно, и мојата професија, засега надворешни личности и членки без сино цветче не можат да сконтаат ниту која сум ниту што сум. А оние кои ме виделе во Модни критики, епа да ви кажам право, ама ич не ми е гајле дали ќе ме препозаат. Во мојот мал град досега излегле стотици муабети што за мене што за моите пријатели, а зарем јас реков некаква тајна од државна безбедност? Се што сум напишала и кажала е само мое мислење, никого не сум навредила, во мојот мал град сите ме знаат мене и моето семејство, нажалост и знаат се за сите, не се кријам, немам што да кријам. Тоа што дечко ми открил, јас во овие 6 години не успеав да му скријам ништо, едноставно таква сум, не знам да лажам и глумам, не знам да правам филмови, па така успеа да ме открие и на фемина, а богами да се пишев и Петранка, ќе знаеше која сум, во овие години веројатно барем тоа го сфати. Некои 12-13 страни се пишува за мојава ситуација, имаше и поблаги и поостри коментари, некои од вас ми пристапија и во ЛП, некои ми понудија подршка и испиено кафе за да ме расположат малку, ви се заблагодарив на сите и пак ви се заблагодарувам. Тоа што Лондон-Грл настапи многу жестоко и сурово не ме навреди, вистината ко што кажав не боли, мене ме изиритира нејзината претпоставка, нејзиното вадење од ракав информации, додека сите останати сте седнале и сте ме прочитале убаво за да ми дадете совет, па постот на Лилит ако не беше суров кој беше, или на ЕлеМентал, што ним не им се сипав. Да бидеме реални, јас не дојдов овде да слушнам стотина мислења во кои вие викате раскини му, раскини му, дојдов овде за да добијам совети, размислувања, нели сите во своите глави си имаме некакви недоумици, сите се обидуваме пред големите чекори да добиеме некој совет плус, па од 100 совети, веројатно 20 се навистина вистински и она што е реалност, а тоа што дечко ми ми препорача да напишам, тоа само ме натера да бидам дотолку искрена. Лондон, не сум ти лута, но друг пат пред да дадеш совет убаво погледни ја ситуацијата, отвори ги мислењата, па немам јас 6-7 000 мислења, имам одвај 700 не мора многу далеку да идеш, само убаво пролистај и ќе сфатиш, јас барем пред да дадам асален совет убаво а согледувам ситуацијата, да не лупам безвезе само.
     
  14. maja8

    maja8 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2010
    Пораки:
    2.847
    Допаѓања:
    2.159
    И добро ангел, ти помогнаа ли сите овие 14 страни со совети, кој е твојот заклучок на темата, и кое мислиш дека е најдоброто решение?
     
  15. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.099
    Значи жени што ќе успеат да направат тоа никој...Сеуште мислам дека ситуацијата на Ангел не е ни малку страшна како што ја направивте, ниту дечко и е таков за каков си земавте право да кажете, а Ангел од почит кон некои од вас како форумџики не сака да ви возврати на погруб начин...Го бранела та го бранела, зошто да не го брани ако знае дека има многу убави работи што треба да ги каже за него, па нели ако сакате да советувате треба да знаете се', и добро и лошо, сте се фатиле за 100 те денари и бензинот и цела врска од 6 години се сведе на тоа...
    И немој да решаваш за вашата врска врз основа на мислењата тука освен ако и ти цврсто не си уверена дека се во право...
     
    На AngelOfArh му/ѝ се допаѓа ова.
  16. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.408
    Пол:
    Женски
    Абе дечки сериозно нема да ја ставаме тука на тест. Изборот е нејзин или џа или бу! Не можеме ние да и ја бираме среќата, иако за мене дури најдрскиот совет ми делуваше добронамерен. Факт дека некогаш љубов не заслепува, само ме чуди како твоите блиски или бар некој не го забележал тоа.. не ти дал совет, или сите се привикнале а ситуацијата. Како и да е..

    Не можам да живеам со циција, не сакам некој кога би криел од мене, или би се лимитирал екстремно многу за некои нормални работи, или пак еве заради тебе ова сега дај ми, едноставно создава притисок, ако веќе сме пар сакам да функционира како за Нас двајца, без да размислувам јас колку сум потрошила за него или он за мене.
     
    На AngelOfArh му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.683
    Па не е работава - „Ве прашувам, ама не кажувајте ништо, оти јас најдобро си ја знам врската и дечко ми?“
    Јасно е дека си го знае, 6 години поминала со него, и ние се водиме по она што таа самата го кажува како моменти кои и` сметаат во врската....ние не измисливме ни 1 момент, ни 1 ситуација, ние ги коментираме постоечките, оние што Ангел сама ги изнесе.
    На крај секако, одлуката е нејзина, и која и да е, сигурно нема да ја донесе оти ние и велиме дека таа е вистинската :)

    Ако е така, тогаш темите за совети можат слободно да се затворат.
     
    На AIT му/ѝ се допаѓа ова.
  18. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.099
    Не коментирате се', не видов никој да праша зошто дечко и изреагирал така за тие 100 ден, дали можеби има причина, како таа се поставува со финансиите во нејзината врска...и во долга врска постојат моменти кога во нервоза и афект се кажуваат и прават работи кои не се одраз на врската во целина...
    Очигледно Ангел е тип на човек кој инсистира на искреност, па ако сака отворено да зборува за некој дека е циција тогаш и тој има право да каже искрено дури и тоа дека можеби е таа во финансиски плус?? Зошто тоа него го прави идиот а тоа што таа му плеска дека е циција е искреност? И сама кажа дека многупати и помагал, можеби сака да ја научи да биде поодговорна со парите и да не се опушта премногу знаејќи дека тој е тука за неа? Претпоставувам само...
     
  19. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.808
    Допаѓања:
    52.973
    Мислам дека е лесно да се суди за другиот, но ако станува збор за нас милион пати би се преиспитале. Секоја приказна има повеќе страни.
    Се согласувам дека е најбитно самите себе прво да си се цениме и да не дозволиме никој да не погазува, а посебно за вакви глупости. Ама понекогаш несвесно кога вложуваме во некоја љубов оставаме делчиња од нас зад себе, затоа што љубовта е компромис, а не секој за себе и своето.
    Не сум сретнала до сега таков човек, да се цинцари за пари со девојката што ја сака, да ги мери и пребројува, но ете...имало и такви карактери. А сепак, мора да има нешто во овој човек штом Ангел го сака :^) сигурно не е мазохист па да ужива тој постојано да ја повредува.
    За мене нема оправдување, затоа што не ја разбирам среќата која не ја делиш со никого, не го разбирам тој поим да те боли тоа што ќе го дадеш, наместо да се радуваш што си споделил. Не само со девојката, туку и со луѓето околу тебе. Тој мора така да се однесува кон сите. Не е скржав на емоции? Можеби, ама тие емоции понекогаш и те како се манифестираат преку подароци, зашто кога ти е драг некој, ќе видиш бре нешто ќе сакаш да му го купиш, и себеси ќе се израдуваш и него. Во тоа е и вредноста на парите, да можеш да си пружиш себеси и на своите нешто повеќе. Ако го ставаш секој цент на вага, тогаш парите раководат со тебе, а не ти со нив.
    Кога има љубов, има заедништво. Не бидете себични, од себичност човек на крај сам останува, по лошо се памети. Која среќа ќе ја имаш со парите што ги стискаш, кога на стари години никој нема да те сака ни да ти понуди рака. Кога ти се скржавиш и луѓето кон тебе ќе станат скржави.

    А ние сме такви. Ни трубат и ни трубат над глава, заслепени...па кога ќе се свестиме ќе си речеме, да во право биле. Јас би и рекла на Ангел само, како што тој е скржав кон тебе и ти биди скржава кон него (не со парите). Во љубовта треба да даваш, ама и да ти биде дадено...поинаку тоа не е таа љубов која ја заслужуваш. Време е да мислиш себично за себе.
     
    На sweet25, ilipili, 1209 и 2 други им се допаѓа ова.
  20. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.173
    Допаѓања:
    102.185
    Пол:
    Женски
    Токму како што кажаа последниве 3 поста, секој од секој различен ама во една целина е тоа. Е сеа, како што веќе кажав, она што вам ви личеше на бранење, јас го изнесов како дополна на сотуацијата, во моментот бев во афект и не ги напишав сите работи, па постепено ја разјаснував ситуацијата, не можам да кажам да, ама баш никогаш не направил ништо за мене, кога направил, како што ми се чини Хипстер ме праша дали некогаш ме повикал на ручек, е ај да речам не е така кога е така? Тоа за мене е изнесување на ситуација. МСкорпионка, иако прва ме нападна, ама секој еден коментар ти е она што навистина е реалност, уште еден доказ дека вистината не ме боли. И Љубам, во право си, сите твои коментари се на место, секој еден збор иако одмерен го сфаќам со длабочина на суштината. Токму така Моира, изборот е мој, ситуацијата е јасна, затоа и бев толку искрена, затоа што сакав искрен совет, ако не сакав и знаев што да направам немаше да барам совет, немаше ко што вика Дузи и многу други да го вадам прљавиот веш од врската.
    Шт научив и сфатив од советите? Ќе бидам искрена, сеуште сум во бунило, сеуште не знам што да направам точно, но знам дека ситуацијава има два излеза, полесен или потежок. Во секој случај не бега разговор со него, веќе му кажав дека сакам да разговараме, искрено и без ќутење, не сакам повеќе да заташкам ниедна работа, а потоа, ќе видиме, ако тој се одлучи на промени, ама радикални, работите може да бидат многу подобри од минатото, а ако не е спремен да се промени за мене, тогаш нема што повеќе да бараме ние двајца еден од друг, јас се променив доста заради него, ред е на него сега. Баш како што Кравче напишала откако јас се овде напишав, па морав да допишам ова :D
     
    На ljubam му/ѝ се допаѓа ова.