Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Машко циција?

Дискусија во 'Врски' започната од Tanjamm, 28 август 2012.

  1. danielka0507

    danielka0507 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2011
    Пораки:
    422
    Допаѓања:
    308
    Пол:
    Женски
    Ангел, искрено ги исчитав сите страни и твојата ситуација ме потсети на една моја блиска другарка.
    Немој да се лутиш и навредуваш ниту на лондон -гирл, ниту на било која друга феминка, која ти вели дека не заслужуваш ваков скржавец покрај себе.
    Јас ти го велам истото и те молам, остави го...ИМАШ САМО 25 ГОДИНИ...Одма ќе најдеш друг...Заслужуваш дечко, а утре сопруг, кој нема да штеди на тебе, туку за тебе и за Вашето семејство.
    Навистина ме заболе тоа дека си среќна за поклонот карти од Балашевиќ, и за театар...Па тоа не е поклон златна моја..па во мојата врска, денес брак не е битно кој ќе ги купи картите за театар или за кино...Не е битно кој дома ќе купи храна или плати сметки...Па тоа е заедничко..Маж ми заработува многу повеќе од мене и многу повеќе придонесува дома ..Зар треба да ми префрла за тоа..Па можев и да не работам..А и работите можда и ќе се сменат.. И јас се борам за уште подобро место и подобро платена работа, за на нас двајца(уште малку 3) за животот ни биде уште поубав..Во моментот мојот сопруг подобро заработува, и работи и по 12-13 часа дневно, зар треба да ми ги подели сметките, или да ми направи скандал за 125 денари...Па и претходно во врска..Не дозволил да платам..А и реално, јас пијам 2 пијачки, он 10..зар 200 денари да дозволи да извадам и да си ги платам пијачките...Караници имало кога сум сакала јас да частам..Па сум барала 300 поводи..Живот е ова драга Ангел..Живот само со човек се живее...Со скржавец многу тешко...Жени сме и не сме спонзуоруши ако од дечковците и мажите добиваме скапи и убави поклони...Ако можат зошто да не..Паметни се , нека оценат која е за пари, а која е горда и среќна на убавиот поклон добиен од својот сакан.. Љубовта и бракот се компромис во се...Имам брат помал од мене и цел живот го учев да биде џентлемен...На прв состанок ако нема пари да плати за двајца, нема да излезе...А сам ке си процени која е за пари, а која не...
    Колку ние жените да се бориме за рамноправност, утре во брак, на 90 % од нас поголемата тежина нам ни паѓа..Таква е природата..Таа неможеме да ја смениме..Само вистински маж тоа умее да го цени и почитува и да го надокнадува на начин како ке му одговара во зависност од можностите ...
    Цени се самата себе си...И барај си човек каков што сакаш и заслужуваш...Жени сме, заслужуваме многу повеќе внимание од партнерот во секој поглед...Денес можеби не сте свесни, но во брак ќе видите колку е тоа битно..
     
    На Kitty23, imelda, Li0ness и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. Trnche

    Trnche Популарен член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2012
    Пораки:
    168
    Допаѓања:
    241
    Мислам дека е доста од наши совети. Ејнџел побара мислење на една доста скокотлива тема, се испишаа страници наназад по тој повод и СИГУРНА сум дека после се`, очите и` се отворија. Можеби и повеќе од што треба.

    Ејнџел, пишав и претходно на темава, верувај ми дека те сфаќам и повеќе одошто можеш да замислиш. И го знам епилогов на целава ситуација. Ќе му дадеш втора шанса, бев на твое место (за малку поинаков проблем) и дадов втора шанса. И мислам дека во моментов тоа е најдоброто нешто што можеш да го направиш. Е сега зошто? Сите ќе речат дека со ова го поништувам моето претходно мислење на темава, ама не. Како што сфатив, ова ви е прва така подраматична кавга што може да води до раскин. Ова е прва таква ситуација каде што доби многу повеќе коментари од што очекуваше. Ти побара совет за една работа, доби многу повеќе од тоа. Ти ќе ја пружиш шансата, ама вашиот однос и твојата љубов нема НИКОГАШ повеќе да остане ист/а. Сакајќи или не, овие испишани страници ќе те обележат како тебе, така и вашата љубов. Ќе си дадете шанса, ќе продолжите со врската, ама таа твоја чиста искрена и наивна љубов нема повеќе да биде иста. Секој негов нареден чекор ќе го преиспитуваш, зад секоја негова изговорена реченица ќе го бараш скриеното значење, за секој твој иден топол гест кон него ќе се преиспитуваш. Еднаш скршено, џабе е се`, ќе го залепите, но пукнатините ќе се провејуваат заскогаш. Продолжи мила, за многу кратко време ќе се фатиш самата себе си како се ладиш и се освестуваш. Дефинитивно ти ги симнаа/вме розевите очила. Ништо повеќе нема да биде исто. После некој месец, ваквото негово однесување ќе почне да те иритира. Па следен чекор, и ти ќе почнеш да се однесуваш како него, ќе се водиш по принципот како тој со мене, така и јас со него. Немој да ме сфатиш погрешно, не мислам дека ти ќе си го смениш карактерот, дека ќе станеш цинична и злопамтило, едноставно ти велам дека многу поинаку ќе ги гледаш работите. Тие имале долга и длабока врска. Сакаш или не, после толку години се развива многу длабока поврзаност, јас верувам дека дечко и` на Ејнџел ја сака, ама ја сака на свој посебен начин, исто како што верувам дека тој и` не знае друг начин на сакање, тој едноставно си е таков и таков ќе остане.
    Дадете си шанса, после многу кратко време работите ќе станат повеќе од очигледни. Или џа или бу. Или дечко ти ќе сфати што има во раце и што пропуштал сите овие години, или ти ќе увидеш дека после се`, стварно нема зошто повеќе да се бориш. И сама ќе дигнеш раце. Ако ништо друго, сета љубов, труд и енергија што си ги вложила заслужуваат барем утре совеста да ти биде чиста, да знаеш дека ти си го дала и последниот атом од својата болка за да успее ова вашето. Нема да се прашуваш што би било ако би било. Ќе си бидеш начисто. Штом стигнавте до ваква драма, епилогот се наѕира. Или хепи енд, или секој по свој пат.
    Јас најискрено те советувам да дадеш една последна втора шанса. Заслужувате и двајцата. Исто, знам дека ќе бидеш доволно паметна и храбра отсега понатаму реално да ги гледаш работите и да ги знаеш границите.
    Од мене ја имаш сетта поддршка. Среќно мила. Биди храбра. Ти си секогаш на прво место.
    Запамти, волкот го менува влакното но карактерот не. Отвори очите, зауздај го срцето, проникни во разумот. Тоа е се` од мене на темава.

    П.С. Заборавив. Она за откривањето на идентитетот на Ејнџел. Јас единствено ти замерувам што си дозволила дечко ти да дознае која си на форумов. Рече и дека немало потреба ти да му откриеш која си, сам те „провалил“. Го сфаќам и тоа, верувам дека се знаете и како дишете. Ама не требало воопшто да му кажуваш дека пишуваш тука, туку само дека читаш. Овде сум со Дузи, форумов го сметам како мое лично катче, само моите мисли, а тоа ме тангира само мене и никој друг.
    А за другите што те и можеби ќе те препознаат, ама ич да не ти е гајле. Еве јас ќе бидам прва што ќе признаам јавно, јас те знам. :) И те препознав уште од самиот почеток. И тоа знаеш како? Баш од тие „маалски муабети“ од нашето ни мило и драго родно место. Башка, лесно беше да те препознаам, па кој друг од таму доле би излегол од просечноста :D И знаеш што, после проблемов, моето мислење за тебе воопшто не се промени. Можеби само на подобро. И верувам дека така и би било си сите останати (без разлика дали се колеги од работа, пријатели, познаници или непријатели) што евентуално би те препознале. Ако не, нема зошто сега да почнеш да се замараш со ситни души.
    Дај си малку оддишка, човек да не можа да дигне глава од проблеми. Бре.
     
    На Doozy, Moira, AngelOfArh и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. london-girl

    london-girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2012
    Пораки:
    144
    Допаѓања:
    56
    Angel ти можеш колку сакаш да се лутиш на мојот пост кој секако беше добронамерен.
    Не ми е јасен моментот ти поставувуаш прашање,споделуваш како некој се однесува спрема тебе и јас искрено ти нудам одговор,ти ме критикуваш мене?
    Очигледно не сакаш да отвориш очи.Друг момент ,кој пријател ти го пушташ овде демек мене да ме саботира,оти ти се најде многу повредена од мојот пост?
    Стварно не знам што да ти кажам,те мислев за принципиелна личност но не си била таква.
    И извини на мојата искреност,затоа што од твоите поста што ги напиша за проблемите со дечко ти мене само тоа што го напишав ми дојде како одговор.
    Да имаше напишано колку те сака,колку е добар со тебе,ти купува подароци,те изненадува без причина тогаш ќе ти напишев дека имаш среќа што си покрај таков човек.
    Но јас не можам да ти глумам лицемерие и не сакам да се повторувам,зошто си се закачила за мојот пост кој во целост беше точен и уште ми праќаш некој да ми пише,тогаш донесувам сосем спротивен заклучок за тебе.
     
  4. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.173
    Допаѓања:
    102.184
    Пол:
    Женски
    London, наместо да ме прочиташ и да сфатиш ти упорно одиш со главата во ѕид. Кажав ли јас дека се лутам, само кажав дека твојата суровост се темели врз неразбрана ситуација. Многу ќе беше лесно, јас ќе ги напишев само лошите работи, вие сите ќе плукавте по него, што и така и вака го напишавте, и ќе ќутев само ќе си читав. Она што сите го нарекоа правдање е токму тоа, неговите фини страни, она што ме тера да се запрашам два пати, да го седнам на муабет. И се ќе беше најфино, вие ќе ме сожалувавте мене, ќе ме советувавте сите до еден ајде Ангел што чекаш раскинувај му итн итн, а јас немаше да бидам мирна пред самата себе си, јас не см таква, не сум дволична и сакам искреност, што е всушност и суштината на овој проблем, јас сакам искреност а тој не е спремен на неа, се разбавме тоа така? Оној пријател кого сите го нападнавте не ми е воопшто пријател, тоа не е воопшто битно, се работи за женска личност која ми е многу блиска, и јас не ја пуштив да ти се с`сне тебе, која небулоза господе боже, ќе и се јавам и ќе плачам, ама те молам стај се да и се скараш, ме налути. Па што не и се јавив даја нападне МСкорпионка, ете ја она сто пати поискрена од тебе, да не мислиш случајно и дека имам нешто лично против тебе. Девојко, имам 25, а имам сфаќања како изградена личност, не летам со паметот, ова што ми го напиша е веќе вреѓање, бидејќи нели вистината не вреѓа, а ова е чиста глупост. Да, ниедна друга не нападнав, бидејќи сите размислиле пред да ми напишат било што, врати се наназад малце и прочитај ги другите постови, ЕлеМентал, Лилит, Моира, Љубам, Витомир.... сите... помалку или повеќе сурови, никој не ми падна во очи како ти со твојот пост, зошто ли?
     
  5. Kalina1

    Kalina1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2011
    Пораки:
    81
    Допаѓања:
    37
    Ангел, да ја преиспиташ убаво својата ситуација. Во брак знаеш како викаат првите неколку год. се јаде медот а после тоа доагаат кавгите. Замисли си сопруг кој ке ти рече неможе да си ја купиш оваа блуза или нешто друго што ке треба за децата затоа што он замислил на пр. да купи поголем стан.
    Кај моите дома беше таква ситуација,мајка ми цел живот криеше од татко ми кога ке купеше нешто за нејзе или нас и лажевме незнам како баба ми ни купила, па тетка ми поклонила и незнам уште што не.
    Исто така не даваше да се купи кока кола се трошеле пари или благо нешто да се купи, така да како деца чоколадо гледавме од нова год. на нова год. И татко ми успеа купија голем стан од 96 квадрати, кола,ама на наша штета. Цел живот одевме облечени како циганчиња,миевме заби со некој буграски пасти солени без вкус и др. да не набројувам. Од како се вработив, омажив ке дојде на гости и уште е таков што сте купиле сок, колачи трошите пари, недомакини сте. Па сакаме на пр. да одиме да се шетаме во Охрид на викенд ни прави кавга како сме трошеле пари.И еднаш ми одјде преку глава му викамЧмои пари и што сакам ке правам со нив. Верувале или не,ке мислите лажам на сопстевните внучиња кога ке дојде малата ке му рече дедо сакам сок, бонбони, ке оди ке и купи и мене ми бара пари ми вика потрошив на пр. 80 ден да ми дадеш.За сопсвено внуче бре а има пензија од 20000 ден.
    Ама таков е роден и таков ке остане мислам тоа му е во крвта.
     
    На Kitty23 и karenin им се допаѓа ова.
  6. Tomcia

    Tomcia Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 август 2010
    Пораки:
    172
    Допаѓања:
    126
    Темата е болна, затоа и така се реагира
    Ангел ги изнесе фактите што и сметаат кај дечко и. Ние толку знаеме за него. Па и да е најдобриот човек на светот, колку и да ме сака, да ми каже дека од таа врска јас сум во финансиски плус... Плус, мене ми изгледа дека намерно го прави тоа, демек му должела Ангел пари. Други женски биле згодни, ова, она...
    Па нека се гони, ќе му ги фрлам во железни пари, нека ги собира после, како што кажа веќе една феминка пред мене.
    Тоа е една од најголемите навреди што некој може да ја каже. Тоа не е човек. Тоа е голем идиот, на кој што газот му зиинал за пари. Еве му ги, нека ги изеде ако сака.
    А ангел е вистински ангел според мене. Само треба да ги тргне розовите очила, после извесно време ке сфати што како. Девојко, ти вредиш премногу.
    Подобар ќе најдеш од него, полош нема да најдеш
     
  7. london-girl

    london-girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2012
    Пораки:
    144
    Допаѓања:
    56
    Angel што мислиш ли?
    Дека јас не ги прочитав сите постови и така напишав од памет?
    Не си воопшто јасна верувај,зборуваш дводимензионално,не можам никако да те сфатам.
    Во првиот пост контра мојот ти велиш дека ти ја пишам вистината,а нели таа не боли,а сега кажуваш дека те вреѓам?
    Второ ти сама си пиша дека се трескаш од земја со понашањето на дечкото?
    Јас ли ти сум виновна што некој те натерал да се чувствуваш така како што се чувстуваш?
    Друго велиш дека тој што ми пишел не ти бил воопшто пријател,туку многу блиска особа.
    Дај молим те малку контролирај се што пишуваш ти,не јас.
    Јас девојко читам 10 пати пред да напишам нешто,не пишувам имуплсивно.
    Ти се зачленуваш на ЈАВЕН ФОРУМ каде ЈАВНО поставуваш проблем ОД ТВОЈАТА ИНТИМА нормално дека че има одговори,што очекуваше да ти аплаудираме овде?
    Тогаш зошто воопшто пишуваш.Дај молим те не биди саркастична со твоете понашање.
    И да не ми личиш на 25 на понашањата сигурно после твоите последни поста.
    И јас имам право како членка на овој ЈАВЕН ФОРУМ каде сакам да пишувам,и не ти сум јас виновна за твојот проблем кој го предизвикал некој друг а не ЈАС.
    Не размислуваш рационално,а уште помалку рационално пишуваш.
    И дај молим те пред да пишеш следен пост прочитај 100 пати не 10 пред да напишеш нешто.
    Друго те повреди мојот пост,зошто?
    Зошто сум ИСКРЕНА и те пточитав во уште други 10 теми каде се жалиш,дека не си задоволна од твојот дечко,дека се гледа во други пред тебе,дека коментира други пред тебе,дека ти си сама дома а тој се фура некаде со друштво,затоа дојдов до ЗАКЛУЧОК дека оваа врска на се ми личи само на врска не.
    И ти можеш уште колку сакаш да се зафаќаш за моите постови,но суштината на проблемите да ја криеш во тебе,а бесот сигурно не ти го предизвикав јас,ниту афектот,ами тој кого не му е стало до тебе,па буља во други женски.
    И пак ќе речам ваков да ти биде маж,не знам каде ќе ти биде крајот.
     
  8. artemis

    artemis Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јуни 2010
    Пораки:
    358
    Допаѓања:
    324
    Пол:
    Женски
    Од ова заклучок. Ако дечко ти е како и тој пријателот Вициоус (или тоа е тој, веќе не е ни битно), под итно и двајцата да ги откачиш. Ако се такви иронични, зајадливи, саркастични, и она плус коментарот посочен код една феминка, демек одамна не си плеснала, кажува дека си опкружена со многу чудни, себични луѓе. Инаку, прочитав некои твои постови, да видам ете каква си и мислам дека си океј девојка. Ама со погрешни си опкружена. Дај биди си себична и ти, сврти лист, живеј за себе и размисли за типов.

    Инаку, многу е интересно што за 125 ден се разви дискусијава, што значи дека зад мали ситни работи секогаш се кријат големи проблеми. Поздрав!
     
    На london-girl му/ѝ се допаѓа ова.
  9. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.629
    мислам дека сите девојки вклучувајки ја и london-girl сакат со добронамерни совети да ти кажат дека твојот дечко со такво однесување кон тебе за некој си 125ден да те ремети,и плус да те тера и бензинот да му го плаќаш е навредливо за било која девојка,и ти самата тоа си го знаеш,ама упорно го оправдуваш,и затоа имаше и посурови коментари за тебе,затоа што ти си таа што премногу толерира,така да не зимај све за срце,туку гледај на тоа како на поинакво мислење од твоето,а дали ке ги прифатиш или не тоа е твоја работа.поздрав до прекрасната AngelOfArh. ;)
     
    На eliesaab, AngelOfArh, Tomcia и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.173
    Допаѓања:
    102.184
    Пол:
    Женски
    Луѓе, како не сфаќате, јас не се преплашив од критиката, воопшто, напротив, сите критики ги сфатив како што беа напишани. Аман ако ме повреди Лондон би требало да ме повредат и другите, што не им одговорив на другите како на Лондон? Инаку Лондон, не ме навреди мене тоа што си го пишала на темата, ме навреди тоа што си пишала дека сум ја пратила Вициус за да те нападне, што во секој случај не е вистина. Јас имам едно 10 пати повеќе постови од тебе Лондон и никогаш не сум пристапила како тебе, ако ме прочиташе ќе знаеше дека не ми е прва врска, дека не ми е прва караница и слично. Се разјаснивме? Ајде доста Офтопици сега :!:
     
  11. karenin

    karenin Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2010
    Пораки:
    1.426
    Допаѓања:
    2.172
    Машко циција! На моја блиска другарка татко и е ваков. Девојчето сега на 30 години има таков празен живот, според мене, баш поради тоа што растела во семејство со ваков човек. Знаете ли што им правел татко им. За сите родендени, за сите одмори, за школувањето не им давал ниту денар. Не само што не давал од своите пари туку и ги трошел нивните. Замислете маж постојано да бара пари од жена си за се. А не дека тој нема пари, тој работи и зима солидна плата. Замислете маж кој не им купува ништо на своите деца. Замислете маж толку скржав и заслепен од сопствената големина кој сега еве го живее сам. Другарка ми сега емотивно е слаба. Не знае да распознае што е вистинска љубов. Всушност знае, ама не сака да ја бара, ни си пружа шанса да ја најде. Јас разбирам да се ценат парите, но не разбирам како не ти е мерак на сопственото дете да му дадеш пари за да се изгради како личност и вдоми.
     
    На eliesaab и vicious им се допаѓа ова.
  12. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.134
    Допаѓања:
    156.154
    Се чини дека на форумов дискусијата не замрела...ама интересот е фокусиран на туѓите проблеми, него ли на некоја политичка тема или тема со религија... каде повеќе одите на идејата,јас своето да го кажам, ти твоето и не ме чепкај,нејќам да дискутираме. Онака,типични женски. Тука е лична темата, очекувате да не ве сфаќаат лично, но кога треба да се дискутира на друга тема, вие сте повреѓени и увреѓени зошто некоја кучка таму се решила да ви го напаѓа ставот доживувајќи го лично.
    Жените немаат чувство за парламентарност,тоа е факт.
    Да не се буните после дека форумот нема дискусија и е досаден...
    Ама дали е македонштина или дека жени се у прашање,не знам,но еве го... туѓ живот поинтересен од некоја друга тема од типот религијата не затупува и 10 причини зошто не треба да постојат религиите како суштински побитни за сите нас...

    А што се однесува до темава,ко завршен збор. Ангел, за да си го решиш проблемот, ти треба некој кој агресивно ќе ти пристапи во реалноста зошто во суштина си мазохист и на тој начин да те убеди дека типов не е за тебе. Пошто он се однесува агресивно,почесто пасивно агресивно со тебе и ги остварува своите цели. Побарај си помош од твоето семејство. Запамти, ТВОЕТО семејство е круг на доверба, и ТВОЈОТ дом е местото каде што се браниш од суровиот свет и луѓето кои те повредуваат,единственото место на земјата каде што си најбезбедна. Така што...престани со тие самообвинувачки работи, совест и чувство на вина и должност...

    И да,на тинејџер од 15 до 20 години лесно е да му кажеш она кое погоре дрско сте го инапишале. Ама тука веќе се работи за возрасна личност. Од каде пак знаете што влијаело на нејзината ниска самодоверба?! А какви сте пак вие?! Ајде да седнеме на кафе и да продискутираме за вашите квалитетни личности со возрасен тон и култура,па да видиме до каде сме. Ајде да отвориме некоја тема каде ќе ги кажеме своите политички мислења за актуелните случувања во светот, светка економија, политика и војни или научени сме да центрираме само во туѓи животи и за све тоа да имаме мислење и да се маваме у гради.
    Таква надменост и снобски пристап од типот ти си неквалитетна личност,задржете си ги за себе. Дали бил генилаен,но луд...така што ако задоволувате некоја норма,поверојатно е дека сте просек...
    Ангел греши,страаааааааашно многу греши... ама зошто веќе ова е тема со возрасни феминки,а не некој тинејџерски проблем каде и јас шамарам вербално и секогаш бирам зборови според нивото, тука не можете да си дозволите да го спуштате нивото... ама воопшто. Има начин и начин, а вие не можете да го согледате правилнот. Има теми каде се лактаме, караме, вреѓаме и све тоа, само зошто некој поставил такво ниво,ама тука... не баш...
     
    На mimiiiii, WomanInRed, Katerinceee и 8 други им се допаѓа ова.
  13. baby-star

    baby-star Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2012
    Пораки:
    2.470
    Допаѓања:
    10.903
    Ја не би да завземам страна или став,тука на темата е веќе се кажано и прекажано околу проблемот што го има Ангел.
    Дискусијата мислам дека веќе ја однесовме во некоја нова димензија,обидувајќи се да дадеме искрени совети и да помогнеме на Ангел.
    Ангел, сите напишавме некаков совет или индивудална претпоставка врз основа на она што ти нам ни го кажа.
    Значи никој не кажа нешто лошо или да го изнел од ракав.
    Не би сакала да се мешам во туѓи проблеми и интими,но кога веќе проблемот е повеќе од интимен и јавно обелоденет тука не би требало да се лутиш на поедини членови од форумот бидејќи ти дале некаков совет или мислење.
    Во контекст на темата јас мислам дека е тешко да опстојува здрава врска со машко циција,кој е егоист и во основа и првенствено важни му се само сопствените потреби и чувства.
     
  14. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    8.164
    Допаѓања:
    138.887
    Јас дури сега ја видов темата, и не сакам да коментирам за ситуацијата на Ејнџел, како и за никоја друга конкретна ситуација. Една од работите која ја нучив во животот е дека секој човек си е приказна за себе, создавана со години низ милиони случки, и никогаш не можеш да знаеш зошто некој друг размислува или прави нешто што го прави. Колку луѓе, толку приказни.

    Јас не би можела да бидам со циции околу мене - без разлика дали е партнер, или пријатели. Страшно ме нервираат луѓе кои ситничарат, и едноставно - не сакам да ги имам околу мене. Ако имам доволно пари, не ни размислувам дали да платам пијачка или ручек на некој што е со мене и ми значи. Да не ми биде поубаво случајно да испијам сама две пијачки, наместо да почастам некој близок, особено ако знам дека е во полоша финансиска состојба од мене? Кога излегуваме на пијачка со друштво, никогаш не делиме сметка, секогаш плаќа еден кој во моментот има некој ситен повод за частење.

    Имам пишувано и во некоја друга тема, мене и на муж ми парите ни се заеднички уште од првиот ден. Кој колку има - толку дава, и ги трошиме сите :D. Па кога имам повеќе пари едвај чекам да му купам нешто, да го израдувам со нешто што знам дека го сака или му треба, да го направам среќен! Сме имале различни периоди во животот - и периоди кога моите не можеле да ми дадат повеќе од 200 денари во месецот кои ги трошев на копирање материјали на факултет, па тој ме носеше секаде, ми плаќаше пијачки и одмори и се, и периоди кога земав многу голема плата, па за се плаќав јас, затоа што ми беше мерак.

    И не само со дечко, или денес маж, истиов однос како што пишав погоре го имам и со другарки. Боже чувај да знам дека нема пари за кафе, да делиме сметка! Или да знам дека и се броени и не знае што попрво да направи со нив, а не па да плати кафе! И јас кога сум немала, се ми плаќале. Не сум останала никогаш дома, да не излезам во град, затоа што немам. Колку сме имале, се било заедничко.
     
    На Katerinceee, Ognenija, Neytiri и 15 други им се допаѓа ова.
  15. zapirka

    zapirka Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2010
    Пораки:
    42
    Допаѓања:
    21
    Само едно имам да кажам на темава , 125 денари :tmi:
     
    На Oxymoron и artemis им се допаѓа ова.
  16. artemis

    artemis Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јуни 2010
    Пораки:
    358
    Допаѓања:
    324
    Пол:
    Женски
    Навистина мислам дека многумина од нас лично до доживеаја проблемот, веројатно поради тоа што зад парите се кријат големи проблеми, а веројатно деликатната тема пари во ова време сите не засега, па секој се нашол погоден, засегнат или едноставно зачуден. Само не ми е јасно како дојде до расправии. Мислам дека треба да престанеме зашто 125-те денари ќе станат 150 лоши зборови. Со почит до сите феминки.
     
    На vicious, imelda и Rainforest им се допаѓа ова.
  17. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.173
    Допаѓања:
    102.184
    Пол:
    Женски
    Знам дека сите кои надолго и широко дискутиравте околу проблемот се прашувате што се случи со скржавиот дечко на Ангел, можеби и не се прашувате ама Ангел наскоро ќе започне да пишува во едни други теми па сигурно ќе останете со прашалник на главата. Прво, имав еден монолог кој на неколку пати кулуминираше и се враќаше на иста точка. Накратко, тој е свесен дека згрешил, не сака да признае неколку битни моменти, но знам дека се кае, си го познавам до толку. Второ, и најважно од се, се отворија битни теми за нашата врска во која јас успеав да му докажам и покажам колку го сакам, за што не се сомневаше, но едноставно му дадов уште една потврда. На крај решивме битни работи за кои и двајцата со години сме преќутувале а ни сметале. Јас си кажав што ми тежеше на душата, си кажа и тој. Воспоставивме нова економска политика :D и дојдовме до нова точка во животот. Реално, ние сме заедно подолго време, и двајцата со убаво работно искуство позади нас, со завршени факултети, со магистерски кои се при крај и независни од семејствата, но нешто ко што кажав беше труло во нашата држава. И ко што се чисти овошка која затрулила го исчистивме сиот гнилеж и дојдовме до здраво месо, нови основи за кои толку ми зборувавте дека се утнати. Нема веќе да се крие, нема веќе да се премолчува, нема веќе да се поминува преку непотребни работи. Можеби ви звучам збунето, можеби ќе ме осудите знаејќи колку бев повредена, но сметам дека 6 години не сме заедно само поради некаква емоционална стега, сепак помеѓу нас сеуште имало многу љубов која сме ја потиснувале со проблемите со кои сме се судрувале, како што се прави одвреме навреме, се разгоруваат страстите за кои сме мислеле дека се изгубени, се отвараат нови теми, многу побитни за иднината. Се извинивме еден на друг за кажаните лоши и непромислени реплики, си ветивме дека нема повеќе да се повтори. И да, знам дека нема повторно да се повтори, затоа што овој пат јас ќе бидам таа која ќе биде похрабра и пореална прво кон себе па и кон него. Ви посакувам да не се најдете во состојбата во која се најдов јас, да бидете поитри и попретпазливи од мене, но ви посакувам на сите вас кои имате некаков проблем да седнете и да го решите со саканиот, ако тој навистина тоа претставува, и се разбира да имате разрешница како мојата.
    Ви благодарам на сите за искрените совети, иако повеќето гласеа да се разделиме, јас сум сигурна во својата а и во неговата љубов така да решив да го завршам ова со уште една шанса, која ќе ни донесе многу поубави утриња. :*
     
    На anuskaNESTLE, Moira, MSkorpionka и 12 други им се допаѓа ова.
  18. baby-star

    baby-star Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2012
    Пораки:
    2.470
    Допаѓања:
    10.903
    Мило ми е Ангел што се завршило како треба и дај боже да имате еден нов и поубав почеток,па да те читаме во темите свадба.
    Поздрав.. :inlove: :inlove: :inlove:
     
    На AngelOfArh и bubuce им се допаѓа ова.
  19. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.341
    Малку ќе сум офф ама со мало задоцнување, не за друго туку за трето-сега дознав :) дека дечко и на Ангел :!: ме послушал.
    Епа со среќа нека ви е!
     
    На anuskaNESTLE, zhap4e, Moira и 2 други им се допаѓа ова.
  20. WomanInRed

    WomanInRed Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 мај 2011
    Пораки:
    1.605
    Допаѓања:
    1.607
    Не треба више да дискутираме за Ејнџел бидејки е сепак нејзин проблем но јас НИ СЕГА НИ ЗА 100 ГОДИНИ не би можела да се заљубам во таков. Од причина што со тој човек знам дека никогаш нема да имам иднина.
    Не дека сум некоја спонзоруша и едвај чекам некој да ми плати пијачка но малце сум старомодна во мислењето дека машкото е главен во врска. Ајо тој ми плати, тогаш знам дека имам некоја сигурност со тој човек. утре нема да има расправии кој колку пати се бањал дома, кој колку јадел кој колку трошел струја. па не сакам јас цел живот да го поминувам за небитни работи.
    Јас секогаш стојам на тоа дека сакам да бидам независна, дека имам мои потреби, депилација, нокти, коса фала богу женско сум и сакам сакам да се грижам за себе, но со такво машко?! фала богу што ми се нема десено да сретнам таков ама и да го сретнам, прво нема да можам да се гледам со таков а не па да се заљубам..
    пу пу, господ да ве држи далеку од такви
     
    На eliesaab му/ѝ се допаѓа ова.