Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Машко циција?

Дискусија во 'Врски' започната од Tanjamm, 28 август 2012.

  1. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.953
    Допаѓања:
    12.630
    Баш така господ да ве чува од такви, бел ден нема да видите. Леле ме боли кога некој таак ќе се однесува со мене, стварно јас од машкото очекувам да ми биде поддршка, да биде карактерен, да имаме разбирање, а не за едно кафе да се стиска. И што утре ако дојде до брак и немам плата, нема работа, значи ли тоа дека ќе се најаде на работа, а јас дома ќе трпам. Или може ќе ми каже - па оди снајди се , работи. Девојки памет во глава. Кога ќе имам семејство, здравје боже, ќе делиме сметки, ќе купувам за дома, за децата, сега си тргам пари колку можам не се зане за црни денови. Ама јас не би сакала да имам маж кој ќе ми ја зема платата и ќе одлучува сам каде и како ќе се троши. Ќе се договараме. Кожа и коса ми се ежи, остана ли нормално машко негде? Кога ќе видам циција да ми каже “зависи од финансии дали ќе дојдам по тебе“ а тој му треба 1 литар, па снајди се бе за гориво или не кажувај така, се осеќам грозно.
     
  2. avita

    avita Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 март 2011
    Пораки:
    133
    Допаѓања:
    31
    абре тоа е циција циција..
    за едно кафе абе ајде.. бог да Чува .. ги има такви скржавци . те нема видено пола година разделени он на пат ке си дојде ни едно. цвеке не па друго скржавец е сто друго.. ама добро сега модерно нее тој стил како да не . ако ти е некој мил имаш желба галиш да го изненадиш со поклонче. со ситници мали .. тоа е она вистинското. а не.. имаме гордост, која гордост ако ти понуди кафе . па да од учтивост треба да прифатиш .. сега сме во женски свет.. наредниот пат понуди го ти.. тоа е она разбиранје а не..да не ја ни понудиш .. грозотии.. :worried:
     
    На Christina.A му/ѝ се допаѓа ова.
  3. SuperGirl24

    SuperGirl24 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 март 2012
    Пораки:
    2.463
    Допаѓања:
    48.470
    Пол:
    Женски
    И јас бев во ситуација пред година и нешто кога бев со дечко циција и мислам дека ради тоа најмногу ми пропадна врската.Имено не е проблемот што некој е толку скржав,колку што таа скржотија се манифестира преку секакво културно и џентлменско однесување.Не е проблемот во тоа дали некој ке ме земе или ке ме врати до дома,фала богу во центар живеам каде и да излезам блиску ми е се не е некој голем трошок патот.Исто така не е проблем ни пијачката.Една сум, па моите ми даваат и повеке од доволно а и девојче колку може да испие за да биде некому толкав трошок на излегување.
    Мене најмногу во врска со него ме нервираше што покрај некој јас воопшто не се осекав како девојка како дама.Вработен човек кој ни денар не остава дома од платата и постојано да се жали како нема и не му стига а за негов кејф за пијандурење секој викенд да има стварно не сфакам.
    Во продолжение неколку ситуации со него кои навистина ми напраиле невиден спој на жичките во глава:
    -Ајде нема да ги бројам изласците кога сме искачале со друштво и кога другарите негови на нивните девојки увек културно ги прашувале -Што ке пиеш? и нарашувале пијачка и за нив, а нас не гледале со чуден поглед во очи
    -Нешто посебно иритантно ми беше кога во неколку наврати ми пререче-Зошто ти никогаш не купуваш презервативи?Или -Кога ти еднаш ке купиш презерватив? Искрено мене тоа многу ме нервираше.Па маж ли си што ли си? Јес да се борам за рамноправност и НЕ ,не ми е срам да влезам во Веро и да побарам на каса кондом,но како што ти не ми ги плакаш прегледите на гинеколог,лековите за кандида кои ги користам од кога со тебе имав незаштитен однос а тебе со некоја друга не ти ставало заштата,зошто па јас да ти ги плакам тебе кондомите кои колку се заштита за мене се заштита и за тебе?
    -Договорени да идеме на роденден кај негова другарка која рака на срце еднаш само ја имав видено ама викам ајде девојчето ме покани да не бидам некултурна ке идам сепак пар сме.
    Дента дома имав многу работа дека почнавме со реновирање, мењање прозори сите знаете колку работа се отвара,и јас културно фино му викам ДА ке одиме иако сум уморна само ке треба да ме почекаш да видам дали дома на мама ке и треба помош околу чистење кога ке заминат мајсторите.-Ок,С. ке те почекам да идеме заедно. И така јас му звонам околу 10 часот и му велам за пола саат помини кај мене ке бидам спремна да мавнам само еден туш и излегувам.Важи у 10-30 сум кај тебе.Звонам јас у 10-20 дека веке сум спремна да тргне од дома он крева галама фршти и ми вика- Дојди сама ја неможев веке да те чекам,дојдов кај другаркава СТРАВ МИ БЕШЕ ДА НЕ ГО ИСПИЈАТ ЦЕЛ АЛКОХОЛ па да нема кога ке дојдеме ! Верувајте не знаете колку се напнав у тој момент ми идеше и шминка да избришам и да се соблечам и дирктно да си легнам како што бев уморна и никад веке очи да не ми види ! Ама ајде глупа и ја, таксито под гз и на роденден кај неговата другарка.
    -И последно од многуте такви ситуции кои посебно ме изнервира и беше разлог да му раскинам.
    Имав дента тровање некое,ама вечерта малце се подопраив па другарка ми ми рече као ајде да излеземе да прошетаме да те фати ваздух да се освежиш.Викам ајде ,му се јавив дека ке излезам малце се пријави и он со нас да седи во Борис на клупа.Седевме некои саат ,два и мене пак некако почна да ми се лоши и другарка ми таква ајде да си идеш дома.И стануваме и он да ме врати дома, ми вика сеа ке идеме кај мене.Викам човек како ке идеме кај тебе гледаш не ми е добро? И од таков, е што јас кола палев за да седам саат време у Борис ли?Ја тука со зината уста не ми се верува што слушам. Па крај краева кој те тераше сам се стави сам си дојде !

    Имало и други ситуации кои ме мрзи да ги наведувам, само сакам да кажам дека скржавоста е стварно ептен тешка карактеристика.Деф. има разлика од скржав човек до разумен и економичен човек кој нејке на глупости на троши.Така никад веке со таков !
     
    На tessie и Tanjamm им се допаѓа ова.
  4. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.953
    Допаѓања:
    12.630
    Следен пат на скржав кога ќе налетам, абе нека е убав, згоден, ќе бегам на км од него. Овој мојов само што се фативме и ми се јавува за викенд и ми вика “ејј јас сум во Охрид, на Градиште, овдека анрод има,ти што правиш“. Јас му спомнав дека со женско друштво ќе одиме во едно ресторанче, и како божем заради тоа не ме понудил да одам со него на викенд. Демек некел да ми се меша. Не е фо тоа, тој се шлепал на туѓа сметка со другар, плус саакле да спијат кај некој познат човек да не платат и јас вишок ќе му бидам. Плус ако треба да ме почести едно кафе, леле жив ќе се прејаде. Следен пат ме вика за Струга, негови другари пар ќе оделе, 400 ден од ноќ, не ме ни прашува дали јас можам да одам, дали имам пари, пошто бев невработена. И жив се прејаде што не отиде со нив. Абе осет да се немало. На крај уште жртва ми глуми да не го оставам. Или машко да не понуди девојче што ќе пие, тоа е простотилку. Џабе му се парите што ги заработува, џабе дипломите кога не вреди самиот, кога се скржави, кога прави да се чувствувам лошо бидејќи неговите другари плаќаат за девојките, а ние како идиоти секој за себе.
     
  5. Erena

    Erena Активен член

    Се зачлени на:
    11 декември 2012
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    0
    Кога почнав да го читам текстот мислев дека со истиот човек сме излегувале, ама мојов беше од Ск:))))) Имав и јас еден таков и не го сфатив! Не ми беше до пари, ама ете човекот мислел дека палам на пари па ми носеше банкови изводи, влогови на берза. И кога му кажав дека тоа си е негово и не интересира на втрориот сосатнок да гледам банкови извештаи, ми се налути зашто тој сакал тоа со мене да го сподели!!! Ни се случуваа и други некои вакви работи, но знаев со кого си имав работа - другар на братучед ми. Исто и овој сакаше да се криеме (од братучед ми) но знаеш зошто - затоа што паралелно додека „се криеше“ со мене излегувал со братучед ми по женски и одел по кина со нив... Секако, братучед ми знеше дека сум во врска со другар му и ми кажуваше дека човекот не е баш чист. Најнејасен ми беше фактот што 6 години наназад ми се пушташе, 6 год не се малку...
    Сепак... кога ги склопив коцките, јас таков човек не сакав до мене!
     
  6. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.953
    Допаѓања:
    12.630
    Овој често е во Ск, имаше сметки во банка, штеди, дури ми кажуваше дека недвижнини ќе купувал. Сигурно мислеше дека на парис е палам. Тоа не ми било важно бидејќи збори депозит , ама може има 500 евра на него, па и јас имаме толку и повеќе. Не планирам да се врзам со некој само заради пари, ако не ми се допаѓа крај, па и авион нека има. Цело време беше во филм дека е многу фин дечко и дека јас требља да сум среќна, така одоколу спушташе некои муабети.
     
  7. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.629

    Ете зашто повеќето машки се разочарани од вас девојките.
     
    На AngelOfArh му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Erena

    Erena Активен член

    Се зачлени на:
    11 декември 2012
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    0
    Е ајде просветли не Витомире;))) Кажи ни што да правиме од машка гледна точка?;))))))))))))))))
     
  9. Erena

    Erena Активен член

    Се зачлени на:
    11 декември 2012
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    0
    Па и во мојот случај не стануваше збор за некоја огромна сума на пари, човекот само што беше започнал да работи, а имаше добра плата. Ама ете... таков си бил по природа. Мене за среќа тоа ми беше кажано пред да започнам со него, па се ми беше очекувано!
    Сепак, од се најнеразбирливо ми беше што 6 год не му обрнав внимание, тој само се пушташе, и кога конечно одлучив да видам дали стварно ме сака, он тајно излегуваше со други и излезе дека тие активности му се сосем вообичаени - види жена и се лепи:))))
    Читам за тебе кола купија:))))))) за мене се запишаа на курс по фрнацуски јазик:))))))
     
  10. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.953
    Допаѓања:
    12.630
    Сериозно ова за курсот?Ма ајде купил кола заради мене, лаже, се лигави да паднам на финти. Ај нека купи некој што нема пари, а овој ем има, ем сака да се прчи со парите, ем се скржави. Е ај сфати го. За него да јаде, да пие, да се шета не штеди, а други денар ако потроши еххее ке се прејаде.
     
  11. Meryem

    Meryem Активен член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2012
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    2
    И ја се решив да пишам на темава пошто и јас имам слична мака како вас и не знам што да правам па ако може да ми дадете некој совет... Вака значи идеме 2 години и постојано јас го частам па дури и кусурот мој го зема а не му текнува некад бар едно кафе да почасти не викам ја секој пат туку еднаш само да се осетам како женско , постојано некои лаги ми кажува ,многу е затворен значи иде кај мене дома ,спие јаде , со сите мои роднини се има запознаено а он сеуште ме нема дома однесено цело време си ќути ,значи само со еден негов другар ме има запознаено со никој друг па дури ни со брат му а коа ке му се спомне да иде некој кај него на кафе пребледува и не знае шо да каже ... ве молам кажете ми какво мислење имате пошто јас неможам да сватам што е работата :^)
     
    На X.e.k.s му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.953
    Допаѓања:
    12.630
    да не е сиромашен па не кани никој дома? не е добро 2 год се, не е малку време. Дотолку ни еднаш не те частеше, работи ли?Ама па и да нема за кусурот не треба даго зема. Леле и машкиве веќе несе каваљери и немаат достоинство.
     
  13. eva11

    eva11 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2011
    Пораки:
    1.851
    Допаѓања:
    757
    а случајно си се запрашала ли дали од дома му даваат пари и дали има фамилијарно проблеми од типот да живее на пример со психички болен родител или пак дека живее во сиромаштија и се срами поради тоа?
     
  14. Meryem

    Meryem Активен член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2012
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    2
    Иначе студира и при крај е со факултетот а за работа не сака да чуе па ни летно време да поработи за да идеме на одмор ,колку што знам кај него идат нон стоп луѓе -пријатели на неговите а он не носи никој дома па ни најдобар пријател а колку што сум информирана татко му има голема плата а он сите пари што му ги даваат ги троши во кладилница а до душа и нонстоп фаќа а не знам кај ги троши тие пари пошто иде облечен како просјак и ме срамоти сегде и тоа што ме нервира највеќе е што неговиот најдобар другар го части секој ден а овој нема мука и пример коа ке искочиме со друштво дали е негде на кафе или во парк сите купуваат нешто а он чека на готово не донира пари и си пие на другите шо купиле, пример за 1 мај така ме изнервира што ми идеше да го пратам по ѓаволите.. славевме кај мене јас он и моја другарка и ми вика ај вие купете све што треба а јас ќе ти дадам пари после и ние изнакупувавме све а он требаше да прави скара како секое машко сто секад тоа е негова должност и си дојде дечкото наготово ние све спремивме и ми дава 200 денари ај си викам добро а требаше да збираме по 800 денари и чекаме цел ден да прави скара он си седи ние прегладнети веќе фати 4 поручек он абер нема и мајками виде невиде напраи она и јадеше како вол он све изеде и после ми вика ај дај ми ги тие пари да докупам пиво и тие ми ги зема и не ми врати а има и многу други ситуации што се понашал така , ако почнам да ви раскажувам можам комотно цел роман да напишам ...
     
  15. eva11

    eva11 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2011
    Пораки:
    1.851
    Допаѓања:
    757
    е па значи ептен претерал јас си реков чекај прво да пишам да се осигурам да не има проблем проблем од неговите од дома ама очигледно е тежок гребатор а запрашај се што иднина имаш со таков себичен човек кој верувам и млекото на детето би го испил
     
    На Meryem му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Meryem

    Meryem Активен член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2012
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    2
    Па се размислувам дали да го откачам пошто не гледам некаква иднина со него затоа побарав совет од вас девојки
     
  17. X.e.k.s

    X.e.k.s Активен член

    Се зачлени на:
    14 декември 2012
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    2
    Значи има секакви јас лично сум запозната со овој случај а и читав предходни постови и имам само едно нешто Девојки Бегајте Што Подалеку Од Машки Циции нека се запрашаат каде грешат и нека си останат сами ...
     
    На Meryem му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Meryem

    Meryem Активен член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2012
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    2
    хаха баш така ,според мене циција се раѓа и циција умира а додуша па све такви ми се лепат и бившиот беше циција јадеше како бол па после коа ќе ја видеше сметката ја гужваше и во уста ја ставаше и ја жвакаше ме брукаше насекаде хахахаха :x
     
    На X.e.k.s му/ѝ се допаѓа ова.
  19. X.e.k.s

    X.e.k.s Активен член

    Се зачлени на:
    14 декември 2012
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    2
    Баш така ..ама такви ги има насекаде па бегајте додека е време има и некој што стварно вредат и не се вакви како овие и не чекаат нас
     
    На Meryem му/ѝ се допаѓа ова.
  20. irena.1

    irena.1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 ноември 2012
    Пораки:
    4.361
    Допаѓања:
    21.348
    Пол:
    Женски
    Здраво Meryem
    Ајде пробај издвои позитивни карактеристики ,па да видиме што ќе натежне. Ако мислиш дека има иднина за вас пробај директен разговор со него. Сето ова што го напиша погоре кажи му го него, да видиш што ќе каже. Зошто не те вика дома и зошто се гребе. Ако се отвори и разговара и има објаснување пробајте да ги надминете проблемите полека, а ако негира или е дрзок бегај што побрзо од таков. Тој никогаш нема да се смени. Ако ништо друго не е фер кон тебе, а секогаш и ќе бидеш избрукана пред други луѓе поради него. Ма батали, па не си ти жртва за него.