Мајка и ќерка загинаа по пад од зграда во Карпош

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Sofi.ja, 2 март 2026 во 16:17.

  1. TwistedSister

    TwistedSister Активен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2026
    Пораки:
    71
    Допаѓања:
    209
    no shit Sherlock

    Треба да живееме али не живееме у таква земја кај што сме институционално згрижени. :?:
    Ова што се збори не е само за оваа случка туку и за наредни да се превенираат.
    Како не сум директно инволвирана ако жртвата која трпи насилство ми е семејство или другарка?

    Да го претепаш и убиеш не е исто. Вакви социопати заслужуваат да бидат претепани и сигурно ќе стават прст на глава дали пак ќе дигнат рака али фалат мажи за тоа ете во Индија има женски генг со бејзбол палици што претепуваат такви мажи. :bow:
     
    Последна измена: 4 март 2026 во 14:55
    На christinnn, AlmaOculta, PaLaVa и 2 други им се допаѓа ова.
  2. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    8.287
    Допаѓања:
    44.508
    Пол:
    Женски
    Не знам како не успеа да ја сфатиш поентата, ама океј. Еве за превенција барем Камелија убаво напишала.
     
    На CameliaMiller му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    21.936
    Допаѓања:
    202.236
    Мене ме интересира, од закони, со истанбулската конвенција до кај сте?
     
    На Panda00 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. TwistedSister

    TwistedSister Активен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2026
    Пораки:
    71
    Допаѓања:
    209
    Да де супер пишала Камелија само што тоа е долгорочен процес за наредни генерации а што со тие што во секој момент животот им е во опасност, имаат право да живеат и некој да ги заштити?
    Или ќе чекаме на некој да му текне измена на закон. Као да не сме свесни што е најдобра опција, што кога не функционира таа опција?
     
    На Panda00, PaLaVa, Amellie13 и 2 други им се допаѓа ова.
  5. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    21.936
    Допаѓања:
    202.236
    Еве, со закон се менувала свеста.
    Од 2018 е потпишана истанбулската https://cms.mtsp.gov.mk/noemvri-201...ja-voznemiruvanjeto-ili-nasilstvoto-vo-b.nspx
    Освен пол што заменивте со род, зошто менталитетот против насилството врз жени, 8 години уште не е сменет? Со закон-не биди кретен|(

    На папиру, мртво слово.
    Еве сега Трупко телеграма им пратил на полицајците, да постапувале. Телеграма, еј.
    Иди сокриј се бе, не туку збори безвезе :smoke:
     
    На azelea, Mrs. right, tambelina и 4 други им се допаѓа ова.
  6. Grogu

    Grogu Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 декември 2020
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    65
    Менталитет се менува преку казни. Наместо да се фокусираме на фамилијата, насилникот, дури и осуди за жртвата имаше, треба да вршиме притисок да се казнат службеници по институции кои не си ги вршат функциите, да прашаме колку чинеле животите, за колку се продале, дури и тоа бркање врски стана стил на живот, покажување моќ преку контакти по институции па и бесплатно се прави за некои работи, можеби немало цена.. доста се релативизираат сите црни хроники со рекла казала муабети, треба да се притиска за одговорност од вработените кои не сработиле тоа за што зимаат плата. Зборуваме за системот со години, а системот не функционира од конкретни луѓе, кои откако ќе се заташка се, си продолжуваат неказнето да си тераат исто. Вниманието ни е на погрешни теми.
     
    На senjorita-v, Noira, winnie02 и 9 други им се допаѓа ова.
  7. VDT2906

    VDT2906 Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 август 2017
    Пораки:
    4.412
    Допаѓања:
    20.209
    Пол:
    Женски
    Порано постарите кажуваа дека тогашната милиција во време на Југославија млатела и тоа добро млатела.. тогаш од полиција се плашеле, а не сега мајтап си играат со нив кога ќе ги видиш. Полуписмени, метро жилет или 200 кила, реченица не знае да сврзе. И од нив очекуваме заштита??? Све некадарно напикано полиција ретко некој да е на ниво на работата која ја работи, повеќето се да помине смената уво не ги боли и да умира некој пред нив.
     
    На senjorita-v, Noira, noteforself и 22 други им се допаѓа ова.
  8. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    15.319
    Допаѓања:
    125.692
    После Росица не направија ништо , нешто да се сменеше , можеби ….. ќе се разбудеа денеска ;(
     
    На nice-girl, azelea, TwistedSister и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. RainbowButterfly

    RainbowButterfly Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 април 2014
    Пораки:
    410
    Допаѓања:
    817
    Пол:
    Женски
    Многу е лесно зад екран да се коментира ко таа на КЕРБЕР админката, а прозива други дека се анонимни, лудача. Дали мислиш дека човек со суицидни намери е рационален во тој момент? Сѐ абе сѐ ќе обвинат освен насилникот. Си го бирала, си го барала глупостите ај зачувајте ги бар во овој момент. Не знаеш каков монструм се крие во некого, ама никогаш не знаеш. Многу луѓе си ги покажуваат боите подоцна од роднини до пријатели, па партнери и така натаму.
     
    На christinnn, Amica geniale, TwistedSister и 2 други им се допаѓа ова.
  10. Alex31

    Alex31 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 август 2017
    Пораки:
    41
    Допаѓања:
    87
    Пол:
    Женски
    Менталитетот нема да се смени, може еве за 2 генерации од сега. Единствено што сакам кај младите генерации е дека се побунтовни и верувам нема да се продадат за сендвич. Моментално имаме толку партиски поттрчковци, што реално се прават да си задржат столче во канцеларија, нит се стручни нит обучени за тоа со го работат.
     
    На senjorita-v, christinnn, Amellie13 и 2 други им се допаѓа ова.
  11. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.713
    Допаѓања:
    92.842
    Пол:
    Женски
    Генерално имаме еден голем проблем со законите, системите и казните.
    Не функционираат во заштита на жените.
    А насилниците најчесто се рехабилитираат по некое време.
    Се пуштаат и по пресуди од силувања и физички насилства.
    Во Европа во која влегуват сите статистики , фемицидот, насилството над жени е зголемено од 2024 год наваму.
    Финска е рекордер и има над 50% пријавени насилства над жени, следуваат Шведска и Данска.
    Чудно нели нордиски земји да бидат со највисока стапка?
    Не се плашат од закони?
    А не кај нас ќе чекаме законот да ги заштити.
    Не , прва линија на заштита е семејството поготово ако знае што се случува.
    И од друга страна е битно семејството , растење на деца во семејства кои не функционираат, каде нема емпатија за членовите , резултира со егоцентрични, нарцисоидни агресори.
    Треба да се работи на емпатијата, но од работа досега гледам дека растеме деца неемпатични лидери кои имаат многу големи шанси да станат агресори и д аповредат туѓ физички и психички интегритет.
    За жал бројот само ќе расте.
     
    На Dentina, senjorita-v, happygirl и 4 други им се допаѓа ова.
  12. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    7.220
    Допаѓања:
    38.311
    Пол:
    Женски
    Што е процес за идните генерации?! Менување менталитет? Менталитет се менува со закони и казни.
    Ама... прифатилишта може уште веднаш да се отворат. Сигурни куќи, бенефиции и помош на жртви на семејно насилство, советување, следење на состојбата итн... Сето ова може да профункционира многу брзо. Само... никому не му е гајле вистински за жртвите, па затоа не ни функционира. Ете и минисерково Тошковски гордо си призна дека не направил ништо во овие две години. И мува не го лази!!!!
     
    На JuLleE, azelea, CameliaMiller и 4 други им се допаѓа ова.
  13. Alex31

    Alex31 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 август 2017
    Пораки:
    41
    Допаѓања:
    87
    Пол:
    Женски
    Денес прочитав еден пост што според мене е многу корисен за секој од нас, видете го и кажете што мислите.
    Немам никаква намера да алудирам на мајката со девојчето, само го споделувам како генерална препорака за секој млад човек да внимава со кого комуницира и да работи на себе.
    https://www.crnobelo.com/novosti/do...zhrtvata-i-agresorot-se-ogledalo-eden-na-drug
     
    На azelea, kalinaka, Mumoftwo30 и 3 други им се допаѓа ова.
  14. TwistedSister

    TwistedSister Активен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2026
    Пораки:
    71
    Допаѓања:
    209
    Ова е уствари најтешкиот и најкомплексниот дел у ваквите врски, меѓусебната приврзаност која ја имаат жртвата и агресорот и како жртвата да се освести дека е жртва!
     
    На azelea, Mumoftwo30 и VDT2906 им се допаѓа ова.
  15. Dentina

    Dentina Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    4.246
    Допаѓања:
    43.664
    Еве колку имаш претепано ти лично?
    Сигурно во цел живот познаваш некој кој дигнал рака.
    Јас пак мислам дека претепување е малку. Сакам мртов да е. Ама да не оди некој во затвор ради гадот. Особено не некој со мали деца дома.
     
    На CameliaMiller, Angie1432 и Mumoftwo30 им се допаѓа ова.
  16. Medea.

    Medea. Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 декември 2022
    Пораки:
    574
    Допаѓања:
    1.542
    Пол:
    Женски
    Леле дај малце бидете реални со коментариве на тастстура сите се јаки мислиш востание ќе кренат. Со тие коментари немало ли некој да го натепа? Дали навистина гледате многу филмови као ај ќе го натепа некој и готово бубаче ќе стане типов. Плус кој да го натепа? Реално кој би одел да тепа да се вплеткува во проблеми? Од каде да знае со каков профил си има работа? Како второ јас не би дозволила мојот сопруг на пример да оди ʼʼда дели правдаʼʼ да се пресметува со некој, би го оставила без размислување. Тскс дс вие што коментирате дали имало немало некој да го претепа пуштете ги вашите мажи нека одат да делат правди низ градов.
     
    На senjorita-v, CameliaMiller, AlmaOculta и 6 други им се допаѓа ова.
  17. Dentina

    Dentina Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    4.246
    Допаѓања:
    43.664
    Единствено во затвор некој да го скрши од ќотек, ко во америка што им прават на силувачите на деца, повеќето одвоени ги чуваат, оти ќе ги скине некој кој можи и сам бил силуван ко дете.
    Овде на форумот фрчи од храбри жени и мажи кои одма ќе го натепаат, па ќе си истресат прашина и ќе продолжат со денот. Смешно.
     
    На CameliaMiller, AlmaOculta, andromedae и 2 други им се допаѓа ова.
  18. quattro

    quattro Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    3.920
    Допаѓања:
    9.972
    Пол:
    Машки
    Факт е дека државава за ништо не ја бива, мислам на кои законите постојат само во воздух. Нема институции кои би се соочиле со вистинските проблем оти или се најчесто корумпирани или вмешани во гадни игри.

    Тоа припадник на АРМ фатен со дрога, пилот на МВР со фалсификат лиценца летал хеликоптер, ќе ти притворувале насилници и криминалци.

    Рибата од главата се смрдува.

    Се додека не се свестиме како народ и дел од моќта да ја земиме во свои раце, насилници, педофили, криминалци и наркомани ќе акаат по земјава.

    Море за таков тип на изроди, шо силуваат и вршат насилство врз останатите, директна смртна казна.
    Како може бе насилник и наркоман познат на МВР да се шета така слободно!? Зошто плаќаме Полиција, да ги брани наркоманите? Ајде бе, после ќе речат ние сме сервис во интерест на граѓаните, сигурно :nod:

    Пу.
     
    На azelea му/ѝ се допаѓа ова.
  19. PaLaVa

    PaLaVa Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2011
    Пораки:
    492
    Допаѓања:
    3.818
    Пол:
    Женски
    Многу филозофии.

    Ако тепање на насилникот не е решение, ако никој нејќе да се меша, фамилија, комшии, пријатели гледаат што се случува и не сакаат да си земаат проблем на глава а притоа сите заедно се свесни дека нема друго чаре и дека институциите 35 години со по десетици фемициди годишно упорно покажуваат и докажуваат дека не функционираат.... тогаш има три можни исходи добро познати на сите.

    Или на жртвата ќе и прекипе и сама ќе го убие, или тој ќе ја убие неа, или еве вакво сценарио...

    Додека чекаме системски промени, уште колку вакви случаи ќе прочитаме во билтен?

    Некако многу оптимистично дека после оваа дешавка ќе се смени се од корен и магично ќе проработат ЦСР и МВР.
     
    На christinnn, Nausicaa, Amellie13 и 2 други им се допаѓа ова.
  20. Anaroz1

    Anaroz1 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2021
    Пораки:
    3.018
    Допаѓања:
    6.814
    дента кога се случи ја прочитав исто коментар на фб од очевидци дека и он бил таму на терасата се расправале....

    после искочи министерот со изјавата и баш ми падна чудно.