Мајка и ќерка загинаа по пад од зграда во Карпош

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Sofi.ja, 2 март 2026.

  1. Anaroz1

    Anaroz1 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2021
    Пораки:
    3.118
    Допаѓања:
    7.148
    има, постојат места/шелтери каде што ги носат жените и децата шо се жртви на семејно насилство, на тајни локации, ги кријат, каде што работат со нив психолози итн.
     
    На tambelina и winnie02 им се допаѓа ова.
  2. VDT2906

    VDT2906 Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 август 2017
    Пораки:
    4.424
    Допаѓања:
    20.288
    Пол:
    Женски
    Створов соработувал со МВР доушник бил затоа и после толку многу пријави и фаќање со дрога тој е на слобода. Затоа толкава сила си земал и си правел што сака тепал жена и дете, зошто знаел дека ќе се извлече. Рака сечам ако овој после оваа трагедија воопшто жали или па солза да пуштил за сопственото дете не па за сопругата. Нарцисоидно гомно му се гледа во суратон.
     
    На Tam4yy, Joanna28, noteforself и 17 други им се допаѓа ова.
  3. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    22.077
    Допаѓања:
    203.670
    Каде постојат, колку се, колку жени може да се згрижат, колку долго?
     
    На winnie02 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Anaroz1

    Anaroz1 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2021
    Пораки:
    3.118
    Допаѓања:
    7.148
    IMG_7986.jpeg
    работам како адвокат, не ја работам оваа тематика, но еднаш бевме на обука за жртви на семејно насилство и баш кажуваа луѓе кои што работат таму, локациите се непознати, жртвите се привремено сместени и им се нуди правна помош, психолошка и сл.
    од обуката можев да заклучам дека се како посебни села каде што може да се сместат поголем број на жени и деца, времетраењето на сместувањето е зависно од случај до случај, ама колку што се сеќавам кажуваа дека децата таму имаат и образование и сл. што значи и подолготрајно може да се таму. не се сеќавам баш детално бидејќи беше одамна може да се истражи повеќе :)

    едит: еве што дава на гугл кога ќе пребараш

    Во истиот се обезбедува сместување на жртвите во период до една година.
    Шелтерот е пристапен 24 часа 365 дена.
    Во шелтерот се обезбедуваат следниве услуги
    – Проценка на состојбата и ризикот по здравјето и животот
    – Првична психосоцијална помош и поддршка
    – Безбедно сместување , храна,
    средства за лична хигиена, лекарства,облека,обувки и играцки за деца
    – Психосоцијален третман за ресоцијализација врз основа на индивидуален план за работа со жртви на семејно насилство
    – Услугите во шелтер центарот се бесплатни за корисничките
    – Услугите во шелтерот се нудат на македонски и албански јазик
    – Шелтерот обезбедува услуги за корисничките без разлика на возраст, сексуална ориентација, јазик, религија национално етичко или социјално потекло.
    – Придружба од ангажираните лица во шелтерот до социјални , здравствени и образовни институции согласно потребите на корисничките..

    Шелтер центарот има 50м2 кој се состои од днева соба, кујна, бања, ходник и балкон. Потполно опремен со сите електрични апарати, мебел , гардаробери и санитарии.
     
    На tambelina му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    22.077
    Допаѓања:
    203.670
    Супер што постои дефиниција, мене ме интересира каде конкретно постои, да знаеме што да советуваме. Затоа што- јас не знам да постои.
    Постоело нешто до пред 5 години- :!:ако нема опасност од насилство. Ептен превентивен глас против насилство
    https://glasprotivnasilstvo.org.mk/nashi-uslugi/kuka-za-otvoreno-domuvane/
     
    На azelea, TwistedSister, winnie02 и 2 други им се допаѓа ова.
  6. Anaroz1

    Anaroz1 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2021
    Пораки:
    3.118
    Допаѓања:
    7.148
    да, еве сега гледам, очигледно пак постои во некоја форма, се нуди засолниште за жртвите.

    обуката беше 2023 та значи нешто постоело и тогаш.
     
  7. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.736
    Допаѓања:
    93.011
    Пол:
    Женски
    Ама тоа што ти не знаеш Биљо заради податоци на нет,не значи дека не постои.
    Постои уште од многу одамна,не се сеќавам 2011/2012 сум била еднаш поради еден случај.
    Во голема тајност се , а сега е сменет начинот на кој се помага.
     
    На Pixi5, tambelina и Anaroz1 им се допаѓа ова.
  8. winnie02

    winnie02 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2021
    Пораки:
    399
    Допаѓања:
    2.174
    Пол:
    Женски

    Како основни работи што не постојат нормално е да се сомневаме дека функционира. Потребна е јавна информација дека постои или број за контакт нешто.
     
    На Tam4yy, Трагедијаупмм, Panda00 и 2 други им се допаѓа ова.
  9. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    22.077
    Допаѓања:
    203.670
    Да Косми, јас читам тоа што пишува. Они може да си бидат во тајност ама сигурно десетици членки на форумов се во ситуација да им треба помош и заштита, и што да им кажеме? Абе сигурно постои негде, нешто?
    Финска ја спомна. Финска јавно, најјавно во свет вели имаме капацитет да обезбедиме домување и заштита за не знам, 500 жени (на 5 милиони популација), и тоа е мизерија и под европскиот просек. Јавно, најјавно ме интересира, каква заштита од насилство врз жени, нуди Македонија во 2026? Не флоскули -родова |( еднаквост, јакнење капацитети, подигање свест, еве закон да смислиме, еве сега телеграма ќе пратам со процедура за постапување.
     
    На Gosh, gjoker4e, Dentina и 8 други им се допаѓа ова.
  10. Adidas888

    Adidas888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    7.193
    Допаѓања:
    32.343
    Пол:
    Женски
    А вие познавате некоја жена шо е била во таков шелтер? :^)
    Јас ниту познавам ниту иам чуено да е била некоја.
     
  11. Anaroz1

    Anaroz1 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2021
    Пораки:
    3.118
    Допаѓања:
    7.148
    Апсолутно, и јас не знаев дека постојат, тогаш дознав, а информацииве се оскудни.
     
  12. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    22.077
    Допаѓања:
    203.670
    Ама не, тебе полиција ќе те мафта дека треба тужба да платиш, оти нив ги мрзи да работат, а оно тајно витнес протекшн програм има, ама не знаеш.

    Колку сум на форумов, 6 години ли, 7, никогаш никаква конкретна информација не сме знаеле да споделиме во соодветните теми. Женски форум.
     
    На Gosh, Cosmic Girl, gjoker4e и 6 други им се допаѓа ова.
  13. Adidas888

    Adidas888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    7.193
    Допаѓања:
    32.343
    Пол:
    Женски
    Еми тоа де.
    А можеби оваа виктим протекшн постои само во теорија. Во пракса не.
    Се си бива во Мк.
     
  14. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    21.227
    Допаѓања:
    277.962
    На жртвите можеш само да им понудиш помош, да ги прибереш ти дома или да им помогнеш со логистика додека си го најдат патот низ лавиринтите на државните органи.
    Друга опција што е многу важна е да пријавуваш (можеш и анонимно).

    Тоа е мој совет, тоа сум го правела и планирам да го правам во иднина, не можам да тепам луѓе и да се тепам со луѓе, не можам да сменам систем сама, она што можам е да пружам рака, да поддржам, да и' кажам на жртвата дека сум тука.
    Некогаш стравот е само ради финансиска немоќ, некому неделно да испазаруваш, да купиш пелени итн. му е разликата меѓу останување и заминување.

    Жените се најранливи кога сакаат да напуштат насилник и тогаш им треба поддршка. Тоа што ќе го истепаме насилникот нема да и' помогне да замине, а заминувањето е секогаш крајната цел.

    И уште нешто, ова не се однесува на тебе туку општо:
    Скоро феминка пиша дека брат и' ја тепал. Имаше коментари - ама за инат седи итн.
    Луѓе, кај што ќе кренат рака на вас, татко, брат, партнер... не останувајте. Нема да се смени. Нема да престане. И ништо материјално не вреди доволно за така да живеете, или далеку било, умрете.
    Не пробувајте со разговор да решите проблеми со насилник.

    Во темите за развод нон стоп има некоја што вика "е туку така ќе се разведете". Да, туку така ќе се разведете, баш туку така, пред да ескалира ситуацијата. Затоа што само полошо може да стане, подобро со насилник не станува, никогаш.
    Нема.
    НВО ако има, можеби.
    Државни сигурни куќи нема.
     
    На gjoker4e, tambelina, Dentina и 6 други им се допаѓа ова.
  15. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.736
    Допаѓања:
    93.011
    Пол:
    Женски
    Државни преку ЦСР се сместуваа.
    Во голема тајност се одвива тоа.
    Со жените работеа стручни работници.
    Имаа по некое интервју во јавност од жени што биле таму.
    Какви невладини, тие за Лгбт се занимаваа.
    Не е проблемот во сигурните куќи.
    Еве ќе седи 2год скриена таму.
    Тој може за насилство и толку да биде осуден.
    Не можеш 20 год да ја криеш таму.
    Мора да рботи, да излезе да функционира.

    Проблемот е што жртвите често се предомислуваат и се враќаат назад, повлекуваат пријави, менуваат изјави.
    Затоа семејството е прва линија на одбрана, најмногу може да помогне.
     
    На gjoker4e, Pixi5, Dentina и 3 други им се допаѓа ова.
  16. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    21.227
    Допаѓања:
    277.962
    Јас не сум слушнала да има активна куќа моментално, а невладини имаа неколку. Одамна нема ни од нив никакво инфо.

    Инаку во право си дека семејството е клучно во земјава, сигурните куќи секаде се привремено решение, додека се најде начин жената да функционира сама понатаму.
     
  17. la.malparida

    la.malparida Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2014
    Пораки:
    74
    Допаѓања:
    324
    Пол:
    Женски
    Жртвите седат во засолниште/шелтер само 1 месец, колку што знам јас и ова во 2021, а сега како е незнам. После тоа ако неможат да се засолнат кај родители/роднини, се враќаат кај насилникот. Но некои од овие жртви трпат малтретирање и од дома од нарцисоидни родители, а се лесен таргет и на булинг/мобинг на раб.место. имаат тешки трауми од кои не излегуваат лесно и се оболени и живеат тежок живот. Треба многу емпатија и разбирање за овие девојки и жени.
     
    На gjoker4e, tambelina, butterfly_91 и 2 други им се допаѓа ова.
  18. zvecarka

    zvecarka Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 октомври 2014
    Пораки:
    224
    Допаѓања:
    777
    Пол:
    Женски
    Државни сигурни куќи освен на хартија не постојат, ниту постоеле. До оваа информација може многу лесно да се дојде само ако малку се заинтересирате. Сите НВО кои работат со оваа проблематика може да ви дадат таква информација.
     
    На Polyincognito и Biljarkata им се допаѓа ова.
  19. PaLaVa

    PaLaVa Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2011
    Пораки:
    501
    Допаѓања:
    3.849
    Пол:
    Женски
    Верувај сум го правела ова и затоа и кажувам, сум помагала на тетка која живееше хорор со алкохоличар. Ја земавме, ја чувавме, ја помагавме.... пријавувано, приведувано, документирано... џабе.
    Теророт беше секојдневен, пошто колку време ќе ја криеш? Кога тогаш ќе мора на работа, ќе мора сама некои обврски, ќе мора деца во школо ако ги има. Среќа па немаше.
    Во нејзиниот случај хорорт заврши кога тој почина од цироза. Среќа, инаку таа ќе починеше од толку нервози и тепања.

    Кога мислам на тепање, мислам како на last resort опција од страна на брат, татко...
    Не дека јас и ти треба рандом да одиме и да тепаме насилници. Секако дека ниту јас не би се мешала ако не е мој близок особено што сум женско и што немам таква заштита како Стојанче и единствена опција ни е да помагаме како што можеме.
    Ама еве, не сум паметна... дали е опција само да се пријавува и да се чека а притоа знаеш дека ќе пукне балонот кај и да е? Особено ако имало и претходни јавни буткања по скали и тепања по улици, неминовно е кога тогаш да случи и нешто поголемо.

    На крајот на денот, никој од нас не можеме да знаеме како би реагирале во таква ситуација, и најмирните луѓе знаат да пукнат ако им прекипе.
     
    На gjoker4e му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Anaroz1

    Anaroz1 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2021
    Пораки:
    3.118
    Допаѓања:
    7.148
    Пред неколку години, ако не се лажам во Битола беше случајот, не знам дали се сеќавате,таткото на жената го утепа со пушка насилникот кога дошол кај нејзините да ја бара.
     
    На Angie1432, nena2010, PaLaVa и 3 други им се допаѓа ова.