1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Мајка и ќерка загинаа по пад од зграда во Карпош

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Sofi.ja, 2 март 2026 во 16:17.

  1. Anaroz1

    Anaroz1 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2021
    Пораки:
    3.035
    Допаѓања:
    6.891
    Да точно, никогаш не можеш да знаеш. ама и во случајот на другаркава ликот доаѓаше од такво семејство кај што татко му цел живот ја малтретирал мајка му. едно е некој да те изненади нели никогаш не можеш да знаеш, луѓе забегуваат, ама друго е свесно да одиш, факт е дека од наркоман и тепач нема да искочи добар татко и сопруг па колку сакала ја генерализирала.
     
    На VDT2906, CameliaMiller, TwistedSister и 3 други им се допаѓа ова.
  2. black-angel

    black-angel Domina Umbrae Член на тимот

    Се зачлени на:
    14 декември 2009
    Пораки:
    2.697
    Допаѓања:
    4.703
    Пол:
    Женски
    Назачки никој не се фрла од тераса , само тоа имам да кажам. И крив е мајмунот , комплетно крив што малтеретирал
     
    На Panda00, eli25, TwistedSister и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    7.227
    Допаѓања:
    38.362
    Пол:
    Женски
    Ти кога стоиш под зграда, гледаш нагоре во терасите? :^) Аргументов ти е |(
    Инаку, пишуваше дека има изјави од сведоци дека не била сама.
     
    На Mari7, fana, tambelina и 5 други им се допаѓа ова.
  4. andromedae

    andromedae Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    63
    И јас сум мајка, и јас не можам да замислам да се фрлам од балкон со детето, но исто така не сум тепана и малтретирана на било кој начин секојдневно, па затоа не си дозволувам да судам.

    Ги виделе како паѓаат наназад, така што има големи шанси да биле бутнати или да бегале од него па не сакајќи да се превртеле преку оградата. Може и стварно сама да се фрлила, кој знае, ама како и да е, може да ја насочиме вината само таму каде што треба, т.е. кон мочково и кон инститициите што потфрлиле?

    Јас со тоа неможам да се помирам, дека по толку посети од полиција и социјално, девојчето никој не го заштитил и го оставиле да живее во дом каде што секојдневно гледало тепачки и кавги.
     
    На m.i.g, tambelina, Panda00 и 9 други им се допаѓа ова.
  5. Misskirova

    Misskirova Популарен член

    Се зачлени на:
    25 октомври 2018
    Пораки:
    3.900
    Допаѓања:
    9.703
    Пол:
    Женски
    Абе што скокате
    Имаше изјави од луѓе што слушале дека се расправа со некој...па затоа гледале.
    Може се расправале на телефон....не ве разбирам
     
  6. mira.mira

    mira.mira Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2016
    Пораки:
    1.159
    Допаѓања:
    7.565
    Zar nema okolni kameri da utvrdat dali e butnata?
    Sin na policaec, narkoman, diler, alkoholicar, zastiten I nedopirliv posle nad 10 prijavi vo policija za razlichni dela. Plata nad 1000 evra vo pozarna, mu se moze I da tepa, I da maltretira, so godini.Pa I shvalerka si imal.
    Ne e chudno da ja butnel.
     
    На andromedae, Anaroz1 и TwistedSister им се допаѓа ова.
  7. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    14.202
    Допаѓања:
    83.364
    Пол:
    Женски
    Толку работи мислам, не знам од кај да почнам. Не знам ниту дали вреди да пишам.
    Не можам да тврдам дали е убиство или самоубиство, ниту пак имам мислење да кажам што е. Знам само дека е жртва, којзнае која по ред. Институциите повторно не си ја завршија работата и благодарение на нив сега два животи се згаснати. Каде е заштитата која треба да ја добиеме?
    Толку ќе кажам. Еве го иде 8 март, нека не ни прават лицемерие со честитање. А тој ден треба масовно да излеземе на протест, а не да седиме по кафани и ресторани на ручек. Што ни се случува, не ни е дојдено до јадење, пиење и цвеќиња.
     
    На Cosmic Girl, tambelina, Трагедијаупмм и 4 други им се допаѓа ова.
  8. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    15.332
    Допаѓања:
    125.718
    Џабе го апсат сега. нека си шета слободно , како и досега. Он пак ќе живее ама они не.
    Неможам да се помирам за девојчето, имам ќерка и само ја стискам и гушкам . ;(
    Вака ми беше за Данка , сега пак ;(
    Знам дека е комплексно ,но баба дедо вујко тетка …. Било кој, некој ? Еве она и свесно да останувала со него , нејзин избор , ама детево да го земел некој , незнам :(
     
    На H.VAGA, Loveland, JuLleE и 4 други им се допаѓа ова.
  9. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    15.332
    Допаѓања:
    125.718
    Ајде
    Има ли некое инфо за протест ? Барем толку можеме
     
  10. Misskirova

    Misskirova Популарен член

    Се зачлени на:
    25 октомври 2018
    Пораки:
    3.900
    Допаѓања:
    9.703
    Пол:
    Женски
    И ај вака да сумирам на едно место и да завршам овде .

    Мене ми е жал за сите жени што живеат со тепачи и насилници.
    Ама ....АМА секогаш имате избор .
    Она имала избор да си замине засекогаш , да се оправи и да си го опорави детето што е најважно , ете го имал друга , најверојатно ке бил со другата и тоа е тоа.
    Ама не , она одбрала да се утепа , ( еве ајде ако е самоубиство , пошто ке ме распнете дека не е , ама спротивното уште не е докажано ) .
    ОНА имала избор
    Детето јадно , немало .
    Разбирате ?

    Имаш избор, или ке си заминеш на првиот шамар или ке останеш да водиш инает и да исправаш криви со манијак

    Една психолог убаво на фб го имаше објаснето профилот на личности кои се во врска со вакви тепачи и тоа е се што имам да кажам.

    Јадно дете него го жалам
     
    На LadyD, bubemconia, Gosh и 6 други им се допаѓа ова.
  11. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    15.332
    Допаѓања:
    125.718
    Ајде да ја анализираме ,ајде
    Тоа од психологот , срамно е да го пишува. Која е пак таа , не ја ни знам. Можеби е by the book , не велам не , ама и таа ко некојси психолог , во сред трагедија да долева масло на огнот со анализа , личи ли?
    Каде се институциите ? И да била психички лабава , или незнам што деуго, каде биле да проценат детето дали се способни да го чуваат ? Да направат нешто за детето? никој никого не заштитил .
    Име и презиме и отказ јавно да се објават !
     
    На Mumoftwo30 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    17.918
    Допаѓања:
    135.926
    Пол:
    Женски
    Луѓето кои се од таа населба не знаат што точно било, ама вие од други населби и градови се правите сезнајки.|(
    Двете сценарија се подеднакво можни.
    Поради позицијата на зградите и формата на балконите не можеш точно да видиш ако си доле на улицата.
    На вести рекоа дека ќе ги проверат локалните камери. А, што ќе покаже истрагата зависи од тоа дали скотов уште има врски и од тоа дали ние како јавност ќе заборавиме за 3 дена или ќе притискаме за одговори.
    А, бројки за протест малку потешко. Наоколу само слушам како си планираат кај ќе слават.
    Сами како жени не се поддржуваме, па камо ли од мажите да очекуваме...
     
    На eli25, SummerGirl, Трагедијаупмм и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. LejlaD

    LejlaD Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2018
    Пораки:
    11.269
    Допаѓања:
    221.052
    Пол:
    Женски
    Била турната по скали во клиника,тоа беше објавено,имало и докази.МВР и ЦСР таму,тој си заминува со детето-пред нив,ништо од нивна страна преземо за заштита барем на тоа дете.Што повеќе да се кажи,жално и страшно што се тоа дете има претрпено.Ние овде уште ќе се докажуваме дали не можела да го остави,па вака да постапела,па онака.Нека почива во мир анѓелчето,единствено тоа не е за ништо виновно.:u:Протест во недела не знам колку успешен би бил,во славење на повеќето им е умот за жал...
     
    Последна измена: 5 март 2026 во 14:16
    На m.i.g, noteforself, Gosh и 10 други им се допаѓа ова.
  14. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    21.156
    Допаѓања:
    277.268
    Во таа зграда тешко некој некого баш да знае, нова е, од сите страни се луѓето.
    .
    .
    Инаку, ова е тоа што ме иритира - за мртвите само добро.

    Не, не, не. Ако сега земеме да го воспеваме актот на очај (ако е самоубиство, нели, што во моментов се третира како такво) која порака ја праќаме? Дека на "другиот свет" ќе станете сè што не сте во овој?

    Назад нема, умрените не се враќаат. Она што можеме е да научиме нешто за да не се случи пак.

    Значи, може и да грешам некаде, ама од она што е споделено, не ги познавам луѓево.
    Ивана ако и' е колешка на жена му на Андреј ДНК значи дека работи во А1, значи дека не е финансиски зависна баш до толку.
    Некаде пишаа дека станот бил заеднички - што во развод би се поделил или продал како заеднички имот, не може да "му го земе", не постои тоа тука.

    Имаме жена која упорно останува со човек кој ја малтрерира. Се тепа со швалерки, тоа не е некогаш, тоа е пред само 3 месеци!

    Ако вас не ви кажува ништо фактот што во повеќе наврати и повеќе луѓе сведочат едно исто - дека е фокусирана на него, а детево случајни минувачи го тешат.

    Да се повторам - само детето е совршена жртва тука.
    На крајот на денот, Ивана бирала да остане со него, без оглед дали на крајов е убиство или самоубиство, да е убиство пак детево останувало во таа средина упорно. Детето не бирало кои да му се родители.

    Не е ова виктим блејминг и не ни почнувајте со тоа, оваа динамика ја гледам кај моментално живи жени кои не заминуваат и кога имаат како.
     
    На baby-star, LadyD, azelea и 18 други им се допаѓа ова.
  15. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    7.227
    Допаѓања:
    38.362
    Пол:
    Женски
    Од соседите се изјавиве, не од случајни минувачи. Изјавите се дека не била сама.
     
  16. Mumoftwo30

    Mumoftwo30 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2023
    Пораки:
    5.212
    Допаѓања:
    17.500
    Пол:
    Женски
    Срам треба да ви биде на сите жени овде што ја накривувате мајката!!!

    Вас на памет не ви паѓа да се самоубиете, затоа што немате таков живот! Не ве тепа некое говедо секој ден, не ви се заканува, не ви го малтретира детето, не ви се заканува дека ќе ви го убие целото семејство со се вас! Со оглед на тоа што ниту една институција, не застанала во одбрана на жената, поради мочково од маж што се нарекува!

    И не, не можела поинаку, затоа што со години трпела физичко насилство, затоа што немала поддршка од никого, затоа што детето се и гледало, немала како да го заштити, мозокот на повредените личности, со дијагноза, не размислува како вашите мозоци што живеат во здрава средина!

    Кој нормален човек во болница ќе си ја турне по скали, сопствената жена, и таа ќе биде во безсознание од него? Овој нема кој порок го немал. Лудак!

    Женава 3 пати поднесувала различни пријави за развод, и уште ЦСР биле во обид да ги помируваат за да го заштитат детето, гледам колку го заштитиле, и МВР и ЦСР.

    Со ваков психопат да живееш и трпиш секојдневно тортури, да немаш поддршка од државава скапана, а сигурно ни од твоите дома, детето да ти биде малтретирано и сето ова да го гледа.. живејте ваков живот, поминете низ ова истово, па зборете тогаш како вие би постапиле!
    Зачаран круг од психопат "маж" што не ти дава излез!

    Со секое ваше "ама не требало така да постапи мајката" поголема жртва го правите психопатот!

    Не знам како не разбирате дека повредена личност, физички малтретирана секој ден, со закани, не размислува исто како вас - што тоа го немате доживеано!
     
    На Mother of 2boys, m.i.g, eli25 и 20 други им се допаѓа ова.
  17. Чанта

    Чанта Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2023
    Пораки:
    608
    Допаѓања:
    906
    Пол:
    Женски
    Колку и да е комплексен во какви и да си срања детето ќе го истуркаш напред а не во бездна. Не сакам да поверувам дека мајката скокнала со детето. Неможам како родител. Доколку е така,ни таа не е поарна од нејзиниот сопруг... душичка најмила, секогаш е жртва детето...
     
    На ideniki1 и Трагедијаупмм им се допаѓа ова.
  18. Чанта

    Чанта Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2023
    Пораки:
    608
    Допаѓања:
    906
    Пол:
    Женски
    Психопатот не е жртва. Детето е најголема жртва во случајов. Згасна и животот на едно детенце. Невино. Не доби шанса за живот ни од таткото ни од мајката за жал.
     
    На ideniki1 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Mumoftwo30

    Mumoftwo30 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2023
    Пораки:
    5.212
    Допаѓања:
    17.500
    Пол:
    Женски
    Ова е последното нешто што треба да го кажеш во ваква ситуација! Посебно ако ништо слично немаш доживеано!
     
    На JoyJoy, Panda00 и Adidas888 им се допаѓа ова.
  20. Чанта

    Чанта Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2023
    Пораки:
    608
    Допаѓања:
    906
    Пол:
    Женски
    Имам. Мајка ми беше претепувана. Јас сум бришела крв од неа и сум фрлала во канта по цела ролна. Сум била брукана како дете во јавност. Мајка ми немаше поддржка од нејзините воопшто. Ете бидна што бидна. Животот секогаш носи секакви изненадувања. Проблемот е што детето тука не доби ни шанса да си го најде патот. Ама ете ме мене фала му на господ жива.
    Едит: затоа ми е премн криво за девојчето,сум била на нејзино место многу години. Навистина многу голема и тешка штета.
     
    На Miss666, azelea, ivv7 и 10 други им се допаѓа ова.