1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Мајка и ќерка загинаа по пад од зграда во Карпош

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Sofi.ja, 2 март 2026 во 16:17.

  1. TwistedSister

    TwistedSister Активен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2026
    Пораки:
    77
    Допаѓања:
    251
    А што ако немала никаква поддршка, ни инстуционална ни семејна? Можеш за момент да се ставиш во нејзина психа? Не е ни возможно веројатно пошто не си го доживеала истото.
     
    На Panda00 и Mumoftwo30 им се допаѓа ова.
  2. Misskirova

    Misskirova Популарен член

    Се зачлени на:
    25 октомври 2018
    Пораки:
    3.897
    Допаѓања:
    9.702
    Пол:
    Женски
    Па што да им прават жено божја , на секое ги повлекувала пријавите.
    Битно и било да ја тепа швалерката и замисли ИСТО пред детето .
    Пази да се тепам со швалерката пред керка ми ?!
    Кусо да сум
     
    На azelea, bubemconia, Medea. и 7 други им се допаѓа ова.
  3. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    17.918
    Допаѓања:
    135.926
    Пол:
    Женски
    Така е.
    Никој не мислел на девојчето.
    @Mumoftwo30 Полека малку.
    Да, она е жртва, ама детето е поголема жртва.
    Ништо не може да оправда чедоморство. Без разлика дали е сторено од него или од неа.
    Ни он не бил, ни она не била добар родител. Добар родител не го изложува детето на опасност со дрога и насилство.
    Колку и да вртам во главава, не можам да сфатам како може на родител да му е побитен порокот или тоа дека партнерот има швалерка од безбедноста на сопственото дете.
    Ако немала доверба во институциите, сепак требала да ги послуша комшиите и да се бори. Да моли медиуми да ја сослушаат и да пренесат. Не се сите новинари несовесни.
    Факт е дека не размислувала разумно како и тој што не размислувал. Пишав поназад, и други жени се самоубиле, но не ги зеле децата со себе. Ги оставиле кај пријатели или роднини.
    Колку и да била очајна, и она го имала тој избор и можела да го направи. Или кога дошла до таа точка, боље ќе било него да го утепала.
     
    На azelea, Purpleheart, M&M и 6 други им се допаѓа ова.
  4. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    15.332
    Допаѓања:
    125.718
    Ти пак осудуваш ама ок.
    Она ја повлекувала пријавата, но они требало да видат во какви услови расте детето , на толку пријави и тепачки , па ако треба и да им се одземе детето и на двајцата . Детето од СИТЕ страни било занемарено, како да не постои .
     
    На azelea, JoyJoy, tambelina и 3 други им се допаѓа ова.
  5. Misskirova

    Misskirova Популарен член

    Се зачлени на:
    25 октомври 2018
    Пораки:
    3.897
    Допаѓања:
    9.702
    Пол:
    Женски
    Да си ми жива.
    Токму ова го зборам.
    Јас за своето дете ?! Абе би ги јадела живи и би им вадела очи.
    Ке одам ке спијам по клупи ако треба само да ја тргнам од таков психопат
     
    На SummerGirl и nextredstyle им се допаѓа ова.
  6. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.631
    Допаѓања:
    26.081
    Дур не докажат 100% дека сама се има фрлено, мое мислење е дека типот ги има бутнато, на тој профил со таа историја ултра сумљиво, поготово ако стварно има сведоци кои тврдат дека не биле сами.
    Мајката била каква што била, ако се бутнати, битно ли е баш тоа?!
    Детулето што живот проживеало, у пм... после оди кажи дека има некаква логика било шо.
     
    На Bezimenka90, mira.mira, Mari7 и 8 други им се допаѓа ова.
  7. mKdevojce

    mKdevojce Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    2.433
    Допаѓања:
    17.404
    Сакаш да кажеш дека околностите ја оправдуваат крајната постапка? Тоа значи дека и ти да си во истата ситуација би го сторила истото со твоето дете/деца?
     
    На SummerGirl, nextredstyle и Misskirova им се допаѓа ова.
  8. Mumoftwo30

    Mumoftwo30 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2023
    Пораки:
    5.212
    Допаѓања:
    17.500
    Пол:
    Женски
    Не, јас не можам да кажам и судам ако нешто немам доживеано лично на своја кожа. Така и вие исто.
     
    На M&M, Panda00 и TwistedSister им се допаѓа ова.
  9. Nane2356

    Nane2356 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2016
    Пораки:
    691
    Допаѓања:
    1.648
    Пол:
    Женски
    Гледам пишувате за кој крив, кој прав. Значи било кој од нас не може да се стави во кожа на таа жена и да коментира како и било и како можело да биде, секој за себе си е и секој си знае како му е. Ама искрено кога прв пат известија за ова мислев дека е жена од сиромашно семејство, без никој позади неа и дека едноставно немала излез кога и институции не помагале како што се кажа на почетокот, ама и за нив има опции ако е некој кој има силна психа и сака да истрае и за себе и за детето.
    Е сега некако кога видов дека имала и брат кој веднаш се огласи, кога видов и дека веќе биле во тек на развод и дека наводно се расправала со љубовницата, а и сепак веројатно имала некоја добра финансиска состојба можело сето ова поинаку да заврши, зошто секогаш ги тргала пријавите?
    Зошто и кога ја бутнал по скали не ставила крај? Не отишла кај брат и ете и да се спаси?
    Зошто барем тоа дете не го спасила? Најмногу ми е жал за него, има луѓе со години и години се борат за едно детенце.
    Далеку од тоа дека ја обвинувам, она си знаела најдобро како е, ама еве и да бутнал тој и да е самоубиство мислам дека сепак можело да се спречи тоа.
     
    На azelea, Noira, JoyJoy и 4 други им се допаѓа ова.
  10. VDT2906

    VDT2906 Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 август 2017
    Пораки:
    4.415
    Допаѓања:
    20.253
    Пол:
    Женски
    Секогаш има излез три постапки за развод имало зошто не отишла до крај и не се развела? Едната ја поднел и тој значи обострано било. Туку она одбрала да се тепа со швалерки. На суд за сите пријави плус изневерување го добива случајот од прва, станот ако е заеднички ќе и го доделат неа заради детето или ќе мора да се продаде и и следува половина од парите. Зошто побогу на сето малтретирање би ми било гајле дали тој имал љубовница, нека крши глава уште подобро. Но очигледно она слепо верувала во " љубов".
     
    На Gosh, christinnn, PaLaVa и 4 други им се допаѓа ова.
  11. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    17.918
    Допаѓања:
    135.926
    Пол:
    Женски
    Кога и судиите во судовите го судат оти е кривично дело, можеме и ние да судиме.
    Убивањето на детето е исто така морално и правно погрешно како и насилството што го трпеле.
    Девојчето имало цел живот пред себе, не заслужило да ѝ биде прекинат. Сигурно не рекло „мамо/тато, сакам да умрам“.
     
  12. Afrodita*

    Afrodita* Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 април 2023
    Пораки:
    68
    Допаѓања:
    107
    Пол:
    Женски
    Јас лично мислам дека институциите СОЦИЈАЛНО поготово има највеќе потфрлено. После сите пријави тепачки по паркови и болници за тоа дете никој нема дојдено да го одземе од токсичната средина.Мајката се знае имала немала начин, психа ослабена итн . Детето мора да биде згрижено. Нема да праиме муабет какви болести имал типот или она кои ги добила со него. Детето, ДРЖАВАТА да го заштити а после собирајте го типот во затвори и каде што му е местото. Тука има малолоетно дете, пријави има 100, женава пак се објаснува со него, се смируваат се тепаат со швалерки и слично. Срединава не е за дете да расте тука. Кај се овие да го спроведат тоа??? Па по дифолт коа доаѓаме по 10 пати да се пријавуваме па да повлекуваме вие не сте здрави и двајцата со 6 год дете да седите. Полиција- социјално комуникација? Не а? Толку.
     
    На azelea, Ladyme, M&M и 8 други им се допаѓа ова.
  13. Malesia

    Malesia Популарен член

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    1.855
    Допаѓања:
    3.681
    Пол:
    Женски
    Не сакам да осудувам ама не е дека немала излез, така сакала да реши се. Многу жени познавам сакаат да држат се под контрола сами и трпат се и сешто. Домашното воспитание е на најниско ниво го допираме дното. Нека почиваат во мир.
     
    На christinnn, PaLaVa, SummerGirl и 3 други им се допаѓа ова.
  14. Misskirova

    Misskirova Популарен член

    Се зачлени на:
    25 октомври 2018
    Пораки:
    3.897
    Допаѓања:
    9.702
    Пол:
    Женски
    Мене не ми се верува дека вас ви е нормално да се тепам со некој пред детето, без разлика која и да е причината
     
    На Unread, azelea, Dekoo и 2 други им се допаѓа ова.
  15. Dentina

    Dentina Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    4.251
    Допаѓања:
    43.744
    Мајки за чедоморство во постпородилна депресија се осудуваат на минимална казна. Не дека оваа имала постпородилна, туку може и била непресметлива, убиство и самоубиство на миг.
    Јас би убила за своето дете, ама тоа при здрава свест. Да сум пореметена, дрогирана, тепана, со дијагноза, не знам каде ќе ми беше крајот.
    Џабе мелиме за жената овде, мртва е. Нема поголема па макар и законска казна, пострашно е само да преживееше таа а детето не. Или и двете инвалиди.
    Заради коментари, не нужно на фемина, мене ми се згади воопшто да читам, за жал не живеам во епрувета.
    На сите мајки кралици : мртви се, ги нема. Скотот е крив.
     
    На m.i.g, azelea, M&M и 13 други им се допаѓа ова.
  16. KateKane

    KateKane Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јули 2018
    Пораки:
    3.667
    Допаѓања:
    64.435
    Пол:
    Женски
    Намерно се воздржував за да не напишам ништо на темава, пошто претпоставив каков терк ќе добие.

    Илјадници вакви случаи имало, којзнае уште колку ќе има. Никогаш, ама никогаш нема да има "совршена жртва" кои народот толку ја посакува, затоа што не постои совршен човек. Секогаш ќе има разглобување зошто не направила вака или така.

    Највиновни се овде социјалните служби, затоа што кликаат по цел ден на Solitare на компјутер, место да се погрижат ниту едно дете да не мора да го гледа тоа што малечката го видела.

    Не знаеме ништо би направиле, затоа што никогаш не сме биле во нејзина кожа, не знаеме со што ја држел. И не знаеме како е да си толку тепан, до тој стадиум да хемијата во мозокот ти е изменета.

    Само знам дека ако ваков партал кој не вреди ни 5 денари го штитат како бела мечка и никаков закон не го фаќа, можам да замислам тек па тие што се поимотни или со поголем грб.

    Страшно и бедно.
     
    На Mother of 2boys, sparklie, Kolache na mama и 23 други им се допаѓа ова.
  17. ForeverYoung

    ForeverYoung Популарен член

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    712
    Допаѓања:
    2.050
    Епа тогаш зошто му судиш на сопругот кога немаш доживеано тоа што он има доживеано на своја кожа? И тој потекнувал од дисфункционално семејство каде што и тој бил жртва.
    Ако така ги "оправдуваме" и убијците не се криви што се убијци оти повеќето од нив израснале во нездрава средина и биле жртви.

    За случајов конкретно, малку работи знаеме со сигурност како биле, ниту знаеме дали е самоубиство+убиство или сопругот ги бутнал, ниту дали женава имала подршка од фамилијата или околината иако гледам тврдите дека немала...
    Ама и јас не можам да разберам како може некој под било какви околности да се враќа и да чува дете во такви нездрави услови притоа имајки други опции (женава била вработена) ... да се тепаш со него и швалерката и случајни минувачи да ти го тешат детето... имаше изјава од жена што го земала детево додека овие се расправале и тепале и кажуваше дека во тој момент никој од нив не ни погледнал детево кај е и како е....
    Очигледно и двајцата биле несаглам, најжално за детето што се родило во такво семејство и
    сопствениот родител му пресудил. ;(
     
    На Ladyme, Amelia., PaLaVa и 2 други им се допаѓа ова.
  18. Afrodita*

    Afrodita* Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 април 2023
    Пораки:
    68
    Допаѓања:
    107
    Пол:
    Женски
    Секакви парови има, не можете вие да ги оправате они што праеле се тепале се смирувале итн, Секакви људи секакви чудесии. АМА ДЕТЕ и те како може да се одземе од држава. Вие што сакате правете. Не ме интересира има жени се палат на тоа.. секакви психи се мешаат со љубов или не знам како не ме ни интересира. ДЕЦАТА се ПРВАТА работа во светот ЗА ЗАШТИТА ОД ДРЖАВАТА што се наоѓаш. Затоа си во држава да не праиш што сакаш или што к да мешаш кај што не треба со некој нај невин на светот. Другото е све небитно во случајов.
     
    На azelea, Ladyme, PaLaVa и 3 други им се допаѓа ова.
  19. mKdevojce

    mKdevojce Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    2.433
    Допаѓања:
    17.404
    Па не судиме. Ама и не можеме да кажеме дека по некоја цена може да ја оправдаме непромислената постапка. Таа сама си пресудила и себе и на детето. Како и да е, смртта не е никогаш, за ништо решение, па посебно кога ти одлучуваш кога нечиј живот треба да заврши, за твојот никој не ти суди што и да одлучиш. Ова од гледна точка на мајка, што повеќето од нас и сме.
     
    На PaLaVa му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Anaroz1

    Anaroz1 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2021
    Пораки:
    3.035
    Допаѓања:
    6.891
    точно, институциите највеќе потфрлиле во случајот, пишуваше дека дента кога ја бутнал по скали во болница и паднала во бесознание, он си го земал детето и си отишол, потоа бил извршен разговор со мајката од страна на лица од Центарот за социјално, зошто во тој момент центарот не превзел нешто, биле свесни детето дека е со насилник, биле свесни детето во каква средина живее, мислам имало обид за убиство пред детето и ај што не го уапсиле туку извршиле разговор жити се :drunk:

    тие двајца како родители пред се потфрлиле, она ако идела да се пресметува со швалерката што барала детето да го носи со неа, и ова не се шпекулации, стои во полициски билтен, жената што даде интеврвју самата кажа дека они двајца се тепале детето стоело на страна и никој не му обрнувал внимание, затоа цело време тоа си мислам тоа дете што се преживеало па уште ни криво ни должно како му заврши животот.

    не знаеме дали он ги турнал, ама ако е стварно самоубиство и мајката се фрлила со детето за мене нема оправдување, сметам дека детето и покрај се што преживеало имало шанса да создаде некогаш убав живот за себе, а некој таа шанса му ја земал.
     
    На azelea, Amelia., Gosh и 5 други им се допаѓа ова.