1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Мајка и ќерка загинаа по пад од зграда во Карпош

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Sofi.ja, 2 март 2026 во 16:17.

  1. Grogu

    Grogu Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 декември 2020
    Пораки:
    27
    Допаѓања:
    92
    Секоја осуда си е одраз на она што го чувствуваме во нас. За некого е полесно да осуди и да се концентрира на мајката, отколку да прифати дека институциите не си ја работат работата. Вработените во двете институции кои не постапувале се СТРУЧНИ за да постапуваат во вакви случаи, да проценат ризик, да и помогнат на жртвата да се излекува психички и да излезе од улогата, зошто улога на жртва е секогаш беспомошна, безнадежна и нема самодоверба дека може да се избори сама.
    Јас исто не можам да најдам мотив дека родител би убил дете, било да се фрлила мајката или да ги бутнал таткото, ама од кај па на мене право да осудувам, само затоа што сум длабоко потресена. Сите црни хроники се личности кои најчесто не ги познаваме, нити знаеме како живееле, ама се што можеме да направиме е да бараме правда преку институциите за да се превенираат следни вакви настани.
     
    На Трагедијаупмм и Mumoftwo30 им се допаѓа ова.
  2. ForeverYoung

    ForeverYoung Популарен член

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    712
    Допаѓања:
    2.050
    И сопругов бил тепан и малтретиран од неговите родители. Значи и него хемијата во мозокот му е измешана и не е крив што е таков каков што е?
     
    На Medea. и Gosh им се допаѓа ова.
  3. Polyincognito

    Polyincognito Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2020
    Пораки:
    2.363
    Допаѓања:
    11.393
    Според мене,

    (Под претпоставка дека не се турнати.)

    Вие размислувате од перспектива на некој кој е безбеден, си пие кафе и моментално пишува на форумот од досада.

    Но, мозокот на некој што долго време бил жртва на екстремно психолошко и физичко насилство не функционира веќе на ист начин.

    Долготрајната траума често доведува до птсд, "тунелско" размислување и постојан survival mode, каде што човек веќе не резонира трезвено и не ги гледа сите можни излези.

    Особено кога жртвата многупати барала помош и апсолутно никој не помогнал и не реагирал.

    Значи буквално и пред полициска станица да ја тепал, не би го уапсиле, до тој стелен очигледно било.

    Во такви ситуации може да се појават и мисли за и т.н. алтруистичко самоубиство, кога жртвата верува дека смртта е единствениот начин да се избега од насилството и дека на тој начин го "спасува" и детето од понатамошно страдање.

    Тоа не значи дека трагедијата не е страшна. Но, мора да се земе во предвид и психолошката состојба на човек кој живеел секој ден во екстремна траума :*:
     
    На Mother of 2boys, sparklie, Bondie и 32 други им се допаѓа ова.
  4. Mumoftwo30

    Mumoftwo30 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2023
    Пораки:
    5.212
    Допаѓања:
    17.500
    Пол:
    Женски
    Зашо го читаш само тој дел што ти одговара? Цел текст прочитај го, ваљда ќе сфатиш што сака да каже членката.
     
    На Panda00, JoyJoy и KateKane им се допаѓа ова.
  5. KateKane

    KateKane Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јули 2018
    Пораки:
    3.667
    Допаѓања:
    64.435
    Пол:
    Женски
    Да, така е.
    Баш тоа сакав да кажам.
     
    На Angie1432 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    38.352
    Пол:
    Женски
    Лелеее, вие најдовте да осудувате зошто се тепала со швалерката?! Ај, читнете си ги мислењата во темата за изневерување, колкумина од вас главната вина во швалерката ја гледаат? Ама, ок, ќе се правиме наудрени сега. Бљак.
     
    На Frida-, Polyincognito, tambelina и 4 други им се допаѓа ова.
  7. Mumoftwo30

    Mumoftwo30 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2023
    Пораки:
    5.212
    Допаѓања:
    17.500
    Пол:
    Женски
    Џабе објаснуваш, тој што не разбира, нема никако да разбере. Посебно тој што не бил во таква ситуација, не очекувајте разбирање од вакво опшество, како нашево.
     
    На Panda00, Polyincognito, Adidas888 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. ForeverYoung

    ForeverYoung Популарен член

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    712
    Допаѓања:
    2.050
    Цел пост го прочитав и не можам да разберам зошто за еден човек лошите услови во кои се нашол се оправдување за лошите постапки а за друг не се?
     
  9. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    21.148
    Допаѓања:
    277.239
    Ова си скроз во право.
    Налет таа дали повлекувала пријави, апсолутно имаме механизми за да заштитиме деца.
    А во ситуацијава, и те како можеле, имале прилики, тоа дете било присутно кога викале полиција во парк, кога биле во болница, на крај краева сигурно одело во градинка, училиште, имаат таму педагози и психолози.
    Дете толку мало ни пријавува ни повлекува пријави.

    Ова е една од ситуациите каде што државата е моќна да постапи и те како, ама не постапил никој, баш никој.
    Кате, не е баш така.
    Не мора надвор да гледаш, оди овде во теми за развод, семејно насилство итн.
    Погледни колку жени се советувани "да се договорат", да најдат начин да не се разведат итн.

    Ни јас не мислам дека баш туку така се има фрлено, или ја има бутнато или буквално е тоа што му е и моменталната пријава - наведување на самоубиство. Дека сама седела дома и ај ќе скокам... не е баш реално сценарио. Ниту е нешто што се случува кај жртви на насилство, општо земено.

    Меѓутоа, баш е важно да се гледа целата слика, таа промена, што довело до сето ова, како стигнало со години да трае итн. за барем една да се спаси во иднина.

    Многу пред да дојде до овој степен да се тепаат по паркови и болници е почнато, никој не станува одеднаш толку храбар.

    Мене ми е барем целта да зборам упорно дека и при влакно скубење прво се остава и не се дава втора шанса. Прелесно се влегува во овој круг, а излезот речиси никогаш не е без некој убиен (макар агресорот).

    И исто така, не може да не зборуваме за психолошките карактеристики на двајцата, затоа што постојат повеќе причини што навистина, неговиот и нејзиниот профил "се наоѓаат". Така се објаснуваат жените кои иако имаат надворешна поддршка, упорно се враќаат кај агресорот. Во овие ситуации е претешко да се издејствува што било, затоа што не можеш со сила да ги држиш разделени.

    Инаку, институциите баш ништо не правеле, тоа е повеќе од очигледно. Како што реков, таа може повлекувала пријави, ама детето можело да биде заштитено.
     
    Последна измена: 5 март 2026 во 17:51
    На azelea, M&M, JuLleE и 5 други им се допаѓа ова.
  10. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    6.305
    Допаѓања:
    27.447
    Пол:
    Женски
    Кај нас ако за жени не се замараат институциите, за деца па ич. Буквално случаи каде деца биле жртви на присилен брак и трговија со луѓе биле враќани на фамилијата.
     
    На azelea, M&M и Angie1432 им се допаѓа ова.
  11. Anaroz1

    Anaroz1 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2021
    Пораки:
    3.035
    Допаѓања:
    6.891
    На Rozevata, MiloMalo, Noira и 4 други им се допаѓа ова.
  12. KateKane

    KateKane Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јули 2018
    Пораки:
    3.667
    Допаѓања:
    64.435
    Пол:
    Женски
    Епа не можеш пошто сакаш да се контраш и да тераш инает, а темава ниту е да си ги мериме кој има поголем, ниту па е за да докажуваме кој повеќе памет има.

    Тој ја има привилегијата да живее. Таа ја нема. Заради него конкретно. И тука завршува секоја дискусија, затоа што мрсулот утре ќе се разбуди и ќе живее, а тие две се закопани под земја.

    Лесно ти е тебе со кафенце до тебе, со интернет и без психофизичка тортура од сопружник тука да кажуваш кој треба да се осудува а кој не. Лесно ми е и мене што ја имам таа привилегија да не нацапам на некој ваков.

    Е жената ја немала.
    Детето па најмалце криво. Можело сега да е во дом каде ќе го посвоеле луѓе што едвај чекаат да имаат дете, ама нажалост живееме во шупакот на светот, па сега и тоа си го однесе ни криво ни должно.
     
    На Mother of 2boys, sparklie, Annath и 12 други им се допаѓа ова.
  13. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    21.148
    Допаѓања:
    277.239
    На тоа и мислев во првиот пост дека постојат судбини пострашни и од смртта.
    Нема да се изненадам да ја малтретирал и малата и АКО е самоубиство токму ова да е мислата во позадина.
     
    На M&M, Dentina, Medea. и 3 други им се допаѓа ова.
  14. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    21.148
    Допаѓања:
    277.239
    Знам.
    Што за мене е најстрашната реалност, искрено.
    Сè e оставено на свеста и совеста на родителите, а добро знаеме дека во пракса тоа подразбира и грозоморни сфаќања и однесувања.
     
    На Munchmallow20 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Misskirova

    Misskirova Популарен член

    Се зачлени на:
    25 октомври 2018
    Пораки:
    3.897
    Допаѓања:
    9.702
    Пол:
    Женски
    Јас пак да повторам пошто секој ден поминувам од таму. ...еве и сега поминав....на тие огради нема апсолутно шанси никој да не видел ако ја турнал.
     
    На SummerGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  16. KateKane

    KateKane Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јули 2018
    Пораки:
    3.667
    Допаѓања:
    64.435
    Пол:
    Женски
    Моја теорија (теорија, може да грешам) е дека тој си има дојдено дома лут зошто претходно била повикана полиција и тргнал да ја тепа. Жената за да избега од него и да не ја фати има паднато, веројатно брзо се има случено се. Може не ни бил во станот мрсулот, може однадвор на вратата да лупал.

    Ми нема логика наназад да паднала, ми нема логика да се случило тоа во дел од секунда, обично луѓето со суицидални мисли некое време стојат и се мислат за одлуката, досега се што сум прочитала во тоа поле сугерира дека жртвата најчесто чека неколку минути, па после го прави тоа. Ќе ја видел некој. Затоа и толку луѓе ги спасуваат, затоа што ќе ги разубедат.

    Ќе се најде некоја камера, ќе се дознае вистината.
     
    На Mother of 2boys, M&M, SummerGirl и 7 други им се допаѓа ова.
  17. ideniki1

    ideniki1 Активен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2023
    Пораки:
    29
    Допаѓања:
    50
    Пол:
    Женски
    Не само што не е поарна туку е каде-каде ПОЛОША.

    Мајката си го уби чедото! Луѓево некако тоа воопшто не го восприемаат, си прават филмови, ја турнал, не знаела, дури и некој психолог читам пишувала дека немала друг избор!

    Господ да чува и да брани!
     
  18. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    21.148
    Допаѓања:
    277.239
    Не се баш толку ниски оградите да паднеш случајно, ти гарантирам.
    Или ја има бутнато или немала излез па "побезболна" смрт било ова.

    Тој што видел дека назачки паѓа, нема шанси да не чул/видел секунди порано што се случувало. И не верувам дека маж и' "не бил тука". Магично се сторил на лице место -.-
     
    На Amelia и Mumoftwo30 им се допаѓа ова.
  19. Чанта

    Чанта Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2023
    Пораки:
    608
    Допаѓања:
    906
    Пол:
    Женски
    Да многу чудно. Јас уште неќам да поверувам. Како дете што видело и трпело секакви срања (некои случки не сум ги видела ни на филм), сакам да ви кажам дека детето секогаш двојно пати. Пати за својата мајка (па макар каква и да била)на детето секогаш срцето му се крши кога гледа тепана и потиштена мајка и после пати и за фамилија -во смисла тешко прифаќаш како дете дека немаш нормална фамилија дека неможе некој работи да функционираат како кај другите деца. Те јаде срамот и слично. Децата поинаку гледаат на работите и секогаш патат буквално за сите. Има една изрека - децата се толку невини и толку веруваат во родителот што би ги следеле и во смрт. Душата ме боли за детето. Колку никој не го спаси. Вукојебина.
     
    На Mother of 2boys, azelea, Dentina и 8 други им се допаѓа ова.
  20. mom to be

    mom to be Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 август 2023
    Пораки:
    1.160
    Допаѓања:
    1.970
    Пол:
    Женски
    Луѓе дај доста е.Да ги оставиме нека почиваат во мир.Сега е предоцна да се зборува.Болно е,никогаш да не се повтори.
     
    На M&M, Panda00, forumce и 1 друга личност им се допаѓа ова.