Кога ја прочитав веста мислев дека немала фамилија женава. Пошто секој со нормално семејство ќе и рече да иде кај нив ако знаеле а очигледно знаеле за насилството.
Абе може и он ги турнал не се знае што се случило…. Може у главата и се вртело кој ќе го чува детето од малтретирањата понатаму…
Не можеш да знаеш како им е во нивна кожа. Ниту пак некој знае дека ќе дојде до ова. Може да е нивен станот, но не можеле да го избркаат. Може му се спротивставиле па се заканувал. Со нестабилни луѓе никогаш не знаеш на што си. Ако полицијата не мрднала со прст да ги заштити, што останува за фамилијата? Како на некоја будала ќе му кажеш да си оди и да не ги вознемирува? Баш напротив, ќе го разлутиш уште толку и нема да те остави на раат. Сите после војна се генерали, вака требало, онака требало. Сигурно тебе маж ти ако те тепа, ќе ја здуваш кај твоите дома. Ако е доволно ненормален и од кај твоите дома ќе те извади и ќе те скрши од ќутек. Гледаш дека полицијата не преземала ништо - па тој си земал уште повеќе сила. Бегајте подалеку од ненормални и насилни луѓе, со пороци и слично.
Нема ништо од институции, важно вработените таму седат на столче и собираат документи во фиока која може и никогаш не ја отвараат и сите се борат за тие позиции. Ама некаде прочитав дека нема веднаш да даваат развод многу се разведувале требало таму колку време да живеат заедно за да бидат сигурни, па од убаво не се разведуваат.. И незнам кога толку луѓе знаеле што трпи не и помогнале ете брат и, ќе ги земе кај нив да живеат додека трае процедурата за развод.. На крај да имала еден човек кој што ќе и пружи рака немала единствен излез во самоубиство да бара..
не е точно дека беше со попреченост. Го знам девојчето, чиста мила душа со несреќна судбина. Цел живот се мачеше и вредно работеше без изговори. Одеше од еден крај на градот до другиот само да заработи корка леб. Беше полуписмена и сиромашна, исто и како нејзините.Но тие ја користеа, таа работеше, а парите и ги земаа. Се ви е јасно кога ќе разбереш дека ја пратиле да чува овци. Што се вели биле спремни да ја продадат од што многу ја сакале и се сиромашни. Никогаш незнаев колку години има. Беше малечка како некое детенце, а толку вредна. Татко и мислам дека има проблеми со алкохолот.
Јас како мајка ..едно знам....за она да го направиш заедно со свое дете , треба да си во страшна агонија и очај ...
Истото го помислив, за самоубиства не се објавуваат вести во јавност. Ова е физичко семејно насилство.
А од кој да побара помош ако не од сопственото семејство? Ама не кај нас срамота е жената да се врати дома ако се омажила... Каков гаден народ сме...
После сите овие случки очигледно не, овде само напредуваат и се згрижени функционерите и нивните фамилии, а за обичниот народ никој не мрда со прст, после ќе плукаат по луѓето кои на повозрасни години и нивните деца вадат бугарски документи, ќе ги нарекуваат предавници. Кога немаме сигурна држава сите гледаме да фатиме патот да се скрасиме некаде, никој не сака да му се случи она што им се случи на многуте родители овде, а најболното од се е тоа што никој не превзема вина за истото. Еве колку време помина од Кочани уште се судат, уште демек не можат да најдат кој е виновен, потточно чекаат кој поголем рекет ќе мавне во џеб за да бега од обврската. Колку деца млади се испогазени по улиците на Скопје од празноглави и лигави детишта кои животот на тацна од мама и тато поставен и не знаат што поголема глупост да направат. Кој ќе ја превземе одговорноста за жената која извршила самоубиство сега? Зошто не реагирале институциите на семејното насилство или идат на работа кафето да го испијат и да си одат? Треба сите до еден отказ да си дадат бре, зошто невино дете да лежи во гроб сега, дете што уште не е почнало да живее. Овде треба Путин да пукне и око да не му трепне, убаво беше кажал, Македонија е држава која што после 10г не се знае дали ќе постои. Сејф сити инвестиција која што лапнаа функционерите куп пари. Овие системи ги има во светот насекаде но со други намени, да се прати по улиците што се како има и во некои незгодни случаи да се вадат докази, а кај нас се ставени да берат пари од народот, да ги казнуваат луѓето ако возат 1км повеќе, ова е убаво да, ама требаше порано да им текне, не по бајрам свадба кога куп деца лежеа по булеварите мртви!
Не сакам да бидам таа особа, ама братот на женава кога знаел што се случува, што правел? Мислам, знаеме многу малку и можда и пробувал да помогне, ама гледам на профил толкав, здрав маж, па да собере 2-3 другари, да му сменат личен опис. Посебно по обид за убиство (во јавна институција)??? Некои жртви на семејно насилство не знаат за подобро, па се навраќаат кај насилникот и не можеш многу да им помогнеш, ама еве читаме женава пријавувала и барала помош, нема да чекам институции и после да пишувам по интернет. Туку, тајмингот е дека требала да оди денес пак до социјално… знаеме ли дека биле сами во станот, па самоубиство е?
Не е така едноставно... Ако е самоубиство сигурно не знаела како на друг начин со детето а да не му се уништи живот, излезот го видела само таму ако го убие мажот таа оди во затвор детето што ќе прави, вујкото штом не помогнал до сега ќе го пикне во дом или на улица.. Не решение ова, ама штом посегнала била многу очајна...
Ни на чело им пишува ни знаеме каков ќе стане во брак, доста со муабетиве да “пазиме што бираме, ние кривите”. Фамилијата? Развод? Фамилија се малтретира, разведени уште се влечат со драми. Секој еден е ранлив без институционална поддршка. И јас, и вие, и политичарите и секој што глуми многу фактор. Оти ако за еден не работи за третиот ќе работи ама преку планини и реки. Така што скоро исто. Леле па фамилии како се тргаат со опашката кога нешто гори, со свои очи видено сто пати. Вие одите ја помагате некоја од фамилија што мажот и е сумлив или не ја ни посетувате да не си правите проблеми? Полесно е да викате па кај и биле очите што бирала нели.
Точно Абе личен опис ќе му сменам ако влакно и фали на сестра ми. Ако е тој таткото што го видов по фб, едно шмогле, со два прста ќе го задавам. Ама сега се е касно. Ако сама скокнала, си имала голема мака и излез не гледала.... само она си знае....
Повеќе од очај е. И таа не размислувала разумно. Многу жени трпат насилство, но не се фрлаат сосе децата.
Господ да ми прости истото го помислив.. Помислив и дека веројатно и девојчето е тепано ама пак ,попрво тој ќе го задавам. Туку да не ја има тој турнато сосе дете...
Точно така, ама Ако, ако сама скокнала.. оти братот пишал "се случи убиство"... И ја мислам дека не се работи за самоубиство, плус денеска требала да оди во цср, расправија која ја видел сведок....