1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Мајка и ќерка загинаа по пад од зграда во Карпош

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Sofi.ja, 2 март 2026 во 16:17.

  1. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.631
    Допаѓања:
    26.081
    Апсолутно не е нормално и никој не пишал дека е.
    Да живееш такво секојдневие, сигурно не би бил нормален и би ти требало професионална помош.
    Институциите да си ја работеа работата, барем детето да беше згрижено и спасено...
    Но мора да се потврди милион посто дали сама го има тоа направено, зошто ако има шанси да не е тоа вистината, убиец шета слободен.
     
    На Grogu и Mumoftwo30 им се допаѓа ова.
  2. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    21.950
    Допаѓања:
    202.425
    Мхм, дури 48 во ЦРС, и прашање колку од нив реални, пошто стално се кратат. Пошто состојбите се цут.
    https://www.slobodnaevropa.mk/a/nasilstvo-zheni-shelter-zastita-/33588242.html
    И едино Савка, на 83 години, уште има уста да зборува.
    Среќен 8ми март.
     
    На azelea, Yowannty, M&M и 4 други им се допаѓа ова.
  3. PaLaVa

    PaLaVa Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2011
    Пораки:
    495
    Допаѓања:
    3.833
    Пол:
    Женски
    И јас ова ќе прашав. Сите со муабетот сигурна куќа па сигурна куќа.
    А дали имаме воопшто сигурни куќи по сите градови, и колку временски им е дозволено на тие жртви да престојуваат таму, особено ако немаат никакви примања или се со мали деца?!
    Ќе поседат некое време додека да се потсмират психички и после назад во пеколот.
    Не ми гледа мене баш толку розево дека ќе живееш таму безгрижно колку сакаш додека да се снајдеш.

    Секојдневие е веќе... немам коментар.
    https://skopje1.mk/uapsen-gostivarec-koj-ja-tepal-soprugata
     
    На eliesaab и Mumoftwo30 им се допаѓа ова.
  4. LejlaD

    LejlaD Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2018
    Пораки:
    11.269
    Допаѓања:
    221.050
    Пол:
    Женски
    Во сигурна куќа 3 месеци може да се престојува колку што знам,па во повеќето случаи жртвата се враќа во истата средина кај напаѓачот од немај каде...
     
    На H.VAGA, Cutiepie123, Mumoftwo30 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. zvecarka

    zvecarka Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 октомври 2014
    Пораки:
    219
    Допаѓања:
    761
    Пол:
    Женски
    Сигурни куќи во државава не постојат. Нема ниту едно ебено легло. ЦСР е такво какво што е. Нема ни кадар, ни ресурси. Тоа е и причина зашто жените ги повлекуваат пријавите - нема каде да одат.
    Сите дисфункционални семејства се приказна за себе. Ги има многу околу нас, колку само жени кои трпат насилство пишуваат на форумот. Најчесто се оставени сами на себе.
    Што и се случувало на Ивана и во каква состојба била може само да нагаѓаме. Факт е дека не била во состојба да си го спаси детето. Доколку некој од ЦСР се заинтересирал за случајот детето требало да биде одземено и однесено на сигурно. И не само тоа дете. Ги има многу на кои сите ние вртиме глава. И не само ЦСР, тука се и учителките и воспитувачките од градинка и педијатрите. Но за жал така треба да биде во некое нормално општество, а кај нас кој како има среќа ќе се снаоѓа.
     
    На azelea, M&M, Trexane и 11 други им се допаѓа ова.
  6. Loveland

    Loveland Активен член

    Се зачлени на:
    26 септември 2025
    Пораки:
    25
    Допаѓања:
    20
    Пол:
    Женски
    Можеби не сакале. Имам блиска роднина цел живот е тепана ,малтретирана од страна на сопругот нејзините ја гледаа со модринки на очи, повеќе пати хоспитализирана и кога ќе сакаше да си оди мајка и и велеше немој срамота е. Што ќе речат другите. Ќе си се средите.
    Уште трпи женава, а сега најверојатно и ќерката...
     
    На Cutiepie123 и SummerGirl им се допаѓа ова.
  7. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    17.921
    Допаѓања:
    190.009
    Колку години е детето?
     
  8. zvecarka

    zvecarka Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 октомври 2014
    Пораки:
    219
    Допаѓања:
    761
    Пол:
    Женски
    6 прваче
     
  9. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    17.921
    Допаѓања:
    190.009
    Ај сеа замислите
    да дигнете дете во раце да се префрлите со една нога преку тераса и со друга нога
    А женава слаба
    Колку сила треба?
    Паѓаат двете заедно ?
    Шо викаат очевидци
     
    На Mother of 2boys, M&M, tambelina и 2 други им се допаѓа ова.
  10. Gosh

    Gosh Мразачка на луѓе

    Се зачлени на:
    10 октомври 2015
    Пораки:
    3.939
    Допаѓања:
    49.285
    Каде читате дека се тепала со швалерката?
     
  11. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.870
    Допаѓања:
    264.868
    Државата пред се мора да понуди заштита на овие жени. Сигурни куќи мора да има, со непознати локации и потоа подршка за жената и децата.
    Овде има многу програми, сигурни куќи, се нудат и за психичко насилство. Зборувам од прва рака.
    Ама има едно ама.
    Многу од жените со понудена секаква помош и подршка, па и финансиска, сепак остануваат или се враќаат каj насилниот партнер.
    И веќе не се жртви. Сами избираат да се вратат.

    За случајот, Ивана не е жртва. Жртва е детето. Во нормална држава ќе беше оддамна одземено.
    Кога има насилство во семејството и тоа пред детето, ЦСР мора итно да постапи. Не се чека.

    Во случајот виновни се ЦСР најмногу. Она што сака нека прави, нека се враќа, нека се тепа со кого сака, ама детето требало да биде згрижено.

    Фемицидот и насилството е секаде во пораст, ама на Балканот посебно. И лошо е тоа што нема никаква заштита за жените жртви на насилство.
    Во просек се враќаат 7 пати. Со нив мора многу да се работи и да им се понуди подршка и помош.
    Ама затоа мора државата прво да се разбуди и да проработи конечно.
     
    На Annath, mareane, Nausicaa и 25 други им се допаѓа ова.
  12. mama11

    mama11 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2024
    Пораки:
    558
    Допаѓања:
    693
    Пол:
    Женски
    и мене тоа ме интересира сеа секакви муабети се вадат рекла казала и на крај жената испадна крива дури поише ја плукаат од тој психопатот. Јас пак си стојам на тоа по очевидци што кажале дека изгледа ги турнал бидејќи ѓи виделе како се караат на тераса убаво пишале погоре некој кога се самоубива прво подзастанува некоја минута па се фрла ова со неа се случило за секунда плус жена слаба со дете 6 години у раце кќе прескокнува ограда и никој нема да ја примети. Не туку си ставајте грев на душа со рекла казала муабети она само си знае што било вистина. Нека почиваат во мир душички пропатени...
     
    На Amelia., Cutiepie123, Mari7 и 4 други им се допаѓа ова.
  13. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    17.903
    Допаѓања:
    123.286
    Пол:
    Женски
    Најточен и брутално искрен коментар, за жал.
     
    На Amelia., azelea, VDT2906 и 8 други им се допаѓа ова.
  14. Misskirova

    Misskirova Популарен член

    Се зачлени на:
    25 октомври 2018
    Пораки:
    3.897
    Допаѓања:
    9.702
    Пол:
    Женски
     
  15. Kala22

    Kala22 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2014
    Пораки:
    1.156
    Допаѓања:
    1.499
    „Не судете, за да не бидете судени;
    зашто со каков суд судите, со таков ќе ви се суди; и со каква мера мерите, со таква ќе ви се измери.“

    Срам да ви е на коментарите и осудите, што народ ќе бевме секој знае најдобро за другиот. Остајте ги да почиваат во мир!
     
    На Loveland, eliesaab, Annath и 7 други им се допаѓа ова.
  16. Amelia

    Amelia Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2010
    Пораки:
    2.436
    Допаѓања:
    1.855
    И дедото за жал мислам го осудија…
    И како некој да се охрабри да го истепа или убие насилникот, цело време зборите братот требал да го реши и потоа да не излезе од затвор…
    За убиство на насилници не треба да се лежи, ама во оваа наша држава…
     
    На Gosh и Biljarkata им се допаѓа ова.
  17. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    8.290
    Допаѓања:
    44.556
    Пол:
    Женски
    Можда пошто он одамна веќе се раздвоил од неговото семејство и основал свое, период каде што веќе требало да е свесен што и како прави, додека Ивана во тој момент живеела во реалност која била кошмар? Контекст луѓе, контекст.
    А објаснување =/= оправдување, нешто кое исто така цело време се меша.
     
    На CameliaMiller му/ѝ се допаѓа ова.
  18. winnie02

    winnie02 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2021
    Пораки:
    390
    Допаѓања:
    2.102
    Пол:
    Женски
    1. Задолжителни обуки на полицајците.
    Не платени за да не се испотепаат со лажни присуства.
    - учење како да се препознаат високоризични ситуации
    - психологија на жртвата (зошто жртвите се плашат или се двоумат)
    - како да се поставуваат неосудувачки прашања
    - протокол: секој случај да се третира како потенцијално опасен

    2. Итна заштита на жртвата
    - итна забрана за приближување (во рок од неколку часа) насилникот да биде отстранет од домот
    - електронска алка за насилници
    - 24/7 кризен тим кој ќе го надгледува
    - насилникот веднаш да биде приведен
    -
    испрашување во рок од неколку часа
    - можност за 48 часовен притвор

    3. Подобра координација меѓу институции
    Често проблемот е што: полиција центар за социјална работа обвинителство суд работат одделно.
    Потребно е: заедничка база на случаи автоматско известување меѓу институции.

    4.Итна помош на жртвите
    Бесплатен психолог, правник, засолниште и транспорт.

    5. Национална СОС линија? Дали го имаме ова? Поврзана и итна служба 24/7 со полиција.

    6. Следење на насилниците подолг период.
     
    На Annath, TwistedSister и Mumoftwo30 им се допаѓа ова.
  19. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    8.290
    Допаѓања:
    44.556
    Пол:
    Женски
    Заборави да ставиш полицајците да не бидат насилници.
     
    На Mother of 2boys, Annath, Nausicaa и 8 други им се допаѓа ова.
  20. andromedae

    andromedae Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    58


    Еве го сведокот, жената никаде во интервјуто не кажува дека Ивана тепала некого.
    А тоа дека физички ја нападнала швалерката, го има само во билтен на МВР и може е точно, а може е и само лажна пријава и изговор за да се оправда овој тепачот пред полиција и да си даде причина за неговата агресија. Нема сведоци за тоа.
     
    На eliesaab, Annath, Amelia и 7 други им се допаѓа ова.