Мајка и ќерка загинаа по пад од зграда во Карпош

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Sofi.ja, 2 март 2026 во 16:17.

  1. VDT2906

    VDT2906 Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 август 2017
    Пораки:
    4.415
    Допаѓања:
    20.253
    Пол:
    Женски
    Вкус за криминалци...
    But mama, I'm in love with a criminal
    And this type of love isn't rational, it's physical
    Mama please don't cry, I will be alright
    All reason aside, I just can't deny, love the guy. Рефренов кажува се. Да имаш привлечност за криминалци да бидеш со нив и семејство да створиш не е баш здраво. Не може да не знаеш што е може нема да не знаеш недела, две еве и месец, све се дознава на Марс не живеела.
     
    На Frosty!, Mia-Wallace, Mumoftwo30 и 5 други им се допаѓа ова.
  2. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    21.147
    Допаѓања:
    277.227
    Јас не ја исклучувам можноста он да ги турнал, како што не ја исклучувам и таа дека била присилена на самоубиство. Не ја исклучувам ни таа дека детето од алтруистички побуди го земала со себе, не исклучувам ни одмазнички побуди.

    Не исклучувам ништо зошто не ги познавав, не бев таму, не видов, читам што сведоци зборат, што има по билтени, врз основа на тоа размислувам, а заклучоци за конкретниов случај немам.

    Џон го цитирав оти го спомна истото, само што фактичката состојба кажува дека убиството е, навистина, машки феномен. Како и зошто е друга тема, но мажите статистички се и убијци и жртви на убиство најмногу.
    Затоа е реткост жена, макар и во самоодбрана, да убие.

    Сите мислиме дека ќе се бориме за својот живот ако сме нападнати, ама во реалноста, знаеме дека одбранбените механизми на личноста не функционираат баш така. Многу почест пример е силување, каде што сите мислиме дека ќе се браниме, а во реалноста многу жртви воопшто не се бранат физички, затоа што не можат.

    Дури и Пале, целта не и' било да го убие, во целиот тој хаос жената пробувала да му помогне, да го одржи во живот, да се спаси.

    Затоа е некако безвезе совет па и очекување да станеме ние физички агресивни, кога едноставно повеќето не сме.

    И мој личен пример, мое лично искуство, траума што долго ја влечев и не одев никаде сама надвор освен со кола. Кога имав 13-14 години, се враќав дома пешки, машки моја генерација и година-две постари ме заобиколија, ме притиснаа до една ограда и ме допираа насилно. Не пуштив ни звук, ни глас, ни дома не кажав, се срамев. Ама пак пешки сама до 30 години не отидов никаде.
    Можев да се бранам, да врескам, нели, ама се здрвив, се скаменив, си излегов од телото и "не бев тука".

    Не можела да го убие. Да можела, немаше Стојанче да е тој што е жив денес.

    Е, да си жива и здрава. За болдот.

    Ама така е дека ние сме системот, ние треба да го оправаме, ние сме тие кои бираме власт, ама исто така ние сме тие кои премолчуваме, кои подмитуваме, кои врскарошиме, кои вртиме глава на друга страна за да не ни накапе на нас беља, кои не излегуваме на протести, каде 65 деца ни умреа и истата власт владее, каде што таа власт се подјебаваше на сметка на жртвите, каде што премиерот ни кажа да бидеме позитивни, каде што ненормални трагедии се случуваат и еве седиме мирни и апатични.

    Ти како поединец и јас како поединец не можеме ништо.
    Ова го зборам како некој што 10 години се бореше со системот, со таа машинерија, макар не во истиов сектор за кој е темава. Па на форумов колку имам зборувано како дел од тој систем дека се бориш со ветерници, дека нема фер, дека нема правда, дека ништо не функционира, дека јас како поединец смислував топла вода за да биде пофункционален делот во кој јас работам, дека заоѓав во криминални води (користење на лекарски печати, со нивен амин) за да оправам бирократска идиотштина, со мојот личен однос кон оние на кои им пружам сервис, јас како никој битен се оправав со државен врв дека системот што сами го создале не се свесни каде има багови итн. итн. итн.

    После 10 години НИШТО не променив, само јас излегов осакатена, преморена, исцрпена, преработена и крајно разочарана.

    Затоа не можам да зборам за системот кога системот е машинерија на поданици, апатични, себични, кратковиди, со рееетки "црни овци" кои секој на свој начин се труди да го промени.

    Системот сме ние, ама јас сум безнадежна што се однесува до системот, затоа што ние сме пасивни. Затоа што требаше до сега Скопје да го срамниме со земја. А не можеме ни 100 луѓе на мирен протест да се собереме.
     
    На zuto, tambelina, IRBBB и 8 други им се допаѓа ова.
  3. Grogu

    Grogu Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 декември 2020
    Пораки:
    27
    Допаѓања:
    91
    Епа добро после Кочани веќе на сите треба да ни е јасно дека овој народ не е доволно зрел да протестира и да се бори за правда. Тешко е ама мора да се прифати. Не замајуваат со идентитети имиња знамиња, за после 35 години да нема ни заедништво, ни емпатија, ни солидарност, само лична корист, индивидуализам и сопствена удобност (до степен нека идат други да протестираат заради загаден воздух што сите го дишеме, јас имам договорено кафе). Она на што може да се работи е освестување - колку се бара толку се добива. Мислам дека малку фали, затоа што генерално поголем дел луѓе не се лоши злонамерни, туку едноставно си сакаме да си осудуваме, да си коментираме, да си плачеме на туѓи судбини цели 2 дена и да го заборавиме, наместо да се издигнеме над ситуација, и да погледнеме реално каде е личната одговорност. Што може секој од нас да направи за "системот" да се промени.
     
  4. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    21.147
    Допаѓања:
    277.227
    А не ли го верглам тоа едно исто цела тема?
    Како се освестуваме ако не преку зборување, преку едукација, преку јавна поддршка на жртви, преку зборување што НЕ е нормално однесување, преку посочување на патологии и кај другите, но и кај нас самите?
    Како поинаку еден народ се освестува?
     
    На M&M, senjorita-v и VDT2906 им се допаѓа ова.
  5. PaLaVa

    PaLaVa Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2011
    Пораки:
    495
    Допаѓања:
    3.833
    Пол:
    Женски
    И тоа малку што функционира од системов е селективно.

    Да работеа како што не работат немаше да гледаме ни ромчињана на семафори кај што дуваат лепак и полусвесни опиени бебиња. Сите ги одминуваат никому ништо. Што се овие деца помалку вредни од другите? И тие живеат хорор, трпат терори по дома, тепани, силувани, продавани...

    Друга познаничка која работи со хранителски семејства исто така кажуваше дека не е редок случај деца кои се дадени таму да бидат тепани и малтретирани, сме имале и јавни сведоштва. Кој и дали воопшто ги контролира тие работи како што треба? И тие се исто толку битни како и сите деца, и се оставени без соодветен надзор од институции.

    Многу е лесно за нас да кажуваме што и како треба кога појма немаме каква е реалната слика на терен.

    Инаку се сложувам дека има жени кои функционираат на reverse psychology. Што повеќе ги тепаш, тоа повеќе и за инает ќе се враќаат.
    Ехее сум сведочела на случаи каде жени раѓале деца како предмет за манипулација да го задржат партнерот, не дека им било гајле за тоа дете ама мислеле дека ако го родат ќе го вратат и ќе ги смират страстите.
    Сум сведочела и на жени кои сами си нанесувале повреди и оделе на ургентен да извадат лекарски уверенија за пријава.
    Сум сведочела и на познаничка која измисли цела сообраќајна несреќа за да привлече внимание и да го врати вереникот.
    Луѓето се спремни на се, некои се водат по она целта ги оправдува средствата и затоа секогаш се земам со доза на резерва и неутралност додека јасно не се слушнат двете страни.
     
    На zuto, M&M, BlackNight и 3 други им се допаѓа ова.
  6. ArabellaStarfall

    ArabellaStarfall Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2024
    Пораки:
    1.423
    Допаѓања:
    9.434
    Пол:
    Женски
    И бебињата имаат инстинкт за преживување. Кај новороденчињата се јавува Моро рефлекс, кој е првиот рефлекс на преживување и ако недостига најчесто значи дека постојат други пореметувања.

    Друго сакав да кажам, не е баш така едноставно како што опишуваш. Еве и јас не би била со некој што ќе ме удри. Мислам, кој ќе каже спротивно. Тоа се токсични врски, чија цел е да ти ја намали самодовербата до максимум, да те изманипулира, да ти влее страв, да те држи финансиски зависна. Ете Росица, го напуштила бившиот. Сфатила дека не сака да биде тепана. Што се случи? Ја уби.

    Мислиш дека не треба тие жртви да имаат реален страв? Глупи се? Особено што нема кој да ги заштити.
    Наместо да формулираш како треба една жртва на насилство да постапи, погледни колку фактори влијаат за таа да, иако не по своја волја, остане жртва.

    Лесно од комфорот од дома без насилник околу тебе да коментираш, но воопшто не е лесно кога немаш кој да те заштити.

    Не се работеше за врска, но имав контакт со насилник. Не се опишува колку може страв, намалена самодоверба макар и од еден акт на насилство, да ти го заебе цел живот и сета таа траума да ја влечеш, а со тоа и комплетно менување на карактер. Само пак, многу е важно кој е покрај тебе. Кога не си сам, полека, но успешно може да станеш. Кога немаш никој, освен да паѓаш и тонеш, ништо не ти останува.
     
    На AlmaOculta, M&M, Panda00 и 3 други им се допаѓа ова.
  7. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    21.147
    Допаѓања:
    277.227
    Новороденчињата немаат вроден страв од височина, тоа го кажав.

    За останатото потполно се согласувам и не знам каде кажав поинаку, почнувајќи од првото мислење, а болдот е она што последно го дискутирам - кога имаш некој, не кога немаш никој.

    Не знам дали Ивана имала или немала некој, државата сигурно ја немала, зборувам за круг на поддршка од семејство, пријатели.

    Превенција значи ПРЕД да се случи нештото, вака поблатантно кажано, треба да научиме дека со пресметки се влага во врска, не само со емоции. Погрешно нè учат цел живот, за тоа не сме виновни, ама мораме да почнеме да сфаќаме дека среќни краеви не се случајни, туку се многу често свесни и несвесни избори кои ги правиме.

    Овде пак да се навратам на тоа дека ние, а и не само ние, функционираме реактивно, а не проактивно. Реактивно се казни, затвори итн. Што фајде еве ме интересира? Што е до мене Стојанче треба да скапе во зандана до последен ден. За мене не е човек, не е суштество вредно да го размислувам.
    Сите имаме проблеми со ментално здравје, не сме ние криви за тоа што ги имаме траумите кои ги имаме, ама нашата траума не ни дава за право да трауматизираме други.
     
    На M&M, nextredstyle, Misskirova и 2 други им се допаѓа ова.
  8. Grogu

    Grogu Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 декември 2020
    Пораки:
    27
    Допаѓања:
    91
    Преку детални анализи за конкретни непознати ликови (уште и именувани по име) не се освестува народ. Можеби некој може да разбере психолошки аспект на настаните и ликовите ама не секој има капацитет, зрелост и доволно емоционална интелегенција за тоа, а не ни мора. Она што секој може да го разбере е личната одговорност дека се ова е затворен круг на настани, почнува од најобична врскичка за вработување, за градинка, за документи вадење, (многу настани измеѓу) и завршува со црни хроники. Секој друг муабет и филозофирање е разводенување на темата и релативизирање на немилиот настан и ептен несвесно тешење дека сигурно има причина што се случило ова, таква била жртвата, ние сите сме подобри од нејзе.
    И не е ова за тебе, ама е мој последен коментар на темава - малку помалку осуда, малку повеќе секој за себе да си погледне што прави во тој "систем" што сите го обвинуваме.
     
    На eliesaab, Annath, An-na и 3 други им се допаѓа ова.
  9. winnie02

    winnie02 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2021
    Пораки:
    390
    Допаѓања:
    2.102
    Пол:
    Женски
    Мислиш дека до толку нема еден човечен вработен?
    Еве нека е и полуписмен и нека игра карти, ама до толку во еден колектив да нема еден што ќе рече што правиме со случајов?

    Знам дека се како што се ама на 10 клати врата земај плата еден човек со емпатија да не се погоди по случајност?
     
  10. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    17.921
    Допаѓања:
    190.004
    Сега таа швалеркста треба да е луда да остане со него,а ке остане
     
    На afrodita26 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. ideniki1

    ideniki1 Активен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2023
    Пораки:
    21
    Допаѓања:
    48
    Пол:
    Женски
    Зошто насловот е Мајка и ќерка загинаа

    небаре ги згази автобус кога станува збор за убиство на дете од страна на мајката?
     
    На Misskirova му/ѝ се допаѓа ова.
  12. KateKane

    KateKane Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јули 2018
    Пораки:
    3.667
    Допаѓања:
    64.435
    Пол:
    Женски
    Нема.
    Да имаше бар грст луѓе кадарни, немаше да сме трета земја во Европа по број на фемициди.

    Брука е кај живееме.
     
    На LejlaD, Misskirova и senjorita-v им се допаѓа ова.
  13. No Makeup

    No Makeup Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јуни 2017
    Пораки:
    790
    Допаѓања:
    2.245
    Пол:
    Женски
    Јас имам братучетка која е вработена во сфера во новинарство ,и ми кажа дека не смеат да објавуваат џа самоубиства,а во тој период во рок од една недела имаше две во нашето место,19 год и 54. Како ова сега со бомбастични наслови го објавуваат не ми е јасно. Се мислам дека е прикриено убиство.
     
    На tambelina и TwistedSister им се допаѓа ова.
  14. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    24.333
    Допаѓања:
    206.000
    Пол:
    Женски
    Не би рекла. Мислам дека се убиени, јас лично не верувам дека се фрлила со дете во раце.
     
    На M&M, tambelina, TwistedSister и 2 други им се допаѓа ова.
  15. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    21.950
    Допаѓања:
    202.418
    Добро, треба починаа.
    Дали, како, што, треба истрагата да докаже. Тоа што ти си мислиш, е само твое мислење.
     
    На Panda00, goddess.Of.chaos, Angie1432 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. Intergalactic

    Intergalactic Нов член

    Се зачлени на:
    Среда
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    6
    Знаете што ме нервира? Што по дифолт ако е мајка сметате дека е жртва.
    Ехее какви мајки нарциси и психопатки има. Не би сакале да знаете.
     
    На zuto, tambelina, Gosh и 3 други им се допаѓа ова.
  17. ideniki1

    ideniki1 Активен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2023
    Пораки:
    21
    Допаѓања:
    48
    Пол:
    Женски
    Не е мое мислење, првичната истрага утврдила дека биле сами во станот заклучени од внатре.

    Тоа што вие шпекулирате, манипулирате и тотално ја извртувате фактичката состојба не можам да го разберам?
     
  18. Elena1001

    Elena1001 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јули 2016
    Пораки:
    434
    Допаѓања:
    2.058
    Пол:
    Женски
    А од каде знаеш па дека е убиство на дете од страна на мајката?
    Можеби не самоубиство на мајката.
    Работата не е чиста па ние да кажуваме што е и како. Не е се така како што е извртено.
     
    На Panda00 и Annath им се допаѓа ова.
  19. Intergalactic

    Intergalactic Нов член

    Се зачлени на:
    Среда
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    6
    Она требала да гледа да го спаси детето ама не побитен и бил ебачот психопат. :@:@:@:@:@:@ И она пореметена нарциска ко него без мајчински инстикти. Распнете ме слободно. Ако грешам нека ми извини ама не ми е нормално нејзиното однесување.
     
  20. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    21.950
    Допаѓања:
    202.418
    Која првична истрага?
    Која фактичка состојба?
    Дури не видам официјално, све е рекла казала. А во моментов се е рекла казала.

    Стално мајаките ви се криви. И таа што снимала од Драчево, и мајка и на Вања, Палчо што ја уби, и тие децата што им изгореа во Кочани.
    Во моментов-се е рекла казала. А и за таткото на Вања очигледно беше рекла казала, и покрај истрага и обвинение. Значи, на првични изјави, не истраги -не верувам.
     
    На Panda00, LiquidLuna, winnie02 и 10 други им се допаѓа ова.