Мајка и ќерка загинаа по пад од зграда во Карпош

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Sofi.ja, 2 март 2026.

  1. No Makeup

    No Makeup Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јуни 2017
    Пораки:
    793
    Допаѓања:
    2.267
    Пол:
    Женски
    Жена на жена -волк. Среќен 8- ми март.
     
    На Tam4yy, noteforself, Panda00 и 7 други им се допаѓа ова.
  2. zuto

    zuto Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2014
    Пораки:
    3.917
    Допаѓања:
    28.718
    Апсолутно се согласувам со ова, јас последниве речиси 4 години водам битка со државата и тоа баш со истиве овие институции, ЦСР, МВР, Министерство за труд и социјала, Министерство за здравство... Ги учам законите со години, укажувам на сите неправилности на сите овие институции кои, за жал, се штитат меѓусебе наместо да работат правилно за граѓаните, а најмногу за децата. И третостепени органи ги штитат министерствата без никакво посебно образложение на веќе изнесени докази и факти, буквално ти го понижуваат трудот и интелигенцијата, бидејќи им се може. Одговорност не презема никој и не верувам ни дека ќе преземе.
    Покрај институционалната битка, објавував и на медиуми, а реално не сите сакаат да работат на овие теми (додека не се случи некоја трагедија), оти и ние како народ не покажуваме интерес сѐ додека не е нешто трагично, големо и сензационално.

    Од друга страна, нема некој од нас што барем еднаш не фатил врски за некаде, се бара познат човек секаде, се потплаќа, поткупува...се гледа на полесен и побрз начин да се стигне до одредена цел и кога нема некој посебен проблем. И нашиот систем така и функционира. Посериозните случаи, каде навистина треба да се интервенира брзо и соодветно, може да седат во фиока или воопшто да не се решат никогаш, за сметка на некои небитни, но со "битни фаци". И службените лица кои работат по овие институции се научени да работат на тој принцип, по насоки на нивните надредени, а не законски и по свое лично професионално убедување (ако воопшто и го имаат).
     
    На M&M, mal.ecka, kozuf и 13 други им се допаѓа ова.
  3. ForeverYoung

    ForeverYoung Популарен член

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    731
    Допаѓања:
    2.098
    Многу работи не ги знаеме за случајов, и мислам дека нема поента толку да се збори за жената дали нејзините постапки биле добри или лоши, трагедијата за жал се случила. Тоа што ме натера да искоментирам и претходно, и сега, е што голем дел од вас се крајно нереални, прават претпоставки што ги изнесуваат како факти како она немала никаква подршка, немала излез, дури и за детето излезе дека под претпоставка дека го убила услуга му направила. А всушност и тие малку информации што се достапни укажуваат на спротивното. Подршка како што разбрав имала од фамилијата, и била преселена ама одлучила да му се врати демек станот да му го зима. Стојанче имал швалерка, оваа отишла да се тепа за него. Една од трите постапки за развод била поднесена од него што исто укажува дека не е дека не сакал да ја пушти туку напротив.
    До пред некој месец ставала слики на социјални мрежи од сите тројца и покрај се. Била вработена, живеела во Скопје каде што имаш најмногу опции и за работа и за подршка во вакви случаеви.
    Секако дека ништо од ова не ги оправдува постапките на маж и психопат, и тој треба да скапе во затвор, ама за жал и таа требало да направи многу подобро.
    Не заради друго, туку за детево што е единствена жртва во случајот а ретко кој го спомнува.
    И на форумов сум читала за насилство врз жени кои не работат или никогаш не работеле, немаат ништо свое ниту никаква подршка од фамилија, живеат во рурални средини каде што немаш опции ниту за работа ниту да побараш помош, ама пак ете пишуваат на форумот и бараат излез од ситуацијата. Ова не е таков случај.
     
    Последна измена: 7 март 2026
    На Tam4yy, christinnn, tambelina и 2 други им се допаѓа ова.
  4. andromedae

    andromedae Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    79
    @ForeverYoung Колку што претпоставувам јас дека имала причина да остане со него, толку претпоставуваш и ти сега дека можела да си оди.

    Во моментов факт е само дека била тепана, дека социјално и полиција не си ја завршиле работата и како резултат и она и девојчето се мртви. Таму треба да го насочиме цел гнев.
     
    На Tam4yy, xxx-ba, Bezimenka90 и 2 други им се допаѓа ова.
  5. ForeverYoung

    ForeverYoung Популарен член

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    731
    Допаѓања:
    2.098
    За вториот дел се согласувам комплетно. И јас го делам истото мислење.
    За првиот дел, изнесов само факти кои ги знаеме, и самата реков дека има многу работи што не ги знаеме и треба да избегнеме да шпекулираме за Ивана туку фокусот треба да е на институциите што не си ја завршиле работата. Ама нема потреба да се правиме слепи при очи и да измислуваме приказни само за да излезе дека мајката не грешела.
     
    На PaLaVa и andromedae им се допаѓа ова.
  6. ideniki1

    ideniki1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2023
    Пораки:
    46
    Допаѓања:
    58
    Пол:
    Женски
    Добро луѓе како институциите пофрлиле кога самата му се враќала? Па уште се тепала со новата девојка на сопругот? :headbang:

    Институциите требале да го одземат детето од мајката, тука е грешката
     
    На Misskirova му/ѝ се допаѓа ова.
  7. mom to be

    mom to be Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 август 2023
    Пораки:
    1.197
    Допаѓања:
    2.056
    Пол:
    Женски
    Ти девојката си?Не може да си девојка ако некој не е разведен.Или можи еве не знам?10 постови се тепала па се тепала
     
    На Трагедијаупмм му/ѝ се допаѓа ова.
  8. theowndemon

    theowndemon расипана играчка Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    15.003
    Допаѓања:
    184.466
    Пол:
    Женски
    Ми се повраќа од луѓе шо барат совршена жртва и пробват да тргнат фокус од нешто значајно. Цепиделчите оти навикнати сте да бидите алапачи па сега зошто вака напрајла, зошто онака напрајла. Се тепала со швалерката* (женска после развод), повлекла тужба и се вратила назад, ко да не сме свесни зошто жртви се враќат назад. Па и то на женски форум. Ај да беше во она дувлото - разбирливо. Ама тука? Знаев зошто не влегвам на темава, мразам ко ќе сум во право. На секоја 1 осуда за насилникот, уште 10 за жртвата. Вечна да е.
     
    На Tam4yy, Harper, M&M и 20 други им се допаѓа ова.
  9. zuto

    zuto Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2014
    Пораки:
    3.917
    Допаѓања:
    28.718
    Требало да увидат зошто се враќала, зошто ги повлекувала пријавите, дали од страв или од тоа што имала психички проблеми и соодветно да реагира на тоа.
    Мажот ако бил проблематичен и криминалец, требало и тој да сноси соодветни санкции. Државата треба да санкционира и да заштитува.
     
    На M&M, noteforself, Pixi5 и 9 други им се допаѓа ова.
  10. ideniki1

    ideniki1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2023
    Пораки:
    46
    Допаѓања:
    58
    Пол:
    Женски
    Господе Боже, државата не може и не смее да се меша во приватните одлуки на секој човек "за негово добро"

    Ако некоја жена се враќа кај насилник и уште учествува во насилството како што е случајов, таа не е жртва и институциите не се криви
     
  11. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    24.386
    Допаѓања:
    206.358
    Пол:
    Женски
    А да не тропаш глупости најарно.
    Државата е таа што треба да ги санкционира насилниците.
     
    На Tam4yy, Harper, noteforself и 18 други им се допаѓа ова.
  12. mom to be

    mom to be Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 август 2023
    Пораки:
    1.197
    Допаѓања:
    2.056
    Пол:
    Женски
    Да државата не смее да се меша во твојот ручек денеска.Ама мора институциите да ја работат својата работа и да откријат зошто се повлечени пријавите.Сигурно и се заканувал.Треба да се мешаат на пријави од станари и да реагираат затоа што во зградата биле вознемирувани и се нарушува нивен мир.Во нормална држава ќе беше ова веќе одамна на суд и ќе се водеше истрага.
     
    На Tam4yy, nextredstyle, tambelina и 3 други им се допаѓа ова.
  13. zuto

    zuto Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2014
    Пораки:
    3.917
    Допаѓања:
    28.718
    Приватна одлука моја е да се испијанчам, да се издрогирам и да се шетам гола по улица. Зошто да ми се меша државата во моите одлуки?
     
    На Tam4yy, Harper, M&M и 4 други им се допаѓа ова.
  14. ideniki1

    ideniki1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2023
    Пораки:
    46
    Допаѓања:
    58
    Пол:
    Женски
    Не знам зошто се повлечени изјавите, ама зошто и после поднесен развод од сопругот мајката се враќала и уште тепала негова девојка?
     
  15. ideniki1

    ideniki1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2023
    Пораки:
    46
    Допаѓања:
    58
    Пол:
    Женски
    Воопшто не е исто. Мајката се враќала сама кај сопругот, никој не ја терал
     
  16. Adidas888

    Adidas888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    7.193
    Допаѓања:
    32.343
    Пол:
    Женски
    Од кај знаеш дека никој не ја терал?
     
    На Tam4yy, Panda00, Pixi5 и 6 други им се допаѓа ова.
  17. zuto

    zuto Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2014
    Пораки:
    3.917
    Допаѓања:
    28.718
    И мене никој не ме тера да се пијанчам, дрогирам и да правам неред. Моја лична и одлука си е.
     
    На Harper, Panda00, Pixi5 и 8 други им се допаѓа ова.
  18. thinkerbell

    thinkerbell Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    2.658
    Допаѓања:
    14.705
    Пол:
    Женски
    Жртва на насилникот, жртва на системот, жртва на македонштината проклета.
    Детето е тука најголема жртва. Во Англија пример, ако еден ден детето се појави поспано во школо, или молив еден да му фали, или изгужвана униформа, веднаш се јавуваат дома за предупредување. Втор пат ако има социјален работник ѕвони на врата. А тука во шупакот на светот што? Ја тепа во јавна установа, болница еј, со куп сведоци и на крај заминува со детето. Па малку ли се тие докази, очевидци, камери за тоа дете да биде отстрането од тоа семејство?
    И жената е жртва, не го оспорувам фактот. Не можеме ни да замислиме што размислувала со главата.
    Познавам жени жртви на семејно насилство кои успеаа да се спасат, да се извлечат со се деца. Скотот татко и ден денес со надзор само има право деца да гледа.
    Но познавам и такви што цел живот останаа со дегенерикот. Зошто? Ваљда затоа што цела биохемија на мозокот е сменета со трпење на толку физички и психички удари.

    Ама доколку системот функционираше, немаше да дојде до ова. Проста ланчана реакција.
    А проклетиот систем сме ние.
    И се враќаме на дискусијата од пред некој ден во сдк за ќотекот. Дисфункционални семејства прават дисфункционални возрасни понатаму и само се влече една генерациска траума без прекин.
    Се е кажано веќе впрочем. Мене само душа ме боли за детето.
     
    На Ladyme, M&M, butterfly6223 и 16 други им се допаѓа ова.
  19. ideniki1

    ideniki1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2023
    Пораки:
    46
    Допаѓања:
    58
    Пол:
    Женски
    Мажот барал развод, таа тепала негова девојка во кафуле. Кој ја терал на ова?
     
  20. Трагедијаупмм

    Трагедијаупмм Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2023
    Пораки:
    1.766
    Допаѓања:
    3.740
    Пол:
    Женски

    Како бе ДЕВОЈКА ? ХАХАХ
    девојка... ок.
    Не ми се верува (facepalm)


    Пред 2 ч сретнав статус на фб ,жена бара психолог за детето бидејќи кога оди на посета кај татко му се враќа трауматизирано ,кажува дека е тепано.
    Коментарите беа страшни.
    Ние сме нација на коментатори (heidy)
     
    На M&M, tambelina и mom to be им се допаѓа ова.