Ќе го убијам ако проба да ја удри сестра ми ЕДНАШ, а не да знам дека регуларно и секојдневно ја малтретира. Не знам како можел така од далеку немо да посматра. Ќе ја заклучам во подрум, ќе ја однесам во Бигорски сосе дете, нема шанса да седам мирна само и да чекам полицијата да го искара. Девојчето не ми излегува од ум го прежалив. Душа
Најлогично, детето ако останело живо ќе сведочеше. Некој видел расправија на балконот кај што биле, а на една слика имала објавено слика од бебето и кученце и пишува I'll keep you safe..
Па не знам за детето не мислам дека намерно или мојов мозок одбива да мисли дека родител намерно би си го фрлил ни во само убиство ни во убиство... Мислам дека сакал неа да ја фрли а она веројатно ја гушкала малецката за да ја штити немислејќи дека можно е да ги турне... се надевам нема да се заташка.
Абе сите се силни на тастатура. И ќе го убиеш и што? Ќе ја спасиш сестра ти ама твоето дете ќе расте без мајка затоа што ќе ти пернат 10 години за убиство со умисла и докази. Плус ти ќе си го упропастиш животот. Луѓе се одмаздуваат или преземаат радикални чекори само кога немаат што да изгубат. И јас сум на тој став дека би убил било кој што е сериозна закана за мене или моите блиски, ама па треба малку пошироко да ја согледаме сликата и не е така црно бело. Иначе зошто луѓе се плашат и од лихвари? Земи му 150 илјади евра на заем, и свирни му еден куршум. Ама после ќе лежи 15 години.
Исто....душа мала што видела од животот...жалосно ако тоа и бил единствен излез на мајката, ама детето барем да го спасеше некој...
Леле олку не сум се вознемирила од кочанската трагедија. Читав стстуси сега и од комшии ау ги исплакав . А бре ние со нашиов систем на угнетените жени од Иран вода може да им носиме.Поголеми бурки ни ставија нас само невидливи.Понезаштитен и неценет човечкиот живот никогаш не бил. Не проектил од Трамп за нас една нуклеарна само ќе не спаси.
Немам зборови, имам бес, немаме држава. Имаме се повеќе вакви гомна. Најголем непребол тоа дете. Таа требала да го реши. Лежат многу за такви гомна во затвор... Нема простор од првото кревање рака се става крај.... Не се раѓаат деца со таква будала. Не ја заштитила... пишала ќе ја штити.
Го видовте каков лигуш и комарец е насилникот? Уште покриво да му е на човек некој таков шлајм, пропаднат обид за човечка форма, со години да малтретира и да се извлекува со тоа. Во Индија има група жени што тепаат вакви насилници; се викаат Гулаби Генг. Можда е редно и кај нас нешто вакво, кога веќе институции нема.
Вујкото сега ќе пишува постови, а како и сите што доаѓаат овде на форум, с ежалат од мажите, а дома родителите ги отпишале пошто се женски деца ќе испадне и со нејзе исто. Никој не си пресудува ако имал зад неа семејство и пријатели за помош. Настрана службите, не функционираат нигде како што треба не само овде.
Искрено и јас сакав да го искоментирам вујкото, полицијата потфрлила нема збор. Но, фамилија бе, знаеш дека жената е малтретирана и ја оставаш да живее во таква средина...страшни сме како општество од повеќе аспекти Лимонко знам дека си млад и немаш деца, од аспект на мајка, јас лично нема да дозволам пред деца расправии па не од овој распон, уште на прва жестока караница седнувам и барам решение за излез од сето тоа. Не знам која е позадината на приказната, прежално е, излегува жената нула подршка од сите, институции, фамилија па и од себе.
Да, одма излезе да пишува пост кај што е во тек полициска истрага и не треба ништо да објавува. Што не напишале до сега јавно постови или му ќутеле сите и и викале на неа седи, сама си го бираше. Којзнае колку нервно и психички има попуштено. Тој може и двете ги млател по дома. Срам и за служби, но и за цело нејзино семејство.
Требала него да го убие ако не можела да го остави Бар ќе беше детето живо,а таа ќе излезеше од затвор за некое време. Ќе беа двете живи.. Вака детето го земала на душа,ако стварно се работи за самоубиство.
Секако да. И сега после војна сите генерали. Брат и напишал статус во кој спомнува дека претходно имало обид за убиство . И ти бе брате после тоа ја остави сестра ти да живее со тој и покрај се ? Незнам еве ...
На твитер видов слика од вибер комуникација од станарите каде едната комшика се извинува што полицијата им тропала на врата на сите бидејќи не знае од каде доаѓа звукот од тепањето. Но, сепак викале полиција. Некаде прочитав дека сепак жената имала некаква заштита од блиски, ја криеле по станови, но тој ја наоѓал цело време. И за крај видете му ја фацата на дебилов. Штета што нема слики од полицајците што не ја заштитиле. Исфрустриран, не знае како да доминира во околината, решава својата фрустрација врз жена да ја вади. Да те пикнат во затвор, од газот да ти вадат фрустрација. Само што прочитав, таа се расправала на балконот со детето во раце, не значи дека се фрлила. Ми изгледа дека тој се обидел да ја удри, таа рефлексно се потрпрела на оградата и паднала. Не се нешто високи оградите на зградата. А може и стварно ја бутнал. Би сакала оваа приказна да е точна, кога веќе секако нема среќен крај, за жал, затоа што поинаку би му се судело.