Мајка и ќерка загинаа по пад од зграда во Карпош

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Sofi.ja, 2 март 2026.

  1. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    21.203
    Допаѓања:
    277.729
    Која ментална гимнастика е дека детево не го препознале како жртва :drunk:
    Само не знам што се чудите па вие, отворено по соц. мрежи со име и презиме се дискутира дали ќутекот е или не е прифатлив воспитен метод, па никому ништо. Овој народ уште има мака да сфати дека секое дете е посебна личност, за себе, со свои права, не е продолжеток на родителот па што сака да му прави и како сака да се однесува со него. :envy:
     
    На Harper, JoyJoy, Лејди Гага и 20 други им се допаѓа ова.
  2. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    17.930
    Допаѓања:
    123.539
    Пол:
    Женски
    Нема простор за гимнастика, барем не за мојов мозок. Јасно и недвосмислено by the book е опишано. Не знам како попластично да биде напишано? Како очекувале да стои?
    Ако дете има пукната аркада, сино око, скршен нос, скршени заби, модрици на 2/3 од површината на телото ... Е жртва.
    Се помалку од ова не е.
    Така ли треба да стои?
    Не разбирам.
     
    На Harper, JoyJoy, LejlaD и 9 други им се допаѓа ова.
  3. tambelina

    tambelina Популарен член

    Се зачлени на:
    10 август 2012
    Пораки:
    813
    Допаѓања:
    2.252
    Пол:
    Женски
    Изговор на социјалните служби во Мк е дека нема насилство врз дете оти нема кој да ги тужи да па да ги потера.Кога нема директно физичко насилство врз детето,буквално да биде претепано,силувано, психичкото и секојдневно сведочење на насилство не го сметаат за опасност по детето. Си работат тие по некоја воспоставена пракса и фамозната реченица ,,ми се јавија од горе,,. Законот,правилникот не е битен.

    Моето дете беше на иста возраст како Катја кога очајно го молев психологот во социјалното да преземат некакви мерки бидејќи детето почна да ми се менува. Психопатот мене повеќе не можеше да ме малтретира,бевме разведени ,и на условна казна (која ме штитеше само мене не и детето) , па продолжи поинтензивно детето да го малтретира и уништува психички и емотивно... стигна до суицидни мисли , самоповредување, губење на самодоверба ... После години труд и борба,фала му на Бога најстрашното го надминавме ,работиме на самодовербата. Муабетот ми е дека центарот НИШТО НЕ направи за да го заштити детево.
    Ниту советувања на насилникот, ниту привремена забрана за видување дур не се опамети...ништо! Немало никакво насилство,никаква опасност по детето.
    Доколку мерката забрана за видување се спроведе повеќе пати ,и ниту една мерка не вроди со плод следат повторни кривични пријави за семејно насилство ,затвор и одзимање на родителско право, ама тоа е многу голема процедура,кој тоа ќе работи,немаат тие време.


    Секое дете кое е сведок на семејно насилство трпи последици по неговото ментално здравје Е И жртва на семејно насилство!

    Насилник со изјава -Ама јас ништо не му направив на детето,само мајка му ја тепав него не го пипнав...
    детето се моча од страв во соседната соба додека слуша како тато ја млати мама. Како детето не е жртва ? По која логика? Претрпениот стрес и страв не се исто што и тупаница?! Зарем не оставаат последици стравот и стресот во континуитет?!


    Толку ,,писмени,, психолози и инспектори имаме во службите. Не умеат да разговараат со жртви на семејно насилство,камоли да работат. А тек што по закон треба да работат и со насилниците.

    Ќе речев секоја чест на исклучоци,но тие исклучоци се толку многу ретки што не знам дали некогаш доаѓаат до израз.

    Џабе се во тимови педагог,психолог,социјален работник и правник , кога има мнозинство се носи одлука по таа логика. Како може да одредуваат мнозинство кога се тоа стручни мислења од различни профили. Значи ако правникот не се согласува со колегите има правно издржана причина и не може да биде донесена мнозинска одлука,неможе педагогот да надомести за правникот. Не се сите од ист профил па да се потпираат на мнозинство. Психологот ако види проблем ,правникот треба да најде законска рамка за да се спроведе исправна одлука ,а не неговото субјективно чаршиско мислење да го става на папир се колеги е да му молчат оти он е правник . Абе серијал луд збуњен нормалан.

    Господ нека ни е на помош. Јас и покрај сета дисфункционалност на институциите , НЕ се откажувам. Секоја препрека и неисправно работење го пријавувам и ќе пријавувам.

    *Последно менувавме асистент за детето. Му имаа доделено некадарен идиот кој само за плата бил дојден, квалификации и желба за работа-нула. И тогаш трпевме закани од типот ,маж ти ќе лета од работа, знаеш ли чие дете е, ќути арно добивте некаков асистент други немаат никаков... Абе циркус.
    Ете не било така. Обезбедија салам писмен асистент.

    Моќта е во народот,само кој тоа да сфати дека е така.

    Мразам да пишувам реферати,и да повторувам иста работа.

    Секоја чест на членки тука како Јуле, Камелија, Фана и многу други што толку стручно опширно пишуваат ,но за жал луѓето ги мрзи да читаат.

    Епа нема ,,шорт кат,, народе тука во Македонијава или ќе читате или ќе патите или па ако имате ќе платите друг да чита за вас.

    Тажни судбини и дисфункционално општество, а толку убава сончев земја.
     
    Последна измена: 9 март 2026
    На winnie02, JoyJoy, LejlaD и 25 други им се допаѓа ова.
  4. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    21.203
    Допаѓања:
    277.729
    Јасно ми е, зборам за ЦСР, а во прва линија градинката/школото кај што одело девојчево. Дали педагогот и/или психологот работат со децава и зошто не? Дали имаат начин да пријават случај во ЦСР и зошто не го прават тоа?
    Постојат некаде работилници да ги учиме родителите што е насилство према дете?

    Не за твоја гимнастика Фано, гледаш по форумов согласно други теми, детево не би било малтретирано.

    Јас би сакала да видам еве сега јавно, јасно и гласно да се каже кој што правел и што не правел, да се казни, да видиме реални промени. Не е доволно само Стојанче да се казни. Ништо не правиме со тоа.

    Сакам цел систем да ни е јасно објаснет на сите и како можеме да заштитиме деца свои и туѓи.

    Веројатно многу сакам.
     
    На JoyJoy, JuLleE, VDT2906 и 10 други им се допаѓа ова.
  5. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.731
    Допаѓања:
    92.961
    Пол:
    Женски
    Какви црно бели финти со тебе.
    Не работам јас во ЦСР , фала Богу.
    И За мене било жртва.
    Ама знам како ќе постапат ЦСР, ете ви пиша пример и @tambelina погоре.
    @CameliaMiller
    Градинките и школите имаат право да пријават.
    И го прават тоа во одредени случаи.
    Проблемот запнува во ЦСР и “толкувањето”.
     
    На JoyJoy, PaLaVa, azelea и 3 други им се допаѓа ова.
  6. Teja26

    Teja26 Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 март 2018
    Пораки:
    268
    Допаѓања:
    623
    Пол:
    Женски
  7. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    17.930
    Допаѓања:
    123.539
    Пол:
    Женски
    Знам дека и за тебе е.
    За секој здраворазумен е.
    Зошто за ЦСР не било (а еве гледаме дека требало и за нив да биде) тоа ни е маката нас.
     
    На JoyJoy, JuLleE и CameliaMiller им се допаѓа ова.
  8. zuto

    zuto Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2014
    Пораки:
    3.908
    Допаѓања:
    28.679
    Оти или не им се работи, или така им било наредено да (не) постапуваат.
     
    На Harper, JoyJoy, JuLleE и 3 други им се допаѓа ова.
  9. Mazegin

    Mazegin Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2019
    Пораки:
    600
    Допаѓања:
    2.416
    Ова е мноогу точно.
    Ми се има случено најпрост пример професорка после вршење нужда да не си го пушти казанчето и раце да се измие. А навидум исфенирана коса и средени нокти.

    Образованието веќе оддамна не е репер за паметен и културен човек.
     
    На st-el, VDT2906, Simon4e0507 и 4 други им се допаѓа ова.
  10. KateKane

    KateKane Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јули 2018
    Пораки:
    3.672
    Допаѓања:
    64.557
    Пол:
    Женски
    Абе ко бубрег у лој живеела, нема што. Знаат машкиве тарашмалки дома како им било, ко на кафе да седеле секој ден.

    Уште коа прочитав пуштена беше да шета до сабајле јасно ми беше се. Све ќе направат да оцрнат некого, дури и да умре човек пак како хиени се фрлаат.

    Никаква истрага, ќе му веруваме на Стојан и другар му дека долу ја чекале, важи.
     
    На Harper, winnie02, JoyJoy и 26 други им се допаѓа ова.
  11. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    17.930
    Допаѓања:
    123.539
    Пол:
    Женски
    И ќе го прашаме Стојанче, ја удри Ивана бе мочко? Тој ќе речи: жими сета кариера - не.
    Не а?
    Па не бе, не ја удрив.
    Е ок, оди ајде. И само ако слушнам уште еднаш да кревате џева ќе видите вие убо.

    И така.
     
    Последна измена: 9 март 2026
    На JoyJoy, Aleks.mar, tambelina и 3 други им се допаѓа ова.
  12. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    7.243
    Допаѓања:
    38.496
    Пол:
    Женски
    Полиција по службена должност требало да пријави во сите случаи кога била повикана, а на местото на настанот го затекла и детето. Особено по настанот во болница. Значи, не ЦСР да разговара со мајката, туку по службена должност требало да преземе мерки, за да детето се отстрани од таа нездрава средина.
     
    На Nausicaa, JoyJoy, st-el и 10 други им се допаѓа ова.
  13. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    7.243
    Допаѓања:
    38.496
    Пол:
    Женски
    Абе жените пуштени до сабајле за каде се?! За никаде!!! Не знам што не е јасно тука?! И на такви како нив, нормално дека добри им се разноразни Стојанчиња |( Да не случајно некој „нормален„ маж земат, па и ти? Нормалните мажи се резервирани за тие кои пред полноќ се дома. Како Пепелашки 8)
     
    На Harper, winnie02, JoyJoy и 10 други им се допаѓа ова.
  14. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.731
    Допаѓања:
    92.961
    Пол:
    Женски
    По она што го има во јавност полицијата го пријавила во ЦСР настанот во болницата и социјални работнички од ЦСР биле на место на настанот.
    Мајката одбила соработка и толку било.
    По службена должност прво требало да извршат надзор во домот.
     
    На JoyJoy му/ѝ се допаѓа ова.
  15. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    7.243
    Допаѓања:
    38.496
    Пол:
    Женски
    Биле за мајката, не за детето. Барем јас така разбрав.
     
    На JoyJoy му/ѝ се допаѓа ова.
  16. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    17.930
    Допаѓања:
    123.539
    Пол:
    Женски
    Screenshot_2026-03-09-21-01-01-446_com.facebook.katana.jpg

    Добро Паце. Нека бидат како нас. Ние само се молиме да не се како тебе. Та другото, лесно е.
     
    На Harper, Mishela, JoyJoy и 27 други им се допаѓа ова.
  17. Medea.

    Medea. Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 декември 2022
    Пораки:
    587
    Допаѓања:
    1.560
    Пол:
    Женски
    Леле како клошаров од пештера дошол до интернет? (facepalm)
     
    На JoyJoy, Лејди Гага и christinnn им се допаѓа ова.
  18. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    7.243
    Допаѓања:
    38.496
    Пол:
    Женски
    Жена е :x
     
    На JoyJoy, Лејди Гага и fana им се допаѓа ова.
  19. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    21.203
    Допаѓања:
    277.729
    Разочарано свекрвиште некое.
     
    На Harper, JoyJoy, mareane и 12 други им се допаѓа ова.
  20. Medea.

    Medea. Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 декември 2022
    Пораки:
    587
    Допаѓања:
    1.560
    Пол:
    Женски
    Аууу не приметив ми се прочита као машко име. Јаооо каква дебилка ова некоја бедничка опасна.
     
    На JoyJoy му/ѝ се допаѓа ова.