Мајка и ќерка загинаа по пад од зграда во Карпош

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Sofi.ja, 2 март 2026.

  1. Adidas888

    Adidas888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    7.131
    Допаѓања:
    31.936
    Пол:
    Женски
    Дај боже сите да бидат дотерани, нашминкани, по дома ништо сработено и цело време по кафичи со другарките, па нека пукнат овие.
     
    На Salome, Harper, H.VAGA и 30 други им се допаѓа ова.
  2. Mazegin

    Mazegin Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2019
    Пораки:
    600
    Допаѓања:
    2.416
    Имав една баба, на дедо ми некоја братучеда, нешто у стил како Паце.
    Маж и од работа идеше директ на пиење и дома си доаѓаше посран.
    Од кого страдаа децата? :wasntme:
     
    На JoyJoy, Dentina, Noira и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    17.930
    Допаѓања:
    123.539
    Пол:
    Женски
    Од гомното. И буквално и фигуративно.
     
    На JoyJoy, st-el, Dentina и 4 други им се допаѓа ова.
  4. Simon4e0507

    Simon4e0507 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2023
    Пораки:
    386
    Допаѓања:
    709
    Пол:
    Женски
    Паце ја коментиравме вчера во темата Одвратни коментари по социјалните мрежи :)
     
    На JoyJoy, fana и IronMom им се допаѓа ова.
  5. tambelina

    tambelina Популарен член

    Се зачлени на:
    10 август 2012
    Пораки:
    811
    Допаѓања:
    2.252
    Пол:
    Женски
    https://www.slobodenpecat.mk/postap...gi0ofhncNRYsmt9UCM_aem_L_xUygV9pvgQ_uqNMAykkw

    Членот 41 од Законот за спречување и заштита од насилство врз жените и семејно насилство, предвидува дека одговорното и раководното лице во институцијата што врши дејност од областа на социјалната и детската заштита, вработувањето, внатрешните работи, здравството и образованието, се должни да пријават сознание за постоење на родово-базирано насилство врз жените и семејно насилство до полициска станица или до Центарот за социјални работи.

    Исто така, секое одговорно и раководно лице во правното лице, кога има сознание за постоење на родово-базирано насилство врз жените и семејно насилство, со кое се предизвикува непосредна опасност по животот и телото, е должно да пријави до Јавното обвинителство.

    Според Законот за заштита од семејно насилство, училиштата треба да го применуваат факторот „должно внимание“ што е предвиден во членот 4 став 3.

    Службените лица во институциите кои вршат дејност од областа на социјалната заштита, внатрешните работи, здравството, детската заштита и образованието, како и надлежните судови и обвинителства во постапките за родово- базирано насилство врз жените и семејното насилство се должни да постапуваат итно, со должно внимание на интересите и потребите на жртвата, пропишува членот 4 став 3 од Законот за спречување и заштита од насилство врз жените и семејно насилство.

    Закони имаме само ретко кој ги почитува. Вака да се растрчани пред да дојде до трагедија, сега за жал е доцна за Катја. Се надевам ќе се свестат и ќе извлечат поука да нема идни Катји, и што помалку Ивани.
     
    На eliesaab, VDT2906, JoyJoy и 8 други им се допаѓа ова.
  6. tambelina

    tambelina Популарен член

    Се зачлени на:
    10 август 2012
    Пораки:
    811
    Допаѓања:
    2.252
    Пол:
    Женски
    Ова го копирав бидејќи просветен инспекторат ќе го чешла и училиштето на Катја за евентуални пропусти.
     
    На eliesaab, VDT2906, JoyJoy и 5 други им се допаѓа ова.
  7. Medea.

    Medea. Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 декември 2022
    Пораки:
    587
    Допаѓања:
    1.560
    Пол:
    Женски
    Па од каде да знаат училиштето дека се дешавало тоа?
     
  8. Компир Манџа

    Компир Манџа Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 ноември 2019
    Пораки:
    5.799
    Допаѓања:
    8.661
    Пол:
    Машки
    На насилствата им нема крај :puke:
    Од Министерството на ВМР им нема слух :@

    Screenshot_20260311_093421_Facebook.jpg
     
    На Aleks.mar, eliesaab, tambelina и 2 други им се допаѓа ова.
  9. IronMom

    IronMom Активен член

    Се зачлени на:
    7 март 2026
    Пораки:
    45
    Допаѓања:
    154
    Така, како што знаат други работи трачарски да разнесуваат по училиште, го знаеле и ова, само баш им било гајле, зошто би се замарале? Ниту една наша институција не се замарала, скоро секогаш потфрлиле, затоа и до ова сме дојдени.
     
    На Gosh, IRBBB, eliesaab и 6 други им се допаѓа ова.
  10. Medea.

    Medea. Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 декември 2022
    Пораки:
    587
    Допаѓања:
    1.560
    Пол:
    Женски
    Од каде би знаеле они девојчето немало модрици , само што почнало на училиште неколку месеци не дека долго учело таму. Сите знаат од страна да коментираат а да видите таква ситуација ништо освен полиција да викнете нема ништо други да направите. Така да не разбирам што се силите сите на тастстура кога во живо на прст нема да мрднете.
     
    На JoyJoy му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Mucika

    Mucika Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    3.218
    Допаѓања:
    5.217
    А демек само ако има модрици ќе се воочат проблеми? Мислиш дека кај деца кои се постојано психички малтретирани тоа еден педагог нема да го примети? И тоа како треба да се прочешла школото! Сигурна сум дека и во училиштата има директори кои не ги пријавуваат Х случки заради мама и тато што се некој и нешто. Има наставници кои ќе пријават, ќе стигне до директор и ќе се заташка. Се по ред нека исчешлаат!
     
    На Gosh, M.B., Yowannty и 10 други им се допаѓа ова.
  12. IronMom

    IronMom Активен член

    Се зачлени на:
    7 март 2026
    Пораки:
    45
    Допаѓања:
    154
    Психолог и педагог за тоа се во училиштата, а не за да си пијат кафе! Учителките исто многу работи може да приметат, ама оставаат се така. И да, треба училиштето итоа како да се прочешла, а и сите училишта кај нас.
     
    На Gosh, Лејди Гага, eliesaab и 5 други им се допаѓа ова.
  13. Anaroz1

    Anaroz1 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2021
    Пораки:
    3.086
    Допаѓања:
    6.990
    како може да не знаат, кај мене малата се кажува во градинка, се живо знаат дома шо збориме и шо праиме :drunk: сигурно знаеле и во градинката кај шо одела, знаеле и во училиштето само никој не се замарал.
     
    На Gosh, eliesaab, Panda00 и 3 други им се допаѓа ова.
  14. tambelina

    tambelina Популарен член

    Се зачлени на:
    10 август 2012
    Пораки:
    811
    Допаѓања:
    2.252
    Пол:
    Женски
    Катја била прваче, можеби и немала време наставничката да забележи со оглед дека не го познавала долго детето. Но сепак сме мала држава, луѓето зборуваат, а и интензитетот на насилство кое го доживеала Ивана во текот на оваа година тешко дека поминал незабележан. Сигурно се расправала и на телефон кога одела по детето ,или таткото ...

    Верувај дека се гледаат промени во однесувањето и навиките на детето, дури и кога нема физички видливи повреди , само треба да му е гајле на наставникот па да примети.

    Разликата е во тоа што училиштето е обврзано со закон да пријави ,макар било и сомнеж за насилство врз дете.
    Кога станува збор за деца нема компромис, не се чека 24часа за потрага кога исчезнуваат, не секогаш требаат докази,доволен е и сомнеж за да се спроведе истрага,не важат истите закони како за возрасен! Децата се најранлива категорија и не можат сами да се заштитат,тоа е обврска на возрасните, на училиштата,на цср,на МВР !

    Некои деца се во целодневна ,тоа значи дека тоа дете минува речиси половина ден во училиштето, не е возможно никој ништо да не разбере, може само да се прават слепи и глуви.

    Училиштето има законска обврска да ги извести социјалните служби и кога има ученик со проблематично поведение,булинг , проблеми кои не нашле начин да ги решат , бидејќи истото тоа дете може и да е жртва на насилство и однесувањето да е аларм за помош.

    А и нели се тоа педагози,психолози, кои треба да си ги познаваат учениците,а промените во однесувањето секогаш сигнализираат нешто.

    Колку што знам изминативе години активно се прават работилници за булинг и насилство, веројатно слушаат нешто на тие работилници.

    Медеа, најтрагично е што НЕ чувствуваат луѓето потреба да пријават, под изговор ,,тоа си се нивни работи ,семејни проблеми ,,
    Значи не го препознаваат насилството до степен да го нормализираат.

    Народов не сфаќа дека како наставник,лекар,инспектор,полицаец, правник,обвинител , сосед, татко, мајка, баба...секој има обврска ! Некои дури и кривично можат да одговараат за неисполнување на обврските.

    Поразително е колку сме ладни и неинформирани и незаинтересирани , се додека не ни се случи нам. Е тогаш се менува мајндсетот, тогаш боли.

    Доволно е и полиција да викне некој, ама ни тоа не го прават. Во случајот со Ивана и Катја еве соседите повеќе пати викале полиција ,и тука полицијата многу потфрлила, тргнувајќи од фактот дека дете гледало како таткото ја тепа мајката,и процениле дека детето не е жртва.

    Кога ќе почне да има одговорност за непостапување тогаш ќе почне секој да си ја врши работата како што треба. Само казни, и тоа дебели.
     
    На IRBBB, eliesaab, Panda00 и 6 други им се допаѓа ова.
  15. tambelina

    tambelina Популарен член

    Се зачлени на:
    10 август 2012
    Пораки:
    811
    Допаѓања:
    2.252
    Пол:
    Женски
    Еве тоа ти е таа генерација ЌОТЕКОТ Е ОД РАЈОТ :puke:
    Нормализирање на насилство.

    Треба да ги пријават во внатрешна контрола полицајците кои излегле на терен. Татко тепал ќерка оти психички не била добро.
    И Стојанче изгледа затоа ја тепал Ивана и не бил санкциониран. Па после 7години тепање не може човек читав да остане и да сака.
     
    На eliesaab, Panda00, PaLaVa и 5 други им се допаѓа ова.
  16. IronMom

    IronMom Активен член

    Се зачлени на:
    7 март 2026
    Пораки:
    45
    Допаѓања:
    154
    Screenshot_20260311_122903_Instagram.jpg
     
    На winnie02 и eliesaab им се допаѓа ова.
  17. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    5.698
    Допаѓања:
    38.790
    Пол:
    Женски

    @tambelina, @Mucika Според протоколот за Насилство од МОН школото може да пријави насилство. Ако забележи нешто сомнително. Знаете каде може да пријави. Во МВР и ЦСР. Ете толку. Се сведува на тоа дека ЦСР и МВР не си ја вршат работата. Кај син ми во школо скоро пријавија насилство. Од МВР по 5 дена од прием им вратија дека ја примиле пријавата. Среќа не се случило ништо екстремно лошо и пак на крај школото со сопствени сили треба да го реши случајот. И пак среќа има психолог и педагог и дефектолог во школото па ќе работат трите како знаат и умеат да средат нешто. Зашто од МВР и ЦСР мало сутра ќе добијат поддршка. И капак на се се бара соработка од родителите. Ако родителите одбијат да соработуваат школото може да се чуди (односно да пријави во ЦСР дека не соработуваат родителите). И така да се вртат до бескрај.

    Втора работа е што прво одделение се смета за прилагодување. Девојчето ако немало видливи модрици по телото во тој период нема да може да се увиди психичко насилство. Многу деца во прво полугодие од прво одделение може и да плачат, да не работат, да се тажни и повлечени. И тоа да е нормално. Ако има школото психолог може и ќе работи со детето, ама ќе работи да го опушти за школо нема да навлегува во тоа како е дома.

    Друга работа е што ние како култура немаме сензибилитет за рано пријавување на проблеми. Кај нас насилство е нормализирано. Сите сме со навиката ај остај ги може ќе им пројде, може ќе се смират. Еве пак со школово пријавиле кога дошло нож до коска, претходните неколку пати оделе на тоа дека деца се па ќе се смират. Сите и вработени во школо и родители. Е тек кога не се смирило школото пријавило. И во паркови деца се тепаат родителите креваат рамења и викаат е шо де дете е. Викендов едно машко на 11 години кај нас во парк задева девојчиња (ги фаќа за газ), мајката вика е шо бе машко е. Друго на 11 години вози електричен мотор низ парк без надзор, без ништо. Му викаш не вози деца кај што играат, те гледа како теле. Родители никаде на повидок. Па се караш и оправаш ама џабе е. Не знам што културна матрица сме, ама под итно треба сите да се менуваме.
     
    Последна измена: 11 март 2026
    На Gosh, Lagoon, M.B. и 8 други им се допаѓа ова.
  18. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    7.243
    Допаѓања:
    38.496
    Пол:
    Женски
    Како бе од каде да знаат?! Зошто постојат стручни служби? За да пијат кафиња и трачарат |(
    Наставниците би требало да приметат, иако била прваче, скоро 6 месеци била на училиште, доволно време за да се забележи необичаено однесување (верувај, се забележува) ама... и наставниците се за ќотек. Клати врата, земај плата!!!
    Во мое време (пред 35+ години) наставникот во одделението на сестра ми реагираше за можно насилство врз дете (без видливи траги) и им го одзедоа детето на родителите. Еј, пред 35+ години!!! Место да одиме нанапред, ние се враќаме наназад :(
     
    На Harper, Annath, Panda00 и 5 други им се допаѓа ова.
  19. tambelina

    tambelina Популарен член

    Се зачлени на:
    10 август 2012
    Пораки:
    811
    Допаѓања:
    2.252
    Пол:
    Женски
    @JoyJoy Браво за вашето училиште. За жал не сите училишта си ја вршат должноста. И да, училиштето може САМО да пријави.

    Еве вака како што напиша ти ,и училиштата си имаат изговор унапред ,дека МВР ЦСР не постапуваат,што па ние. Вашето училиште се обесхрабри и нареден пат нема да пријави ли ?! Абе ќе ги затрупам во пријави додека не дојде некој да сработи ,не ги ослободувам и не им наоѓам јас ним изговор. Има правобранители има надзорни тела , инспектори . И непостапувањето се пријавува и казнува.

    Постојат казни и за родителите. Имаше случај во Велес со пресуда ,за 10-11 годишно дете со електричен тротинет.

    Има решение за се , само треба некој да пријави. Родителот ако се однесува неодговорно и одбива да соработува има ЦСР постапка и за тоа. Ние самите ги ослободуваме од одговорност институциите со изговори ,,што ќе пријавувам и така не работат,, . И јас од моето искуство гледам дека некои не работат ама нема да ги оставам така , мене ќе ме изигнорираат ама не можат 10-20 пријави да скријат и игнорираат.
     
    На eliesaab, PaLaVa и CameliaMiller им се допаѓа ова.
  20. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    21.203
    Допаѓања:
    277.728
    @JoyJoy имам 35 години, пред скоро 30 бев прво одделение. Не сум сигурна дали беше психолог или педагог, ама сите деца одевме, цртавме, разговараше со нас, секако не се сеќавам точно на сè, меѓутоа и тоа како беше запознаена со секое дете.
    По прво одделение ме преместија во друго училиште каде педагогот служеше за застрашување.

    Пред 15 години сестра ми беше прваче во училиштето каде што и јас бев прваче, и исто така неколку пати годишно имаше разговори со педагог/психолог. Не само таа, сите деца. Сестра ми таму учеше до 9то, беа инволвирани во случаи на булинг, за семејно насилство не знам ама не би ме чудело. За булингов знам зошто другарче на сестра ми беше жртвата. Мислам логично не ги објавуваа на огласна табла сите случаи па да знаеме.

    Сакам да кажам, очигледно и во училишниот систем кој како сака работи. Нормално дека не може да знаат какви проблеми имаат децата ако прво не ги познаваат децата. За дете да ти довери, па и возрасен, треба да има доверба во тебе. Како би имало детето доверба ако прво не те познава, не го познаваш, не постои однос, нели.

    Не може и не треба да ги сведеме училишните психолози и педагози само на страшила и лица кои децата ги гледаат само кога е некој "лош".

    Мене ми е прејасно како целиов државен апарат функционира, ама мора да се освестиме дека најважните и најневините граѓани ни страдаат затоа што сме толку инертни. Не може само да префрламе топка, ама тој таму не работи. Верувај, ЗНАМ.
    Ама додека се фокусираме на тој некој што не работи, тој некој што крвари за помош не ја добива. Зборувам од аспект на поранешен вработен во системот.

    Системот се распаѓа, распаднат е. И оние малце светли точки се индивидуалци кои си викаат "ако не јас, кој?", и евентуално си го фаќаат патот, тука или надвор.

    Мора, мора итно темелно "чистење". Ако сакаме да имаме некаква цивилизирана држава.

    За нормализирање на насилството потполно се согласувам.
     
    На Gosh, Yowannty, Annath и 5 други им се допаѓа ова.