Мајка и ќерка загинаа по пад од зграда во Карпош

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Sofi.ja, 2 март 2026.

  1. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    5.697
    Допаѓања:
    38.789
    Пол:
    Женски
    @CameliaMiller секое школо различно работи. Не сите школи имаат комплетна професионална служба. И јас кога бев во основно имаше само педагог со црн тефтер за заплашување. Сега во одредени школи е сменета состојбата. Пак стојам на тоа дека ако девојчето немало видливи модрици може и да не приметиле дека е жртва на насилство во школото зашто тек неколку месеци била таму и во тие месеци е нормално и да има збунети деца. Децата имаат најдобар однос со наставничката, ама и за тоа треба време. Ако па и не одела претходно во градинка повлеченост и збунетост може да се нормална реакција на дете во прво одделение.

    И ај вака до сите во болница таткото бил насилен па никој не пријавил како очекувате школото да пријави ако не виделе насилство.

    И сега за да го спасиме Тошкоски и таму некој директор на ЦСР на кој му гори газот ќе напаѓаме се и сешто.
    А сите одма ќе се лепиме на причата школото е криво, па ќе оправаме криви дрини.
    Ја лапнавме јадицата за дефокус од вистинските виновници. МВР пред се зашто 3 саати пред случјата жената била таму и секако ЦСР зашто не псотапувале со години. Се друго е дефокус.
     
    На M.B., LollySky и tambelina им се допаѓа ова.
  2. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    17.976
    Допаѓања:
    136.250
    Пол:
    Женски
    На кој колку му се работи.
    Психологот во моето основно ги пратеше сите повлечени деца уште од прво одделение и знаеше да ги праша дали освен на школо и дома имаат некаков проблем.
     
    На Cosmic Girl, tambelina и Anaroz1 им се допаѓа ова.
  3. PaLaVa

    PaLaVa Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2011
    Пораки:
    499
    Допаѓања:
    3.849
    Пол:
    Женски
    Можеби функционираат добро училишта во Скопје и во поголемите градови.

    Во помаливе кај што сите се знаат, тешко тоа. Педагог/психолог не се со децата секој ден, за да стигне дете до нив треба прво учителка/наставничка да забележи некој проблем и да пријави.
    А кај нас знаеме колкав процент од просветниве работници се професионални во работата.

    Во мој град мојата учителка од пред 25+ години сеуште држи првачиња. Мислите ли дека на неа со 30+ години стаж пред пензија и е гајле дали некое дете е поповлечено од другите?
    Уште поубаво за неа, и бучи глава од 20 деца гледа да предаде тоа што треба и да си бега дома.
    Нема што она да си става на глава проблеми да се оправа со служби и со родители да пријавува такви работи, тие не пријавуваат ни проблематични деца не па ако е некое дете мирно.
    И кој ја контролира за тоа? Никој...

    Треба ептен да избие некој скандал па да се активираат директори и служби.
     
    На Sofia*, tambelina и eliesaab им се допаѓа ова.
  4. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    7.243
    Допаѓања:
    38.496
    Пол:
    Женски
    Воопшто не сме ја лапнале јадицата. Разговараме за сите инволвирани кои можеле да преземат нешто. Сите!!! И сите потфрлиле. Затоа, сите имаат одговорност за смртта на девојчето. Сите до еден!!!
    А и ние како нација. Да не се изземеме ние од одговорност. Се додека гласаме партиски, фаќаме врски за тоалет, си гледаме наша работа итн... имаме одговорност. По стоти пат ќе кажам, ние ја правиме државава ваква каква што е!!!
     
    На christinnn, Simon4e0507, Sofia* и 4 други им се допаѓа ова.
  5. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    5.697
    Допаѓања:
    38.789
    Пол:
    Женски
    @An-na се додека се сите одговорни на крај никој не е одговорен.
    Исто како за Кочани. Сите одговорни и никој не е. Обвинет Министер од 2012 овој сегашниот не е.
    Исто и сега. Намерно ја шират истрагата наместо да ја направат прецизна. Многу добро знаат како да спинуваат и знаат дека народот ќе плука по "сите" за да се заташка работата.
    Лапната е јадицата. Можеш да веруваш ило не. Ама наместо да бараме фокусирана истрага ние ќе ловиме вештерки.
     
    На VDT2906, st-el и CameliaMiller им се допаѓа ова.
  6. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    21.203
    Допаѓања:
    277.725
    Не е само школото криво, но дефинитивно училиштата не го користат персоналот кој го имаат. Зборувам за 2 дијаметрално спротивни искуства меѓу мене и сестра ми, два дијаметрално спротивни пристапи од две училишта во Скопје, двете еднакво државни.

    Што се однесува до болницата, гледам пријавиле во ЦСР, не знам дали пријавиле во МВР (мораат да пријават во МВР).
    Точно тој настан од сите може да се издвои како најочигледен за непостапување.
    И тука се фокусирам на детето намерно, затоа што таткото после обид за убиство слободно го пуштаат да си оди со детето.
    Ова е чиста ситуација каде што ни ЦСР ни МВР немале никаква потреба од согласност од Ивана за да постапуваат, ама не постапиле.

    Одамна имам пишувано за мои поранешни соседи, не знаев дали да пријавам, може ќе го побарам мислењето, стои.
    Двајцата беа најмалку вербално агресивни еден кон друг (мажот и жената). Ама ужасно викање и ужасни зборови. Од тоа што слушав (не гледав) не беа физички насилни кон детето, туку на целото нивно меѓусебно викање детето почнуваше да плаче, па (најчесто) мајката почнуваше да го колне детето и да му се заканува. На цело ова колнење таткото само ќутеше.

    Тука пишував дека не знам што да правам, да пријавам ли? Доказ за физичко насилство немам, ниту мислам дека имаше (барем меѓу возрасните), меѓутоа психичкото насилство беше евидентно. Не навлегувам што тие двајца си кажуваа, ама мајкава урлаше по детето дека и' го уништило животот, ќе го фрли од балкон (што сега ми создава уште поголемо каење што не направив ништо).
    Се мислев, еве ќе викнам полиција. Полиција нема да викне ЦСР пошто никој нема модрици. И да викне ЦСР, пак нема никој модрици.

    Го мислам тоа дете многу, постојано минативе денови, и 3 ипол години како не живеам таму. Јас знам дека е тоа насилство. Како да ги убедиме службиве дека е.
     
    Последна измена: 11 март 2026
    На 1209, fana, Gosh и 9 други им се допаѓа ова.
  7. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    21.203
    Допаѓања:
    277.725
    Не треба да бараат "повлечени деца". Со сите деца треба да се разговара. Сите деца имаат потреба некој надвор од дома да ги познава. И тие што се супер вклопени, исто така.
    Психолозите и педагозите не служат (само) за "поправање" на неприлагодени однесувања.
     
    На Angie1432, la.malparida и tambelina им се допаѓа ова.
  8. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    5.697
    Допаѓања:
    38.789
    Пол:
    Женски
    Разговараат со сите групно психолози. Поединечно само ако се забележи проблем кај едно дете. Во група на првачиња каде што децата се уште се запознаваат никој нема да се отвори за дома како му е во првите месеци. Реално наставничките најмногу ги познаваат ама тек во второ/трето. Во прво сите сеуште се прилагодуваат.

    Плус и на таа возраст многу деца имаат модрици. Од нормални падови. Внука ми денес не беше на школо ради болка кај ребрата. Матичната рече се набила или удрила појако и можно е следниве денови да се јави поголем подлив. Во школо ќе се примети на физичко. Детето ќе рече се удрив. Треба да му се верува или не.
    Пак ќе кажам школото во случајов не мора да се истражи. Вртење внимание е како тактика.
     
  9. tambelina

    tambelina Популарен член

    Се зачлени на:
    10 август 2012
    Пораки:
    811
    Допаѓања:
    2.252
    Пол:
    Женски
    Фалим те Боже! На секоја родителска повторувам аман престанете да плашите деца со милиција,доктор,психолог,директор. Тие треба да бидат лица од доверба каде детето ќе може да се довери.
    Морале да се плашат децата од некого (facepalm)

    @JoyJoy не е лов на вештерки,процедура е. Добро е да бидат информирани граѓаните дека и училиштето и лекарите имаат обврска да пријават макар било СОМНЕЖ .
    Инаку се согласувам дека тука најголемата вина ја има МВР што не го испроцесирале детето како жртва и таа информација што не ја проследиле до ЦСР.
     
    На la.malparida и CameliaMiller им се допаѓа ова.
  10. tambelina

    tambelina Популарен член

    Се зачлени на:
    10 август 2012
    Пораки:
    811
    Допаѓања:
    2.252
    Пол:
    Женски


    Истото го зборувала женава по убиството на Росица и татко и,и ни се случи , и ќе се случува се почесто ако не почнат да се применуваат законите кои ги имаме.


    https://youtube.com/shorts/jP_Yzz5GKAo?si=li8nf3K-Y3ktCtbX
     
    На Biljarkata, bookslover и JoyJoy им се допаѓа ова.
  11. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    21.203
    Допаѓања:
    277.725
    Не очекувам школото да е виновно оти јасни виновници имаме кои просто не постапувале.

    Целта во однос на школото (не само тоа школо) е да провери колку се работи тоа што треба, што недостасува, каде може да се подобри, треба ли повеќе ингеренции, треба ли појасен систем на комуникација меѓу службите (а не писма да си чекаат, божемесачувај во средина на 21 век), дали има бирократски препреки, дали тие службеници се во тек со домашните и светските трендови, сознанија, методи? дали имаат континуирана обука?
    Дали самите прописи за нивната работа се доволни, дали треба да се променат, дополнат итн.?

    Градинките и основните училишта, посебно до 5 одделение, се пред сè воспитни установи. Мора да имаат персонал кој стручно и точно работи.
    Ги удавија наставниците во бирократија, кој стигне им се заканува, мене не ме чуди и каде што се свесни да се повлекуваат оти нема нив кој да ги заштити.

    Не може во општество каде што ќотекот е толку нормална појава да нема многу повеќе работа на таа тема. Не може добар дел од родителите да не се свесни дека децата не се нивна сопственост.

    Создавање дете никого не прави добар родител, туку активна работа првенствено на себе и едуцирање на сам себе. Што значи секој ќе се освести онолку колку што сам ќе посака, што пак значи дека ќе ги повторува штетните однесувања што ги научил засекогаш.
    Токму тука градинките и училиштата можат (или треба да можат) многу. ЦСР не го гледа секое дете секој ден, училиштето го гледа. Родителите не мораат да одат во ЦСР, ама во училиштето мораат. И може и мора да се менува целиот менталитет, сфаќање, однос кон децата.

    Ова не ми е некаква констатација кон директно никого, туку општа слика што сите ја сведочиме, што во реален живот, што буквално на самиов форум.
     
    На la.malparida, JoyJoy, azelea и 3 други им се допаѓа ова.
  12. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    21.203
    Допаѓања:
    277.725
    Не, не треба да бидат застрашувани, боже сачувај! Дур ги плашат со луѓе во кои треба да имаат доверба, де нека им прозборат што се интимни делови, дека никој не смее да ги допира, ако некој ги допре треба да кажат... место доверба, страв да се всадува :headbang: Па мме сфативме дека животни без страв и насилство можеме да воспитаме, уште треба да објаснуваме дека човечки суштества не се воспитуваат така :envy: :envy: :envy:
     
    На azelea, senjorita-v и tambelina им се допаѓа ова.
  13. Aleks.mar

    Aleks.mar Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2025
    Пораки:
    609
    Допаѓања:
    1.858
    Пол:
    Женски
    татко ја тепал ќерката
    Ама како и да е не е во ред. Ова стварно е хаос
     
  14. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    5.697
    Допаѓања:
    38.789
    Пол:
    Женски
    @tambelina се согласувам дека е процедура ако школото забележи нешто да пријави. Само тврдам дека кај првачиња тешко се забележува дали има или нема проблеми дома зашто на почеток се сите збунети. Детето е релативно кратко период во тоа школо. Во прво полугодие како што спомнав се учат да јадат сами, да врзуваат врвки, се гледа дали имаат другарчиња и да немаат се работи да се приклучат на колективот. Побогу луѓе има деца што плачат во Јуни при одење во школо и тоа се смета за ОК во прилагодување. Затоа во случајов со школово е одвлекување внимание. ЦСР и МВР знаеле многу пред да појде детето во школо за семејното насилство. Пријавено било и ништо не превзеле. Школото нема надлежност ништо да направи само да пријави ако има сомнеж за насилство. Школото треба да поставува кога има случаи на насилство во школо. За семејно насилство ако има сомнеж треба да пријави до МВР и ЦСР. Значи пак се вртиме околу фамозните МВР и ЦСР. Се друго е одвлекување на внимание.
    Пола Скопје знаело дека овие се тепаат и викаат постојано. И не реагирале институциите што требало. Имало пријави до кај нив не им требала уште една од школото за да си ја вршат работата.

    Е сеага ако се фатиме за школото не е дека па тоа школо не реагирало навремено во еден претходен случај. За исчезнувањето на Вања школото алармираше. Баш класната од Песталоци е првата што се јавила на мајката дека Вања не дошла во школо. Пазат значи. Ама им треба време да ги запознаат децата за да знаат дали нешто кај конкретно дете е ОК или не е.
     
    На PaLaVa му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Компир Манџа

    Компир Манџа Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 ноември 2019
    Пораки:
    5.799
    Допаѓања:
    8.660
    Пол:
    Машки
    Да да, знам дека се татко и ќерка, ама пак не е во ред. Срамота е да помислиш да дигнеш рака на жена, а не па да ја тепаш.
     
    На senjorita-v, Aleks.mar и JoyJoy им се допаѓа ова.
  16. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    21.203
    Допаѓања:
    277.725
    Фемицид е убиство на жена затоа што е жена.
    Значи може да е убиецот татко, партнер, брат, син, сосед, братучед и дури може да е и друга жена.

    Независно кој е тој што крева рака, не останувајте таму. Може да биде само полошо, да стане насилникот подобар нема.
     
    На Лејди Гага, Angie1432, senjorita-v и 5 други им се допаѓа ова.
  17. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.731
    Допаѓања:
    92.961
    Пол:
    Женски
    https://skopje1.mk/policijata-ne-po...napadnata-na-klinika-tvrdi-resorniot-sindikat
    Според синдикатот, на 19 јануари 2026 година – денот кога наводно се случил инцидентот – Центарот не добил никаква пријава или повик за интервенција во Клиниката за дигестивна хирургија во рамки на комплексот клиники. Од увидот во службената документација, како што велат, произлегува дека тој ден дежурни биле две службени лица од Специјализираниот тим, но дека тие не биле повикани на интервенција. објави Скопје1.мк
     
  18. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    21.203
    Допаѓања:
    277.725
    Ајдеее :x
     
  19. Elena1001

    Elena1001 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јули 2016
    Пораки:
    435
    Допаѓања:
    2.063
    Пол:
    Женски
    Па зарем нема записник од ова од МВР.
    Зарем на него не стој кој се бил присутен на настанот...пр кој од полиција, кој доктори или персонал т.е сведоци, инволвирани и сл.
    Таму мора да пишува и башка има и камери по болницата, може да се утврди дали биле.
    Е сега овие џандарчиња ако не повикале треба да летаат од работа.
    Треба да летаат и затоа што писмото со известување до ЦСР им патувало 45 дена.
    Заедно со другите џандарчиња кои биле пред судот кога ја тепал дента на настанот.
    Треба да летаат и од ЦСР бидејќи кога го добиле писмото не излегле веднаш за да ја видат ситуацијата
    Ма сите инволвирани треба да летаат.

    Единствено засега за училиштето сум неутрална бидејќи сепак малку време била за да се добие прецизна слика.
    Но дефинитивно тука треба да се промени законот и доколку постојат пријави за семејно насилство и има деца да се пријави освен во ЦСР и во школото во кое учи тоа дете.
    Имформацијата да е во 24ч споделена и да знае персоналот да работи со овие деца.
    На крајот и да не се директни жртви на физичко семејно насилство сепак се жртви.
     
    На CameliaMiller, eliesaab, Angie1432 и 2 други им се допаѓа ова.
  20. Компир Манџа

    Компир Манџа Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 ноември 2019
    Пораки:
    5.799
    Допаѓања:
    8.660
    Пол:
    Машки
    Кога ќе ми текне дека во Скопје имавме кандидат за градоначалник што си ја има тепано својата сопруга. (facepalm)