1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Мајка и ќерка загинаа по пад од зграда во Карпош

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Sofi.ja, 2 март 2026.

  1. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.659
    Допаѓања:
    26.246
    И пак ќе каже некој Ивана била крива.
    Се' е доцна веќе, ама единствена правда што остана е да го самоубијат во ќелија.
     
    На Frida-, Amelia., nena2010 и 5 други им се допаѓа ова.
  2. Чанта

    Чанта Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2023
    Пораки:
    617
    Допаѓања:
    926
    Пол:
    Женски
    Ивана е крива што си го уби сопстврното чедо. А тој,и за двете.
    Едит: поточно,крив е Стојанче што е едно гадно суштество што покажува сила и малтретира некој послаб од него,после тоа крива е државава што не само Катја туку и мн други деца не ги заштитува и во моментов. И на крај се увиде дека Ивана имала кај да оди,дека сепак ја "прибрале" нејзините домашни,дури и се секирале и грижеле за неа НО повторно се враќа кај идиотот од човек. Ништо не е толку вредно од животот на детето.Џабе исправуваме криви дрини тука.
     
    Последна измена: 30 март 2026 во 18:20
  3. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.659
    Допаѓања:
    26.246
    Ивана е повеќе од пола деценија тепана, до степен кај што имала ебан хематом во абдоменот од млатење. Мозокот може омлет и' бил...
     
    На azelea, PaLaVa, tambelina и 15 други им се допаѓа ова.
  4. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    8.325
    Допаѓања:
    44.875
    Пол:
    Женски
    И после, сѐ некој друг е крив за убиства, политичари, премиери, министри. Не, сами ги одржуваме системите во кои живееме и активно ги храниме. Како можеш да "средуваш" зетот да добие условна казна, место сериозно да ја сфатиш работата дека ќерка ти утре може да се најде во ситуација да треба да ја спасуваш? Детето кажувало за тепањата и они тоа го игнорирале?
    Не ја прочитав цела изјава, ама ова го видов и одма дојдов да прокоментирам. Типична македонска работа, битно е врски да се фатат, за последици никој не мисли. И после нормално дека насилството е толку вообичаено и нормално, бидејќи насилниците имаат поддршка да го продолжат однесувањето. А овој не е ни обичен насилник туку човеков има сериозни социопатски нарушувања во однесувањето. И имал и другари и семејство кое го штитело, нормално. Пошто сме научени за сѐ дс се водиме според не е моја работа, сами си знаат.
     
    Последна измена: 30 март 2026 во 18:35
    На azelea, PaLaVa, Bella ••• и 14 други им се допаѓа ова.
  5. mareane

    mareane Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 август 2010
    Пораки:
    9.713
    Допаѓања:
    284.213
    Пол:
    Женски
    Како зачитав навистина ми се слоши.
    Неверно ми е
    Нестварно е колку многу психопати во олку метри квадратни имаме...Секаде се околу нас
    А и сите останати сме на граница мислам.
    Масовна лудница е ова мало парче земја.
    Видете само во 1 месец колку убиства самоубиства и чуда имаме .

    Како ќе растеме деца во вакво општество како?
     
    Последна измена: 30 март 2026 во 19:01
    На la.malparida, azelea, PaLaVa и 4 други им се допаѓа ова.
  6. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    22.074
    Допаѓања:
    203.626
    Да, многу е забавно напишано, со претумбана хронологија. Ништо лично што те цититам, да не ги цитирам сите претходни со истата погрешна поента.
    Фатиле врски пред 7 години, да го осудат условно. Фатиле врски да го вработат. Фатиле врски за да го напраат чоек (не дека одобрувам, ама разбирам). Ама се праи ли чоек од стока?
    Неговата родена мајка го пријавила за насилство врз Ивана. Во 2025.
    Се согласувам за едно- жените се криви што трпат секакви мажи. Што газат по јајца околу нив. Што на првото кревање рака не заминуваат. Пошто он ја сака па од љубомора ја тепа. Пошто детето требало да има татко. Пошто полиција и цср ги смируваат. Пошто дури не биле разведени, не можеле да регулираат да не го зема детето. Пошто стално некој документ им фали. Памет им фали на сите. Упатство напишано од вештачка интелигенција како да постапуваат. Ма во идеален случај и суд и цср да биде аи, можда тогаш ќе тргнат работите.
     
    Последна измена: 30 март 2026 во 18:53
    На azelea, An-na, VDT2906 и 10 други им се допаѓа ова.
  7. eliesaab

    eliesaab Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    5.103
    Допаѓања:
    17.275
    Пол:
    Женски
    Овие (па и сите идни) ,,сведоци" се еднакво виновни како и убиецот. Сè друго е замачкување очи.

    Секој ден ново насилство, ново убиство. Комшиите инаку никогаш ништо не знаат, освен кога треба да трачарат.
     
    На Cutiepie123, Eunoia и ArabellaStarfall им се допаѓа ова.
  8. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.736
    Допаѓања:
    93.008
    Пол:
    Женски
    Братот,мајка и, семејството, соучесници се.
     
    На Eunoia, st-el, winnie02 и 8 други им се допаѓа ова.
  9. Чанта

    Чанта Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2023
    Пораки:
    617
    Допаѓања:
    926
    Пол:
    Женски
    Значи има оправдување што си го уби детето?Млатена била.Абе јас стварно не ве разбирам јас.
     
  10. bicycle

    bicycle Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2019
    Пораки:
    5.144
    Допаѓања:
    41.976
    Пол:
    Женски
    Косми, живееме у многу заостанато општество каде што срамот од околината е побитно од безбедноста на ќерката.
     
    На VDT2906, Amelia., st-el и 3 други им се допаѓа ова.
  11. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    22.074
    Допаѓања:
    203.626
    Не. Значи ако се обидуваш да сфатиш, не значи дека оправдуваш.
    Еве ви, аи генерирано https://time.mk/ai/7fc65b92fe/mk/
    Значи- жртвата е донесена до безизлезност или наведена на самоубиство преку психолошка и физичка тортура.
     
    На azelea, tambelina, Amelia. и 5 други им се допаѓа ова.
  12. eliesaab

    eliesaab Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    5.103
    Допаѓања:
    17.275
    Пол:
    Женски
    Ќе си грешам душа сега, се спасиле двете.
     
    На LiliBoz и AlmaOculta им се допаѓа ова.
  13. Чанта

    Чанта Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2023
    Пораки:
    617
    Допаѓања:
    926
    Пол:
    Женски
    За себе. Но зоштои детето? Ај нели и за кретенов викаа имал мн тешко детство. Ако не и него да го сфатиме зошто е ваков. За себе си секогаш сами одговараме, ама неможеш на друг да му го скратиш животниот пат. Си земам за право да кажам бидејќи како дете на мајка што низ истово поминала и со сигурност ви потврдувам и полошо од ова, таа ете реши да остани за секогаш кај нејзините (не беше лесно) и не ме уби. Ми даде шанса да живеам фала му на Бога и да си имам свое семејство.
    Уште ова: патот беше тежок но животот не му е на секој лесен.
     
    На eli25 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. AlmaOculta

    AlmaOculta Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2026
    Пораки:
    191
    Допаѓања:
    581
    Пол:
    Женски
    Бидејќи детето после нејзина смрт ќе припаднеше на него. Кузнај на кој автопат ќе ја бараа после
     
    На Amelia., winnie02, KateKane и 2 други им се допаѓа ова.
  15. Чанта

    Чанта Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2023
    Пораки:
    617
    Допаѓања:
    926
    Пол:
    Женски
    По случајот од самоубиство ќе се раскренеше иста прашина и ите како немаше да е кај таткото,ќе си беше кај бабата и дедото од страна на мајката. Друго,јас бев кај татко ми,не прашувајте како- многу лесно. Немаа "место" бабата и дедото за мене првите неколки години. Друго кој повеќе пари има тој ќе си земе дете,и трето џабе беа сите записи. Можете да претпоставите пред 20 години колку беше уште по заебано. По горе имав напишано- животот носи секакви изненадувања, мора да постои шанса за живот! Низ што имам поминато јас само знам. Ама секој ден му благодарам на Господ што сум жива и здрава.
     
    На winnie02, Adidas888 и AlmaOculta им се допаѓа ова.
  16. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.659
    Допаѓања:
    26.246
    Не ми ги испревртувај зборовите. Од удари по главата буквално човек се разболува. Од конзистентно физичко и психичко малтретирање, буквално се мрднува. Од физички и ментално здрав човек, под одредени услови можеш буквално да заболиш, да бидеш комплетно нерационален, да забегаш. Тоа не е оправдување, тоа се последици од долгогодишното малтретирање на ретардираниот. Преку неа, тој го има убиено детето. Капиш? И да не капиш, голема работа...
     
    На Mazegin, Danka Smotanka, PaLaVa и 10 други им се допаѓа ова.
  17. AlmaOculta

    AlmaOculta Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2026
    Пораки:
    191
    Допаѓања:
    581
    Пол:
    Женски
    Мила, навистина ми е жал што имаш поминато низ такви ситуации!! И драго ми е што си работела на себе и сега можеш да процениш што е добро и што не. Те направило посилна личност.


    Не секој е спремен на тоа и не секој може да ги гледа работите низ таква призма, затоа сме сите различни нели? Јас не ја оправдувам мајката, но за жал ја разбирам. Детето е најсвето нешто, без поддршка на баба и дедо ( што е во и на Ивана ситуација), татко психопат, плус и нејзината психолошка ситуација е во аут! Но, немала право да го одземе детскиот живот и да, треба да се води како убиство. Но мал дел од мене, ја разбира.. за жал
     
    На tambelina, Spidy, No Makeup и 3 други им се допаѓа ова.
  18. ArabellaStarfall

    ArabellaStarfall Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2024
    Пораки:
    1.450
    Допаѓања:
    9.578
    Пол:
    Женски
    Мислам дека пресудно било тоа што Ивана немала поддршка. Да знаела дека вратата и е цел живот отклучена да се врати кај нејзините, да види дека нејзините постојано се со неа во полиција, целата приказна ќе имаше различен епилог.

    Ивана се чувствувала дека нема излез. Барем никој не и го покажал. Нешто што сметам дека е огромен услов кај овие лица.

    Баба, ако можам да ја наречам. Да слушне дека татково ја нарекува курва, сопствената 6 годишна внука и да молчи...Бабо, бабо... и на твоите раце има крв.

    Знаете што највеќе ме здоболе во приказнава. Не ударите, не зборовите. Туку понижувањето. За да не ја испрља колата, морала со тротинетот да се влече по него. Тој ја сметал за мивка. Тој не ја сакал. Тој ја мразел. А таа... само она си знаела, зошто...
    И ја разбирам зошто и детето го земала со неа. Колку и да ме боли да кажам, со таква баба и татко, не знам што живот би имала. Татко ти те нарекува курва и те тепа, баба ти за да не пукне срам ќе те остави да те газат.

    Грев.
     
    На Pixi5, arwen93, Ouravanture и 10 други им се допаѓа ова.
  19. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    6.335
    Допаѓања:
    27.839
    Пол:
    Женски
    Во државава браниме ќотек врз деца, имаме родители кои под објави за насилство пишуваат сама си го барала. Овие родители што дома имаат деца, ќерки и синови што им веруваат со цело срце, што не се свесни дека нивните родители при најмал проблем ќе им свртат грб да не зборат комшиите. И истиве отпадоци ќе јадат лајна за безусловна љубов, за децата они душата ќе ја дале. Ама пак ќе го удри оти паднало, ама пак ќе дига фама ако друг го удри оти кој смее неговата сопственост да ја допре.

    И после X години тоа дете, то ест ќерка ќе налета на некој морон, ни крива ни дужна, ќе рече мамо, тато помош. Ама не ќерко, не растурај фамилија, ама немој да ги потресуваш твоите, сакаш срце да ги фати, ајде таму ќе се смирите. И по некое време ти ја враќаат ќерката мртва. И плачеш. Зошто? Ајде зошто? Од жал. Јок. Можда од жал за себе што си бил морони. Ама дека си ја сакал, не. Никогаш.

    Не се само фамилијата соучесници.
    Сите што браните тепање деца. Сите што ќерките ви се помалку вредни од синот. Сите што браните отпадоци оти "толку знаеле". Сите што на млатени и малтретирани деца им велите "што знаеш па ти, дете си". Доста со лигавешките дека децата ви се сѐ кога не ви се.
    Да ве пцујам и колнам малку е.
    Свака част на РЕТКИ исклучоци. Оти стварно се ретки.
     
    Последна измена: 30 март 2026 во 21:05
    На la.malparida, Cutiepie123, butterfly_91 и 8 други им се допаѓа ова.
  20. Gosh

    Gosh Мразачка на луѓе

    Се зачлени на:
    10 октомври 2015
    Пораки:
    3.954
    Допаѓања:
    49.576
    Значи се земале само после два три месеци од запознавање оти останала трудна, знаела дека е криминалец и дека треба и затвор да лежи најверојатно за дилање, али ете мајка и завршила работа со врски да земе условна нели да се роди детето со татко дома, оти не постои родителки совет и абортус и два грама здрав разум.

    После две години и се јавува волов у два ноќе да дојде да си ја земе ќерката курва, која веќе ја истепал, па пак и го мавнал ќотекот на нејзини очи додека внука и се уште и била у раце.
    Али сеедно, госпоѓата има врски и да вработува робијаш у пожарна, додека ќерка и работи за минималец по бутици и се плаши да се разведе оти ќе и го земел детето...

    И сите знаеле детето што гледа дома, и баби и дедовци, и комшии и доктори и школо, и пријавувано било ете али полиција си седеле со прстот у гз.
    Оти? Оти кој знае на кого све дилал дрога што му чуваат грб, не гледате не се ни спомнува тоа, а сигурно и коа ќе се урокал не знаел кај мава уште повеќе. Од авион се гледа дека е џанак. Не тепаш жена испред суд само што сте излегле од рочиште без да ти чуе од чиста мира...Прикаски за мали деца...

    Па и тој дебил Мартин факин вработен и он у Пожарна, другар му кој ја собира Ивана со детето у два саат од автопати и мајка му се јавува кај мајка и на Ивана да каже дека ја тепа и да пријават у полиција, али кур не го боли да го спречи да ја дави и тепа на сред бел ден, па уште и го вози и го теши си замислувам со зборовите немој брату, остај ја греота е , смири се, ајде добар чоек си, веруем у тебе не си ставај грев на душа бла бла бла додека си седи со прстот у гз и е активен соучесник...

    Нејсе, ни еден нормален нема у причава, у државава, у институцииве...Греота само за девојчето...
     
    На silentbob, lovestoneddd, Pixi5 и 24 други им се допаѓа ова.