1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Мајка и ќерка загинаа по пад од зграда во Карпош

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Sofi.ja, 2 март 2026.

  1. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    14.235
    Допаѓања:
    83.681
    Пол:
    Женски
    Не е ова такво убиство на дете. Овде не е Ивана убиецот.
     
  2. Anaroz1

    Anaroz1 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2021
    Пораки:
    3.118
    Допаѓања:
    7.148
    Извини, ама не се сложувам со тебе, детето буквално е убиено, дирекно и индиректно од страна на двајцата родители и мислам дека не треба да ја романтизираме овде ситуацијата
     
    На Gosh, Sofi.ja, Amellie13 и 6 други им се допаѓа ова.
  3. truffles

    truffles Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2017
    Пораки:
    384
    Допаѓања:
    541
    Пол:
    Женски
    Баш Ивана Е убиецот.
    Тоа што ради популизам поднесуваат обвинение против мажот и' наркоман само кажува колку е просто општеството и нестручни обвинителите. Ниту помагање ниту наведување има тука. Не смее популизмот да влијае врз судиите и обвинителите. Ама ова е лажна држава тука се носат у штабот на ВМРО/сдс судските одлуки така да ништо чудно и да го осудат
     
    На Misskirova му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Anaroz1

    Anaroz1 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2021
    Пораки:
    3.118
    Допаѓања:
    7.148
    За сите три дела е и повеќе од основано обвинението.
     
  5. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    14.235
    Допаѓања:
    83.681
    Пол:
    Женски
    Да не се најдете во ситуација смртта да ја гледате како единствен спас. Од удобноста на вашиот живот судете колку сакате, само жртвите (жртви, а не убијци!) знаат како им било и што поминале за да дојдат до таква крајна точка.
     
    На Hoping, AlmaOculta, butterfly_91 и 5 други им се допаѓа ова.
  6. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    22.077
    Допаѓања:
    203.670
    Не бе, не треба да го осудат, другар му го терал да ја тепа, и со детето на автопат да ги остави по полноќ, и по скали во болница да ја турне, и двете дрољи да ги вика, не е он ништо крив.
     
    На Gosh, AlmaOculta, boo3 и 13 други им се допаѓа ова.
  7. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    9.312
    Допаѓања:
    42.511
    Пол:
    Женски
    Стојанче ти ли си?
     
    На MiloMalo, azelea и Anaroz1 им се допаѓа ова.
  8. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    8.327
    Допаѓања:
    44.890
    Пол:
    Женски
    Ако си тотално неедуцирана како можеш некого да наевдеш на самоубиство, оди укуцај на гугл место да се срамиш тука со изјавиве.
     
    На Gosh, azelea и FriendOfDorothy им се допаѓа ова.
  9. LiquidLuna

    LiquidLuna Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 август 2021
    Пораки:
    7.333
    Допаѓања:
    40.696
    Пол:
    Женски
    Ивана Е убиецот, ама Ивана е и индиректно убиена.
    И сега сакаш да кажеш дека наркоманов ќе го судат само оти е наркоман, а не оти е крив?

    Пошо на Ивана така и текнало знаеш, станала сабајле и си рекла ај ќе се џитнам бе шо
    Лажна била државата? Па да беше вистинска немаше 39 полицајци да потфрлат и барем Катја ќе останеше жива.

    Иначе
    https://infomax.mk/внатрешна-контро...mZrh1MhUwFmrrnrdOy_aem_uQ5sN3ZK24soINlz9iPO9g
     
    На Biljarkata му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Iva:)

    Iva:) Популарен член

    Се зачлени на:
    9 април 2016
    Пораки:
    1.738
    Допаѓања:
    4.784
    Пол:
    Женски
    Швалерката. Еднаш ја банираа од темава и форумов, сега може коментира од стар профил на некој познат.
     
    На forumce, LiquidLuna и nena2010 им се допаѓа ова.
  11. ArabellaStarfall

    ArabellaStarfall Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2024
    Пораки:
    1.451
    Допаѓања:
    9.597
    Пол:
    Женски
    Стојанче место да негира вина, подобро е за него да не излезе од затвор. Таму е со своите. Не знам која е таа жена после што би била со него, каков е тој пријател што би се дружел, какво е тоа семејство што би му простило.
     
    На Трагедијаупмм и FriendOfDorothy им се допаѓа ова.
  12. Anaroz1

    Anaroz1 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2021
    Пораки:
    3.118
    Допаѓања:
    7.148
    Не, не можам да ја разберам Ивана, не сум била во нејзина ситуација, фала богу повеќето не сме биле и никој никогаш да не биде. Не знам што се поминала за да се фрли со детето, очигледно била во многу лоша состојба, но сепак нешто во мене не ми дава да ја оправдувам затоа што сум била во друга ситуација. Срцево ми се кине затоа што знам дека Катја имала шанса да живее и колку и да изгледа незамисливо, да изгради нормален живот за себе.

    Постојано потенцирам дека ми е жал за детето, затоа што од двајцата родители, поширокото семејство и институциите, сите на куп се криви и на детето му е одземена шансата да живее и едноставно за детето ми е најмногу жал, непрашано дојдено на овој свет, ни криво ни должно во тој краток живот што се видела и на крај на таков лош начин да и заврши животот, затоа реков да не ја романтизираме ситуацијата-мајката го спасила детето и го фрлила од тераса :drunk:

    Кога бев дете и самата сум се најдов во ситуација во која мислев дека сум без излез и дека немам за што да живеам. Сега сум возрасна личност, за жал секојдневно читаме секакви хроники, па сфаќаш дека и од лошото секогаш има полошо и не, моето не било најлошото. Јас не бев директна жртва, но бев колатерална штета, немав удобен живот, имав многу тешко детство и самата сум дете што ги има изгубено родителите на 10 години во семејна трагедија, не сакам да навлагам во детали затоа што не се воопшто пријатни, само можам да кажам дека ниеден ден од моето детство не беше нормален, тоа беше пред повеќе од 20 години, фала му на бога што сум издржала се и не сум се фрлила некаде, а ми доаѓало многу пати, затоа што некој планирал убави работи за мене, успеав и да се школувам и да завршам факултет и да магистрирам, се омажив, имам прекрасен сопруг, кариерно сум остварена и имам две здрави прави деца, имам за што да живеам, во ситуација каде што сите мислеа дека ќе се шекнам и не очекуваа многу од мене. Не ми беше лесно да ја оставам трагедијата што се влечеше по мене цел живот и никогаш не ја оставив, секогаш е тука некаде во позадина, кога ќе ти се случи трагедија од такви размери, и на убавите работи и не знаеш да се радуваш, но еве сакам од личен пример да кажам дека секогаш има надеж за подобро утре.
     
    На IRBBB, azelea, Gosh и 3 други им се допаѓа ова.
  13. Avery

    Avery Популарен член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2014
    Пораки:
    2.820
    Допаѓања:
    14.766
    Пол:
    Женски
    Верувај дека многу жени би биле.
    Има феномен наречен hybristophilia (привлечност кон луѓе кои извршиле злосторства). Затоа има сериски убијци кои добиваат стотици писма од обожавателки, еден се има и оженето во затвор (а мислам дека има убивано исклучиво жени). И ваквите случаи се најчесто склоп на неколку фактори како: јас ќе го променам, за мене ќе се промени, возбудливо е поради тоа што е опасен, со сите е лош- со мене е добар, историја со токсични врски, токсични фамилијарни врски и тн. и тн... А да не зборувам дека насилниците најчесто имаат насрцисоидно пореметување и одлични манипултивни скилсови и сл.
     
    На Gosh му/ѝ се допаѓа ова.
  14. boo3

    boo3 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јули 2015
    Пораки:
    1.695
    Допаѓања:
    6.486
    Пол:
    Женски
    Само е малку нервозен и имал тешко детство, инаку е добар човек.

    39 полицајци не постапиле правилно во низата случаи. Што вели министерот, се е под контрола?!
     
    На LiquidLuna и Biljarkata им се допаѓа ова.
  15. AlmaOculta

    AlmaOculta Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2026
    Пораки:
    195
    Допаѓања:
    590
    Пол:
    Женски
    Но тоа си ти. Тоа што го имаш поминато те има изградено како личност во која си денес. И баш ми е жал што имаш поминато низ тоа. Но не сме сите исти. Тоа не значи дека и Катја да останеше жива можеби ќе го издржеше тоа и никогаш нема да дознаеме. Не ја правдам Ивана, но тоа била нејзина одлука што сметала дека нема да го остави детето на психопатов. Читате ли бе луѓе? Читате ли што им правел? Неа колку ја тепал? Па не можам да замислам колку ќе ја тепал Катја во тинејџерски денови и каква личност она ќе станела после тоа.
    Пак ќе повторам, не е решение да го убиеш детето со себе, но покрај се што поминала можам да ја разберам.
    А многу добро знаеме колку ќе се замараше државава околу смртта на Ивана и кому ќе го доделеше детево. Овде цела фамилија се луди.


    Во моментов единствено што можеме е да извлечеме поука од ова што се случи. Џабе се враќаме зошто Ивана направила, што ќе се променело и слично. Веќе се случи. Можеме да си ги едуцираме децата никогаш да не трпат насилство, да ги научиме на нежност и емпатија, да научиме дека не се тепа женско ниту машко, да ги научиме на почит и разбирање. И нормално, ние како сегашни и идни родители да останеме секогаш поддршка на нашите деца а не да тргаме глава кога ги гледаме во слична ситуација
     
  16. Anaroz1

    Anaroz1 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2021
    Пораки:
    3.118
    Допаѓања:
    7.148
    Во право си, ништо не можеме да промениме сега. Читам и колку повеќе читам како излегуваат детали желудникот ми се стега.
    Не знам едноставно си викам јас да бев веќе доведена во таква ситуација него ќе му пресудев, ќе ми беше приоритет детето од него да го спасам, ама не на таков начин.
     
    На AlmaOculta му/ѝ се допаѓа ова.
  17. AlmaOculta

    AlmaOculta Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2026
    Пораки:
    195
    Допаѓања:
    590
    Пол:
    Женски
    Да, и мене. Прилично ме потресе веста уште кога се случи, ме потресе и вчерашното судење. 100 пати мислам дека размислив на каков начин би постапила, 1000 пати ја осудив мајката на Ивана, на психопатов се најлошо му посакав но џабе. Нема назад за жал. Мораме да внимаваме на сите што се околу нас.
    Да внимаваме на нашите колеги, пријатели, познаници. Јас почнав и да се прашувам, па уште колку луѓе го поминуваат истово без да знаеме. Со колку луѓе се разминуваме на дневно ниво што поминуваат слична ситуација? Убаво имаше пишано една членка претходно, МК стана темпирана бомба, не се знае каде и кога ќе пукне. Само насилство насекаде. Немам зборови…