Мајка и ќерка загинаа по пад од зграда во Карпош

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Sofi.ja, 2 март 2026.

  1. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    21.275
    Допаѓања:
    278.309
    Ивана не размислувала рационално.

    Не знам како е толку тешко тоа да се сфати, не е оправдување, не е поддршка, не е воспевање на актот.

    Ако нешто треба да се сфати од нејзината постапка во тој момент е да сфатиме ние дека да, може да бидеме на нејзино место, дека мора да сме внимателни и дека мора да се тргаме од насилници, макар не биле насилни кон нас, туку кон други, макар не нè yдираат нас, туку маса, ѕид, телефон, макар се вербално агресивни... не можеме никого да поправиме, не можеме никого да излечиме со љубов и грам љубомора не е нормална, не е нормално некој да нè контролира.
    Макар имале деца со нив, макар ни се заканувале, не смееме да остануваме во такви врски.

    Никој од нас не беше со неа во станот, ама од тоа што го знаеме, апсолутно не мислам дека била способна рационално да расудува во моментот што прави.

    Таа да преживееше ќе и' се судеше за убиство, што веројатно ќе завршеше како убиство во афект, ќе беше пратена на лечење итн, а дибеков еднакво ќе беше виновен.
     
    На tambelina, Amelia, LejlaD и 5 други им се допаѓа ова.
  2. Mucika

    Mucika Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    3.234
    Допаѓања:
    5.244
    Мислам дека стварно не ја сфаќате сериозна работава, таа што јас пробувам да ја објаснам. Мене си ме цитирала, а ми се обраќаш со девојки, како да застапувам група членки на форумов. Не знаеш што знам јас или другите, за анксиозност, птсд, физичко насилство, самоубиства и сл. Не се понашам јас никако како и било на нејзе, а не ни коментирам за тоа, само она си знае како и било, па ни таа што поминува низ слично не може да знае како и било. Воопшто не спорам дека тој бил лудак, ниту нејзината состојба и расудување. И пак прочитај што имам пишано, пошто јас не знам како да го нацртам ова за да ти објаснам, ако не ти е јасно прашај ме пак, ќе пробам со други зборови да објаснам. Споделувањето на тоа дека ја разбирате постапката и дека тоа им било спас, дава решение на некој во слична ситуација - а не е!
     
  3. Gosh

    Gosh Мразачка на луѓе

    Се зачлени на:
    10 октомври 2015
    Пораки:
    3.960
    Допаѓања:
    49.685
    Ова го применувате само оти останала со него и си го утепала детето, а не спомнувате дека она уствари никогаш не постапувала рационално... Искрено, се осеќам ко за детето да не му чуе на народот, освен нели за жената која сама си ставила трн у здрава нога.

    Се земала со криминалец и потенцијален робијаш после два месеци, само оти останала трудна, сигурно она и рекла на мајка и да фаќаат врски, му го препишала станот, увек се враќала дома, му го оставала детето во надлежност после карање на улица и обид за убиство во болница, и плус се тепала со швалерката на сред бел ден со детето за рака.

    Швалерката ја плукате, а Ивана ја правдате оти е мртва. А истите се, можда и таа има трауми што мужена се бафта со криминалец со жена и дете па и си ги возат децата у кола на сред бел ден без да им чуе.

    Сега кога Ивана ја нема, секој може да каже што сака, исто ко што и мајка и си ја ишка мувата од капата, или па тој сведокот од прва рака другар му се праи демек му било жал за Ивана и демек он ургирал кај волов само да не видиме дека уставри он лично и персонално е соучесник во семејно насилство, киднапирање, обид за убиство, прикривање и потенцијално двојно убиство.

    Исто може и Ивана да ја праиме светица, иако доказите велат спротивно. Мене никој не може да ме убеди дека мислела на детето кога го убила, оти да мислела на него никогаш прво не би го родила, и да не редам по ред секоја постапка потоа. Да мислела на детето, ќе барала помош, ќе го убиела копилето а немало да дозволи да претрпува детето сите овие срања.

    Само оти е мајка, не ја прави добра мајка а уште помалку подобна да има дете. Конкретно во овој случај, каде што реално има излез, да била нормална немало да го утепа девојчето само оти она не е способна да го остави мужот. Плукајте колку сакате сега. Ова е мојот став освен ако не се докаже дека он лично ги бутнал. Енде.

    А, и вие што викате демек за детето немало друг избор се спасило од таткото, гледајте и од другата страна, се спасило и од неа. Или така не ви чини...
     
    Последна измена: 1 април 2026 во 11:12
    На Sofia*, Frida-, fana и 16 други им се допаѓа ова.
  4. stetoskop

    stetoskop Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    5.643
    Допаѓања:
    176.332
    Сите можеме да растрзаме жвакаќи овде до 101 и назад...џабе,нема да ги вратиме.
    У целата таа прича,мене ме занима таа мајка и тој брат на починатата ,у кој подрум биле затворени додека она минувала пекол?
    Да се плукнам и на братот и на мајката ,подобро да ги немала ич,барем ќе знаела дека е сама на свет и немала да очекува никаков грб од нив.Богзна и они колку и го переле мозокот дека е до неа,не до него.
    Нивното посматрање од страна,само го осоколило дебилот уште појако да удри.
     
    На Amelia, TamaraSJ, mKdevojce и 14 други им се допаѓа ова.
  5. Misskirova

    Misskirova Популарен член

    Се зачлени на:
    25 октомври 2018
    Пораки:
    3.916
    Допаѓања:
    9.785
    Пол:
    Женски
    Каков циркус.
    Се дружеле 4 цата.
    Па СТОЈАНЧЕ се спанџал со девојката на Мартин.
    Па после тоа Мартин со ИВАНА.

    Немам коментар....
    Имам уствари - ТЕШКО НА ДЕТЕТО.
    Само детето е за жалење у целиов циркус на дисфункционално семејство .
     
    На Gosh, butterfly6223, lala15 и 15 други им се допаѓа ова.
  6. Anaroz1

    Anaroz1 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2021
    Пораки:
    3.151
    Допаѓања:
    7.256
    Тоа сега ќе пишував, Ивана во моментот сигурно не размислувала рационално, тоа што пробуваме ние да ви кажеме е дека Ивана не размислувала рационално уназад 7 години, па затоа се довела до таа ситуација, мада пак ќе речам, ако до толку била во ситуација во која што неспорно била, тепана и малтретирана постојано требало да земе него да му пресуди.
     
    На mKdevojce и ForeverYoung им се допаѓа ова.
  7. ForeverYoung

    ForeverYoung Популарен член

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    737
    Допаѓања:
    2.122
    Ама те разбирам што сакаш да кажеш, само не разбирам зошто на темава упорно има мислења кои звучат како оправдување за нејзините постапки, и дека не знаеме детето каков живот ке имало после тоа па разбирливо било што размислувала да го убие и него. Еве последното мислење што го прочитав беше и да остане живо детето било лошо и тоа што го убила било лошо? WTF?
    Блазе си ви на вас што сте израснале во "здрава" средина, ама голем број верувам дека не израснале и да викаш дека е разбирливо мајките да ги убијат стварно ми е језиво.
    И друго, од кај знаете дека мајка и на Ивана била во состојба за рационално размислување? Кога размислуваме од психолошки аспект, од кај знаете вие што преживеала таа жена па сите и се нафрливте? Верувам дека сега и она ако се фрли од тераса одма ке се смени муабетот, па ќе има претпоставки и разбирање и за неа.
    Можам да разберам дека сите имаме последици од детството, растење во нефункционални семејства кога сме биле беспомошни ама како возрасни имаме избор и одговорност, особено кога сме решиле и ние да станеме родители. А Ивана направила многу погрешни избори за жал.
    И скроз се согласувам со делот од твоето мислење дека не смее да се толерира насилно однесување од партнерот и заклучокот од трагедијава треба да биде токму тоа, а не упорно да вергламе дека жените што немаат подршка од фамилијата разбирливо е да остануваат во такви бракови и да си ги убиваат децата.
    Иако пак ке кажам, Ивана ја имала куќата од нејзините на располагање, голем дел од жените ни таа подршка ја немаат.
     
    На zuto му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    22.138
    Допаѓања:
    204.198
    Никој не ја прави светица, дефинираме жртва.
    Како ,,му го оставала детето во надлежност,,? Она во несвест, му го оставила детето замисли. Цср -штурци.
    Секако не постапувала рационално никогаш, од моментот кога го запознала. Пошто била жртва на манипулација. И со тоа и зошто му го препишала станот (ако воопшто точно), и зошто се враќала, и се по ред. Јас и ти може да збориме што сакаме, дека ќе му удрам клоци, дека ќе го убијам копилето, ама јас и ти не сме жртви, имаме чувство на контрола врз животот и ситуациите. Ете таа перспектива ти фали за да разбереш што збориме.
     
    На tambelina, Gosh, eliesaab и 12 други им се допаѓа ова.
  9. Amellie13

    Amellie13 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    4.694
    Допаѓања:
    62.225
    Пол:
    Женски
    Како тоа немало друг избор детето? ДЕТЕ е, цел живот бил пред него. Во нормална држава изборот ќе беше таа да биде далеку од двајцата, кои биле очигледно нестабилни. Но буквално никој возрасен околу очигледно не мислел на неа. Ниту семејството, ниту надлежните. Сега живите нека ја носат на душа. Не можам никого да правдам кога ќе размислам подобро. Прежално, душиче златно ни криво ни должно, само родено на погрешно место.
     
    На Amelia., christinnn, PaLaVa и 7 други им се допаѓа ова.
  10. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    21.275
    Допаѓања:
    278.309
    Знаеш каде се губиш?

    Каде што независно колку трауми имаме, не постоиме постојано во афект. Така што Стојанче точно дека неговите трауми влијаеле да стане тоа што е, меѓутоа апсолутно бил свесен што прави, никој не е во афект 7 години.

    Однесувањето на Ивана е афективно, не е константа, момент во времето е каде што не била свесна и рационална.

    Да, мајки убиваат деца кога страдаат од психички болести, кога се непресметливи, кога сметаат дека е тоа единствен излез што на нашиот рационален ум му кажува дека не е рационално и не е исправно, ама не сме ние во афект, или психоза итн.
    Не можеш да осудиш човек што не е пресметлив, Ивана во тој даден момент во времето не била пресметлива едноставно.
     
    На mal.ecka, lala15, LejlaD и 2 други им се допаѓа ова.
  11. simona_baby

    simona_baby Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2017
    Пораки:
    3.752
    Допаѓања:
    18.096
    Пол:
    Женски
    Кај виде дека се спанџал со Ивана?
    https://www.facebook.com/share/p/1Ee6A4kV2p/
     
  12. Intergalactic

    Intergalactic Активен член

    Се зачлени на:
    4 март 2026
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    25
    Treba da sfatite deka zrtvata ne e sekogas dobra licnost postoi zrtva narcis koja e pokvarena osoba u srz, od strana izgleda da ja sozaluvas a prema postapkite se gleda deka za toj psiholoski profil se raboti. Deteto e zrtvata, familija nemalo a ni sistem da go spasi.
     
  13. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    21.275
    Допаѓања:
    278.309
    Де Гош, да не се повторувам. И други имам, да не ги цитирам сите.
     
  14. Misskirova

    Misskirova Популарен член

    Се зачлени на:
    25 октомври 2018
    Пораки:
    3.916
    Допаѓања:
    9.785
    Пол:
    Женски

    Прикачени фајлови:

    На simona_baby му/ѝ се допаѓа ова.
  15. simona_baby

    simona_baby Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2017
    Пораки:
    3.752
    Допаѓања:
    18.096
    Пол:
    Женски
  16. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    14.237
    Допаѓања:
    83.705
    Пол:
    Женски
    Никој не оправда.
    Да, разбирливо е дека не размислувала рационално, дека психата и била пореметена од се што трпела со години. Јас и ти знаеме што би направиле во ситуација некој да се покаже како насилник, таа поинаку постапила. Не оправдуваме.
    Уствари не знам што се објаснувам, ко да не пишувам на македонски па не се разбираме.
     
    На Biljarkata му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    8.336
    Допаѓања:
    44.970
    Пол:
    Женски
    IMG_2808.jpeg
    Кога се збори дека мажите не прават доволно и дека феминизмот е премногу благ, еве ова е совршен пример.

    Како тоа ја тепал пред него и он му "сугерирал" да престане? Лол, ко да се работи за совет да прекине да гејма.
    И се скарале, ама не, не пошто му светнало дека Стојанче е насилно говедо, туку пошто девојка му на Мартин го изварала со Стојанче. Мажите ќе замижат пред насилство, ама не замижуваат кога им е повредено егото.

    После ја земал Ивана од автопат, да, bare minimum пошто жената била сред ноќ сама. Катастрофа.
     
    На tambelina, Gosh, jEwElRy и 13 други им се допаѓа ова.
  18. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    21.275
    Допаѓања:
    278.309
    Океј, фамилијарно тепаат швалери и швалерки.
    Не знам од кој агол гледано, нема овде еден свесен и рационален и искрено, здрав.
     
    На Medea., Gosh, eliesaab и 5 други им се допаѓа ова.
  19. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    21.275
    Допаѓања:
    278.309
    Не знаете додека не се соочите, никој од нас не знае.
    Сите мислиме дека ќе се браниме, ама податоците, статистиката кажуваат нешто сосема различно.
    Не дај Боже на никоја да и' се случи, меѓутоа, ако веќе ни се случи и не сме способни да се одбраниме и нашето тело не реагира како што ние би сакале, важно е да знаеме дека не сме виновни што не сме се бранеле. Реална и вистинска реакција е да не направиме ништо во таква ситуација, не сме виновни што не возвраќаме со агресија кон агресорот.
     
    На PaLaVa, LejlaD, Трагедијаупмм и 2 други им се допаѓа ова.
  20. simona_baby

    simona_baby Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2017
    Пораки:
    3.752
    Допаѓања:
    18.096
    Пол:
    Женски
    Она почнала со Мартин откако поднела документи за развод, и биле заедно. Како доаѓа до тоа она да се врати во станот и дента да ја тепа пред Мартин, он да не изреагира а притоа биле веќе во врска. Дали тука има некој нормален?!
     
    На tambelina, Gosh, eliesaab и 12 други им се допаѓа ова.