1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Мајка и ќерка загинаа по пад од зграда во Карпош

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Sofi.ja, 2 март 2026.

  1. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.688
    Допаѓања:
    26.370
    Аха, океј, јас тоа не го прочитав/сфатив, мислев дека Ивана заедно со Катја отткако одреден период живеела кај бабата, се вратила таму. Значи сепак Ивана се вратила во станот за да биде со Катја? Тогаш зошто сите се чудат зошто се вратила?
     
  2. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.930
    Допаѓања:
    265.554
    Апсолутно требало да ја вклучат во психолошка помош. Тоа секако, ама гледај они не направиле ништо за детето, не пак за нејзе.
    Вината овде е во непостапување на институциите, полицијата за почеток не си ја вршела работата, па потоа ЦСР. Јавноста гледам ја линчува бабата и братот оти не ја заштителе, а требало тоа институциите како прво да го сторат.


    Она немала здрава околина околу нејзе. Маж, љубовник. Што и требал другар и на маж и, еве кажи ми? Што и требало да се снима? Не е да ја осудувам, туку она со таков партнер мора прво да расчисти, па после да тера друг.
    Само повеќе закомплицирала. Не знам како не гледате дека од г*мно во г*мно одела.
    Што да кажам, само знам дека во целиот случај, детето најмногу страдало и ете на крај не му дозволија ни да живее.
     
    На baby-star, Gosh, Amelia и 12 други им се допаѓа ова.
  3. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.930
    Допаѓања:
    265.554
    Јоци ич не ја сакам, ама до точка кажала се што сакам да кажам и тоа единствената вистина во случајот. Цитирам:
    “ Може кој сака да сведочи, да кажува како помагал или не знам што, а и да лее крокодилски солзи во судница, ништо нема од тоа тежина во однос на тоа дека стотици луѓе не спречиле да биде свирепо убиено 6-годишно дете. Со години.
    Замислете со каков страв во очи загина тоа тажно, измалтретирано и психичко убиено дете, во тие последни секунди?
    Прво го убивале со години психички, а потоа и физички. Немала никаков избор.
    И сите само гледале и кревале раменици.

    Останува горчливата вистина дека најневината и веројатно #единствената #жртва е 6-годишната #КАТЈА, која со години раскажувала за теророт кој го гледала и кој го живеела секој ден од двајцата свои родители, а - никој не ја спасил! Барала помош.
    Никој не и` подал рака, не ја заштитил токму од нејзините родители.
    Никој не сакал да се жртвува, да си подметне свој грб за неа.

    Родителите пак влегле одамна во пеколен круг, во лавиринт без излез, биле осудени на пропаст, пет пати се разведувале па као се ,,миреле", си се одмаздувале со години меѓусебно и притоа завршувале по билтени на МВР.

    И ако некој се најде паметен да ми соли памет околу меѓусебното завршување по билтени - за тоа си постои официјален запис. И ми е проверено.

    Сите вртеле глава за да не се мешаат во пеколниот однос на родителите.

    Впрочем и самите полицајци кои доаѓале на повик, велеле - ,,решете меѓу себе".
    Чунки они работат во МВР за да јадат крофни и да шетаат со рацете в џеб.

    Во моментов нема кој директно да одговара за убиството на Катја, но индиректно низата е следна.
    Не го спасиле тоа сирото дете куп луѓе кои знаеле и биле информирани за екстремно насилство - 39 полицајци, веројатно уште 30 социјални работници, уште 50 блиски роднини, баби, дедовци, разни браќа/сестри , колеги на мајка/татко, нивни пријатели, соседи, случајни минувачи....”
     
    На ideniki1, Amelia, christinnn и 10 други им се допаѓа ова.
  4. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.513
    Допаѓања:
    69.268
    Пол:
    Женски
    Ова ја става Ивана на исто рамниште со психопатот. Ама, она не е жива, он е жив, и ќе си биде, ќе си одлежи некоја година, ако биде и толку, ќе излезе пак да си дила и да малтретира луѓе.
    За грев ми се ваквите текстови.
    Еве еден цитат од линкот поназад.

    ..„.Особено не тогаш кога однапред е јасно дека одредена информација ќе го сврти фокусот кон жртвата наместо кон суштината: семејното насилство, институционалните пропусти и неуспехот на заштитните механизми.

    Одеднаш, наместо да се прашуваме што направиле или не направиле институциите, јавноста почнува да прашува каква била мајката Ивана, што правела, со кого била, дали „имало причина“ за тепањето. Сериозно?


    Во обид оваа трагедија, од која здивот застанува, некако да ја направиме поподнослива за себе, почнуваме да копаме по нивните животи, во потрага по олеснување на сопствената совест.

    Секој детаљ го третираме како важен: секоја изјава, секое сведоштво, секој интимен фрагмент од нивните животи. Се лажеме дека така изразуваме сочувство, а всушност ѝ овозможуваме на јавноста да склопи пресуда што ќе ѝ помогне да воспостави дистанца и полесно да заборави. Како што ги заборави и сите претходни жртви на фемицид.“
     
    На eliesaab, jEwElRy, Mumoftwo30 и 10 други им се допаѓа ова.
  5. kolovoz

    kolovoz Популарен член

    Се зачлени на:
    9 мај 2011
    Пораки:
    1.714
    Допаѓања:
    6.437
    Мене не ми е јасно зошто ЦСР дозволиле таткото да ја зема без надзор. Ако некој има неколку пријави за малтретирање би било логично да може да го гледа детето само во присуство на друг возрасен.
    Друго ако некој има пријава за насилство како може да работи како пожарникар. Па нели за да се вработиш во тие институции треба да имаш чисто досие?
     
    На PaLaVa, Chantal и tambelina им се допаѓа ова.
  6. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    7.271
    Допаѓања:
    38.689
    Пол:
    Женски
    Се супер, ама реторикава на оваа води кон тоа да Ивана се изедначи во „малтретирањето„ на девојчето со монструмов! А, не е така!!! Заборавате дека била жртва?! И двете! Агресорот во ситуацијава (тука не зборувам за фрлањето од балконот, туку за предходните настани) бил само монструмов. Да не забегуваме со анализа на приватниот живот на Ивана, на нејзините одлуки, зошто и како се зближила со Мартин итн... тоа апсолутно не е релевантно во ситуацијава и кога фокусот се става на вакви петпарачки наслови, се губи целата поента и главна слика од трагедијава.
     
    На eliesaab, Mumoftwo30, Annath и 10 други им се допаѓа ова.
  7. Anaroz1

    Anaroz1 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2021
    Пораки:
    3.163
    Допаѓања:
    7.297
    Јоци е 200 посто во право, тоа го дрндам од почетокот тука, детето е единствена жртва и двајцата родители се криви пред се, па институциите сите, па поширокото семејство, сите бе сите се криви.

    Не го фрлила она во афект детето, од сведочењето произлегува - Ивана инсистирала да ја земат Катја од школо, Ивана звонела на камера кај Стојанче и се заканувала, ова не е направено во афект.
     
    На Gosh, ideniki1, christinnn и 6 други им се допаѓа ова.
  8. kolovoz

    kolovoz Популарен член

    Се зачлени на:
    9 мај 2011
    Пораки:
    1.714
    Допаѓања:
    6.437
    Секогаш се навлегува во вакви детали за да се оправда насилството врз жената. Тоа е тој испран мозок на балканот каде ако мажот има љубовница жената треба да ќути или да си замине. А тој е јак тип што вртел две. Ама ако жената има љубовник автоматски треба да е тепана, силувана, мачена, следена .. Никогаш да не биде оставена на мира, дури ни по разводот. Затоа што таа тоа си го барала, кој ја терал да се мота со двајца.
    И уште потрагично кога ќе помислиш дека само мажи може да размислуваат вака, сфаќаш дека има еден куп, жени, мајки кои го оправдуваат горново.
     
    На eliesaab, Annath, PaLaVa и 7 други им се допаѓа ова.
  9. Intergalactic

    Intergalactic Активен член

    Се зачлени на:
    4 март 2026
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    27
    Треба да се знае дека постојат жени психопатки, кои не значи дека и самите не се жртви а тоа што се жртви не значи дека не се и убици. И немојте пак со тоа нема совршена жртва, овде за убиство на дете се работи.
     
    На Miss666, PaLaVa, edenandrej и 3 други им се допаѓа ова.
  10. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.930
    Допаѓања:
    265.554
    Ана, ја малтертирала, со тоа што не ја заштитила и не ја отстранила од таму.
    Свесно или несвесно и она ја малтертирала.
    Вас не ви чини сега да читате дека и Ивана е виновна, дека психички и те како ја малтертирала, пред се оставајќи ја во таква средина.
    На крај ја и убива.

    @RainBow да не се повторувам, секој детаљ е и битен за да се разбере случајот. Една изјава може да смени многу. А зошто? За да се превземе кончено нешто околу тоа.
    Немаме ќар ако само зборуваме дека Ивана е жртвата и не можела ништо да стори. Не можеме да сме тивки пред нејзините постапки, оти ете тие повеќе и ја влошувале ситиацијата. И сето тоа пред очите на детето.
    Детето, со тоа што е сведок на насилствата, е жртва. Не мора да биде и она тепана.
    А жртва е и на мајката и на таткото.
     
    На nextredstyle, Gosh, ideniki1 и 11 други им се допаѓа ова.
  11. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    22.138
    Допаѓања:
    204.218
    Леле, не знам. Мислам нигде не е јасно напишано зошто и како се вратила. Вртев назад по темава, не можам да го најдам конкретниот линк, еве некое резиме https://360stepeni.mk/gledav-modrin...ashe-deka-stojanche-jovanovski-ja-maltretira/
    Значи.. од кога девојчево има 2 години, според кажувањето на бабата - почнало насилството, со полициски интервенции и фамозното,,смирете се, се ќе биде во ред,, . Значи од август 2021, 4+ години.
    Она живее кај нејзините од Август 2025 (кога ги исфрлил на автопат) до 19ти декември. Зошто се враќа кај него, појма немам. Од истиот 19ти декември има полициски записник, за пази ,,нарушување јавен ред и мир,,- ја тепал сопругата. Овој записник стигнал во цср дури во февруари 2026. https://www.slobodenpecat.mk/majkat...d-1-mesec-e-prijaveno-deka-soprugot-ja-tepal/
    Значи не можам да решам, дали се повеќе глупи или повеќе неспособни, абе ќе пукнам.
    4 + години насилство, оно реметеле јавен ред и мир, не друго:@
     
    Последна измена: 2 април 2026 во 12:01
    На tambelina и MissChievous им се допаѓа ова.
  12. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.513
    Допаѓања:
    69.268
    Пол:
    Женски
    Имаме ќар ако зборуваме како институциите не направиле ништо. Фактот е дека Ивана била тепана седум години. И да ја ставиме на исто рамниште ко психопатот? Што со тоа ќе добиеме? Ако сте тепани сте психопати и вие самите?
    Единственото нешто што може и мора да се промени е работата на институциите, се друго е само врева во случајот што ја заглушува важноста на тоа, ништо друго.
    Ко ова на пример. Што дека го кажа ова, што менува ова во случајов каде што социјалното го оставило овде детето? Каде што полицијата можела да направи нешто, а не направила, што?
    Ништо, врева само, дефокус, ништо повеќе.
     
    На Panda00, butterfly6223, eliesaab и 12 други им се допаѓа ова.
  13. Mr.Limonko

    Mr.Limonko Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2025
    Пораки:
    1.036
    Допаѓања:
    4.462
    Пол:
    Машки
    И да била психопатка, наркоманка, психички нестабилна и да го изневерувала сопругот не заслужува да биде тепана.. Не знам како на крајот таа виновна испаѓа..
     
    На Panda00, eliesaab, Mumoftwo30 и 7 други им се допаѓа ова.
  14. Intergalactic

    Intergalactic Активен член

    Се зачлени на:
    4 март 2026
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    27
    (facepalm)
     
    На Gosh му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    22.138
    Допаѓања:
    204.218
    Е така. На кајгана ќе одиме и ќе вадиме муабети, пошто жената увек мора да биде крива. Крива што јадела ќотек, ваљда била зависна од ќотек, лудача.
    Од сето паламудење на разни Јоциња, се согласувам само дека полицајците постојат за крофни да јадат. Од 2021.
     
    На Panda00, butterfly6223, kolovoz и 7 други им се допаѓа ова.
  16. Intergalactic

    Intergalactic Активен член

    Се зачлени на:
    4 март 2026
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    27
    Да точно пак е се до институциите али треба да се едуцира народов за идни случаи дека детето у ваква ситуација не е безбедно кај мајката.
     
  17. Mr.Limonko

    Mr.Limonko Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2025
    Пораки:
    1.036
    Допаѓања:
    4.462
    Пол:
    Машки
    А кај таткото безбедно било?
     
    На MeowMeow, Panda00, jEwElRy и 2 други им се допаѓа ова.
  18. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.513
    Допаѓања:
    69.268
    Пол:
    Женски
    Што има народот да се едуцира? Народот ли ќе го земе детето? Народот треба да притисне институциите да си ја работат работата за да не дојде до овде, народот треба да зборува и зборува колку се институциите неспособни, колку не ги боли уво за ништо.
     
    На MeowMeow, Panda00, eliesaab и 8 други им се допаѓа ова.
  19. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    22.138
    Допаѓања:
    204.218
    Да, народ треба да се едуцира, народ после ќе се самоорганизира и ќе зема деца. Институциите се за крофни да јадат.
     
    На MeowMeow, Panda00, jEwElRy и 4 други им се допаѓа ова.
  20. Intergalactic

    Intergalactic Активен член

    Се зачлени на:
    4 март 2026
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    27
    Епа затворите ја темата тогаш нема полза од коментирање..
    И у ЦСР се неедуцирани бтв.