Мајка и ќерка загинаа по пад од зграда во Карпош

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Sofi.ja, 2 март 2026.

  1. Mr.Limonko

    Mr.Limonko Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2025
    Пораки:
    1.036
    Допаѓања:
    4.462
    Пол:
    Машки
    Еве ти како наједуциран објасни што требало да прават со детето?
    Како мајката не била жртва?
    Еве сега ако одам по улица и видам психички болна личност можам слободно да ја малтретирам, да ја убијам и нема да биде жртва?
    И мене не траба да ми се суди затоа што таа личност е таква..
     
  2. Intergalactic

    Intergalactic Активен член

    Се зачлени на:
    4 март 2026
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    27
    Јас кажувам од прва рака што знам такви слични жени, кои од инат ќе го земат на врат и детето, така функционираат тие врски а детето им служи како предмет кои го користат за нивните болни игри а не тука да ја браните.
    Ти не извртуј.
     
    На Anaroz1 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Mr.Limonko

    Mr.Limonko Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2025
    Пораки:
    1.036
    Допаѓања:
    4.462
    Пол:
    Машки
    Еве секоја вечер излага она од гроб да види каква игра направила, јаден Стојанче во затвор го навлече...
     
  4. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    22.138
    Допаѓања:
    204.218
    Можеш кого сакаш да малтретираш, и да тепаш, и очи да му вадиш, само немој да реметиш јавен ред и мир. И во болница може да туркаш луѓе по скали, и да си свиркаш. Нема држава, умрено е.

    Е да, битно е на државно да си вработен. Пожарна, комунално, шо да е, државно да е.
     
    На Panda00, Mumoftwo30, christinnn и 8 други им се допаѓа ова.
  5. Intergalactic

    Intergalactic Активен член

    Се зачлени на:
    4 март 2026
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    27
    Стојанче нека скапе у затвор еве пошто запна за него мислиш на негова страна сум а јас велам сите вклучително и ивана и системот фејлнале у случајов и единствено детето го жалам.
     
    На Gosh, PaLaVa и Anaroz1 им се допаѓа ова.
  6. Mr.Limonko

    Mr.Limonko Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2025
    Пораки:
    1.036
    Допаѓања:
    4.462
    Пол:
    Машки
    Ивана поради Стојанче се фрлила не од инает, психата и била уништена од толку години малтретирање...
     
    На lala15 и tambelina им се допаѓа ова.
  7. Intergalactic

    Intergalactic Активен член

    Се зачлени на:
    4 март 2026
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    27
    Психата и била уште од мајка и' пореметена затоа била со Стојанче у прв план.
     
    На Munchmallow20 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.513
    Допаѓања:
    69.268
    Пол:
    Женски
    Овој наратив, каде она го искористила детето против него, сакала да му се одмазди така што му го земала детето засекогаш, би имал смисла само ако татково бил посветен татко и навистина го сакал детето, па „кучкава“ му се одмаздила.
    Како што видовме, психопатов си го малтретирал и мразел сопственото дете, не е дека она не знаела кога го слушала како вика к.... за неговото дете, така што...
     
    На MeowMeow, Panda00, butterfly6223 и 18 други им се допаѓа ова.
  9. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.688
    Допаѓања:
    26.370
    На кој начин?
     
    На Mr.Limonko му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Mr.Limonko

    Mr.Limonko Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2025
    Пораки:
    1.036
    Допаѓања:
    4.462
    Пол:
    Машки
    Значи виновна е што погрешно избрала?
    Виновна е што тој најверојатно изманипулирал со неа?
    Сите манијаци пред брак симнуваат ѕвезди од небото и глумат како се ќе се смени во брак...
    Не само Ивана мал милион жени се со насилници и со страв да се тргнат од насилникот..
     
  11. simona_baby

    simona_baby Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2017
    Пораки:
    3.752
    Допаѓања:
    18.096
    Пол:
    Женски
  12. ForeverYoung

    ForeverYoung Популарен член

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    738
    Допаѓања:
    2.127
    Не знам како разбирате дека ако некој каже дека и Ивана има вина со тоа се брани Стојанче.
    Не е еден виновник тука. Ама најголеми виновници според мене се родителите бидејки тие имаат најголема одговорност спрема нивното дете.
    Институциите е трагично што не реагирале соодветно, ама најболно е што родителите место да ја заштитат Катја, ја малтретираат и на крај убиваат. Институциите и блиската фамилија не реагирале како што треба ама Ивана уште толку ги спречувала во тоа. Не ни кажувала дома за насилството, не ни барала помош од никој и упорно се враќала кај психопатот.
    На крај може не била способна за рационално размислување ама пред тој крај направила милион свесни одлуки што ја довеле до тоа дереџе.
    По се што прочитав не делува дека и било толку гајле за детето.
    И не знам дали се на исто рамниште со Стојанче ама не се ни многу различни.
     
    На EnaEnA30, Anaroz1 и Intergalactic им се допаѓа ова.
  13. Malesia

    Malesia Популарен член

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    1.868
    Допаѓања:
    3.706
    Пол:
    Женски
    Значи Ивана пораснала во семејство кај што биле нелуѓе( жално ама вистинито кај голем процент од семејства, ако можам така да ги наречам.) Па Ивана во животот не знаела кај тер, веројатно по ости постапки како тие што ја створиле. Па и она родила едно невино суштество. Стојанче, иста приказна како Ивана. Па и овој Мартин другарчето нивно. Па се изживуваат на Ивана затоа што и нејзините се изживувале(роди го и не го воспитувај). И ај веќе не битно како било. Јас стварно мислам дека е страшно какви луѓе постојат. Што се се крие зад затворени врати. Каков корен имаме уствари ние како нација. Боже сачувај.
     
    На Intergalactic му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    22.138
    Допаѓања:
    204.218
    Институциите не реагирале пошто она ги спречувала?
    Абе дали читате нешто. Мозокот и бил омлет, била во болница со хематом од ќотек и ги спречувала институциите? Кутрите полицајци, ги реметеле со некои ,,лажни,, пријави за насилство, со години! од комшии, до искубани жени во станица. Страшно значи.

    Она верувала дека Стојанче ќе добие старателство над детето, пошто работел на државно, а она на приватно, еј. Тоа е се што треба да знаете.
     
    На MeowMeow, Panda00, butterfly6223 и 20 други им се допаѓа ова.
  15. tambelina

    tambelina Популарен член

    Се зачлени на:
    10 август 2012
    Пораки:
    839
    Допаѓања:
    2.321
    Пол:
    Женски
    Ништо ново. Очекувано беше дека училиштето знаело.
    Сите знаеле. Сите надлежни и одговорни институции имале сознанија, и потфрлија. И треба да си одговараат согласно закон!

    Родители,баби,дедовци,пријатели,комшии, сите можат да потфрлат, НО СИСТЕМОТ Е КОРЕКТОР за девијациите и нема оправдување за неговото непостапување. Тоа им е работа,обврска,законска должност! Толку е просто!

    Да ја отстраниле привремено Катја од таа токсична и опасна средина ,сигурна сум дека Ивана ќе била принудена да се присобере и соземе за да си го врати детето назад.

    Сега, останува сите што не постапувале согласно законот за заштита на децата да одговараат за Катја! За Ивана виновникот веќе седи во обвинителна клупа.
     
    На Panda00, Amelia, jEwElRy и 11 други им се допаѓа ова.
  16. ForeverYoung

    ForeverYoung Популарен член

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    738
    Допаѓања:
    2.127
    Па како што прочитав, Ивана не пријавувала и кога други пријавувале таа викала дека е во ред и ке си ги решат проблемите меѓу нив. Никаде не прочитав да барала помош. Може сум испуштила. И во сведочењето од мајка и, пишуваше дека криела од нив и не кажувала, мајка и дознавала од Катја.
     
    На ideniki1, Miss666 и Anaroz1 им се допаѓа ова.
  17. ArabellaStarfall

    ArabellaStarfall Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2024
    Пораки:
    1.476
    Допаѓања:
    9.801
    Пол:
    Женски
    Да, Ивана ја зема во раце Катја и скокна. По некои најопшти размислувања, точно, таа придонела за нејзината смрт.

    Но, вие освен тоа, ништо не гледате друго. Ивана сметала дека е начин да го заштити детето. Замислете мајка, која толку го сака своето дете, и ве молам доста со муабети глупави како само вие си ги сакате децата, да се реши на таков чекор.

    Читам погоре, некоја работела со вакви случаи и се чуди како се враќале жртвите назад. Па тогаш паметно е малку да се прочита за психологијата која се одвива кај тие жртви. Затоа што единствен начин да им помогнеш е да ги разбереш и со тоа да делуваш, а не да се чудиш зашто и како. Ете така. Не ти се случило тебе и не знаеш. Затоа и не треба да се пика све и свашта во полиција и во ЦСР. Затоа што за да работиш со жртви, треба да гледаш со очите на жртвата. А не е само да се понашаш како ладен столб и да критикуваш. Најлесно е.

    Не сме Америка, па да се скриеш некаде. Некои луѓе освен ако не се под земја, секогаш ќе те прогонуваат.
     
    На Panda00, eliesaab, Morena 20 и 9 други им се допаѓа ова.
  18. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    22.138
    Допаѓања:
    204.218
    Во колку полициски билтени, од 2001 досега, има запис за семејно насилство?
    Од 2001 е тепана, од пред 2 години комшиите во Тафталиџе пријавувале, од Август лани до Март, најмалку 2 пријави за насилство врз нејзе. Што очекувате од човек кој е кршен толку години, дека ќе има енергија и сила сам да се избори? И што вика законот за семејно насилство, дека е тоа нарушување на јавен ред и мир?
     
    На Panda00, Amelia, LejlaD и 5 други им се допаѓа ова.
  19. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.930
    Допаѓања:
    265.554
    Ете сама си си дала одговор дека сега треба да се притиснат институциите да почнат да работат. Од полиција до училишта.
    Ивана не ја ставам на исто рамниште како психопатов, ама и она е виновна за тоа што дозволила детето 7 години да трпи насилство.
    Ова јас не го измислив.
    Има одговорност и она.
    Видете тапшење по рамо за тие жени не помага. Мора да почне да се говори гласно дека мора и сами да сакаат и да излезат од таму. Посебно ако имаат деца.
    Она му се враќала постојано, се тепала со швалерката му, се гледала со другар му.
    Зошто?
    Да тепана е, жртва е, и ред други работи кои ги преживеала, но исто така е виновна за состојбата во која била ќерка и и за нејзината смрт. Толку.
     
    На jungle, Frosty!, ideniki1 и 8 други им се допаѓа ова.
  20. ForeverYoung

    ForeverYoung Популарен член

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    738
    Допаѓања:
    2.127
    Заради тоа и реков дека институциите не реагирале соодветно, ама да, таа не им помогала туку и одмагала со тоа што пријавите од други луѓе ги повлекувала.
    Упорно се враќала кај него по сопствен избор, иако можела да се врати кај мајка и, била вработена, можела и под кирија да оди. Ама одбирала да изиграва среќно семејство (ставала слики на социјални мрежи заедно), да се тепа со швалерката негова пред очите на детето, да се дрогира со ненормалниов со изговор дека така ке си го врати станот (facepalm)
    Во меѓувреме успеала и со друг ненормален да се швалериса и да снима видеа и којзнае уште колку други глупости.
    И не, не можам да разберам т.е. разбирам толку колку што разбирам и за Стојанче, дека и двајцата заради х работи биле мизерија од луѓе и од родители и тоа се гледаше уште пред судењава.
    А вие упорно ставајте розевите наочари, како што тврдевте 100% дека тој ги бутнал и што уште не, дури и сега читам некои уште не верувале сама дека рипнала итн.
    Извинете ама не може сите да бидеме делулу.
     
    На Gosh, ideniki1 и Anaroz1 им се допаѓа ова.