Мајка и ќерка загинаа по пад од зграда во Карпош

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Sofi.ja, 2 март 2026.

  1. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.513
    Допаѓања:
    69.258
    Пол:
    Женски
    Да, со станот и се заканувал, не со пиштолот, пффффф, глупости. Желна за станот она и ете ти сега.
    Требало само да сака да си отиде, што дека имал пиштол и се заканувал, ама НЕ САКАЛА.
     
    На Medea., doll.a, Panda00 и 16 други им се допаѓа ова.
  2. Lianna Anna

    Lianna Anna Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 март 2017
    Пораки:
    2.575
    Допаѓања:
    20.489
    Пол:
    Женски
    Да, многу логично на прв поглед, ама во суштина целосно погрешно, па дури и опасно поставен наратив.

    Вистина е дека постои нешто што во психологија се вика одговорност за сопствени одлуки нели, али во случаи на семејно насилство, ситуацијата не само што е поинаква, туку е и прекомплицирана. Оти тука имаш циклус на насилство, научена беспомошност, траума... Како некој што работи со жртви (пошо се повика на авторитет) ова е само мал дел од нешто што апсолутно треба целосно да го знаеш.

    Се враќала затоа што сакала, ок¿ Реално, баш вака личи тој наратив што се пишува овде. Не затоа што сакала, туку е комбинација од страв, зависност и траума.

    А просечно, жртва на насилство се обидува 7+ пати да замине пред да успее. А најопасниот момент е баш тогаш кога одлучува стварно да си оди. Многу, значи многууу жени се самоубиваат баш тогаш.

    Вакви коментари се сериозен проблем, оти се класичен victim blaming.

    Реалноста е дека не успеала да го заштити детето, затоа што и самата била жртва и не размислувала трезвено, па не успеала ни себе си да се спаси.

    Значи буквално кажуваш и тоа во неколку наврати, тешко е да им се помогне на жртвите оти не сакаат помош и јес, делумно се виновни нели. Многу погрешно и штетно!

    Да се работи со жртви значи да се разбере ова, а не да се сведува на лична вина! Инаку лесно ќе преминеш од разбирање, во обвинување на жртвата, што дополнително ја влошува ситуацијата.
     
    На ivv7, Dentina, Golden и 33 други им се допаѓа ова.
  3. Zaljubena26

    Zaljubena26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2017
    Пораки:
    2.294
    Допаѓања:
    31.415
    Пол:
    Женски
    Многумина ја обвинуваат нејзината фамилија но сепак мислам дека без нејзина воља, тие неможеле многу да направат. Според сведоштвата, еден период таа престојувала кај мајка и но своеволно се вратила кај психото. Зошто? Заради станот кој половина самата лично му го подарила пред тоа. А во времето кога му го подарила била веќе малтретирана и не ми е јасно како се осмелила на таков чекор. Дали мислела дека со тоа кретенот ќе се смири...Друго, ги обвинуваат дека ја тргнале од оставинска. По закон, таа има дел од починатиот татко и никој нема право да ја тргне. Веројатно ја наговориле на такво нешто стравувајќи дека еден ден и тој дел може да му го препише на будалата. Многу, многу работи се нејасни во случајов. Сите освен детето се на некој начин виновни.
     
    На Gosh, VDT2906, Spidy и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. Amelia.

    Amelia. Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    647
    Допаѓања:
    2.212
    Пол:
    Женски
    Јас него би му пресудила ама мојот мозок не е спржен и немам хематом во стомак од секојдневно малтретирање, она имала и нејзиниот мозок бил.

    Нејсе, не сме ние и нашите реакции тема на муабет затоа што не сме во тие околности, се надевам само дека конечно ќе си стават прст на чело тие што треба и ќе почнат да реагираат и цел гнев треба да биде насочен кон нив.
    А идиотон што седи таму сакам да скапе во затвор и секој ден да трпи исто што и приредувал на Ивана последните години.
    Еве го, многу пати смеејќи се во судница.
    Луѓе, кај овој згрешена била работата уште од мал, татко му на ист начин се однесувал со мајка му, ги малтретирал и бркал од дома, за него сите жени биле курви, ејј сопственото дете од 6години го нарекувал така, тука може да видите колку е нетокму, ми се повраќа од цело судење.
     
    На Panda00, An-na, Annath и 5 други им се допаѓа ова.
  5. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    22.138
    Допаѓања:
    204.212
    Ништо не е нејасно, буквално се што треба да прочиташ е еден пост над твојот и новинарски скриншоти една страна понапред.
    Сте запнале нејзина воља, па нејзина воља. Мислам ако имаш 15 години и ниеден филм со садист немаш изгледано, не знаеш историја ниту си чула за психолошка манипулација, оправдано е. Во спротивно, постот над тебе.
     
    На Panda00, ArabellaStarfall, andromedae и 2 други им се допаѓа ова.
  6. FriendOfDorothy

    FriendOfDorothy Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2024
    Пораки:
    2.116
    Допаѓања:
    17.571
    Сега го прочитав сведочењето на братот околу имотот. Ова е пораз за скотот, затоа се солзите. Смрдел у станот на жена му, вработен од баба му у пожарна, плус муцката сакала да лапне уште од имотот на Ивана, за пола кола се гребел. Тафталиџе е добра населба, тие згради кај Прашка се топ, на туѓа цицка бил, жена му плаќа кредит, он само згибал, постирал песни од Буба Корели под слики и шмркал кокаин. Сега ќе лапне едно 20 години, тука е болката, ништо од филмот да биде средовечен ,,bad seljo boy" со швалерки, како и повеќето на овие простори.
     
    На Joanna28, LiquidLuna, Golden и 34 други им се допаѓа ова.
  7. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.929
    Допаѓања:
    265.540
    Не ја јас никаде осудувам, туку само коментирам тоа што всушност е. Жртвата добива целосна поддршка, добива помош, од финансиска до психолошка и упорно не излегува од тој круг, упорно се враќа кај насилникот, притоа не загрозувајќи го само сопствениот живот, туку и на детето.
    И затоа има она одговорност и во некоја нормална држава детето ќе и беше одземено. Она ќе добиеше препораки, поддршка, но потоа пак останува на нејзе дали ќе се врати или не.
    Ко што кажа, возрасна е, одговорна за своите одлуки. Болна никако не е, сама може да расудува и одлучува.
    Вина и одговорност има кон сопственото дете кое не го заштитила. Напротив, го уби.
    Мислам теоретски може да се докажуваме до бескрај, сосема поинаква е реалноста.
    И не, не ја гледаме од призмата на виновник, туку од страна како жена жртва што може да направи и да излезе од тој круг.
    Не зборувам на памет, зборувам од тоа што секојдневно го гледам и работам.
    Двајцата не биле соодветни родители и буквално не биле способни да се грижат за нејзе, напротив била во опасност и емоционално занемарена.
     
    На LiquidLuna, Gosh, ideniki1 и 5 други им се допаѓа ова.
  8. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    21.738
    Допаѓања:
    138.432
    Пол:
    Женски
    Колку " Ивани" го преживуваат истото во моментов..
     
    На sino.o.oka, Stressed Out, Unread и 13 други им се допаѓа ова.
  9. andromedae

    andromedae Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    20
    Допаѓања:
    92
    @JuLleE каде е таа целосна поддршка во случајов? Тоа што ја прибрале нејзините дома? Каде биле полицијата и цср како авторитети во државата до сега? Не само што не направиле ништо, дури ѝ викале да не ги замара без потреба кога пријавила последно.
    И да, они треба да интервенираат по службена должност кога се во прашање ранливи личности и да ја осигураат жртвата дека е на сигурно, а тоа не се случило.
     
    На Panda00, eliesaab и ArabellaStarfall им се допаѓа ова.
  10. Lianna Anna

    Lianna Anna Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 март 2017
    Пораки:
    2.575
    Допаѓања:
    20.489
    Пол:
    Женски
    Многу сериозна грешка е тоа што мешаш одговорност во идеални услови со реалност под траума и насилство. Жртва на долготрајно насилство не функционира како слободна и независна личност во нормални услови.

    Оти траумата, стравот и зависноста сериозно ја нарушуваат способноста за одлуки. Затоа не може да ја применуваш истата оваа логика како во случаи каде нема насилство. Во спротивно, пак е скроз, ама скроз, обвинување на жртвата.

    Плус, има разлика меѓу одговорност и вина. Да ми кажеш дека жртвата е одговорна или виновна затоа што не излегла од насилството, е целосно игнорирање на добро познати психолошки механизми како страв, контрола и траума. А имаш психологија што со децении објаснува зошто жртвите остануваат или се враќаат. Треба да знаеш, оти нели го работиш тоа?

    Тоа што не успеала да излезе од насилство не ја прави виновна, туку покажува колку е сериозна траумата! И пак, ова не е иста позиција како кај човек шо има слободни избори.

    Твојот наратив е класично обвинување на жртва, а не професионален став.

    Одговорноста е кај насилникот и кај системот што не ја заштитил! Али искрено, ако некој работи со жртви, а заклучокот му е дека тие се виновни и/или одговорни, тогаш јасно е каде е проблемот.

    Пошо разликата помеѓу разбирање ваква тешка психолошка ситуација и начин на однесување и обвинување е суштинска, собено кога се работи за луѓе кои преживуваат насилство.
     
    На christinnn, Sucubus, Bitter-Sweet и 22 други им се допаѓа ова.
  11. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    21.278
    Допаѓања:
    278.337
    ^ Точно, на ова укажуваат и повлечените пријави и нејзиното негирање кога други пријавувале.
    Се плашела и за другите, кога можел по дете да се заканува, се заканувал по животот на сите.
    А државава не и' дала баш сигурност дека ќе и' помогне.
    Тоа е таа немоќ, не гледање излез.

    Затоа мене службениците ми се најкриви. Зошто во глава си слушам што си коментирале, та полиција, та останати. Пушти ги овие, наркоманишта. Ќе се смират.

    Неповрзано ама поврзано, Рамајана по пријава во полиција и од полиција кажано "ај ќе си се смирите", маж и' ја искасапи пред очите на децата.

    Службите кои треба да нè штитат, јасно ни ставаат до знаење дека немаат намера да нè заштитат.

    И повеќе од сè останато што ме иритира, повеќе од Стојанче што ме иритира, е тоа што сме пасивни, толку сме пасивни, еве веќе не знам што да ни направат, не се мрдаме. И јас се чувствувам беспомошно.
     
    На jEwElRy, Panda00, la.malparida и 9 други им се допаѓа ова.
  12. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    21.278
    Допаѓања:
    278.337
    Болдот.
    Ивана не мислам дека била кадарна да ја чува ќерката и пред настанов.
    Затоа што ни сама себе не била способна да се заштити, а ни ќерката.
    ЦСР одамна требало да постапува во случајов, Ивана ќе имала некаква шанса да се извлече да ја тргнеле Катја и да и' објаснеле како стојат работите.
    Мочково и' се заканувал дека ќе ја земе Катја оти му се може, не оти ја сакал. Знаел кај најмногу ја боли и со што може најмногу да ја застрашува.
    Полицијата и ЦСР да мрднеле со прст бар малку, мислам дека многу поразличен исход ќе имаше сето ова.

    Далеку од тоа дека Ивана била пасивен посматрач на својот живот, меѓутоа со сопствените патологии одамна не била способна да процени, а не и' била ни дадена институционална сигурност дека има спас.
     
    На christinnn, JuLleE, jEwElRy и 10 други им се допаѓа ова.
  13. KateKane

    KateKane Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јули 2018
    Пораки:
    3.679
    Допаѓања:
    64.761
    Пол:
    Женски
    Истото го помислив. Партал невиден, она го издржувала него, плаќала кредит, плаќала храна, трошоци, он ваљда сета заработка по пичиња ја трошел. Прав голд дигер, со се поголеми апетити, ете ја терал 30.000 евра да извлече за да му ги даде. Не се дозна кај ги нашла и тие 40.000 денари да му ги даде, ништо чудно и кај лихвари или брзи кредити да се задолжила, па уште и тоа да допринело до исходот. Затоа не ја пуштал иако ја мразел со секоја клетка, знаел дека со уцена и ќотек ќе си извлекува колку пари и да сака.

    Овде не станува збор за обичен насилник, овде станува збор за некоја дијагноза што само стручно лице може да ја дијагностицира, ти на сопственото дете храната да му ја фрлаш, да го оставиш да го изгази некој, да кажуваш по другарчињата колку ти е одбивно, да се смешкаш дури детето твое ја доживеало судбината што на најцрн душман не ја посакувам... Не знам, ретко сум без зборови, ама еве.

    Многу ми смрди случајов. Уште вчера цел ден се мислев што да пишам после изјавата на тој Мартин, ама математиката не ми математикува тука. Како тоа ја сакал а дремел со прстот у гз дури овој ја прекршил од ќотек до онесвестување. Како ја сакал кога му се јавила испаничена а на овој побитно му било да провери со кој се следи на тик ток и да го бара човекот. Како тоа ја сакал а споделувал интимни клипови кога знаел дека телефонот и го зема овај психово. Не, туку нешто не се кажа, а можеби никогаш нема ни да дознаеме што.

    Обичен парталко, мрсулко, се понашал како шериф без реперкусии. Да го стрпале во ќелија, се ќе било поинаку.

    И тој од Росица исто.
    Живи ќе беа двете.
     
    На christinnn, Dentina, Amelia. и 22 други им се допаѓа ова.
  14. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    21.738
    Допаѓања:
    138.432
    Пол:
    Женски
    Во нормална држава каква што не сме детето после првиот инцидент на школо ќе било одземено од родителите. А не само психолог да разговара. Претпоставувам идело: Ај смирете се детево ги тревожи другите деца.
    Смрдена држава, смрден систем.. никаква заштита ни Ивана ни Катја.. трулеж.
     
    На Iva:), senza.parole, Panda00 и 7 други им се допаѓа ова.
  15. Dekoo

    Dekoo Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јули 2020
    Пораки:
    757
    Допаѓања:
    1.428
    Тука има многу повеќе одговорност од првобитно набројаното ... како може човек фатен со дрога, пријавуван 20 пати за насилство итн. да добива условни казни или да не добие казна.

    Тој што го штител треба да одговара за истиве дела
     
    На Gosh, Pixi5, Amelia. и 11 други им се допаѓа ова.
  16. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    21.738
    Допаѓања:
    138.432
    Пол:
    Женски
    Кој знае кој го штити...
     
    На LejlaD му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Dekoo

    Dekoo Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јули 2020
    Пораки:
    757
    Допаѓања:
    1.428
    Истите тие што ги штитат сите такви куртони.. многу лесно може да се дознае ако се има воља..

    Ради тоа што е све корумпирано во државава и сите глумат Ал Капоне и компанија ... еве пројди од ѓорчевциве ...
     
    На Mumoftwo30, PaLaVa и nena2010 им се допаѓа ова.
  18. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    12.192
    Допаѓања:
    145.297
    Кажа мајката на Ивана, она фаќала врски за условна.
    Уште не знам зошто го зела детето од школо за да одат у суд.
    Мајка била, ама мајка ова не го прави. Ќе отиде ако треба у шумата и ќе го гледа детето, не да го убие. Двајцата се ужасни. Едниот му ја убил душата на детето другиот телото.
    Мајка не останува кај што детето и го малтретира некој.
     
    На Gosh, Sofi.ja, PaLaVa и 6 други им се допаѓа ова.
  19. MiloMalo

    MiloMalo Популарен член

    Се зачлени на:
    5 август 2011
    Пораки:
    1.169
    Допаѓања:
    4.182
    Тие што им дилал, знаел некои работи и ето...
     
  20. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    21.278
    Допаѓања:
    278.337
    Веќе никој него не го штити. Пропалица небитна.
    Своите газови си ги чуваат што не работеле тие што требало да работат.
     
    На Mumoftwo30, FriendOfDorothy, Gosh и 4 други им се допаѓа ова.