1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Мајка и ќерка загинаа по пад од зграда во Карпош

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Sofi.ja, 2 март 2026.

  1. Lianna Anna

    Lianna Anna Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 март 2017
    Пораки:
    2.575
    Допаѓања:
    20.485
    Пол:
    Женски
    Der Täter geht, das Opfer bleibt. Во нормална држава и функционален систем, се трга насилникот. Проблемот е кога тоа не се случува, а не кога жртвата не успеала сама да се спаси. Срамота за институциите жими се! Тоа се од корен треба да се мења!!!!
     
    На Srckata28, tambelina, MiloMalo и 11 други им се допаѓа ова.
  2. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    22.138
    Допаѓања:
    204.212
    Престапникот заминува, жртвата останува.
    Пет пати го повторив тоа за отстранување на насилникот.
    Ај ќе повториме уште сто пати, може ќе разбере некој.
     
    На FriendOfDorothy, Iva:), eliesaab и 6 други им се допаѓа ова.
  3. zvecarka

    zvecarka Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 октомври 2014
    Пораки:
    226
    Допаѓања:
    787
    Пол:
    Женски
    А да претпоставиме дека Ивана немала родители?! Кој треба во тој случај да ја заштити?!
     
    На mal.ecka и lovestoneddd им се допаѓа ова.
  4. mom to be

    mom to be Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 август 2023
    Пораки:
    1.199
    Допаѓања:
    2.066
    Пол:
    Женски
    Најважното е кој требало да го заштити детето.Цело време се обвинува семејството на Ивана дека не ја заштитиле.А како таа го заштити сопственото дете?
     
    На baby-star, Cka, Anaroz1 и 2 други им се допаѓа ова.
  5. zvecarka

    zvecarka Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 октомври 2014
    Пораки:
    226
    Допаѓања:
    787
    Пол:
    Женски
    ЦСР трбало да го одземе детето привремено и да го заштити.
     
    На ideniki1, tambelina, eli25 и 5 други им се допаѓа ова.
  6. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.926
    Допаѓања:
    265.529
    Среќа па работам и живеам во понормална држава, каде што прво се мисли на децата, а после на било кого.
    Вие можете овде да везете до бескрај, теоретски се изгледа така како што пишувате. Да така е, ама за жал во реалноста сликата е поинаква.
    И многу болна. Оти за жал Ивани има многу, како Стојанче исто. Жртви се тие Ивани да, кои никако не сакаат да излезат од тој круг.
    Цела психологија, апсолутно им треба помош, ама пред се решиле да бидат родители.
    Да имате вака прилика, не од зад тастатура ама секој ден да гледате деца жртви и сведоци на семејно насилство, малку поинаку ќе зборувате.
    Не знаете колку детски животи се уништени од вакви Ивани, Стојановци.

    Колку сакам нека бидам погрешно сфатена, па еве слободно коментирајте ја и мојата работа, сеедно ми е. Вие сте само дел од зад комјутерот кои читаат статистики.
    Јас па секој ден го преживувам тоа.
    Што со блиски, што на работа. И единствени жртви се само децата. Толку.
     
    На christinnn, VDT2906, ideniki1 и 9 други им се допаѓа ова.
  7. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    22.138
    Допаѓања:
    204.212
    Каде да побараат помош, каде да алармираат на сите страни, што ако го снимиле жив? Он пред сведоци, на улица и пред суд ја тепал, имал пријава за нарушување јавен ред и мир:drunk:.
    Ги прочита ли изјавите од братот денес?
     
    На mama11, LejlaD, An-na и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.684
    Допаѓања:
    26.359
    А на работа имаш прилика да работиш со психопати? Ако да, дај малце објасни го тој профил на битие. И криминалци со пиштол што шетаат наоколу као каубојци?
     
    На Panda00, ArabellaStarfall и Lianna Anna им се допаѓа ова.
  9. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    7.270
    Допаѓања:
    38.684
    Пол:
    Женски
    Според ова што го пишуваш тука, од аспект на твојата стручност зборам, не за тебе како личност, постовите ти вриштат од предрасуди и осуди. Не знам само како таква личност со такви предвреме формирани ставови може да помогне на било кого?
    За жал, како што пишав, повеќето кај нас се вакви. За Словенија, се сомневам :?:
     
    На Morena 20, Elena1001, Iva:) и 2 други им се допаѓа ова.
  10. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.741
    Допаѓања:
    93.070
    Пол:
    Женски
    Ги прочитав.
    И не видов дека мрднал со прст да ја заштити од тепање.
    Ако го снимиле жив ќе беше у затвор.
    Ако отишле во полиција со неа да пријави насилство, немало после да ја повлече.
    Ако ја однеле во болница да извади лекарско за настанати повреди, ќе имаше документ приложен во пријавата.
    Ништо не направиле и тоа е факт.
    На страна реков сите други, немала подршка Ивана од најблиските.
    Тие го тргнале газот и ја оставиле сама да си го решава бракот.
    Да имала грб, денес ќе беше жива и таа и детето.
     
    На PaLaVa, MiloMalo, LejlaD и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    22.138
    Допаѓања:
    204.212
    Самиот ден на настанот од полиција и рекле да престане да пријавува, дека ќе ја обвинат за лажно пријавувување. И на комшиката што пријавувала, исто.
    Во болница е по скали турната, и за тоа ли треба документ во пријавата? Ова баш го објаснивме околу 20та страна во темава. Тоа просто, единствено тоа да било, не можело и не смеело да биде пикнато под тепих.
    Поддршка од најблиските фалела, ок.
     
    На Калатеа, MiloMalo, Panda00 и 3 други им се допаѓа ова.
  12. Lianna Anna

    Lianna Anna Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 март 2017
    Пораки:
    2.575
    Допаѓања:
    20.485
    Пол:
    Женски
    Класично поместување фокус. Браво!!! Од жртвата кон децата, али на начин што пак ја обвинува жртвата и индиректно го релативизира насилникот.

    Децата се жртви, многу точно. Али тие не страдаат од Ивани, туку од насилство и од нефункционален систем. А насилството има извор, што секако дека не е жртвата.

    И фактот што жртвата не успеала да се спаси од насилникот, не ја прави виновна, туку покажува колку е сериозна состојбата во која била! Тоа е разлика што психологијата ја прави многу јасно. И баш затоа што работиш (ако воопшто) со жртви, очекувано е ова да го знаеш.

    И токму затоа што секојдневно гледаш жртви, треба уште појасно да правиш разлика меѓу насилник и жртва. А да гледав јас жртви ко тебе секој ден, уел, искуството со вистински животи води кон заштита и разбирање, не виктим блејминг.

    Сакам да кажам, треба да имаш повеќе разбирање за траумата, не повеќе обвинување. Во спротивно, ризик има фрустрацијата од системот да се префрли на жртвите, наместо таму каде што припаѓа.

    И точно, твоите коментари од зад тастура како професионалец нели, го покажуваат токму тоа, од удобно место се обвинува жртвата и се игнорира целата психологија и наука зад истото! Жими се, ако со ваков наратив се работи со жртви, тогаш ми е и повеќе од јасно зошто системот не функционира.

    А патем, да, живеам во многу нормална држава и функционален систем.

    Да се допунам Џулси, работата сама си ја стави у контекст, оти сакаше да истакнеш авторитет. Али, на погрешен начин.
     
    Последна измена: 2 април 2026 во 21:18
    На srhsejbsk, butterfly6223, Annath и 11 други им се допаѓа ова.
  13. Lianna Anna

    Lianna Anna Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 март 2017
    Пораки:
    2.575
    Допаѓања:
    20.485
    Пол:
    Женски
    Да. Има и заднина зошто е тоа така и не е само правна, туку и психолошка. Оти жртвата е во состојба на траума и страв, не размислува рационално и не е во позиција да се заштити. Значи системот мора да реагира наместо неа.

    Иначе, овде кај што сум, полицијата има право и мора да делува итно да го отстрани насилникот на 2 недели, ако не и повеќе. Судска одлука ова го продолжува перманентно или привремено според проценка на ситуација.
     
    На srhsejbsk, Biljarkata, Panda00 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.310
    Допаѓања:
    39.972
    Пол:
    Женски
    Одлична поента. Требало и мајка и да ја убие Ивана за да не се мачи, исто како Ивана што си го уби детето за да не се мачи нели.
     
    На VDT2906, ideniki1 и Gosh им се допаѓа ова.
  15. mom to be

    mom to be Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 август 2023
    Пораки:
    1.199
    Допаѓања:
    2.066
    Пол:
    Женски
    Не,поентата е дека се обвинува мајката на Ивана дека не и помогнала.Ако гледаме од таа страна, и Ивана не направила да спречи нејзиното дете да живвее во пекол
     
    На VDT2906, Gosh, Medea. и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.310
    Допаѓања:
    39.972
    Пол:
    Женски
    Така де
     
  17. ArabellaStarfall

    ArabellaStarfall Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2024
    Пораки:
    1.469
    Допаѓања:
    9.780
    Пол:
    Женски
    Каква контраст меѓу две личности кои тврдат дека работат со жртви. Едната полна со емпатија и разбирање, на другата не дај боже да налеташ. Кај си жртва уште крива ќе те направи што си жртва.

    Поради такви, жртвите и продолжуваат да бидат жртви. Сигурна сум дека истото мислење го имале 39-те полицајци.

    Во државава да има повеќе Лијани наместо Јулиња, може оваа трагедија ќе беше спречена.
     
    На butterfly_91, Sucubus, Mumoftwo30 и 7 други им се допаѓа ова.
  18. Anaroz1

    Anaroz1 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2021
    Пораки:
    3.160
    Допаѓања:
    7.285
    Проблемот што го дебатираме овде три дена е во тоа што вие сите сте фатиле за моментот на случувањето. Да, јасно ни е на сите Ивана веќе во моментот не била способна да расудува, 7 години тепање и малтретирање не се малце и тоа не е спорно. Ние упорно ви кажуваме дека она 7 години уназад правела нерационални постапки, што ја довеле до таа кобна ситуација, прво, од кај да почнам, останала трудна и се омажила со наркоман за 2 месеци, ја тепал, пријвувале комшии, случајни минувачи, негирала, повлекувала пријави, дома не кажувала, абе да ме тепа пред дете и да не реагира ни полиција, ни цср, има да спијам таму додека не изреагираат, ќе одам ќе пишувам по социјални мрежи, ќе искочам на телевизија, ќе пробам на сите начини да го свртам вниманието на јавноста па да видиш како ќе реагираат, него она од некои си нејзини причини, тоа што го пишува Јуле тука цело време, самата се враќала, се дрогирала, се снимала со него, со другар му, се тепала со швалерки и кој знае уште што не знаеме, низа постапки што довеле тоа.
     
    На VDT2906, Gosh, Amellie13 и 8 други им се допаѓа ова.
  19. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    21.277
    Допаѓања:
    278.331
    Нема закон со кој на возрасната ќерка можеш да и' забраниш да се гледа со некого, па колку сака нека е тој гомно.
    Можела да го пријавува и самата, единствено.
     
    На PaLaVa, tessi, LejlaD и 4 други им се допаѓа ова.
  20. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.926
    Допаѓања:
    265.529
    Ама вие ова го зборувате, не јас. За жал па не можам да ви ставам еден извештај од некој што 20 години работи тоа и баш па од таму се ставовите. Јас жртвата никаде не ја осудувам, штета што погрешно сфаќате. Мајката е жртва, но во исто време и одговорна за своето дете. Со тоа што останува во таков брак, е виновна кон своето дете.
    Може да ја сфатиме, никој не ја негира таа психологија до која упорно се држите, затоа прво им се нуди нив помош, на жртвите. И што се случува? Се враќаат пак.
    И пак и пак.
    И на крај имаш уништени деца.

    Чисто за пример. Насилство во бракот, мајкава тепана, мажот ги малтертира. Го остава, се враќа. Едно дете, се разделуваат, па пак се смируваат. Второ дете. Овој ги тепа ги малтертира. Заминува со швалерката. Пак се смируваат. Пак го прибира дома. Кавги, насилство. И врз деца и врз нејзе. Седи дома и го издржува. На крај се убива пред очите на децата.
    После година и пол, дома мајкава се уште со проблеми, не прифаќа помош. Со децава хаос. Големото не излегува од дома, повторува одделение. Малово не зборува добро, има најеврројатно некој проблем. Среднава исто. Бабава се труди колку може.
    Детево е најдобар другар на син ми.
    Децата се следат од стручни лица плус.
    Не можам со зборови да ви опишам што се случува со децата.
    Знаете во случајот кој најмногу е одговорен? Таткото или мајката?
    Или двајцата? Или мајката нема никаква одговорност, што сто пати се враќала кај насилникот.
     
    На christinnn, VDT2906, ideniki1 и 8 други им се допаѓа ова.