Како да ја одбрани? Ете пријавувале во полиција што повеќе да направат ? Да идат они да го натепаат? Кај мене во зградата имам соседи што се тепаат викнав полиција и ми рекоа дека не може ништо да направат треба да пријави она.. Не може ништо повеќе да се направи а ја тепа во неколку наврти ја влечеше за коса по улица,баш пред некој месец пишував на фемина дека ќе им викнам полиција и не знаев како да постапам.
Пишуваат заклучени биле, но новиве згради (бар во мојата а приближно во ист период се градени со тие кај Алумина) се заклучуваат автоматски со самото затварање на вратата - потоа за да излезеш одвнатре не е потребен клуч а за да се влезе однадвор клуч е задолжителен. Никаде не пишале дали во бравата имало клуч, олеснително за заташкување
Никој не постапил да ги заштити мајката и девојчето, зошто во оваа наша Вукојебина Криминалецот и дилер Стојанче Јовановски со 10 кривична пријави некој него го заштитувал
Имал 10 кривични пријави за насилство, за дрога и некои превари. И пак си се шетал слободно. Значи прво треба да ги осудуваме мвр и системот (државата), а после овие насилниците, затоа што ако се си функционира како што треба, нема да се појавуваат ваквите монструми. Еве читам сега Кина донела закон за смртна казна за секој што ќе силува малолетно дете. И едно нешто треба да разберете: Криминалците и полицијата во Северна соработуваат.
На Слободен печат на Инстаграм има сведоштво на една сосетка од зградата. Пријавувано е, но џабе. Ужас е ова, којзнае кој случај по ред на фемицид. Премногу ми се гади. И девојчето за греота ни криво ни должно. Имам повеќе што да кажам, но најдобро да се воздржам кога сѐ уште се истражува. Ама за вакви копилиња директно бесење на плоштад треба. Нека звучи сурово и недемократски, гајле ми е. Тој ќе диши сега, тие ќе се под земја. Ебати правдата таква.
10 криви пријави имал за се и свашта. Жената паднала во 2, а претходно во 12 се расправале и повикала полиција. Полицијата извршила разговор со нив и си отишле. ЗНАЧИ НИШТО НЕ НАПРАВИЛЕ НИКАКВИЦИТЕ. Сега се бранат демек жената ги повлекувала пријавите. АЛОООО и да ги остави и да ги повлече пријавите, тој извршил насилство и треба они да се позанимаваат со него!!! Ненормални. Не бе, ништо нема да се смени. Ова така беше и така ќе си остане. Памтам уште одамна , една личност полицаец во мојата фамилија , кога ми викаше дека одат по пријава за домашно насилство и ПРОБУВААТ ДА ГИ СМИРУВААТ!!!! И викале на жената да заќути!!!! И си отишле. Од такви ли ќе чекаме заштита?? Брука, брука. Срамота. Незнам кој збор веќе да го употребам. А овој наркоманов, ако не го осудат за убиство, бар да го осудат за натерување на самоубиство!!! Оти он ја навел жртвата на тоа!!
Истиот ден во 12 било пријавено во полиција, и кога дошле женава негирала и рекла дека е недоразбирање. (најверојатно изјава под присила). Во 14 истиот ден (наводно) скокнала. Па неполни два сати има од пријавата до наводното "самоубиство". Хипотетички тек на настаните: Го пријавила, се исплшила па негирала, збеснал заради пријавата, настанала расправија и си ги исполнил заканите од претходно. Јас ич не сум за ќотек за овој. Јас сум некој да го среди убаво до степен да нема мајка му што да закопа. Општествен џанк, створение издрогирано.
Ова дојдов да го пишам. Не е дека не е реагирано, истиот ден некој пријавил а таа негирала. За жал ова често се случува кај жртвите на насилство. https://fokus.mk/toshkovski-po-usna...oprug-na-ivana-i-tatko-na-6-godishnata-katja/
Па да ,кога единствен критериум за полицаец е 3000 или 5 како и да е моментално тарифата. Колку полицајци излегоа што си малтретираат семејство, што се занимаваат со дроги ,без возачки возат службени возила итн. Какво бесење награда е тоа ,се буди психопатот во мене за вакви работи ама јас во самица би го стаила со гласот на малецката ,,тато немој ќе ја убиеш мама" на 24 ч само 24 мин пауза и пак отпочеток криците да ги слуша... сам да бара да умре да нема со што да се самоубие ,за јадење леб и вода ни прибор да нема. И прва промена на закон таа треба да е да не постои ,,повлекување на пријава" Никој баш никој нема да пријави насилство кај што го нема!
Не е точно. Некој од комшиите пријавил вчера на што она во МВР изјавила дека нема да поднесе пријава зашто ја решиле расправијата со сопругот. Ова било во 12 часот. Нејсе , јас знам дека на жртвите на семејно насилство во 99 % им е испран мозокот и секогаш мислат дека нареден пат нема да има. Добро , немала женава фамилија ? Брат и што правел ? Они биле во тек на развод и не живееле заедно ама она се вратила во станот со цел да му го земе истиот ( ова се муабети од градинка , девојчето одело во истата градинка до лани кај што е керка ми ). И на крај , никако ама никако не оправдувам и не го варам моментот дека си го уби детето. Ма ич не ми е гајле што ке кажете. И од најтешката мака има излез ако сакаш да излезеш .
Не можеш да се ставиш во туѓа кожа, ако тоа не си го преживеал, жената имала психички и физички трауми, не знаеме како било без поддршка, не знаеме што се случувало позади затворени врати, не можеме да ја осудуваме жената, верувај не е лесно да си мета за ќотек на ваква будала од "маж" воопшто не е лесно да се излезе од ваква приказна, од закани, демнење, вршење притисок, итн.
Јас само се надевам дека ваквите случки ако не за друго ќе им послужат за пример на родителите кои вртат глава кога ќерките им се жалат... дека денес седнале и се замислиле што ако ќерка ми е следната и и се јавиле да одат да ја земат... !!
Во најстрашен пекол да живеам, секој ден жива да ме горат, спасот нема да го барам во тоа детето мое да плати со животот само затоа што ние како возрасни не сме успеале да најдеме решение на проблем кој не е баш реткост.
Поважно е да не му го ремети раатот на синот дома расположен на цела куќа. Кај нас се знае, излезеш ли од куќата нема за тебе место повеќе таму...
Ама тоа си ти, и ти не си била во таа ситуација за да знаеш како е. Немој да накривуваш некого, ако не знаеш како му било. Не викам дека е решение тоа, ама е реалeн и психички проблем, траума на малтретирана жена, психичка и физичка болка.
Луѓе што судете, лесно е да коментираме од другата страна каде не го поминуваме секој ден тоа. Има видео на слободен печат од сосетка, вика дека секој секој ебан ден ја тепал. И пред дете, и пред луѓе, и надвор и дома и во секое време. Не судете ве молам! Лесно е да коментирам каде ништо од тоа не ми се случува. Ни 99% нема сите ние да издржиме што можеби она издржала сите овие години. Доста веќе. Нека почиваат во мир! Можеби единствена заштита била да си го земе чедото со себе... Кожа ми се ежи
Јас знам и верувам...затоа оваа наша држава треба да препознава. Во истанбулската конвенција која државата ја ратификуваше , патем стои дека дури и ако жртвата ја повлече пријавата , обвинителството може по службена должност постапката да ја продолжи ако има докази ( а гледаме дека имале )