1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Мајка и ќерка загинаа по пад од зграда во Карпош

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Sofi.ja, 2 март 2026.

  1. CrazyGirl15

    CrazyGirl15 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јуни 2011
    Пораки:
    5.013
    Допаѓања:
    26.246
    Пол:
    Женски
    Пред се нека почиваат во мир Ивана и Катја .. Институциите потфрлиле , системот потфрлил . Меѓутоа , мислам дека сепак постоело начин . Можеби амбасада некоја .. азил со се детето ?! Не знам само онака , гласно размислувам . Дали воопшто можела да побара азил и да се спаси и себе си и своето дете од нефункционални институции и насилник , не знам не сум толку упатена . Знам дека на душманот не посакувам таков живот како нејзиниот .

    Не ја оправдувам нејзината одлука да скокне од балкон , не ја осудувам . Сметам дека можеби била психички исцрпена тотално и веќе не размислувала со бистар ум и разум .

    Немала поддршка пред се од нејзиното семејство ( родители , брат , братучеди итн. ) , камо ли од институции ..

    Тој мутантот , имал среќа што не налетал на будала како мене . Да ми е на мене маж , он би скокнал од балкон .

    Не сум лош човек , ама кога сум во опасност крвник сум . Не се откажувам или јас или другата страна . Се борам до последен атом . И не бирам средство за борба . Од оштри предмети до хемикалии , се ама баш се е оружје . Ќе го лежам , ама живот да си одземам поради него , никогаш .

    И ќе речете дете имале .. А он не мислел на тоа дете кога викало " помош ќе ја убие мајка ми " ? И тогаш имале дете нели ? Ете , затоа донекаде не оправдувам што скокнала со се детето во раце , од друга страна , не знаеме што било во нејзината глава во тој момент и зошто така постапила . Веројатно имала причина за тоа ..

    Уште еднаш , нека почиваат во мир . Касно е сега и да лежи мутантон во затвор , тие не се враќаат . Може да служи само како пример на следниот мутант .
     
    На Трагедијаупмм му/ѝ се допаѓа ова.
  2. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    21.277
    Допаѓања:
    278.325


    2026, министер за внатрешни работи на земјава, не знае што е маносфера, такаречи не знае дека дигиталното насилство, како одмазничка порнографија на пример, е реална.

    Ама во негово опкружување не знае семејство каде мажот го има последниот збор, ха ха ха |(

    Купи ми мајко топ, овие ако нè чуваат, во Саудиска Арабија сме побезбедни.
     
    На MiloMalo, andromedae, PaLaVa и 12 други им се допаѓа ова.
  3. Anaroz1

    Anaroz1 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2021
    Пораки:
    3.160
    Допаѓања:
    7.281
    го гледав вчера :drunk: овие го прашуваат реални прашања он си дрнда глупости, страшно, не бе ние никад нема да се свестиме и да мрднеме негде.
     
  4. Gosh

    Gosh Мразачка на луѓе

    Се зачлени на:
    10 октомври 2015
    Пораки:
    3.960
    Допаѓања:
    49.689
    А како можеме Стојан да го правиме најлош татко и маж ( што Е ), иако го поминал истово што го правел на своите кога бил дете од страна татко му и да, мајка му, бил боксиран и психички малтретиран во најранливите години и станал ова што е денес, и да очекуваме да остане при здрава свест и разум и плус да го товариме за убиство, иако Ивана лично и персонално ја има убиено ќерка си и самата себе?

    А да, забораив оти он е маж, а она жена...

    И зашто никоја не спомнува за сведоштвото во судот од жената која ја смирувала Катја дента кога Ивана отишла да се тепа со швалерката, дека кога виделе дека викнала полиција, Стојан ја зел ќерка му и си отишол, а Ивана отишла со швалерката да искривува криви Дрини?

    Да тепа швалерки и да убива СВОЕ дете на видео позив јака е, ама нему да му стори нешто па барем и да го каже на полицијата истиот тој ден која иначе сама ја викнала не можела... Али сепак, полесно е да бидеш насилен на рамен или послаб од себе. Мислам еве, видете го само Стојанче...
     
    Последна измена: 3 април 2026 во 08:55
    На Medea., Miss666, LUCI 99 и 6 други им се допаѓа ова.
  5. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.926
    Допаѓања:
    265.526
    Обично, сите деца над кои се изрекуваат одредени мерки, се деца од семејства каде што родителите се зависници, насилни еден кон друг, или таткото да е насилен до мајката. И во сите случаи каде што мајката еве оти зборуваме за жените, е жртвата, но во исто време е прогласена за неспособна да се грижи за децата. Не може да си ја извршува својата должност како родител и се гледа од тој аспект. Несомнено дека е жртва, но во ист момент како и таткото насилник и таа е одговорна за своите постапки до децата. Оставањето во таква средина не ја исклучува нејзината одговорност и должност, само затоа што е жртва.

    Примерот, Ивана и Стојанче.
    Ивана е жртва на Стојанче, тогаш Стојанче исто ќе кажеме има трауми и е нечија жртва.
    Цела една наука се занимава со тоа, со сторителот и жртвата и ако ја продлабочиме анализата, на крај ќе заклучиме и дека Стојанче е жртва. И е. Нечија.
    Проблемот овде е што имаме две возрасни лица кои се способни сами за себе да одлучуваат. Немаат одземена способност, со тоа да, се одговорни, без разлика дали се жртви. На жртви на насилство им се помага, доколку жртвата тоа го сака. На стари лица и деца им се помга без исклучок. Фокусот треба да бидат децата. Од случајот пак, Мк сериозно треба да проработи на својата социјална политика, да развие програми за заштита на жртвите од насилство, да не останува глува на пријавите и да реагира кога е потребно.

    Од она што досега е во јавноста кажано, Ивана имала помош од нејзините. Исклучена е од наследство со причина. Но вратата не и затворена. Финансики ја помагаат, јас се уште не знам што повеќе требало да направат некзините. Адвокат и ангажирале, мајкава била постојано со нејзе. Колку знаеле и умееле, помагале. Не била сама.
    Во случајот потфрлиле институциите оти не постапувале во однос на детето.
    Со години тоа дете било сведок на насилство, влечено насекаде. И од мајка и од татко.
    Ова не е од вчера, ова траело со години.
    Ваквите случаеви се најчести. И жртвата уште повеќе седи, па се одмаздува, враќа на провокации, бара поделба на имот и слично. Знаете колку милион изговори имаат за да останат во такви бракови?
    И додека они се тепаат и препокуваат, децата трпат, уништени, полни со трауми.
    Истото се случувало и со Ивана. Ги има по билтени, се карала со швалерката, ги снимала, се враќала ради станот и уште куп други работи. Она е жртва, ама не значи дека е оправдано се што прави и тоа да треба да се сфати од таа гледна точка.

    Нема виктим блејминг, има разводнување на случајот. Не можеме вакви однесувања и постапувања да ги оправдуваме и романтизараме. Не само затоа што е жена да не смее да кажеме дека не постапувала правилно. Или е мајка и мора да зборуваме дека е добра мајка.
    И тоа не значи дека личноста ја осудуваме.
     
    На Munchmallow20, LUCI 99, LejlaD и 9 други им се допаѓа ова.
  6. ideniki1

    ideniki1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2023
    Пораки:
    50
    Допаѓања:
    72
    Пол:
    Женски
    Не можам да верувам дека ова некој може да го напише
     
    На Miss666, PaLaVa, lovestoneddd и 2 други им се допаѓа ова.
  7. ForeverYoung

    ForeverYoung Популарен член

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    737
    Допаѓања:
    2.125
    И Ивана била насилник. Тепање на швалерката пред очи на детето? Тоа не е психичко насилство врз детето и физичко врз швалерката?
    Со нејзините постапки била извор на голем дел од психичкото насилство врз Катја. Тепачки, дрогирани и двајцата во присуство на детето, абе и двајцата биле родители за медаља.
     
    На Medea., Miss666, PaLaVa и 2 други им се допаѓа ова.
  8. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    11.995
    Допаѓања:
    190.057
    Пол:
    Женски
    Стојанче бил жртва на неговите. Сега е возрасен човек со деловна способност и свест за расудување (дискутабилно нели). Со несредени трауми од детство! И денеска тој има свои жртви. Денеска жртва била Ивана. Контекстот е битен.

    По сите дефиниции е двојна виктимизација, под превез на очекување дека една жртва на долгорочно насилство, малтретирана и трауматизирана има иста способност за расудување и чувство за одговорност, морал и резон како и сите останати.
    Нема, не е и не може да е исто.
     
    На Lianna Anna, andromedae, LejlaD и 2 други им се допаѓа ова.
  9. Anaroz1

    Anaroz1 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2021
    Пораки:
    3.160
    Допаѓања:
    7.281
    Што е најтрагичното од се, нигде не ни прочитав дека детето било тепано, само дека Ивана била константно млатена пред очите на детето, пред да ме нападнат овде, не го бранам Стојанче, напротив сметам дека е монструм како и сите вас, тоа се што прочитав дека и правел ми е незамисливо на некого да му го правиш. Ама јас Катја не можам да ја извадам од глава, сведочењето на баба и дека Катја правела снешко за нејзе, за мајка и, за татко и... сведочењето на учителката дека татко и дошол и она се радувала, била весело и среќно дете и покрај се душичка што преживувала, не знаела за нормално, не знаела за подобро, родители и биде си ги сакала, не знаела за друго, цел живот еден ден нормален немала, цело време го замислувам моментот дете, кое не е прашано, не е способно самостојно да донесува одлуки како го фрлила од тераса, кој страв тоа дете го преживеало во тој момент. Срцево ми се кине.
     
    На Miss666, Merten, ideniki1 и 8 други им се допаѓа ова.
  10. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    22.138
    Допаѓања:
    204.209
    Ова не е само виктим блејминг, ова е и логички конфликт .
    Мајката жртва е неспособна, ама Ивана е способна. (facepalm)
    На жртвите на насилство им се помага, доколку тоа го сакаат(facepalm). Како се докажува-сакање? Овој со пиштол позади нејзе, она треба да вика- да, ми држи пиштол. Вчера во станица, искубана, премлатена, утре да дојде пак да потпише записник.
    Страшно.
     
    На Yowannty, Lianna Anna, andromedae и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. ArabellaStarfall

    ArabellaStarfall Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2024
    Пораки:
    1.469
    Допаѓања:
    9.777
    Пол:
    Женски
    Може да работиш со деца во градинка, но да не си добра учителка. Може да станеш доктор, но да не знаеш соодветна дијагноза да дадеш. Може да бидеш психијатар, но да не помагаш. Генерално, може што сакаш да бидеш, но не значи дека и треба да бидеш или па си соодветен да бидеш.

    Јас не работам со жртви, но јас говорам од аспект на себе. Никогаш не би сакала да се доверам на некого, ако не ме разбере и ќе ме суди за моите постапки. За кои патем и премногу сме свесни. Со самото тоа што некого го нарекуваш неспособен и користиш таков израз, ти не можеш да помогнеш на жртва. Ти може само дополнително да ја влошиш ситуацијата, да ескалира и да се затвори жртвата уште повеќе во себе.

    Како што и самата не би го доверила своето тело кај секој доктор, жртвата и треба да добие стручна, компетентна помош.
     
    На LUCI 99 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. FriendOfDorothy

    FriendOfDorothy Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2024
    Пораки:
    2.116
    Допаѓања:
    17.565
    Прекомплексни им се тие терминологии. Дафини, Панчовци, Браниња ќе дебатираат за маносфера, лол, никад чула, ментaлно се останати на пеење ,,Заветна" по месни комитети уз ракија.
     
    Последна измена: 3 април 2026 во 10:32
    На CameliaMiller, PaLaVa, Anaroz1 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.512
    Допаѓања:
    69.241
    Пол:
    Женски
    Не прочита убаво, мајката е жртва, затоа е неспособна, ама е сепак одговорна.:wasntme: Иако е неспособна поради сите трауми, ама и баш поради сите трауми е одговорна.
    Значи татко и не ја тепал и ја сакал, дали тоа сакаш да кажеш? Бидејќи не си прочитала негде дека ја тепал?
    Татково што ја нарекувал ку.ва, и го фрлал јадењето, ја оставил ноќе на сред автопат со мајка и?
    Ама, не ја тепал, колку што знаеме. Еден е татко.:inlove:
     
    На Lianna Anna, goddess.Of.chaos, KateKane и 5 други им се допаѓа ова.
  14. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    7.401
    Допаѓања:
    28.386
    Има на хартија систем за мултисекторски одговор при пријава на жртви на семејно насилатво.
    Вклучени се полиција, здравство, социјална политика и правда. Повеќе од 5 години се работи на тоа што министерот го вика сензибилизација на полиција, но и на доктори (матични посебно) за работа со жртви. Има и психолози за работа со сторители.
    Проблемот со луѓето кои се вработени на тие места, посебно од полција, се со толку мал капацитет, што не ни можеш да сензибилизираш инспектор насилник.

    Ова е многу јасен пример за нефункционалност на ниедна институција. Од полиција, до матичен доктор, до социјално, до служби во училиште.
    Сите до еден знаеле.
    Сите до еден се дел од причината зошто Катја не е денес во школо.
     
    На CameliaMiller, winnie02, happygirl и 9 други им се допаѓа ова.
  15. Anaroz1

    Anaroz1 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2021
    Пораки:
    3.160
    Допаѓања:
    7.281
    Не, воопшто не сакав тоа да го кажам, ниту па го кажав, нема потреба да се испревртуваат зборови и да се напаѓаме, реков дека ми е жал за детето што не знаело за друго, за нормално, за подобро.
     
    Последна измена: 3 април 2026 во 10:52
    На zuto му/ѝ се допаѓа ова.
  16. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    21.734
    Допаѓања:
    138.401
    Пол:
    Женски
    А уште не разбирате дека психички ја пореметил и не размислувала рационално? Кој дел од реченицава не ви е јасен?
     
    На MiloMalo, ArabellaStarfall, LejlaD и 2 други им се допаѓа ова.
  17. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.512
    Допаѓања:
    69.241
    Пол:
    Женски
    Не ти ги испревртев зборовите, туку тоа излегува од она што си го напишала и постирала.
    :drunk:
     
    На KateKane и mama11 им се допаѓа ова.
  18. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.683
    Допаѓања:
    26.352
    Испаѓа Ивана била крива што му верувала на заканите со пиштол и тепање дека ќе ги убие, требала да биде паметна, разумна, силна, и да не му верува. Иако копилето неколку пати пробал да ја убие претходно, ама имала среќа и преживеала.
    Ја бутнал по скали, не умрела, не дека преживеала случајно или не останала инвалид, туку дека он калкулирал како да ја бутне, а да не ја убие, пошо планот му бил само да ја повреди.
    Се онесевестила САМО кога ја давел и млател, не дека преживеала случајно, туку дека он знаел колку да дави за само да ја онесвести, а не да ја убие, пошо планот му бил само ете така малце да ја расчука, подави, онесвести.
    Ивана имала одговорност за сопствените постапки што наместо да не му се плаши - му се плашела, ако и' е, шо има везе шо копилето на сите со пиштол им се заканувал, она е крива што му верувала дека ќе ги потепа, па се враќала во станот, наместо да прифати НИШТО што државата и' нудела, освен разговор тук-таму.

    Мене не ми е јасно, зошто во овој конкретен случај, се зборува ОПШТО како се постапува во случај на семејно насилство, државата вака по процедура требало, морало, било, дрн дрн јариња?
     
    На ArabellaStarfall, Lianna Anna, andromedae и 2 други им се допаѓа ова.
  19. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.310
    Допаѓања:
    39.969
    Пол:
    Женски
    А ти разбираш ли дека по истава логика и Стојанче е жртва на своите родители, не размислувал рационално затоа и ја малтретирал сопругата?
    Ајде да го ослободиме ?
     
    На Medea., PaLaVa, fana и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. Anaroz1

    Anaroz1 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2021
    Пораки:
    3.160
    Допаѓања:
    7.281
    Некој имаше пишано дека детето ако преживеело ќе било тепано, во тој контекст беше тоа напишано.
    Инаку, јас не напишав дека Стојанче ја сакал Катја, ниту пак дека бил добар татко пошто не сум ненормална, коментирав дел од сведочењата, дека дете не ни знаело што е добар татко, тоа знаела она, ете по кажувањата на учителката му се радувала, што е прежално.
    Во нормална држава детето на време ќе било одземено и ќе се спречело ова, а сега ние може до утре тука да се напаѓаме, кога на крајот на денот сите сме поведени од истиот бес.
     
    На ForeverYoung, zuto и lovestoneddd им се допаѓа ова.