Мајка и ќерка загинаа по пад од зграда во Карпош

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Sofi.ja, 2 март 2026.

  1. Dekoo

    Dekoo Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јули 2020
    Пораки:
    757
    Допаѓања:
    1.426

    За други дела треба да лежи, за убитсвото на Катја, како е он крив? мајка и ја фрлила.
     
    На ideniki1 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    21.738
    Допаѓања:
    138.419
    Пол:
    Женски
    Не ја спречил. Му се јавила, знаел што ќе направи, не ме чуди да и рекол : Утепајте се.. и толку е
     
    На LejlaD и tambelina им се допаѓа ова.
  3. tambelina

    tambelina Популарен член

    Се зачлени на:
    10 август 2012
    Пораки:
    837
    Допаѓања:
    2.319
    Пол:
    Женски
    Ја фрлила ?

    Не знам што покажаа вештачењата, ама чинам не ја фрлила, туку скокнала со се дете во рацете. Може сум грешка. И не, не е исто. Нам може ни е сеедно, ама на психолози,психијатри и правници не им е сеедно кога треба да го одмерат и проценат делото.
     
    На nena2010 и Angie1432 им се допаѓа ова.
  4. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.512
    Допаѓања:
    69.247
    Пол:
    Женски
    Мислам дека некако сите си знаеме дека ова ништо нема да смени. Затоа подобро е да мислиме дека она била наркоманка, глупава, наивна, неспособна, не го убила она него, сама си е крива што западнала во ваква врска, зашто тогаш ова нема нам да ни се деси. Ние знаеме подобро. Бидејќи ако мислиме дека ова може било кому да се случи, тогаш знаеме дека нема систем кој ќе нѐ заштити, нема ни кај да се обратиме.
    И затоа ќе збориме со страници и страници за нејзе, за жртвата, што направила, не направила, и така.
    До следната Ивана.
    Забораваме дека други жртви читаат како Ивана е ставена на тапет, дека читаат коментари (не само од овде, туку уште поодвратни коментари по социјални мрежи) како сигурно сама направила нешто за да ја тепа, сама си е крива за све, па како друга некоја читајќи го све ова би собрала храброст да пријави? Притоа гледајќи како институциите не работат воопшто. Жртвите знаат дека нема да им се помогне, што е крајно поразително.
     
    На MeowMeow, Annath, Elenpelen и 11 други им се допаѓа ова.
  5. Lianna Anna

    Lianna Anna Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 март 2017
    Пораки:
    2.575
    Допаѓања:
    20.485
    Пол:
    Женски
    Не може да се изедначи траумата на насилникот со траумата на жртвата, оти тоа е морален еквивалент на амнестија. Точно е дека многу насилници биле жртви во минатото, али тие се возрасни лица со одговорност за своите постапки. Оти тие се тие што имаат контрола. Жртвата е во состојба на присила. Насилникот има моќ, жртвата се обидува да преживее. Да се изедначи насилникот со жртва во контекст на убиство и тортура е навреда за секоја жртва.

    Жртва на долготрајно насилство не е во состојба слободно да одлучува. Ко да му кажете на човек со скршени нозе дека е слободен да трча. Насилството го менува мозокот. Ако кажете дека мајката е одговорна што го оставила детето во таква средина, го заборавате циклусот на насилство и тоа дека највисока стапка на фемицид се случува кога жртвата се обидува да замине. Заминувањето е најопасниот момент, а не најбезбедниот.

    Фокусот на швалери и имот е класично разводнување. Жртвите на насилство манифестираат нелогично и хаотично однесување баш оти живеат во хаос. Тоа што таа се борела за имот или реагирала на провокации не ја прави виновна. Тоа се механизми на очај. Да се бара од жртвата да биде совршена за да заслужи емпатија, е врвот на виктим блејминг.

    И се ова, е класична дефиниција за виктим блејминг. Префрлање на вината на жртвата затоа што не ги исполнува нашите општествени очекувања за тоа како треба да изгледа една жртва. Ако некој работи со жртви, мора да знае дека одговорноста и вината за насилство е 100% кај насилникот. Жртвата нема моќ да го запре насилството, а насилникот има моќ да не напаѓа.

    Кога системот не те штити, а насилникот те контролира со страв, мозокот влегува во состојба на преживување, а не во логично размислување. Обвинувањето на Ивана само го амнестира насилникот и институциите што апсолутно потфрлија.
     
    На goddess.Of.chaos, MeowMeow, Annath и 8 други им се допаѓа ова.
  6. KateKane

    KateKane Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јули 2018
    Пораки:
    3.679
    Допаѓања:
    64.756
    Пол:
    Женски
    Ивана е крива пошто се тепала со швалерката, имала компромитирачки видеа и сама си се вратила.

    Росица беше сама крива што трчала по бед бојс, па сама отишла со него, па и она имала компромитирачки слики, курвиште.

    Танкица беше крива оти сама си го барала, тоа што се препотувала кога ќе и се јавел и по два дијазепами пиела, жената цела деценија хорор живеела, ама крива си е самата што не избегала од него.

    Ќе се најде совршената жртва, бидете така. Ќе чекаме да дојде некоја невина, со само еден стопан, што не се слика по социјални мрежи, само трепка со очињата и мирно чека да ја утепа некој. Тогаш може некои луѓе жал ќе ги фати, пошто она погоре се мивки, не се човечки суштества.
     
    На goddess.Of.chaos, MeowMeow, Annath и 15 други им се допаѓа ова.
  7. Amica geniale

    Amica geniale Активен член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2026
    Пораки:
    70
    Допаѓања:
    151
    Можеби грешам, но во оваа ситуација сите се виновни.
    Фамилијата,сопругот,мајката заедно со дечкото.
    Најголем дел од вината ја давам на државата,кај нас се поминува низ прсти.
    Детето е невино тоа ја платило цената .
     
    На ideniki1 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.684
    Допаѓања:
    26.359
    Поради сите срања што и' ги има направено. Целиот муабет е тој. Ивана психички била мрдната од него, а можеби и физички, баш ме интересира дали имаат аутопсија направено, да се види и мозокот у која состојба бил. Нема скокнато пошо убаво и' било.
     
  9. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    21.277
    Допаѓања:
    278.331
    Со сè потполно се согласувам, но само сакам да додадам дека од овие причини мора да внимаваме (сите) како се изразуваме.

    @lovestoneddd да преживееше Ивана, во таква хипотетичка ситуација, ќе се товареше за убиство во афект (миг) и поверојатно ни за тоа, си има форензички психолози, психијатри, кои (според она што го знаеме) не верувам дека ќе сметаа дека воопшто била способна да расудува.

    Инаку, токму отсуство на феминизам во државава, генерално, посебно меѓу полицијата која е составена од претежно мажи, е директна причина што жртвите не ни пријавуваат, покрај другите причини.
     
    На PaLaVa, tambelina, LejlaD и 3 други им се допаѓа ова.
  10. Dekoo

    Dekoo Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јули 2020
    Пораки:
    757
    Допаѓања:
    1.426
    Абе океј е луѓе, страшно е ова што се има случено, ама знаете ли колку луѓе се психички пореметени ради х у и з работи па не направиле нешто затоа што ЗАКОН ќе ги фати.


    И ја да идам сеа да му свирнам куршум у чело на тоа копилето шо ми го поеба пола живот, ќе добијам максимална казна, ќе ме праша некој дали ми го ебал животот? Жими џими, ќе праат на мене правна држава :)
     
  11. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    18.041
    Допаѓања:
    136.562
    Пол:
    Женски
    Да не му дава ни денар, туку да крие. И додека тој не е дома, да земе дете и да оди некаде.
    Ивана имала работа, со тоа имала и излез. Можела да најми адвокат со кој би го организирала тоа гледање за да не биде сама. Ако немала доволно пари за адвокат, можела да побара од некој. Или да плаќа обезбедувач.
    Луѓе ѝ имаат нудено помош, за да се тргне ако нема поддршка од семејството.
    Ништо не може да оправда убиство на дете. Илјадници мајки доживуваат насилство, но не се убиваат сосе децата.
    Тоа што направила видео повик на тераса пред да се фрли сосе дете, покажува дека се фрлила сосе дете за да го казни Стојанче, не дека гледала спас во тоа.
    Жена која сака спас, оди и моли по туѓинци ако нема помош од свои. Ако има средства самата или сосе дете бега некаде далеку. Ако е толку очајна да се фрла, се фрла самата. Пред тоа детето го остава кај други луѓе.
    Друга жена која ја спомнав поназад, исто имаше партнер дрогераш и дете со него. Ама, таа баш ради детето се трудеше да не полуди и бараше начини како сосе дете да се тргне од него, како да живеат безбедно. Таа успеа во тоа. Само на таква можам да ѝ аплаудирам.
     
    Последна измена: 3 април 2026 во 13:44
    На zuto и Miss666 им се допаѓа ова.
  12. MiloMalo

    MiloMalo Популарен член

    Се зачлени на:
    5 август 2011
    Пораки:
    1.169
    Допаѓања:
    4.181
    @lovestoneddd со каква омраза збориш за некој починат, чудна си искрено. Разбирам за детето да ти е криво и мене ми е, ама многу премногу омраза имаш во тебе према неа, каква и да била веќе мртва е побогу, смири се.
     
    На tambelina, andromedae и ArabellaStarfall им се допаѓа ова.
  13. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.684
    Допаѓања:
    26.359
    Ај може без хипотетички сценарија?
    И без споредувања на други случаеви шо немаат врска со овој, како @Misskirova шо го даде за некоја си девојка и дечко.

    Ги прочита сведочењата? Не е само редовното тепање, вреѓање и омаловажување, туку е и фактот дека типот имал пиштол. Као, у буквална смисла со пиштол се заканувал дека ќе ги убие. Типот веќе пробал да ја убие на повеќе наврати, што го спречило? Ништо, чиста среќа што преживеала. Типот пробал со кола да убие и тој Мартин, зошто не се третира како обид за убиство? Што треба човек да му направи на друг човек за да биде делото обид за убиство? Никој не ги есапел Ивана и Катја, никој. Копилето го фрлал јадењето за Катја што Ивана го купувала. Што го спречувал со пиштол, покрај тепање, да се заканувал да му дава пари? И сè што ќе и' каже?

    Што сè треба човек да му направи на друг човек за да превземе вина дека е одговорен за туѓата постапка? До кога смее еден да малтретира друг без да биде виновен за неговата реакција? До кога може некој да трпи говнарии без да се мрдне?
     
    На Annath, tambelina и Srckata28 им се допаѓа ова.
  14. Intergalactic

    Intergalactic Активен член

    Се зачлени на:
    4 март 2026
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    27
    Не може ништо да се тврди, они најдобро ја знаат вистината. После сведочењето и на овој Саздов малку поинаков впечаток добив.
     
    На ideniki1 и Malesia им се допаѓа ова.
  15. ideniki1

    ideniki1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2023
    Пораки:
    50
    Допаѓања:
    72
    Пол:
    Женски
    Како тоа не е исто дали ја фрлила или скокнала со Катја во раце?

    Ако ја држела во раце се оправдува делото или не се рачуна за убиство?
     
  16. ArabellaStarfall

    ArabellaStarfall Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2024
    Пораки:
    1.469
    Допаѓања:
    9.780
    Пол:
    Женски
    А да, она идела по улица и мафтала со парите. Затоа знаел дека има пари. Каде да оди? Ти кај би отишла? Била кај мајка и. Каде да оди на друго место без пари? Можеби требаше ти да ја земеш дома да и помогнеш. Да видам дали ќе сакаше да се мешаш, ако го видеше пиштолот на Стојанче.

    Таа немала пари за јадење, обезбедувач ќе плаќала:rofl: Дали е се во ред со тебе?

    Ти не знаеш зошто му ѕвонела на него пред да се фрли. Можеби ѕвонела за последна надеж да не се фрли. Која вистина е точна, м? Мојата или твојата? Единствено е факт, дека тоа е моја и твоја претпоставка.

    Таа која и да е, не била Ивана. Ова флешови ми се враќаат, кога моите ми кажуваа овој 5ка имал, оној се вработил ваму, оној не знам што станал. Споредби, дебилни работи. Ти зошто не си доктор и не живееш во 500 кв вила? Некој може, зошто не и ти.

    Тоа се вика, трескање глупости на големо.
     
    На Annath, Asparagus, Intergalactic и 7 други им се допаѓа ова.
  17. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.684
    Допаѓања:
    26.359
    Буквално.
    Може му рекла не можам веќе да издржам, ќе се фрлам со се дете, може овој и одговорил, фрли се, јас ќе бидам доле и ќе ве гледам како паѓате.
     
    На Annath, Intergalactic, nena2010 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. Anaroz1

    Anaroz1 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2021
    Пораки:
    3.160
    Допаѓања:
    7.285
    Се согласувам дека треба сите да внимаваме како се изразуваме, за жал се согласувам и со @RainBow дека и најверојатно нема ништо да се смени, случајот ќе се коментира додека трае судењето и се донесе пресуда, после за жал ќе падне во заборав како и сите останати, се до некоја следна Ивана.
    Се додека колективно не ни се смени свеста и секој еден не си тргне прво од себе ништо не бидува од нас.

    @nextredstyle пак се вртите во истиот круг, еве јас кажав што би направила, кажав другарка ми што направила и пак бев нападната дека јас и другарка ми не сме Ивана, не ме сфаќај погрешно јас се согласувам со твоето мислење, но мислам дека премногу навлеговме сите во хипотетички сценарија што би направила јас, што би направила ти, дали детето ќе било тепано ако останело живо, дали ќе имало убав живот итн.

    А и вие што викате да не се навлага во хипотетички сценарија исто навлагате, еве се коментира дека Ивана да била жива немало да лежи за убиство затоа што ќе и праеле вештачење, јас да ви кажам Ивана да останеше жива ние(намерно кажувам ние во множина) први овде на форумов ќе ја личнувавме ама ајде така нека биде.
     
  19. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    8.338
    Допаѓања:
    44.981
    Пол:
    Женски
    Не, туку МОЖЕБИ ќе била судена според други околности и тие околности би се откриле тогаш во тоа хипотетичко сценарио.
    Мислам дека не дочитувате до крај.
     
    На CameliaMiller му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Lianna Anna

    Lianna Anna Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 март 2017
    Пораки:
    2.575
    Допаѓања:
    20.485
    Пол:
    Женски
    Ова се совети од филм, а не од реалност на семејно насилство. (facepalm) Мислам, како ова ќе го изведеш со човек што има целосна контрола и историја на физичка и психичка тортура. Државата и полицијата се тие што треба да бидат обезбедување. Жртвата не може сама да си го организира спасот додека е под константен страв за животот.

    Каква одмазда, психички брејкдаун е. Трагична психоза предизвикана од насилство, за прекин на неподнослива болка. Не е трезвено размислување.

    Секоја жртва има различен капацитет за справување и различна тежина на насилство. Примерот на успешни жртви само ја понижува онаа шо подлегнала на притисокот и е комплетно нехуман. Наместо аплауз за тие што успеале, треба да имаме систем кој нема да дозволи некој воопшто да дојде до таа точка.

    Убиството на детето е директна последица на неуспехот на институциите да го отстранат насилникот од нивните животи. Не е нејзина вина што не била доволно силна, туку е негова вина што бил насилник, а на државата што го оставила на слобода со дебело досие!
     
    На Annath, Intergalactic, Bezimenka90 и 6 други им се допаѓа ова.