Мајка и ќерка загинаа по пад од зграда во Карпош

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Sofi.ja, 2 март 2026.

  1. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    21.341
    Допаѓања:
    278.902
    Моето прво мислење на темата:
    Не ја сфаќам неа, сфаќам дека околностите довеле да постапува неразумно.
    За неа знам дека постоело само црнина и безнадеж, на нас е да не го поддржуваме тоа размислување и да се бориме и тие жени да знаат дека секогаш има надеж.
     
    На boo3, la.malparida, tambelina и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.534
    Допаѓања:
    69.365
    Пол:
    Женски
    Ова апсолутно никој не го пиша никаде на темава. Сите рековме и се согласивме дека детето морало да биде одземено. Што пак не враќа на институциите на кои нит им е жал, нит мува ги лази очигледно, а пак којзнае и колку се едуцирани, исто како и полицијата.
     
    На Panda00, LejlaD, Srckata28 и 4 други им се допаѓа ова.
  3. ArabellaStarfall

    ArabellaStarfall Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2024
    Пораки:
    1.501
    Допаѓања:
    9.958
    Пол:
    Женски
    Тоа е проблемот Камелија. Што досега се покажа дека нема надеж. На форум може секакви бајки да продаваш. Реалноста е на црна хроника на time. mk.

    Каква надеж да имала Ивана, кога никој не ја заштитил?

    Каква надеж да се даде на следна жртва и дали ти ја гарантираш функционалноста на институциите?
     
    На Panda00, H.VAGA, mal.ecka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    21.341
    Допаѓања:
    278.902
    Ок, јас зборувам бајки, ти зборуваш дека секоја на местото на Ивана треба да се убие и детето да го убие, оти друго чаре нема.
     
    На baby-star, LiquidLuna, PaLaVa и 10 други им се допаѓа ова.
  5. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    21.889
    Допаѓања:
    139.306
    Пол:
    Женски
    Мене едно ме заинтересира. Каде се здруженијата за заштита на жените од семејно насилство, женските комитети на партиите да повикаат на протести за да се крене глас да се слушне немоќта на жената во оваа држава. За што се тие таму? Да си пијат кафе и да си ги шират нозете за вработувања и привилегии? А бе како еден не повика, како спонтано не се крена народ? Ама па и што очекувам.. на темава Ивана е крива за се. Она го натерала да ја малтретира, да се иживува врз неа и нејзиното ангелче и да ја доведе до судицид и убиство на најмилото.
     
    На winnie02, christinnn, Simon4e0507 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. VDT2906

    VDT2906 Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 август 2017
    Пораки:
    4.432
    Допаѓања:
    20.341
    Пол:
    Женски
    А како ќе и ја одземе Катја кога е осудуван криминалец, наркоман 100 пати пријавуван за насилство? Па дури и во вукојебинава ниеден суд не би му го дал детето да бидеме реални. Никаков фактор не е тој Стојанче. Ивана била таа која го плаќала тој стан ( значи финансиски способна) сметки и храна.. Плус ако сте ги читале сите сведоштва нејзините имаат кажано дека кога сака може да се врати кај нејзините дека тоа е и нејзина куќа. Братот исто кажа дека имотот посекако ќе се делел на 4 дела и дури и сакал да и даде 30.000 евра да му ги даде на лигушон да ја остави на раат. Татко и дури ингажирал адвокат да помогнат. Ги нападнавте сите што требало да направат да ја фатат за уши и дома да ја однесат? Таа упорно се враќала станот та станот побитен од нејзиното и на ќерка и здравје и психа. Мајка и не се грижела за ќерка и, а Ивана мислела ли на неа кога Катја гледала ќотек и слушала навреди? Дури и се дрогирала за тој стан. Зборувала на Мартин дека овој е психопат ама снимала интимни клипчиња знаејќи дека овој ќе ги види и дека може да ги употреби за да ја уценува и дури и да дојде до убиство.. долевала масло во огнот. Жената која во паркот ги видела прво како она се тепа со швалерката па после како Стојанче ја тепа, кажа дека и покрај убедувањата од нејзина страна да пријави не била заинтетесирана туку заедно со швалерката негова си отишле. Женава посекако викнала полиција. Рече дека дур се тепале девојчево плачело и се тресело но на никој од нив тројца не му било гајле. Не прифаќала помош, тоа не значи дека го заслужила сето тоа малтретитање и тепање никој такво нешто не заслужува и тој наркоман треба да лежи затвор. Он е едниот убиец на девојчето, а она е другиот. Како што пиша една членка Стојанче ја уби Катја психички, а Ивана физички. Да земе да ве чита некоја жена која е можеби во иста положба може и полоша од Ивана ќе си рече па немам избор ќе се убијам. А секогаш има избор.
     
    На Liky, baby-star, Medea. и 14 други им се допаѓа ова.
  7. ArabellaStarfall

    ArabellaStarfall Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2024
    Пораки:
    1.501
    Допаѓања:
    9.958
    Пол:
    Женски
    Не ми ставај такви реченици во мои постови. Самоубиство не е решение. За никого. Но, не знам кој пат веќе верглам, сфаќам зошто го избрала тој пат.

    Ајде да речеме дека има надеж. Која е? Што треба следната жртва да направи и превземе. Сфаќаш дека ова не е да се докажуваме јас и ти кој е во право. Трагично е. И јас сакам жртвите да имаат надеж. Сакам да им се помогне. Сакам да живеат живот каков што заслужуваат, безбеден пред се. Но, кој од постоење на оваа трула држава ја создал таа надеж?
     
  8. ArabellaStarfall

    ArabellaStarfall Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2024
    Пораки:
    1.501
    Допаѓања:
    9.958
    Пол:
    Женски
    Ќе ја земе Катја на истиот начин што бил ослободен од затвор. Со врски, со ургирања. На истиот начин што бившиот на Росица ниту еднаш не беше во затвор. На истиот начин што Васил наместо зад решетки, тој возеше над 100ка на Партизанска и уби девојка. Лесно е во Македонија да го заобиколиш законот. Дури премногу е лесно.

    Никаков фактор не е Стојанче за тебе или мене, но бил за Ивана. И се заканувал со ќерка и, го земал станот, ја тепал. Мене што ќе ми земе, ако ме истепа, маж ми ќе го дотепа.

    Се дрогирала ради него. Каква врска има станот?!

    За клипчињата се сомневам што се, што има на нив и како се добиени.

    Колку пати ти правилно си расудила во својот живот? Ќе имаше емпатија према Ивана, ако живееше според твојот морален компас? Или бидејќи била несовршена, заслужила се што и се случило. Не мислиш дека се што направила е бидејќи веќе била жртва и дека е направено само затоа што била жртва?
     
    На winnie02, Lianna Anna, An-na и 3 други им се допаѓа ова.
  9. ForeverYoung

    ForeverYoung Популарен член

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    743
    Допаѓања:
    2.143
    Па Ивана го ослободила од затвор,преку мајка и фаќала врски. Исто преку нив работа имал. Не дека бил многу моќен.
     
    На PaLaVa, Anaroz1, zuto и 3 други им се допаѓа ова.
  10. ArabellaStarfall

    ArabellaStarfall Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2024
    Пораки:
    1.501
    Допаѓања:
    9.958
    Пол:
    Женски
    Зошто се плашела толку Ивана од него тогаш?
     
    На Panda00, Biljarkata и eliesaab им се допаѓа ова.
  11. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    18.117
    Допаѓања:
    136.962
    Пол:
    Женски
    Тебе ти враќам на цитатот бидејќи немам ни време, ни волја за сите, а ти барем знаеш посалам да вратиш.
    Тоа си е твое мислење.
    За други е ова.
    Сите сме или треба да сме растени со некаков морален компас. Сите го имаме чуено тоа дека убиството е еден вид злосторство и дека не треба да го правиме или барем не на невини лица. Децата се во поголем број невини лица за разлика од возрасните.
    Девет месеци ја носела во стомак. Ја поела и хранела.
    Ради ова не може да се прифати дека решила да ѝ го скрати животот.
    Арно рече некоја.
    Што ако Ивана преживееше, а Катја не?
    И Ивана како Стојанче ќе се најдеше зад решетки.
    Дали и тогаш истите членки ќе ја оправдуваа?
    Знаеме дека немаше. Напротив, ќе ја осудуваа исто како и идиотот и најмногу на мајките ќе им беше несфатливо.
    На форумов има членки, мајки кои трпеле насилство (нема да ги тагнам оти не сакам да ги влечам во дискусија непотребно. Можеби и на нив им паднала некаква темна мисла, ама не ја послушале иако им прекипело.
    Зошто?
    Затоа што колку и да им се скренало во главите, сепак тие невини детски очи ги потсетиле дека треба да се борат живи. Тие треба да се пример за секоја во иста или слична ситуација.
     
    На lovestoneddd, PaLaVa, fana и 8 други им се допаѓа ова.
  12. VDT2906

    VDT2906 Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 август 2017
    Пораки:
    4.432
    Допаѓања:
    20.341
    Пол:
    Женски
    Ивана ја молела мајка и да фати врски за да му ублажат казна, он бил обично наркоманче. А за дрогата имаше изјава од Мартин дека земала дрога, кога ја прашал зошто рекла " Морам да бидам добра за да ми го врати станот. Никој не рече дека Ивана заслужила такво нешто.
     
    На lovestoneddd му/ѝ се допаѓа ова.
  13. sonuvana

    sonuvana Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2016
    Пораки:
    1.367
    Допаѓања:
    2.951
    Пол:
    Женски
    Најтажно е што глумеле двете. Да исполнат туѓи очекувања. Ивана криела од семејството колку е малтретирана, се трудела секогаш од почеток да покаже дека не е баш толку безвредна и поради тоа прво го криела вистинското лице на монструмот, потоа се грабала за станот, нашла љубовник за да покаже дека сеуште некој може да ја сака......го научила девојченцето да се радува кога тато ќе дојде да ја земе во школо, да се радува кога некој чичко ја шета и и купува тетратки....веројатно на крај и ја убедиле дека заедно ќе летаат.....претажен лажен живот, само поради туѓи очекувања....поради лажни наметнати инстаграм приказни, лажен општествен морал....

    Затоа ако има Ивани кои го читаат ова, треба да знаат дека животот е долг и полн со пресврти и изненадувања. Денес си доле, утре којзнае каде....само треба борба и да се кажува гласно вистината. Баш ви е гајле дали некој ќе ве гледа со презир, па и најблизок да е....одговорност имате само кон себе и оние кои сте ги родиле и кон никого повеќе...
    Големо чудо и сто грешки ако сте направиле, се може да се поправи, ублажи макар, можеби уште утре.

    Барајте помош, секогаш и од секого, кажувајте си ја маката, не се залажувајте дека насилник може да се смени ( единствено сигурно е тоа ).
    Животот е чудо, искреноста вистински луѓе привлекува.

    А еден ден, кога секој од нас ќе го победи срамот и стравот, кога ќе се надмине потребата да глумиме туѓи животи и играме туѓи навидум совршени улоги....тој ден и системот можеби ќе почне да ја врши својата основна и вистинска улога.
     
    На Liky, PaLaVa, Mumoftwo30 и 8 други им се допаѓа ова.
  14. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.726
    Допаѓања:
    26.497
    "...а тој рече – „таа к…а не се убива, не умира“.
    Не знам како се прескокнува фактот дека многу пати има пробано да ја убие, ама не успевал.
    Може си фантазирам пошо сум изреволтирана, али нешто внатре ме тера да мислам дека и идејата да го напраи тоа што го напраи, и' ја има стаено во глава, не би ме чудело меѓу сите ружни нешта да и' има додавано работи од типот на 'оди утепај се', 'боље умри', 'ако, фрли се', итн. Секако ова е моја претпоставка, ама видете му ги сите досега споделени дела, овој не е само насилник, овој е психопат и манипулатор тежок. Абе копилето дури со кола се има зденато у друга за да го повреди тој другиот, не мислел ни на себе бре!
     
    На sparklie, Liky, winnie02 и 15 други им се допаѓа ова.
  15. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    21.341
    Допаѓања:
    278.902
    Прво и основно, сега зборувам општо - НЕ за Ивана конкретно (затоа што не ги знам сите поединости за неа и нејзината ситуација и не тврдам дека ги знам).

    Ова што го зборувам е искуствено преку мои блиски оти имам блиски кои оделе и кои во моментов одат по ваков пат.

    - Прво и основно е адвокат (има адвокатка која про боно ги зема овие случаи, доколку жртвата не може да плати), нејзиното име е Катерина Котеска - Стисниоска и нејзиниот контакт телефон е 078451102
    Можеби постојат и други, јас за оваа адвокатка знам.

    - Со адвокатот во полициска станица (иако не е нужен адвокат за да се пријави насилство) подобро е во такви ранливи моменти да се има адвокат за зборува за нас. Доколку не можеме да повикаме адвокат, кој и да ни е личност од доверба, семејство, пријателка, макар случаен сведок - не одиме сами во полиција освен ако баш не мораме (затоа што за жал потребен ни е дополнителен кредибилитет и некој посмирен од нас)

    - Полицијата ќе понуди да нè однесе во болница за преглед и констатација на физички и психички повреди - може да одиме и сами, важно е да одиме одма и да не одложуваме

    - Болницата е должна да изготви извештај со сите наши физички повреди, а исто така ќе организира да разговараме итно, не подоцна од 12 часа со психијатар. Овие прегледи се неопходни и се доказен материјал.

    - Немаме шелтери, потребно е да останеме некое време кај некој (семејство, пријател). Полицијата треба да го отстрани насилникот од домот независно на чие име е, но ако живееме во заедница со неговото семејство и семејството не е насилно, нив не можеме да ги отстраниме. Паметно е да се направи план за прво време каде ќе бидеме додека не почне постапката. Доколку постојат дополнителни закани и уцени, собираме што повеќе можеме доказен материјал. Најважно е прво да сме безбедни.

    - Во однос на материјалните работи и ова посебно важи за луѓе во брак, но и да не сме во брак. Ако сме вработени, плаќаме кредит, сметки, за тоа постои пишан траг. Не може да ни го земе мажот станот и да е на негово име. Ќе мора да го отстапи или да нè обесштети, но во секој случај тие закани се - празни закани.

    И ова е многу важно: многу жени остануваат со насилниците затоа што им се закануваат дека ќе им ги земат децата. Дете не се доверува на тој што има стан, државна работа, повисока плата итн. туку на тој што е способен да се грижи за детето, а на другиот му се одредува алиментација.

    Сето ова отом потом, важно е жената и децата да се безбедни, другото е процес.

    Овој пат не е лесен никаде, а во Македонија е неверојатно тежок.
    Ама смртта не е решение, макар на форумов да пише некоја, јас тврдам дека куп нас ќе и' помогнат како знаат и умеат.

    Дури и државата кога ни е срање, ние сме солидарен народ.

    Дури и во овој конкретен случај, сведокот Белчева се ставила себе во опасност за да помогне (дури физички го допрела насилникот за да го "освести"). Колку што институциите ни се срање, толку сме ние (жените, барем повеќето) солидарни.

    Верувам дека ваква цела тема постои и веројатно сум оф топик овде, само сакам да кажам дека без оглед колку сочувствуваме со Ивана, мора да останеме свесни дека надеж постои, само смртта е непроменлива.
     
    На LiquidLuna, Tanjat78, Трагедијаупмм и 12 други им се допаѓа ова.
  16. Gosh

    Gosh Мразачка на луѓе

    Се зачлени на:
    10 октомври 2015
    Пораки:
    3.990
    Допаѓања:
    49.982
    Ти збориш општо, ја зборам за овој случај конкретно.

    Ивана не била жртва коа се упознала со наркоман и потенцијален робијаш и му фаќала врски да не лежи затвор оти затруднела после три месеци. Со тоа и се докажува дека била неспособна мајка, уште и пред да зачне.

    Друго не планирам да се повторувам ко празна воденица.
     
    На baby-star, Medea., lovestoneddd и 3 други им се допаѓа ова.
  17. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    22.252
    Допаѓања:
    204.992
    Како? Како бил сто пати пријавуван? Кој вика тоа? Кога била истепана во станица, утредента (!!!) не отишла да потпише изјава/записник, тоа не постои. Кога пријавила жената во Тафталиџе во паркот, немало доказ за насилство. Тој доказ за насилство не постоел до после скокањето од тераса, кога магично полицијата наоѓа видео запис од тепањето:^).
    Како сто пати бил пријавуван, кога на комшиката полиција и се заканила дека ќе добие кривична за лажно пријавување, и истото го добила Ивана, самиот ден пред да скокне. Ако воопшто скокнала! Пошто џанаци се олош жени али мужи џанаци манипуланти, на суд сведочат вистина.
    Е сега, тебе и мене ни е како, како можела воопшто така да мисли, дека би можел да добие старателство и со тоа да е уценувана. Затоа што јас и ти мислиме рационално, не влегуваме во траума тунел перцепција. Изјава на мајка и ,,ќе и го земел детето, пошто он работел на државно,а она на приватно,,. Тринаесет пати ја прочитав изјавата, очигледно и мајка и верувала во истото. Али рационално размислувала, ок.

    И најпосле, одбила помош од рандом минувач. Пошто дотогаш само на поддршка и разбирање наидувала, и страшна доверба дека ќе добие помош имала, особено од рандом минувач. Срам да и е.
    Ова последново го прави настанов грчка трагедија уствари:doh:
     
    На Lianna Anna, Yowannty, Panda00 и 3 други им се допаѓа ова.
  18. ArabellaStarfall

    ArabellaStarfall Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2024
    Пораки:
    1.501
    Допаѓања:
    9.958
    Пол:
    Женски
    39 полицајци не постапиле како што треба, колку пријави се тоа? Да, и јас мислев дека само треба да пријавиш во полиција и дека ќе бидеш безбедна. Како да не зборуваме за случајов, само кажуваш како формално да постапиш при насилство. Тој е чекорот, реалноста кога го следиш чекорот, што вика?

    Болницата треба да постапи? Ивана била нападната во болница. Стојанче си отишол дома без око да му трепне, без некој да го однесе во станица.

    Ивана се преселила кај мајка и. За да биде безбедна. Која патем исто така добивала закани дека ќе и биде спалена куќата. Требало да не веруваат?

    Која солидарност во Македонија? Ивана е тепана и давена во кола при сведок. А тој, цитирам ,,немој бе брат, немој така".

    Белчева направила колку што можела, ќе направи и друг колку што може, моментално. Но, тоа не помага за трајно решение на жртвата.

    Овој пат некаде е многу полесен. Во Македонија, тој што треба да те штити, ти го прави уште потежок.

    Може да пишуваме реферати како треба. Но, ако така било, немало секој месец да не изненадува некоја нова трагедија.

    Јас кренав раце од Македонија, ама тој што остана што не се ни бори, не ми е јасно. Денес е Ивана, утре некоја друга. Препукување на форум нема да ги спаси жртвите. Впрочем, битките сега онлајн се водат и траат три дена, се до следната жртва. И пак истото ќе се пишува, како полицијата ќе постапи. Уствари таа никогаш не постапува.
     
    На Lianna Anna, Panda00, la.malparida и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    21.341
    Допаѓања:
    278.902
    Битките на овие околу мене се случуваа и се случуваат во реално време, очигледно повеќе имам допир што (не) се случува. Советиве погоре беа дадени искуствено, затоа што и како член на семејство и како пријател сум (била) со нив на овој пат. И одбивам да им речам дека тоа е тоа, треба да дигнат раце.
     
    На JuLleE му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    22.252
    Допаѓања:
    204.992
    Цел ден ова ми се врти во глава.
    Во Англија, има протокол, девојките кои знаат дека ги носат да ги омажат против нивна воља за некој старец, на аеродром да сокријат лажица под облеката, за да се тригерира метал детекторот на аеродром, и да ги спасат.
    Во мк, ќе го тригерираат алармот и ќе им ја предадат на роднините девојката, да и го дотераат паметот.
    Ете толку.
     
    На butterfly6223, Lianna Anna, Yowannty и 5 други им се допаѓа ова.