Мајка и ќерка загинаа по пад од зграда во Карпош

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Sofi.ja, 2 март 2026.

  1. H.VAGA

    H.VAGA Популарен член

    Се зачлени на:
    10 април 2012
    Пораки:
    1.911
    Допаѓања:
    7.690
    Од една ваква средина детето требало да биде одземено. Толку.
     
    На ideniki1 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. ArabellaStarfall

    ArabellaStarfall Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2024
    Пораки:
    1.501
    Допаѓања:
    9.958
    Пол:
    Женски
    Нормално дека нема да им кажеш тоа е тоа, затоа што тоа е најдебилно што може да го кажеш на човек што не гледа излез. Не би го кажала ни јас. Но, тоа не го менува фактот, дека вие како жени не сте безбедни таму. Македонија врие од лутина. Секој некој има друг некој насилен околу него. Дали е тоа маж, дечко, брат... Веќе пишував за тоа во СДК. И јас сум сведочела на пријави во полиција за насилство. Шамарот и закани не биле доволно насилство. Океј.

    Не дека сакам контра да ти одам. Баш напротив, сакам да е, како што пишуваш. Сакам и подобро да е. Сакам да си целосно во право. Но, некако случувањата не даваат надеж дека тоа е така убаво како што е напишано.

    За огромна жал.
     
    На Adidas888, Panda00, la.malparida и 2 други им се допаѓа ова.
  3. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    7.404
    Допаѓања:
    28.418
    Ај еве нацртано каде се има вина, пред да дојде до денот на скокање...
    Инаку, ниту еден човек кој извршил самоубиство со скокање од зграда или во Вардар или некаде кадешто со сигурност ќе загине не расудува правилно.. за жал, барајќи одговор зошто за многу блиска личност, испопрочитав многу студии, прашав многу психијатри.. ист е одговорот. Се случува спојка во глава, кога веќе не се гледа излез.

    А еве за сите кои судат неколку прашања.

    1. ЗОШТО 39 полицајци не постапиле по којзнае колку пријави од жртва, мајка, свекрва, комшика, партнер и сите останати?
    *По кривични дела: телесна повреда при вршење семејно насилство (член 130, став 2), тешка телесна повреда при вршење семејно насилство (член 131, став 2), присилба при вршење семејно насилство (член 139, став 2), загрозување на сигурноста при вршење семејно насилство (член 144, став 2) и др.
    2. ЗОШТО МВР не земало пријави за семејно насилство од граѓани им се заканувало дека ќе ги гони за лажно пријавување и ги прашувало „кој си па ти да пријавиш?“?
    *Граѓаните се должни да пријавуваат по член 40 Пријавување од граѓанин од Законот за спречување и заштита од насилство врз жените и семејното насилство.

    3. ЗОШТО ЦСР не било навремено информирано од МВР и ЗОШТО не е свикан мултисекторски тим да постапува?
    *Должни да свикаат според Протоколот за меѓусебна соработка за преземање мерки за превенција, спречување и заштита од насилство врз жени и семејно насилство и должни се да соработуваат според член 12 од Законот за спречување и заштита од насилство врз жените и семејното насилство.

    4. ЗОШТО се изземаат од одговорност и се уште не е покрената постапка против докторите кои очигледно многу пати и санирале повреди?
    *Не пријавиле сомневање за/или постоење на семејно насилство што се должни да го направат по член 41 - пријавување од службени лица (став 1 и 2) од Законот за спречување и заштита од насилство врз жените и семејното насилство.

    5. ЗОШТО се изземаат од одговорност и се уште не е покрената постапка против образовниот персонал запознаен со случајот кој постапил нессодветно и недоволно?
    *Врз основа на член 41 - Пријавување од службени лица (став 1 и 2) од Законот за спречување и заштита од насилство врз жените и семејното насилство. Дали и колку ги информирале ЦСР и МВР за случајот?

    6. ЗОШТО ниту една гореспомената институција, очигледно после толку пријави, не постапила со должно внимание?
    *Регулирано со член 4 од Законот за спречување и заштита од насилство врз жените и семејното насилство)

    7. ЗОШТО во противпожарна служба работат лица кои злоупотребуваат дроги и дали некој покрена постапка против истите? Дали и колку овие лица се тестираат?
    Според член 216, став 3 потенцијално е сторено овозможување на употреба наркотични дроги од страна на противпожарна служба.

    8. ЗОШТО ОЈО се уште не покренало постапки против службените лица од секоја една одговорна институција и дали ќе покрене?
     
    На sparklie, zvecarka, PaLaVa и 22 други им се допаѓа ова.
  4. LejlaD

    LejlaD Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2018
    Пораки:
    11.352
    Допаѓања:
    221.976
    Пол:
    Женски
    Колку само пати Катја кажувала на училиште што се дешава дома....И уште да разглабаме што би било кога би било.Не дека не знаеле...Никој не потегна тоа дете да се отсрани од таму...Што повеќе да каже...
     
    Последна измена: 3 април 2026
    На mal.ecka, PaLaVa, tambelina и 2 други им се допаѓа ова.
  5. VDT2906

    VDT2906 Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 август 2017
    Пораки:
    4.432
    Допаѓања:
    20.341
    Пол:
    Женски
    Има записник си стои пријавата и да не отишла да ја потпише стои во систем, мајка му исто го пријавувала. Се тоа си стои е сега што имаме " способна" полиција тоа е друго. И од каде логика дека он за тоа што работел државно ќе и за земе ќерката? Она не знаела 21 век да се информира ако толку била исплашена за тоа? Што дека тој работел државно кога она со приватна работа и стан и сметки плаќала. Имала доказ и луѓе кој ќе сведочат дека ја тепал и малтретирал ете така немало наркоманон да и ја земе ќерката.
     
    На LejlaD му/ѝ се допаѓа ова.
  6. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    21.341
    Допаѓања:
    278.902
    Јас не викам дека е добро. Викам дека е ужасно, викам дека ни Стојанче не е крив колку што е крива државата, односно полицијата, ЦСР, обвинителството и реди го по ред натаму.
    Стојанче е Стојанче затоа што државата му дозволила да биде Стојанче, како што им дозволува на безброј Стојанчиња.

    Тоа што сакам да го кажам е кога ги пишувате мислењата (не само ти, тебе те цитирав инаку за сите нас важи) замислете дека жртва иста како Ивана ве чита, и каква порака добива од напишаното. На јавен форум сме, носиме голема, барем морална одговорност за сопствените зборови кон "публиката".

    Ова уште повеќе важи за оние кои блатантно неа ја прават крвник, но за нив треба да си се погрижат модераторите.
     
    На PaLaVa, fana, JuLleE и 3 други им се допаѓа ова.
  7. Dentina

    Dentina Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    4.344
    Допаѓања:
    44.472
    @CameliaMiller Каме од каде ти е инфото дека адвокатката работи про боно? Тоа веројатно додека не стекнала некое име. Зошто побогу би работела про боно, кога и таа има деца за гледање и свои трошоци. Ниту е семоќна ( и нејзе ја има нападното бивши на клиентка) ниту пак работи без пари. Лажна надеж е тврдењево. Адвокат по службена должност не се доделува на тужител.
    За ова другото не би коментирала повеќе, вознемирувачки е да се читаат 'народните мудрости' изблици од погани јазичини на народецот, кој само чека да плука отров и да лечи комплекси.
    А комплекси лечел и малокурестиот наркос и ситно дилерче стојанчуленце. Во бар малку понормална земја девојчето ке им беше одземено и на двајцата уште при првите тепачки и фаќања со дрога. Па после нека се докажуваа кој е, а кој не е наркоман. Промискуитет сеуште не е нелегален во македонија, на блискиот исток тоа важи па се доделуваат удари со стап. Така да кој е радодајка, а кој мачо со мал пенис е небитно за случајот.
    Ама ете, имало несреќа таму да се роди девојчето. И ради двајца недоветни родители, и цел корумпиран и незаинтересиран државен апарат кој требало да реагира, со самото раѓање и биле поделени очајни карти.
     
    На PaLaVa, eliesaab, Biljarkata и 4 други им се допаѓа ова.
  8. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    21.341
    Допаѓања:
    278.902
    Не ги работи сите случаи про боно, за такви знам кај што помогнала. Контакт телефон тој имам, на што се нафаќа или не, не можам да знам.
    Секако дека и адвокат по службена должност е океј, поентата е кога веќе одиме во станица најдобро е да не одиме сами затоа што сме како жртви вознемирени премногу, ни треба некој да биде посмирен. Ова го зборам затоа што станиците ретко која имаат обучени доволно полицајци за вакви ситуации, а др. стручни лица "дежурни" воопшто немаат. Полесно е кога не одиме сами.
     
  9. ArabellaStarfall

    ArabellaStarfall Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2024
    Пораки:
    1.501
    Допаѓања:
    9.958
    Пол:
    Женски
    Министерот за внатрешни не сноси никаква одговорност. ЦСР никаде ги нема. Јас треба да имам морална одговорност, затоа што сум напишала дека веќе не верувам ништо на државата?

    Јас нема да пишувам дека ништо не функционира, не е проблем. Ќе се смени од тоа односот и постапката према жртвите? Ќе се смени ли на подобро државата?
     
    На Panda00 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. ideniki1

    ideniki1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2023
    Пораки:
    51
    Допаѓања:
    73
    Пол:
    Женски
    Абе ги слушавте ли изјавите на суд од нејзините блиски? Колку била безнадежна кажува фактот што се враќала кај Стојанче и се плеткала со негов другар. Имала подршка и од братот и од мајката, ја извадиле од кај Стојанче таа пак се враќала. Стојанче поднел развод таа тепала негова девојка пред нејзиното дете, на сред бел ден. И другарот со Стојанче со кој се плеткала и нудел да и помогне таа не прифаќала.

    Тотално игнорирате факти кои нејзината фамилија ги кажа на суд.
     
  11. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    22.252
    Допаѓања:
    204.992
    Затоа што тој така и кажал?:smirk:
    Кажи ми дека не размислувала рационално/логички, без да ми кажеш.

    Имала доказ дека ја тепал-каков? Тоа видео што го ,,откриле,, после настанов? Тие 39 што не постапувале, ќе беа непостоечки ако не се случеше ваков страшен крај. И останатите милион прашања на место што ги постави Кукличка.
    А ниеден од нив двајца не бил подобен за родител, ама нели, државата не зема деца од живи родители, родителско право имале. И да, само к...те што имаат швалер и се снимаат со него, не се подобни родители, он е златен, вработен на државно, благородна спасувачка функција врши, она све измислила и дрога му подметнала.
     
    На LejlaD, Lianna Anna, tambelina и 6 други им се допаѓа ова.
  12. Dentina

    Dentina Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    4.344
    Допаѓања:
    44.472
    Порано мислам шелтер центрите имаа волонтери правници, ама сега не знам. Пак беше се тоа спонзорирано од надвор, донации, проекти и чуда. Постоеја на времето телефони за пријавување насилство, хелп линии, дури и психолози и психијатри за психолошки кризи, SOS линии. Колку е тоа сега присутно не знам. Ако другата страна плаќа адвокат, кој знае колку е паметно волонтер да се бара, колку време на располагање има волонтерот неделно или месечно за добри дела да прави...
    За женава, мајкава еве ем врски имале, ем можеле да и помогнат да најде адвокат. И од адвокатите има стоки непрокопсани, тешки сра.а имам слушнато, дури и на штета на клиентот да делуваат.
    Среќа, нерви, пари и волја треба. Од се' по еден куп. И паметот да си го чуваме, оти и тој знае да се загуби лесно, притиснат од разни неволји, не е секој човек еднакво резилиентен.
     
    На LejlaD, eliesaab, Biljarkata и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    21.889
    Допаѓања:
    139.306
    Пол:
    Женски
    Ај не ја хвалоспевајте дотичната адвокатка.. Кој не ја знае...
     
    На zuto, Anaroz1 и MiloMalo им се допаѓа ова.
  14. VDT2906

    VDT2906 Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 август 2017
    Пораки:
    4.432
    Допаѓања:
    20.341
    Пол:
    Женски
    Имала модрици и хематом, ако ништо друго имала пораки во кој тој и се заканувал и уценувал на неа и на нејзината фамилија.
     
  15. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    21.341
    Допаѓања:
    278.902
    Јас ти зборувам за мој и твој личен човечки однос кон други луѓе, не за државата каква е.
    Не знам дали не сум разбирлива, кога ова се твои зборови:
    Нормално дека нема да им кажеш тоа е тоа, затоа што тоа е најдебилно што може да го кажеш на човек што не гледа излез. Не би го кажала ни јас

    Нас во моментов нè читаат жртви, индиректно сè што кажуваме ИМ кажуваме, само тоа го реков.

    И да, знаеме дека не сме безбедни. Не сме безбедни никаде на светов, а посебно не сме безбедни тука каде што закони само на хартија има.
     
  16. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    21.341
    Допаѓања:
    278.902
    Според сведочењево, таа му се колнела на Мартин дека не му рекла на Стојанче дека тие го местеле. Оф беееее. Со какви лудаци имала работа, та и мажов, та и "спасителов".
     
    На tambelina, Dentina и Biljarkata им се допаѓа ова.
  17. kolovoz

    kolovoz Популарен член

    Се зачлени на:
    9 мај 2011
    Пораки:
    1.719
    Допаѓања:
    6.446
    Се тоа убаво вака на хартија напишано ама штета што хартијата и реалноста се сосема различни работи. Сум била сведок како девојка дошла во полиција да пријави насилство ама фино и рекоа дека по адреса од лична карта требало да оди во друга полициска станица оти оваа не била надлежна за неа.Често заборавате дека некои жртви неможат да стигнат ни до полициска станица. А не па да договараат адвокати. Во идеален свет се е идеално. Кога светот ти се руши ништо не е идеално. Велите ќе најдеш помош ама побарај три другарки и кажи дека маж ти те тепа па види колку ќе застанат до тебе. Први ќе те ислушаат ама дали една ќе се нафати да ти обезбеди покрив.
    До жените без излез, ако ништо од напишаново горе во претходниот пост на Каме не функционира, бегајте и не се вртете назад. Никогаш ништо нема да се подобри, ќе станува само полошо. Кога станува збор за вашиот или неговиот живот, секогаш бирајте го вашиот.
     
    На PaLaVa, tambelina, eliesaab и 2 други им се допаѓа ова.
  18. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    21.341
    Допаѓања:
    278.902
    Јас напишав искуствено. Она што сум го поминала со мои блиски.
     
  19. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    21.889
    Допаѓања:
    139.306
    Пол:
    Женски
    Каме, не е секоја приказна иста. Сите имаме некој пример ама за жал не може да се споредува едно со друго.
     
    На mal.ecka и eliesaab им се допаѓа ова.
  20. kolovoz

    kolovoz Популарен член

    Се зачлени на:
    9 мај 2011
    Пораки:
    1.719
    Допаѓања:
    6.446
    Супер што кај нив било се по правилник. И што завршило добро.