Мајка и ќерка загинаа по пад од зграда во Карпош

Discussion in 'Политика и настани' started by Sofi.ja, Mar 2, 2026.

  1. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Joined:
    Aug 12, 2015
    Messages:
    21,462
    Likes Received:
    279,654
    Не споредувам никој со никого, напишав совет ако некоја во дадениов момент е во таква ситуација и не знае што да направи, како и кому да се обрати.
    Буквално не одеше по правилник.
     
  2. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Joined:
    Jan 31, 2019
    Messages:
    22,254
    Likes Received:
    205,027
    Имала она мозок омлет. И 10тина пријави за насилство, кои ги повлекувала, постхумно ќе испитувал министерот Трупко, дали под присила биле повлечени:drunk:.
    Росица, Ивана, уште колку треба, да насилство врз жени биде сфатено како нешто сериозно а не како фолклор?
     
    sparklie, Amelia., mal.ecka and 13 others like this.
  3. Erika.greeneyes

    Erika.greeneyes Популарен член

    Joined:
    Dec 10, 2016
    Messages:
    4,831
    Likes Received:
    9,218
    Gender:
    Female
    Не сакав да пишувам на темава, ама не издржав.
    Нека почива во мир Катја, уште ме прогонуваат нејзините невини очиња од сликата што се споделуваше на фб.
    Има луѓе што се желни за дете, а не можат да имаат. А господ дава на вакви погрешни луѓе деца.
    Очигледно само детето е за жалење.
    А тие двајца се од ист калибар.
    Кавги, тепање, провокации, псуење сето тоа пред детето. Очигледно на ниеден не му било гајле за детето и како се осеќа тоа душиче туку си гледале за себе само.
    Овој ја тепал, навредувал и малтретирал пред детето,
    Таа пак наместо да спаси глава и да бега се замарала со швалерката и при толку проблеми околу себе и дошло до снимање на експлицитни видеа.
    Убаво пишав на никој не му било гајле за тоа душиче.
    Туку правеле љубовни триаголници, четириаголници.
    Абе најди начин да му помогнеш на детето барај преколнувај работи на тоа, а не оди шврлај со друг и накрај земи телефон и на маж ти види што ќе направам. А тоа сирото во нејзината прегратка сигурно се осеќало најсигурно на цел свет, ипак мајка е. Не знаело што следи после тоаа, откако ја зела во раце.. ;(
    А се тоа за еден пусти стан.
    Немам коментар повеќе..
    Не можам да го прежалам девојчево...
     
    Medea., christinnn, Gosh and 4 others like this.
  4. LadyR

    LadyR Популарен член

    Joined:
    Jun 27, 2012
    Messages:
    2,975
    Likes Received:
    10,929
    Пред недела дена жена повозрасна од кај што сум, 60тина години, заврши на болница поради физички повреди од маж и, ја претепал. Жената се јавила во полиција, која го уапсија мажот. Ја сместија жената во некоја безбедна куќа во друг град. Денес дознавам дека жената отишла и ги повлекла обвиненијата...

    Мажот цел живот ја малтретира. Сега последно барала помош по комшиите, трчала од врата на врата и сите си ги заклучиле вратите по дома и никој не отворил. Само една жена што живее сама со ќерка и, и рекла дека единствено што може да направи е да се јави на полиција. А да ја засолни само така не. На мажот му нашле после при претрес дома неколку пиштоли и пушки. Комшиите го знаат каков е, и страв им е да помогнат на жената бидејќи тој може да им отиде со пиштол дома. :|

    И сега на крај што ќе биде. Нема каде да отиде жената, дома се врати пак и тој исто. И пак иста песна. Имаат три деца кои не живеат таму, и не знам како не ја разубедиле да не го повлече обвинението. Многу ми е жал за жената, воопшто не го заслужува ова.

    Не знам службиве и после случајот со Ивана и Катја, како може да дозволат обвиенетието да биде повлечено и тој да не одговара. Катастрофа држава, човек не е никако заштитен.
     
    Amelia., tambelina, st-el and 5 others like this.
  5. ArabellaStarfall

    ArabellaStarfall Истакнат член

    Joined:
    Jan 10, 2024
    Messages:
    1,569
    Likes Received:
    10,499
    Gender:
    Female
    Не биди Стојанка од фејсбук коментар. Те молам.
    Ако подобро прочиташ, Ивана е присилена да се дрогира, а потоа во таква состојба се снимани видеата. За да има Стојанче уште поголема контрола врз неа.

    Ако тврдиш дека Катја се чувствувала најсигурно на свет во нејзина прегратка, значи сепак во нејзиниот краток живот, таа била добра мајка за неа.

    Ивана, според она што е изјавено, после барањето за развод се зближила со Мартин. Мислам и како е тоа битно. Те тепа, те крши, те вреѓа, ама ти треба верна да си. Се е простено во брак, само немој неверна да бидеш.

    Ивана била добар родител, според сведоците. Не би рекла ниту неспособен. Ивана имала битка додека била родител. Ивана работела, заработувала, купила стан, се грижела за Катја, како и секоја мајка. Но, насилството во брак не е секогаш правец кој води некаде. Одиш напред, се враќаш, стоиш во место, се вртиш во круг. Затоа што прво си токсично врзана со насилникот, а потоа тоа преминува во страв. Ивана се вратила да живее со него, да, поради станот. Но само затоа што мајкава и братот ја отпишале од делот кој и следел од татко и.

    Практично, Ивана се довела во една ситуација каде се гледа себе си без никакво имотно решение. Основно, за да имаш некаков живот. И да имаш кај да одгледуваш дете. Кога веќе спомнувате судови дека не гледаат кој има врски. Гледаат кој има кров над глава. Ивана под присила го изгубила.

    Тоа, во комбинација со целиот терор, ја довела до самиот раб.

    Јас би рекла, ако немаш нешто паметно да констатираш подобро и да не се мачеше да пишуваш.
     
    sparklie, Amelia., xxx-ba and 12 others like this.
  6. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Joined:
    Dec 21, 2010
    Messages:
    22,194
    Likes Received:
    140,656
    Gender:
    Female
    Да е само таа..
     
  7. Sucubus

    Sucubus Истакнат член

    Joined:
    Dec 11, 2021
    Messages:
    159
    Likes Received:
    1,370
    Gender:
    Female
    Ви се чудам на паметот (facepalm)
    Како на селска чешма сте. Ве интересира приватноста на жртвата. Веројатно повеќето од вас потајно сакаат и нејзините видеа да ги гледаат. Претпоставки, глупости.
    Институции имаме, плакат со име на институцијата за да знаеме каде влегуваме. Не пречекуваат вакви како вас, половина не знаат да читаат кирилица, ама знаат да гледаат на кафе. Со тој убав мирис на утринското кафе оди и убав трач. А да и солидар играат, таа игра треба да стане заштитен знак на секоја институција.
    Пс. Ако некогаш администрација и др институции имаат протести за плата, мислам дека најдобро би било логото на солидар да е на плакатите.
    Ама што има ние да се буниме за институциите, Ивана е крива тука, и Стојанче исто, ама па и тој бил жртва на насилство.
     
    Last edited: Apr 4, 2026
  8. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Joined:
    Jan 31, 2019
    Messages:
    22,254
    Likes Received:
    205,027
    Ама каков стан какви бакрачи. На Катја и фалела собата, важи. Овој разбрал дека има имот за делење и му притребале уште пари за цицање, затоа е уцената да се врати кај него. Отпосле ја ,,отпишале ,, од делба, откако и го земал телефонот да си договара дел или ќе ги запали.
    Морала некоја глупост да каже зошто се враќа, не ќе каже на нејзините- ме уценува со снимки вакви, онакви. Страв и страм. Од дупка, во провалија. Потипипично, амин.
     
    sparklie, doll.a, PaLaVa and 12 others like this.
  9. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Joined:
    Nov 28, 2012
    Messages:
    12,115
    Likes Received:
    191,444
    Gender:
    Female
    Правам паралела со случајот.
    Како тоа не била жртва претходно? Со мајка која откако ќе ја види ќерка и со модро око или слепецот ќе и се обрател со курва, прв нагон и е да му се обрати нему со “немој така сине, не е убаво”, место да му скокне да го задави со голи раце? Па мачката кога ќе ми ја нападнеше некој мачор во двор скокав да ја земам, ако ќерка ми дојде модра дома од “сине” кон зетот, можам само да го посинам толку многу што во мртовечница нема да го препознаат сопствените мајка и татко. Ти мислиш дека не си жртва на родител што место да те научи како треба, тој ќе ти го вади насилниот дечко слеш џанки од затвор и плус ќе го вработи? Мислиш дека не си жртва на семејство што мислат дека се се постига со пари? Ај сеа ќе му нуделе 30.000 да ја оставел демек после уште толку па стан, па кола и до кога ќе нудат? Ама јадење мушмули дека вратата и била отворена! Сеа по свадба тапани и мижи Асан да ти барам муабети ќе тераат, океј.


    Ивана има типично однесување на жртва. Освен ако доаѓаш од здраво семејство кои ти вкорениле морални вредности, сите жртви и тука потенцирам апсолутно сите жртви во просек бегаат и се враќаат кај насилникит и по 7-8-9 пати пред конечно да се спасат. Ист патерн на однесување е, што само ни кажува на фактот колку многу скршена психа имаат.

    Е сега дали Ивана и без Стојанче ќе била лоша мајка како што цело време се имплицира овде? Хипотетички, да апсолутно е возможно. Ама исто така Катја ќе беше жива и ако не и текнело на Ивана во меѓувреме да го затвори тој токсичен круг, како многу други мајки што прават кога стануваат свесни, Катја ќе наследела свои трауми кои ќе се одразеле понатака на нејзините избори во животот. Ама, ќе била жива.
     
  10. sureinlove

    sureinlove Истакнат член

    Joined:
    Oct 18, 2023
    Messages:
    54
    Likes Received:
    183
    Саздов беше љубовник на Ивана.
    Стојанче болно љубоморен демек.
    Зар не е логично ако твојата жена има љубовник а ти си насилен да го истепаш и немаш никаков контакт после?
    Уместо тоа они пиеле кафе заедно, па уште на кобниот ден чекале Ивана да си го напушти сопствениот стан и ја однесат кај мајка и?
    Не прај смисла то.
    Стојанче е психопат, направи љубовен триаголник, и експлицитните видеа со кои ја уценваше Ивана не беа меѓу него, Ивана и Саздов оделено, туку тројцата заедно, под дејство, што ќе покажат и деталите после вештачењето на мобилните.
    Затоа Ивана, во болка и депресија, по никоја цена жива не сакаше да дочека Катја еден ден да порасне и го види сето тоа.
    Стојанче манипулираше со двајцата, ама и Мартин дозволи.
    Мартин знаеше дека он Ивана психо физички ја малтретира, пред него се дешваа тие дејствија.
    Знаеше оти ја приморува со нив двајца во кревет за да после има материјал да ја уценува за другиот дел од имотот.
    Затоа често тројцата беа гледани заедно, а Стојанче похлепен за пари и ќерката и жената си ги уби без грам жалост.
    Ивана е жртва во случајов а со неа заедно и Катја.
    Ќерката да си ја нарекуваш мало курвиче еј.
    Институции, џандари, комшии, родители, наставници, цел државен апарат знаел, и никој не направи ништо.
    Појезив случај црн како Вардар Македонија немала цела деценија.
    Демони Стојанче и Саздов, болесници.
    Немојте само да го браните Саздов и случајно да помислите дека е он добротвор во ситуацијава.
    Ако бил добротвор, Ивана и Катја на рамо и правец кај него дома, развод со адвокат и готово.
    Ивана да била стварно заљубена во Саздов, да наоѓаше трошка надеж мислете ќе се самоубиеше?
    Си ја напрај она математиката на крај, виде кој е кој.
     
    Last edited: Apr 4, 2026
  11. Gosh

    Gosh Мразачка на луѓе

    Joined:
    Oct 10, 2015
    Messages:
    4,048
    Likes Received:
    50,931
    Ете место ја да се повтарам , тебе ќе те цитирам. Место Стојанче пиши Ивана, а на крај Катја.

    Поздрав.
     
    ideniki1 likes this.
  12. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Joined:
    Apr 24, 2019
    Messages:
    8,572
    Likes Received:
    46,283
    Gender:
    Female
    Дали стварно не сфаќаш или се правиш дека не ја сфаќаш разликата измеѓу документирано насилство и актутелно живеење под закрилата на човек кој се заканува со убиство, наспроти некој муабет од трети страни дека одреден престапник пред многу години добивал ќотек?
     
    Yowannty, Gosh, bookslover and 5 others like this.
  13. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Joined:
    Mar 5, 2015
    Messages:
    4,783
    Likes Received:
    26,932
    @Gosh а дали сметаш дека само Ивана е убиец на Катја, или дека Ивана и Стојанче се убијци на Катја?
     
    Gosh likes this.
  14. Lianna Anna

    Lianna Anna Форумски идол

    Joined:
    Mar 7, 2017
    Messages:
    2,591
    Likes Received:
    20,626
    Gender:
    Female
    Дури и да е така, ова објаснува од каде доаѓа, не оправдува. Типот имал контрола врз своите избори, Ивана немала. И обвинителството го товари затоа што неговите постапки се директна причина за нејзиниот чин.

    ***
    Страници уназад се прави класична деградација на Ивана и со тоа се дава совршен пример зошто жртвите не пријавуваат насилство. Оти дури и кога ќе завршат мртви, им се брои со кого се гледале, кој стан го плаќале...

    Ова е многу штетен наратив и го насочува фокусот на погрешно место. Наспроти тоа, барање затвор за насилниците пред да биде предоцна! Пошо кога некој ќе дојде до овој степен, тоа е знак дека целото општество и сите институции паднале на испит.

    Затоа престанете со морални осуди и запрашајте се како е можно човек со такво досие да шета слободен и да малтретира жени и деца. Доволно веќе со врските! Потребна е рана интервенција, превентива, едукација! И насочето го гневот на правото место, 39 џандари и уште толку институции!
     
  15. Gosh

    Gosh Мразачка на луѓе

    Joined:
    Oct 10, 2015
    Messages:
    4,048
    Likes Received:
    50,931
    Мене само ми е јасно дека жена која се бафта со наркоман, криминалец и потенцијален робијаш, му фаќа врски да не лежи затвор само за да му роди дете толку и се моралните вредности и ич не и чуе за детето ( ко што е евидентно у овој случај ), и не и се криви нит минатото нит мајка и оти е ,, возрасен човек со деловна способност и свест за расудување ,,, и не ни очекувам од неа ништо помалку од тоа што читаме секој ден.

    Истото важи и за сталакот за инфузија.
     
  16. tambelina

    tambelina Популарен член

    Joined:
    Aug 10, 2012
    Messages:
    961
    Likes Received:
    2,637
    Gender:
    Female
    https://www.merc.org.mk/Files/Write/Documents/03471/mk/MTSP_semejno-nasilstvoProtocol_MKD.pdf

    Заеднички протокол за постапување во случај на семејно насилство,
    на следниве институции:
    Министерство за труд и социјална политика
    Министeрство за внатрешни работи
    Министeрство за здравство
    Министeрство за образование и наука
    Граѓански организации

    Кој не го мрзи да се едуцира, изволте! Буквално ,ама најбуквално, чекор по чекор , кој, што ,кога,како, каде има обврска,кога станува збор за секој вид на насилство,семејно,родово итн.

    Секоја постапка е опишана до најмал детал, како да пријавите семејно насилство,родово базирано насилство,

    МОРА СЕКОЈ КРИВИЧНО ДА ОДГОВАРА ЗА НЕРАБОТЕЊЕ И НЕПОСТАПУВАЊЕ!

    Знаеме дека Стојанче ќе оди во затвор. Туку тие што му овозможија на Стојанче да ги врши слободно сите криминални дејства дали ќе одат во затвор? Дали ќе одат во затвор тие што овозможија Ивана да ја однесе во неповрат малата Катја ? Дали ќе одат во затвор тие што не постапија да ја заштитат Ивана и од Стојанче па и од сама себе? Дали ќе одат во затвор таквите службеници кои придонесуваат во создавање нови потенцијални жртви,насилници,зависници. Стојанче и Ивана се исто производ на системското неработење. Семејството може да потфрли ,ама системот е КОРЕКТОР НА ДЕВИЈАЦИИТЕ,треба да спречува,казнува и поправа.

    Ме интересира што ќе биде со сите овие виновници во ланецот (а многу се) ,службениците што ги плаќаме од државна каса , службениците кои мора да работат согласно законот , тие ме интересира да ги седнат во обвинителна клупа. Да бидат за пример на секој нареден што ќе помисли да не спроведува закон!

    Причините кои доведоа до овој чин не ве интересираат или најлесно ви е да кажете издрогирана беше, и толку . Системот е ослободен од вина?!
    Ако сте толку наивни да верувате во тоа тогаш Господ на помош нека ни е на сите.

    Патем,ништо не ви значи на вас правната квалификација,повеќето не ја ни разбираат?! Мртов човек не можеш да судиш. Си пресудил тој самиот.

    Наназад во дијалог, правник и психолог дојдоа до несогласување ,иако (според мене исто зборуваа) се на иста бранова должина, ама правниот жаргон нема некој голем сензибилитет и е ограничен со законски рамки ,во споредба со психолози ,психијатри кои се обучени да работат со жртви а и со насилници, зависници... та очекуваме ние лаици да се согласиме и разбереме.

    Луѓе,бавете се со системскиот проблем, бидејќи тој ист систем треба и вам да ви служи! Престанете да го аболицирате системот со сочните детали од приватните животи на жртвите. Па најголема наркоманка да била, пропалица или што ти знам , системот НЕ СМЕЕ ДА ги негира,одбира,пробира ,жртвите,не смее да не работи , не смее да создава нови потенцијални жртви, зависници , насилници.

    Еве да претпоставиме и дека била наркоманка, како може припадници на МВР ,во толку многу наврати,да не оценат дека лицето е под дејство и да не го повикаат цср за да го заштити детето?

    Секоја чест на соседите ,случајните минувачи , кои многупати пријавувале да не беа нивните пријави сега се ќе беше под тепих.

    Законот е сменет чинам од лани,жртвата може да се повлече од пријавата , ама постапката продолжува по службена должност! Сите жртви на семејно насилство без разлика на нивната финансиска можност имаат право на бесплатна правна помош.
    Во случајот со Ивана се направени низа пропусти, кривични дела, од страна на МВР бидејќи не повеле постапка по службена должност а истата имала хематом во абдоменот, била турната по скали од Стојанче во здравствена установа. Не дозволиво е полицајчиња да водат записник за нарушување на јавен ред и мир во случај на семејно насилство и да го игнорираат детето кое било сведок на истото. Морале да го известат надлежното ЦСР.

    Секое неработење ,пријавете го ! Напишете меил до внатрешна контрола, надлежно министерство, народен правобранител, оставете траг! Прашајте невладина каде може да пријавите доколку не знаете.
    Една, 10, па и 100 поплаки, претставки, пријави ,може и ќе ги скријат, игнорираат , ама тоа нема да можат така до недоглед. Кога тогаш ќе испливаат. Само така има надеж да промениме нешто.

    Едит: исто така и училиштето имало законска обврска да пријави во МВР и ЦСР после сознанијата дека Катја е сведок и потенцијална жртва на семејно насилство.
    Значи куп пропусти! Да биле запазени сите законски правила,не може се да се избегне знам,но во најмала рака барем Катја ќе беше жива.
     
    Last edited: Apr 4, 2026
  17. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Joined:
    Dec 21, 2010
    Messages:
    22,194
    Likes Received:
    140,656
    Gender:
    Female
    Најубаво опиша се што им се случувало.
     
    mal.ecka, LejlaD, tambelina and 4 others like this.
  18. Slevin Kelevra

    Slevin Kelevra Активен член

    Joined:
    Sep 18, 2024
    Messages:
    24
    Likes Received:
    35
    Gender:
    Male
    Кај нас законот да делба на имот е прилично исправен. Не може нејзините(мајка и брат) да ја отпишат од наследство. Може единствено да ја прекинат оставинската постапка која во иднина, некој секако ќе мора пак да ја отпочне. Отпочнувањето можела и самата Ивана да го направи.

    Во овој случај, по смртта на таткото, една половина од негова сопственост и сосопственост следува на живиот сопружник додека другата половина се дели помеѓу децата. Таа една четвртина на Ивана од целокупниот имот на татко и никако не може да и ја земат, освен евентуален тестамент на татко и, кој најверојатно го нема.

    Претпоставувам нејзините се плашеле дека ќе му направи препис на него и прекинале со оставинската. А доколку ја уценувал со снимки, најверојатно и биле во право.

    Едноставно не разбирам кај солиден процент на жени зашто воопшто имаат било каква интеракција со вакви сељо бед бој ретарди а не пак нешто повеќе што донело до непланирана бременост.
     
    PaLaVa, Anaroz1 and Mumoftwo30 like this.
  19. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Joined:
    May 31, 2010
    Messages:
    14,360
    Likes Received:
    84,450
    Gender:
    Female
    Наместо да се осудуваат мртви, да се разглаба нечија приватност, психилошки анализи на некој што веќе не може да даде изјава, треба само да се извлече поука. Да се извлече поука и да се смени нешто. А многу работи треба да се сменат. Фокусот е на погрешно место.
     
  20. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Joined:
    Oct 6, 2011
    Messages:
    10,226
    Likes Received:
    15,023
    Ивана имала видеа со мажот или со љубовникот?