Мајка и ќерка загинаа по пад од зграда во Карпош

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Sofi.ja, 2 март 2026.

  1. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.976
    Допаѓања:
    265.915
    Во Крива Паланка, жена ги уби мажот и свекорот. Во притвор беше. Ја осудија? Ја оставале пред врати да спие, надвор.
    Нешто да се направи за жената, да не заврши во затвор ќе биде одлична порака за сите насилници, дека ќе ги убиеш и нема да лежеш.
     
    На tambelina, Adidas888, Трагедијаупмм и 3 други им се допаѓа ова.
  2. LejlaD

    LejlaD Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2018
    Пораки:
    11.352
    Допаѓања:
    221.976
    Пол:
    Женски
    Неколку страни уназад истово го пишав,дека подобро него да го ,,решеше,,и да го одлежеше(па кој како сака нека ме свати)
     
    На lovestoneddd, ForeverYoung, Anaroz1 и 3 други им се допаѓа ова.
  3. sureinlove

    sureinlove Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2023
    Пораки:
    53
    Допаѓања:
    179
    Ќе се дигневме, не познавам како жени, ќе се боревме да ја спасиме, го знам тоа.
    Колку и да сме клета земја.
    Убивајте ќе ве вадиме ми доаѓа на секоја социјална мрежа да напишам од толку што ми е криво што мајкава и детево веќе ги нема.
     
    На mal.ecka и Simon4e0507 им се допаѓа ова.
  4. Mr.Limonko

    Mr.Limonko Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2025
    Пораки:
    1.120
    Допаѓања:
    4.747
    Пол:
    Машки
    И ќе завршеше таа во затвор..
     
  5. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    21.889
    Допаѓања:
    139.302
    Пол:
    Женски
    Види , како прво не може секој да посегне по туѓ живот. Вака од страна ни е лесно да се мислиме Јас да бев ќе го убиев јас вака јас така.. но човечката психа е многу сложена и нема два исти примероци. Секој во одредена ситуација реагира различно. Можеме романи да пишуваме овде, да споредуваме која како постапила, ама не е секој ист.

    Така да ве молам доста со споредувања на случаи. Овде се работи за многу покомплексен случај од колку што мислиме дека е. Овде се работи за социопат, за монструм кој бил способен сопствено дете да остави на улица во 1 саат по полноќ на автопат без никаква заштита и претходно да ја истепа жената до непрепознатливост. Ако го направил тоа на автопат каде можело да помине било кој, да го види тоа, и не се плашел он можете да замислите што и правел во затворени врати!!
    Побогу пред суд ја тепал гајле немал!!!

    Не сте гледале изгледа документарци за вакви профили на садисти каде што буквално зане да ја издрогира, да ја силува, да не свесна што и се десило. Дали серизно мислите дека она кажувала вистина дека се враќа за станот?? 99,99% се има вратено зашто и се има заканувано по живот на детето, на нејзините и пострашно. Жртвите никогаш не ги кажуваат реалните закани додека не се осетат сигурно. Она никаде не се осеќала сигурно. Она живеела во кошмар.. Друга да била, може ќе земела ќе окончала.. ама ете не го направила тоа. Се плашела за Катја. Во ејзиниот истрауматизиран мозок посигурно место за детето било да ја земе со неа во смрт отколку да ја остави. Не знаеме што точно и колку страшни биле деновите ои претходеле на ова. ова што знаеме е само 1% од она што двете го преживувале.

    @JuLleE мислам дека ја осудија во Кратово жената.

    upload_2026-4-4_20-30-31.png

    Во Битола кога насилникот со секира дојде да си ја земе жена му од кај татко и каде што се криеше, таткото со пушка го реши на врата. Го осудуја во затвор ама после го пуштија издејствуваа за самоодбрана. Имаше емисија за женскиот затвор каде што жртви на насилство си ги отепале мажите и една велеше: После она што го поминав мене овде ми е рај.
     
    Последна измена: 4 април 2026
    На Panda00, senjorita-v, AlmaOculta и 12 други им се допаѓа ова.
  6. ArabellaStarfall

    ArabellaStarfall Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2024
    Пораки:
    1.501
    Допаѓања:
    9.958
    Пол:
    Женски
    Ако е премногу комплексно да се сфати, нека биде и филозофирање.

    Твоето мислење е токсично. Класично обвинување на жртва. Не се концентрираш што и било правено на жртвата, туку што таа правела. Практично, одредуваш кој е жртва врз база на твоите морални вредности. Кои може и за мене да се дискутабилни. Тебе може да ти се случи нешто во таа држава. Сакаш да те судиме за тоа што ти си правела во животот или оној кој што тебе ти наштетил? Ти си ја креираш државата во која ќе живееш и ќе ја оставиш на твоите деца. Од држава креирана од Стојанки, бегај подалеку.

    Инаку дете не знае за омраза, но знае за лутина и страв. Катја ја цртала само Ивана. Цртежите знаат многу повеќе да говорат отколку самите зборови. Што подразбираш кај дете кое трча низ влез да бара помош за мајка и да не ја убијат. Тоа е љубов или екстремен страв?
     
    На Panda00, andromedae, tambelina и 8 други им се допаѓа ова.
  7. Erika.greeneyes

    Erika.greeneyes Популарен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2016
    Пораки:
    4.828
    Допаѓања:
    9.218
    Пол:
    Женски
    Верувај никој не поддржува тука насилство и сите исто мислење имаме за Стојанче.
    Јас само не можам никако да го сварам моментот кога Ивана пред Катја ја нападнала швалерката и сите тројца се карале и се тепале, а малото душиче се тресело,плачело и вриштело а на никој не му било гајле за тоа. Една жена сведочеше за настанот дека таа ја зела и ја гушкала да се смири. Како може како родители да дозволат вакви сцени пред детето. Немој да ми речеш дека ова е ок и нормално?
     
    На christinnn, lovestoneddd, mal.ecka и 2 други им се допаѓа ова.
  8. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    21.889
    Допаѓања:
    139.302
    Пол:
    Женски
    Е па тоа ти е психата бе жено. Она што нас ни е несфатливо нјзе и било толку трауматиирана психата што не реагирала. Он и покрај швалерка не ја оставал на раат.
     
    На mal.ecka, tambelina и LejlaD им се допаѓа ова.
  9. LejlaD

    LejlaD Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2018
    Пораки:
    11.352
    Допаѓања:
    221.976
    Пол:
    Женски
    Знам дека ќе завршеше во затвор,нема полошо од земање на туѓ живот,само што наместо неговиот кој цел живот ја толчеше ојде невина душа за жал...Во секој случај огромна трагедија која на секој од нас остава трага.И не,не е ова повик убивајте,да не бидам погрешно сватена
     
    На tambelina, riba79, MiloMalo и 3 други им се допаѓа ова.
  10. Чанта

    Чанта Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2023
    Пораки:
    626
    Допаѓања:
    949
    Пол:
    Женски
    Ако останеше по некоја случајност жива а Катја не,секако ќе одговараше и таа за убиство. А после сведочењава на Мартин,се надевам двајцата дека ќе скапаат во затвор па после ќе одат во пеколот.Толку.
     
    На Simon4e0507 и LejlaD им се допаѓа ова.
  11. bookslover

    bookslover Популарен член

    Се зачлени на:
    8 мај 2016
    Пораки:
    1.901
    Допаѓања:
    7.275
    Пол:
    Женски
    Немам сила да објаснам колку овие два случаи се различни зошто претпоставувам дека нема да ти го сменам мислењето.
     
    На Panda00, andromedae, LejlaD и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    18.015
    Допаѓања:
    123.975
    Пол:
    Женски
    Колку се различни? Еве стварно сакам да знам, ми треба да се просветлам.
     
    На mal.ecka му/ѝ се допаѓа ова.
  13. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    21.341
    Допаѓања:
    278.902
    За да знаеш детално треба да имаш детален увид, јас немам, па вака од око и штуро ќе ти укажам само дека две лица со идентична психичка болест нема да имаат идентични однесувања и доживувања. Јас не ги знам ниту за едната профилите, туку од постапките кои се јавни знам дека Пале била далеку посвесна, со посочувана психолошка стабилност. Пале упорно го пријавувала, преземала што можела да се заштити, него го криеле колегите, не Пале.
    Второ, Пале го уби додека тој се обидуваше да ја убие неа, односно во самоодбрана и затоа беше ослободена. Пале немала намера ни него, ни себе да се убива, не била суицидна итн.
    Откако го онеспособила му пружала прва помош.

    Едноставно се различни луѓе, различни околности.
     
    На Panda00, riba79, LejlaD и 6 други им се допаѓа ова.
  14. Lianna Anna

    Lianna Anna Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 март 2017
    Пораки:
    2.579
    Допаѓања:
    20.580
    Пол:
    Женски
    Споредбата меѓу Пале и Ивана е правно и психолошки неиздржана. Пале беше во ситуација на нужна одбрана! Кај Ивана има поинаков феномен, психолошки пад и безизлезност. Ивана не е Пале затоа што нејзината траума не еволуирала во отпор, туку во потполна дезинтеграција на личноста.

    Не е секоја психа иста и не е секое насилство исто. Пале уби за да преживее, Ивана се уби затоа што (веројатно) и било тешко да го поднесе преживувањето. Двете се жртви на истиот систем кој не ги заштити навреме, само што резултатот на нивната болка е различен!

    Зошто Пале се слави, а Ивана се суди?! Многу едноставно и живи примери имате овде во мислењата.

    Затоа што општеството очигледно прифаќа жртва според своја замисла и оние кои успеваат да се изборат, на жалост! Другите ги осудува нели, оти не ги смета за вредни пошо се целосно скршени. Поради ова, не може да се види грдата вистина за насилството, дека тотално го уништува човекот до точка кај што станува опасност за себе и за тие што најмногу ги сака. Тогаш кога ќе се сконта ова, ќе почнат и промените.

    Мислам, реторикава! Дај кажете му на болен човек дека е виновен што подлегнал на болест, оти друг успеал да оздрави.

    Патем, ако Ивана останеше жива, ќе и се судеше земајќи ги предвид сите околности кои довеле до тоа. Значи пак, насилството и нејзината психа како резултат на истото. И многу поверојатно е дека ќе завршеше на психијатрија.
     
    На Panda00, MeowMeow, LejlaD и 16 други им се допаѓа ова.
  15. tambelina

    tambelina Популарен член

    Се зачлени на:
    10 август 2012
    Пораки:
    876
    Допаѓања:
    2.478
    Пол:
    Женски
    Многу ме нервира што немаме емисии како во соседна Србија,кога има вакви актуелни настани. Секојдневно ,на повеќе медиуми гостуваат различни профили на луѓе (психолози,психијатри,адвокати,социјални работници, инспектори,невладини организации итн ) и се објаснува подробно да може секој да разбере и сфати. Не дека Србите се просветлија, и тие се тука некаде како нас со менталитетот ,но сепак новинарите се трудат да направат квалитетни емисии и подробно да го информира народот. Е сега има и такви што бркаат сензсционализам .
     
    На IRBBB, Purpleheart, Yowannty и 3 други им се допаѓа ова.
  16. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    22.252
    Допаѓања:
    204.992
    Па не е ни толку комплицирано.
    Пале е една со име, која го убила мажот во самоодбрана ( ваљда пошто ја тепал). Жената од Кратово е жената од Кратово, безимена. Ни едната ни другата не беа жртви , со медиумска покриеност, за да им го мериме ,,моралот,,. Имале ли швалери и колку, со што го ,,испровоцирале,, мажот?
    Ивана е една со име, симбол на тотален колапс на системот и неспособните политичари. Пошто истите политичари се сеуште на власт, сега фокусот мора да биде на блатење на жртвата, да се занимаваме со тоа со кого се онадела, пошто тоа е пресудно за случајот. Не да бараме одговорност и да ги реметиме безр(а)бетниците. Затоа и известувањата од судењето се такви какви што се, пошто е битно она што се расправала со швалерката, затоа вриштело детето. Малку поразлично од првичното известување баш за тој настан.
    https://www.slobodenpecat.mk/video-...izvicite-na-deteto-ne-mozham-da-gi-zaboravam/
    Е, да, и жива душа нема да писне, ниеден борец за женски права, психолог, да се објасни зошто и што е жртва. Не смее да се таласа, занимавајте се со швалерите и швалерките, тоа е најбитно за случајот.

    Инаку, практично. Ивана клекнувала и се криела со раце, очекувајќи удари. Во кое сценарио таква жртва ќе се самоодбрани?
     
    Последна измена: 4 април 2026
    На MeowMeow, zvecarka, IRBBB и 8 други им се допаѓа ова.
  17. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    18.015
    Допаѓања:
    123.975
    Пол:
    Женски
    Немам детален увид ни јас.
    Јас знам исто ко сите, тоа што се пишува нели.
    Не, не можеле да го кријат колегите. Пријавата си стои исто ко на Ивана. Ја повлекла или не, таа стои дека пријавила. Што после презеле МВР не е релевантно за нас (додуша е, не постапиле никако со тоа сме согласни сите).
    И Ивана се уби сама, за да не ја убие сталакот. Само што Ивана ја уби и ќерка и. А Пале го уби насилникот.
    Различни луѓе се де факто, различни околности не се ни под разно.

    Амаааа психата пореметена, не знам ти што, не сме ние Ивана не сме на нејзино место дрндаме од тастатура и шотијазнам дигресии ги правиме тука со која цел?

    Ивана е жртва. Да. Точно. Што и да правела или не правела колку и пати да се вратила кај сталакот, со колку и да се е*ела со баш ништо не заслужила да го доживее тоа насилство. До 02.03.2026 до 14 часот.

    После тоа, Ивана е жртва и убиец. Убиец на некој тотално невин, со душа чиста како солза.
    Да го убиеше маж и ...
    Социјалната работничка макар...
    Полицаецот макар ...
    Ама детето???? Сопственото дете?
    Била пресметлива или не Ивана е убиец. Толку. Точка. И не смее да има АМА во нејзиниот случај.

    Детето .... Детето!! ;(;(;(
     
    На riba79, LejlaD, zuto и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    22.252
    Допаѓања:
    204.992
    Е да де, детето. Затоа сме сите исто потресени. Ама еден Торко, една работа да направел ко што треба, немаше да пишуваме овде. Не знаеле дека постои дете? Види ги претпоставките на Белчева во линкот погоре. Не знаеле од пријавите дека дете вришти ноќе ,,тато ќе ја убие мама,,. За никого не им е гајле. За децата па ич. Пошто секое дете вришти кога има семејно насилство, ама никој не ги гледа.
     
    На Panda00, riba79, LejlaD и 2 други им се допаѓа ова.
  19. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    21.341
    Допаѓања:
    278.902
    Како не можеле да го кријат колегите кога буквално го криеле и не постапувале, не ни сакале да примат дел од пријавите?

    Како не се различни околности, прво се различни во тоа дека не е исто да те давам во дадениов момент и во дадениов момент да ме убиеш, или секој ден те тепам па не гледаш чаре и смислуваш да ме убиеш кога не се бранам; различни луѓе се Пале и Ивана со различни психолошка структура; различни им се животните околности и мн. други работи.

    Не знам зошто мислиш дека некој вика (барем јас не гледам) дека Ивана не е убиец, затоа што е, со тоа што 15 пати повторија многумина дека еве да преживееше таа, а детето не, ни афект (миг) немаше да може да и' се досуди, веројатно ќе беше непресметлива (затоа што Е непресметливо однесувањето, ама не е жива и нема кој да ја вештачи).

    Секако дека психичката состојба се зема не само во предвид, него во дадениов случај поради психичката состојба не ќе можеше кривично да одговара.

    Лиана веќе рече, ни правно ни психолошки не се слични случаи.
     
    На Трагедијаупмм, mama11, Lianna Anna и 3 други им се допаѓа ова.
  20. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.759
    Допаѓања:
    93.172
    Пол:
    Женски
    А не.
    Психолошки се потполно исти.
    Крајно трауматизирани , малтретирани жени двете биле долго време во безизлезна состојба.
    И не е само Пале.
    Има неколку жени кои си ги убиле мажите.
    Имаше серијал интервјуа со нив.
    Сите до една си ги убиле мажите откако со години трпеле насилства, тепања и силуваања.
     
    На riba79 и JuLleE им се допаѓа ова.