Мајка и ќерка загинаа по пад од зграда во Карпош

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Sofi.ja, 2 март 2026.

  1. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    21.888
    Допаѓања:
    139.301
    Пол:
    Женски
    Кога врбата ќе роди грозје.
     
    На PaLaVa, bookslover, sureinlove и 12 други им се допаѓа ова.
  2. eliesaab

    eliesaab Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    5.158
    Допаѓања:
    17.502
    Пол:
    Женски
    Лично мене ми е најмизерна родената мајка, да пријави свекрва насилство..а оваа роденава дремела. Класика соучесник во насилство. За родената ќерка и внука ништо, за зетчето сè. Мада и братот арен е, тактички си ја испра душата во онаа објава.
     
    На PaLaVa, mal.ecka, riba79 и 8 други им се допаѓа ова.
  3. ArabellaStarfall

    ArabellaStarfall Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2024
    Пораки:
    1.501
    Допаѓања:
    9.958
    Пол:
    Женски
    Искрено со последниве детали што излегоа, целата омраза ја насочив према полицијата. Би сакала да прочитам повторно мислење како Ивана имала надеж и како тоа она ја повлекла Катја со себе. Детето плаче, вика по телефон, никој не ја заштитува, кој ќе ја заштитеше ако останеше со татко и. Ова е болно. Болно и за себе што ја сфаќам Ивана. Уште поболно што и јас не знам што живот би имала со тој лешпер од татко. Но, е реалноста која ја продуцираат институциите. Никој не те штити.

    Од снимките се чита колку навистина Ивана немала излез.
     
    На senza.parole, riba79, Amellie и 16 други им се допаѓа ова.
  4. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    9.361
    Допаѓања:
    42.727
    Пол:
    Женски
    И мајка и пријавувала
     
    На Mumoftwo30, Malesia, Anaroz1 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. eliesaab

    eliesaab Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    5.158
    Допаѓања:
    17.502
    Пол:
    Женски
    Не прочитав такво нешто, мада и да го има за мене од прва изјава падна на тема мајка.
     
    На Трагедијаупмм му/ѝ се допаѓа ова.
  6. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    21.341
    Допаѓања:
    278.902
    И таа пријавувала, сите пријавувале. Татко и' адвокат ангажирал тој период летото.
    Човекот после починал и што биднало не знаеме, ама знаеме дека еден саглам џандар да се зафател сериозно со случајов, ЕДЕН, големи се шансите да не биде ова исходот.
    Во најмала рака ЕДЕН да ја седнел да ја едуцира кои и' се правата, како може да и' се помогне, ЕДЕН да не ја дискриминирал дополнително, ЕДЕН да ја гледал како човечко суштество.

    Рамајана беше "циганка", Ивана "наркоманка", сите останати беа "нешто" освен жени, човечки суштества, што заслужуваат и со Устав и закони имаат право на достоинство и заштита.
     
    На riba79, butterfly6223, Amellie и 30 други им се допаѓа ова.
  7. VDT2906

    VDT2906 Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 август 2017
    Пораки:
    4.432
    Допаѓања:
    20.341
    Пол:
    Женски
    Ивана му вели на Стојанче дека не го мести за дрога. Се слуша како ја удира. Таа му вели: „Се што си имаш направено, си имаш направено сам”. Стојанче ѝ се дере: „Што сакаш!”. „Да живеам со тебе. Не ме мавај, не ме мавај”, се слуша Ивана.

    Тој ѝ се заканува дека ќе ѝ го уништи животот. Ѝ вели кај сака нека пријави, ќе лежи затвор, ќе искочи „мамето ќе ѝ го ебе”. Стојанче на крајот ѝ вели на Ивана: „Подобро убиј ме, зашто све ќе ти ебам!”.

    Зошто и покрај сето тепање најсурово понижување, навреди, неверство...дете тепано и психички малтретирано го изјавуваш ова?? Луѓе никој тоа не го заслужува да го живее но бидете реални, таа вистински не сакала помош за жал. Видовме дека и неговата фамилија го пријавува но таа постојано повлекува пријави. Да тука е крива и полицијата која била ноншалантна и требала да реагира барем детето да се тргне, бидејќи видовме на снимките се слуша дека е преплашено, вознемирено. Криви се институциите кој не заштитија едно невино дете од дисфункционално семејство. Крива е и државата која нема никаква помош за жените и децата кој трпат насилство, никакви кампањи да се едуцираат, охрабрат психолошко советување, сигурни куќи и финансиска помош дури не застанат на нозе. А за насилниците минимум 15 години затвор, да се замислат пред да кренат рака. Се надевам и психово ќе си лежи долго.
     
    На happygirl, senza.parole, Лејди Гага и 9 други им се допаѓа ова.
  8. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.976
    Допаѓања:
    265.914
    Имаме едни вакви, наркомани. Жената се и продава, пие, се дрогира. Дечково исто. Никогаш до сега не бил насилен, ама со девојката се тепаат двајцата. И она тепа и он. Она има дете кое среќа е одземено од нејзе.
    Кога и да се степаат, полиција реагира. Наизменично добиваат забрана за доближување, иако она живее во негова куќа.
    Не почитуваат ништо. Пак се тепаат. Полиција пак доаѓа.
    Со нив сите се занимаваат. На женава и се нуди секаква помош, од лечење до сигурна куќа.
    Не сакаат, одбиваат. Ама сепак со нив се занимваат институциите. Нема врска што се зависници.
    Ти како држава мора да понудиш помош. Кога има дете пак, не смееш да оставиш дете таму.
     
    На mal.ecka, Simon4e0507, Gosh и 5 други им се допаѓа ова.
  9. sureinlove

    sureinlove Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2023
    Пораки:
    53
    Допаѓања:
    179
    Трагедија од држава.
    На телефонска линија пред државно полициски диспечер запомагаат жена, дете, слушаш насилничко надјачување, ќотек, одиш на терен и тврдиш како не може да го лоцираш точниот стан со насилникот?
    Надвор те тепаат, детето ти вреска, доаѓа рендом жена што живее во близина, физички реагира во раздвојување на насилникот, пријавува, доаѓа полиција и вика нисмо одавде, си отидоа, малце ли вакви ги има?
    На сејф шит сити се прегледуваат тон снимки на дневно ниво, и ве молам немојте да пишете како не е така, и не гледаат дека жена е тепана/ударана?
    Меѓувреме ти, мајка ти, татко ти, свекрва ти пријавувате, комшии пријавуваат, децата во школо дома кажуваат што се случува во училиште, каде се сите?
    Кој е овде луд а кој нормален ве молам?
    Хорор држава, отуѓен злобен поган народ, најголема клетва е што немаме карта за еден правец.
     
    На senza.parole, Amelia, mama11 и 11 други им се допаѓа ова.
  10. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    5.036
    Допаѓања:
    25.181
    Пол:
    Женски
    Не можам да го сварам овој параграф, толку ме трогна. Врежано ќе ми е во главата долго, долго време. Како е можно толку нечовечни луѓе да се сконцентрирани на едно место? Абе еј, еден да не се нашол да си ја изврши должноста.

    Screenshot_20260409_172629_Chrome.jpg
     
    Последна измена: 9 април 2026
    На Sofia*, Amelia, Eunoia и 7 други им се допаѓа ова.
  11. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    4.042
    Допаѓања:
    11.192
    Пол:
    Машки
    Во Македонија има 10,000 полицајци. Не верувам дека сите и го кажале ова на Ивана. Тој/Тие полицајци имаат име и презиме. Разговорите на 192 се снимаат автоматски и се чуваат минимум 1 година. Зошто не го/ги објават полицајците што така и враќале на Ивана? Очигледно затоа што истите ги штитат вмроидиве!

    Замислете како се чувствувала Ивана кога единствените што требале и морале по должност да ја заштитат , вусшност истите и се заканувале! Онаму каде што таа барала надеж за спас, добивала закани. Ваквите изјави на полицајците допринеле кон самоубиството на Ивана исто како и скотот што ја малтретирал. Ќе одговараат ли тие? Што сме постигнале ако го осудат насилникот, а овие полицајци насилници останат на слобода. Утре и друга некоја ќе им се јави за помош, и на неа ќе и го кажат истото. А ние ги раниме, со нашите даноци.
     
    На Amelia, Miss666, tambelina и 7 други им се допаѓа ова.
  12. Polyincognito

    Polyincognito Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2020
    Пораки:
    2.512
    Допаѓања:
    12.553
    Жената буквално барала помош од некои кои се Стојанче 1, Стојанче 2, Стојанче 3, 4, 5...

    Пострашно и пожално не може да биде. И после луѓе ја обвинуваат зошто мислела дека нема излез :bug:
     
    На MeowMeow, Amellie, Amelia и 15 други им се допаѓа ова.
  13. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    5.036
    Допаѓања:
    25.181
    Пол:
    Женски
    Не знам зошто ме цитираш како да кажав нешто погрешно, реков дека има концентрација на дебили на едно место. Тоа значи, ако 3 полицајци и кажале така, тоа е 3 премногу. Да беа статистично 1 во 10 што прават пропусти, ќе реков океј, сегде има лоши јајца, ама ова е претеризам и одлика на нашата култура и нефункционирање. Мислам знаеш, да не ти објаснувам сега како да си вчера паднал од Марс во Македонија.
     
    На theowndemon, EvAngelos, Lianna Anna и 5 други им се допаѓа ова.
  14. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    12.007
    Допаѓања:
    190.244
    Пол:
    Женски
    Сакам да повлечам што пишував претходно. Претходно сметав дека Стојанче е крив за целата ситуација.
    После ова, сметам дека и Македонските служби си одработиле поприлично кон туркањето во бездната.

    Да си доведен во ситуација да се самоубиеш и притоа да си го земеш и сопственото дете со тебе, незамисливо е колку треба сите да те скршат и да те доведат до ситуација каде тоа го гледаш како единствен излез од суровата реалност. ;(

    Оние со сеуште “ама” во нивната реторика, а насочена кон Ивана, ај што немате појма, туку и фала богу и после сите прикаски овде не работите во таква институција.
     
    На Biljarkata, senza.parole, butterfly6223 и 18 други им се допаѓа ова.
  15. Spidy

    Spidy Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    6.333
    Допаѓања:
    15.588
    Пол:
    Женски
    Не знам зошто мислите дека ситуацијата е или/или.
    Личност што е емотивно и психички стабилна немало да биде со Стојанче, а камоли да му роди дете.
    Ама и личност со скршен дух можела да се спаси од ситуацијата ако имало кој да ја поддржи.
    Криви се сите. Од баби и дедовци, до самите Ивана и Стојанче, до полицајци и стручни служби, до секој кој бил сведок на нивниот однос. Само Катја е невина во целава ситуација.
    И како што за пожарот во Кочани не е крив само тој што ја донел и запалил пиротехниката во дискотеката, така и тука не е крива само Ивана што рипнала сосе детето. На едно место требало само некој да постапел поинаку во синџир на лоши одлуки, и ова ќе се избегнело.
    И ако Стојанче е осуден, и сите полицајци се избркани од работа, не ја прави Ивана помалку крива. Најмала вина има од сите, ама има и она. Само тоа не значи дека на нејзин грб е целиот товар од вина само зошто она била последниот кривец.
     
    На jEwElRy, Frida-, PaLaVa и 8 други им се допаѓа ова.
  16. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    4.042
    Допаѓања:
    11.192
    Пол:
    Машки
    Не не, сосема се согласувам со тебе. Те цитирав само за да се надоврзам на тебе, за да не ја копирам истата слика со текст. Сори ако така изгледаше како да ти контрам нешто :)
     
    На lonely222 и Srckata28 им се допаѓа ова.
  17. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    9.361
    Допаѓања:
    42.727
    Пол:
    Женски
  18. Mr.Limonko

    Mr.Limonko Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2025
    Пораки:
    1.119
    Допаѓања:
    4.745
    Пол:
    Машки
    Screenshot_20260415_131711.jpg
     
    На tambelina и eliesaab им се допаѓа ова.
  19. AlmaOculta

    AlmaOculta Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2026
    Пораки:
    229
    Допаѓања:
    678
    Пол:
    Женски
  20. Simon4e0507

    Simon4e0507 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2023
    Пораки:
    408
    Допаѓања:
    771
    Пол:
    Женски
    На Лејди Гага, eliesaab, Anaroz1 и 1 друга личност им се допаѓа ова.