Мајка и ќерка загинаа по пад од зграда во Карпош

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Sofi.ja, 2 март 2026.

  1. eliesaab

    eliesaab Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    5.226
    Допаѓања:
    17.784
    Пол:
    Женски
    А ко да не знаеме дека ќе излезе многу порано. Зошто секогаш треба да има трагичен настан и притисок за да се реагира? Во најмала рака не треба да се поздравуваат или поддржуваат ваквите казни зашто суптилно пак се алудира дека треба да се случи немил настан. И пак истото, од почеток. Па ќе се поздравува системот до недоглед, ефикасноста и како мерките донеле до поголема правда.

    Ликов е болен, со посебна шифра. И дефинитивно за набљудување на долг рок.

    ***

    ..му се смеевме на еден во средно што ни се префрли. Кога полагал го прашале дали во Македонија има смртна казна. Рекол дека има. Парампарче до крај го правеа со муабетов. И убаво памтам како ликов се чудел, посебно и си навел на какви ситуации мисли и до кој степен се монструозни тие. Е вака кога ќе размислам, ич не е смешен муабетот. Во нормални држави има смртни казни.
     
    На LibreGirl, SummerGirl, st-el и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    21.451
    Допаѓања:
    279.513
    Во која нормална држава има смртна казна?
     
    На SummerGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  3. bubemconia

    bubemconia Популарен член

    Се зачлени на:
    10 август 2010
    Пораки:
    263
    Допаѓања:
    1.068
    Кај нас има еден збор "недоквакан" и цел живот се прашував како изгледа таков човек. Е кога го видов овој идиотот како се смее прво што ми падна е недоквакан.

    На нас 12 години ни изгледа малку и да, малку е. Ама тоа е максимално за такво дело. И ѓубрето го знаело тоа сигурно, инаку ќе ја убиел одамна.
     
    На Luna Defecta, SummerGirl, Mumoftwo30 и 2 други им се допаѓа ова.
  4. bookslover

    bookslover Популарен член

    Се зачлени на:
    8 мај 2016
    Пораки:
    2.146
    Допаѓања:
    8.697
    Пол:
    Женски
    Секако дека ќе излезе порано. Види го колку е ноншалантен
     
    На LibreGirl, SummerGirl и Panda00 им се допаѓа ова.
  5. simona_baby

    simona_baby Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2017
    Пораки:
    3.791
    Допаѓања:
    18.283
    Пол:
    Женски
    Со оглед колку беа мали казните кај нас помалку ќе добиеше да ја убиел него вака
     
    На LibreGirl, Mumoftwo30, Gosh и 2 други им се допаѓа ова.
  6. bookslover

    bookslover Популарен член

    Се зачлени на:
    8 мај 2016
    Пораки:
    2.146
    Допаѓања:
    8.697
    Пол:
    Женски
    А она да го убиеше него најпаметно ќе беше ама ајде да не зборам се нервирам веќе после денешниов прес што го гледав.
     
  7. simona_baby

    simona_baby Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2017
    Пораки:
    3.791
    Допаѓања:
    18.283
    Пол:
    Женски
    Реално да, добар адвокат чуда ќе направеше, оваа стока ич не ни треба да живее.
     
    На Mumoftwo30 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    3.919
    Допаѓања:
    9.871
    Пол:
    Женски
    Овој е најлошата комбинација, лош човек, наркос со очигледно пореметување на личноста, нормален човек во вакви околности, без разлика колку и да виновен или невин, нема да се кљафти како неандерталец. Се надевам дека ќе си ги поживее овие 12 години како 120 и дека кога и да излезе, никој веќе нема да се сеќава на него и ќе цр***не беден и сам, како црв црвосан. И да не пишувам друго, ќе пијам бан.
     
    На LibreGirl, Mumoftwo30, Лејди Гага и 6 други им се допаѓа ова.
  9. Luna Defecta

    Luna Defecta Активен член

    Се зачлени на:
    11 април 2026
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    42
    Пол:
    Женски
    Кога го гледам жими една мајка ми доаѓа да го убијам и јас го одлежам.
    Не ме бришете со мислењето, налет 12 години кога Ивана и Катја под земја ќе лежат цела вечност!
     
    На Mumoftwo30, SummerGirl, azelea и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. Vikktorr

    Vikktorr Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2015
    Пораки:
    1.327
    Допаѓања:
    3.825
    Пол:
    Машки

    Еве да се самоцитирам. Некој во инбокс ме праша зошто мислам дека „бесење на бандери“ не е решение за вакво насилство, и алтернативно, што би било решение. Ова е мојот одговор:


    Превенција пред сѐ.
    Одземање на право на насилник да биде во ист простор на тој што го нападнал, дури и тој простор да е негова сопственост.
    Постапки без разлика на тоа дали жртвата се откажала од пријавата.
    Брза и ефикасна полиција на терен.
    Искоренување на корупција. Следење на досието на судиите и адвокатите. Големи казни за корумпирани правници на сите нивоа.
    Конзистентни, строги казни за вистински насилници, особено тие што повторуваат дела.
    Активна ресоцијализација на насилници така што ќе учествуваат во фокус групи на жени кои се предмет на насилство и слушање на сведоштва од насилство врз нив кои ќе бидат строго надгледувани.
    Јавна и достапна статистика и образование кое ќе може да ја прочита.
    Пошироко, образование кое ќе ја објаснува штетата од насилството на сите нивоа.
    Воспитување кое ќе посочи дека односот на мажите и жените е еднаков, уште од најрано детство. Емоционално образование. Матични психолози за сите што ќе функционираат исто како што има гинеколог, или стоматолог.
    Ограничување на социјални медиуми за деца до 16 години.
    Финансирање на другите дигитални медиуми за да не мора да се натпреваруваат со клик-бејт алгоритми и да го снижуваат квалитетот на содржините, и ќе нудат содржини на насилство.

    И додадов дека праведен систем е „побрутално“ решение за спречување и казнување на насилство, а не визуелен спектакл што ќе биде „модел“ ќе „учи ред“ кое само видливо, ќе го претпоставува и имплицитно охрабрува исто такво насилство, што всушност е лесна катарза за незадоволни граѓани која се злоупотребува и не нуди системски и практични решенија.
     
    На Mumoftwo30 и Intergalactic им се допаѓа ова.