Министерот изјавува, парафразирам, имав две години да формирам одделение за семејно насилство, но не го сторив тоа, не бегам од тоа. Потоа вели, не велам дека полицијата е совршена, но ќе испитаме. Што ќе испиташ кретену? УМРЕА. Касно е за истраги сега. Единствено што може да се испита е оставката што треба да си ја поднесе. Не можам да верувам какви скандали го тресат МВР, а створењево излегува на прес и мртов ладен дава изјава дека не се совршени. Фали сега да излезе за 8-ми Март јавно да ни честита. Друго што ми влезе во глава е тоа што имало снимка од истиот ден како психопатот ја тепа. Чија е снимката? Ако е на Ивана, сигурно снимала за на суд. Зошто би се убила ако барала начин да се реши од него?! Нека почиваат во мир жртвите.
И јас не можам да поверувам дека се убила Незнам како можеше да остане незаштитена, незнам Од никој? комшиите пробувале да помогнат а фамилијата ? Неможам да ја гледам снимката од девојчето премногу е болно како невино загина
Каква тепачка, не е кавга некаква си за паркинг место, за секојдневно насилство е што еве до каде стигна. Лично имам случај у фамилија што на наркоман шо правеше проблеми у маало, од зграда му се имаат собрано, после се повлече. Не викам дека е исто, ама за вакви гадови шо мислат семоќни се само така треба, пендреци у станица да јаде и јаде и јаде... боље него ли да слушаш со години вриштења и патење.
Прочитав пост каде случаен минувач -жена ја чувала малата во прегратка кога таткото ја тепал мајката во присуство на љубовницата. Т.е. прво се степале мајката и љубовницата па потоа таткото ја истепал мајката. А детето преплашено
Министерот не добиваше смс ни од жртвата во Велес и ни мува не го полази, си одрече без пардон. Не очекувам чувство за одговорност од таков лик. Многу ме занима како спиеле вечерва и оние џандари кај кои било пријавено насилство на пладне а два часа подоцна им гинат жртвите. Дно држава
Жал, агонија, бес... На машко човек да не помисли. Ќе го убиев бре на лице место, само жената си знае низ што уште не поминувала.
Обиџуко е измислен за овој. И Обиџуко правеше глупости, ама овој ептен на секое излегување тропа глупости.
Мирно, како и сите створови на функција. Да имаше некој совест одамна ќе имаше оставки ама добиваме само плукање во фаца со нивните изјави. Со десет кривични од кои некои за дрога, многу веројатно е да работел за некој од МВР. Со 20 ќесички пронајдена дрога не знам како инаку се останува на слобода.
Јас да ти кажам како - имам другар , шверц на дрога , пресудата за затвор му стаса пред 3 години . Знаеш кога отиде у затвор ? Сега пред 3 месеци.
Не се знае дали е самоубиство или ја џитнал. Живеам во близина на зградата, нема шанси да се качиш на таа тераса.. тие се толки мали.. не знам што да кажам.
Не функционирање на системот,МВР,ЦСР доведуваат до вакви трагедии.Повлекувала тужба,е да,жртвата под присила ќе повлечи тужба.Затајување во работата на институциите за жал однесе два животи.Морало тужбата од неа да биди,не од скоро цела зграда станари како што велат.Тажно,болно,колку малку вреди животот,некој да си зема за право да ти го уништуваНека почиваат во мир...
Кога ќе размислам подлабоко, да се ставам на место секој ден да јадам ќотек, моето дете да е сведок на тоа, страв, депресија, разумот веќе не е ист. Агонија. Плус живееш со ѕвер до тебе, кој не знаеш на кое место, ни пред кого, ни каде, ниту во кое време ќе те нападне дали тебе или детето. Носи одлука да си го одземе животот, а треба да го остави своето дете со тој ѕвер, знаејќи колку пати институциите потфрлиле, нема да го заштити, ниту пак ќе придонесе за подобро детство или иднина. Шест години било сведок како мајка и јаде ќотек секој ден. Не е решение, но е сепак мајка која сметала дека можеби само вака може да ја заштити и да ја земе со себе. Она ја донела на светот кој воопшто не бил фер спрема неа. Немале ниту мир ниту радост што треба едно семејство да го има! Душата ме боли! Ниедно дете се молам да не страда повеќе! Ниедно. Најневини суштества на овој свет. А тој ѕвер, што го предизвика сето ова, се надевам дека никогаш нема да го најде мирот
Многу работи за изначитав, не знам што е вистина, што е шпекулација. Некаде прочитав дека тие почнале да се разведуваат во ноември, а веќе во декември во билтен на МВР, ја има жртвата како ја напаѓа љубовницата на дебилот, а потоа тој пред сите ја тепал. Минувачи го земале детето да го тешат, бидејќи плачело. Секогаш имам емпатија према жртви. Но, зошто детето во целава перипетија цело време страда. Зошто да се пресметуваш со некакви љубовници пред очи на детето? Друго не ми е јасно. Како братов вели дека цело време пријавувала, полицијата ништо не превземала, а соседиве кога викале полиција, таа негирала било какво насилство. Не пробувам да ја минимизирам ситуацијата во која се наоѓала, но некако ми станува се почудно, која е вистината.
Пошто некој го чувал. Ја имав бедни 500е казна за сообраќајка што не ни знаев дека имало пресуда, ме собраа ко најголем кримос ме фрлија у зандани )
Леле сега откако го видов на слика дегенов уште повеќе се изнервирав. Овој не е мрсул да фрлиш на него, не па раце да си валкаш. Него, паметно многу кај албансково население што се далеку поголеми мажи кога треба. Имавме случај кај што вакво копиле кое ја тепаше жената доби таков ќотек невиден од група батинаши најмени од нејзините, да му имаа сомелено и кичма и нозе на цевка јадеше. Да се срами да каже зошто е тепан. Ене го и ден денес е жив и инвалид, со спуштена глава куца со ногата и се крие од народ. Само таква правда овде функционира за жал. Промени нема да има се додека владее непотизам и партиски врски во сите пори на општествово. Инаку ја кривиме фамилијата, братот ама немоќен си во таква ситуација. Кај и да ја сокриеш, и ван државава да ги однесел, пак ќе ги најдел, ќе живееле цела поширока фамилија во терор и страв, и деца ќе се плашиш да растеш да пушташ во школо и цел живот ќе ти стане пекол. Институциите пак ќе продолжат да игнорираат и нема излез од тој loop. Пред очи ми е изјава на една затвореничка што ја снимаше Ландов што го убила сопругот што ја малтретирал со години. Ја праша како се осеќа во врска со настанот и рече дека и е супер. Спие мирно, него го нема, знае дека и кога ќе излезе нема никој да ја малтретира ниту неа ниту децата.... тажно ама трајно решение. Далеку од посакуваното, ама ако не дај Боже се дојде до момент да треба да изберам помеѓу мојот и животот на моето дете и неговиот, па ладно би му сместила еден куршум меѓу очи без да размислам два пати.
Најчесто жртвите на насилство имаат испрани мозоци . Затоа и се враќала. Како и многу други. Веројатно и она била психички слаба , исклучително слаба па што си го убила детето . Друго незнам што да кажам .... Некако сите се фатија за мајката жртва и тоа е во ред...ама јас постојано се фаќам за невиното дете. Па што сакаш прај си бе утепај се....што го земаш детето со себе...
Затоа што тоа и се гледало како единствен начин да ја заштити. Само таа си знаела како и било, што претрпела чим се решила на ваков чекор и колку и плачела душа пред да скокне со детето, греота ептен и мене срце не ми дава да ја осудувам во ниеден момент. Уште пожално што се ова можело да се спречи ама Македонија, гној од држава. Убаво му направиле. Така секој што крева рака на жена и дете треба да заврши. Само ретко кој има храброст.
Неможам и несакам да ја анализирам жртвата, нека почиваат во мир само таа знае низ што и како поминувала. Се додека се собираат од улица луѓе и стануваат полицајци за неколку месеци, се додека стануваат испектори луѓе што едвај завршуваат факултети и дремат по штабови и стануваат испектори ќе ни се случува ова. Центарот за социјални работи во Скопје е едно неефикасно и корумпирано дувло . Се на се гној држава.