Мене ми е језа да одам по бутици сега, особено по молови каде што знам дека и голем број странци пазарат и пробуваат облека..
Класика е тој филм. Дастин Хофман и Рене Русо. Ама тој измислениот вирус од филмот беше уствари сличен на ебола.
Јас очекував ново нешто да изникне. Воопшто не сум изненадена, право да ви кажам. И други болести ќе изникнат понатаму и така..
Истово си го помислив и јас. Овие не знаат каква среќа у несреќа е ова. Ако има пак карантин значи пишано ми е да дипломирам. А од друга страна пак дечко нема да можам да најдам!
Не знам зошто сте изненадени. Тек допрва ќе се појавуваат. Сигурно не мислевте дека маските паднаа, бутнавме корона и толку.
Веќе имало изработено вакцина специјално за вирусов. А и вакцините за вариола биле ефикасни. Ако се рашири, пак ќе имаме изолации, карантини, рестрикции, вакцинации и ревакцинации...
Вариолата е истребена и години наназад не се прима вакцина за неа. Којзнае и дали воопшто се произведуваат.
Каква глупост, се пренесува со телесни течности. Со колку луѓе разменувате телесни течности за да ви е страв?!
Во 2011-12 на факс еден професор изјави уз-предавање. Нашиот вид ќе изумре од вирусна или бактериска инфекција. Станавме имуни на секој лек кој постои. Мајмунскиве сипаници не се од сега. ХИВ исто....Повеќе личи ко намерно пуштен вирус од некоја од супер-лабораториите во Украина, оние во сопственост на ЦДЦ